џез музичар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 23 Sep 2022 08:16:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png џез музичар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Владимир Четкар: „Многу мои пријатели од Америка доаѓаат да го видат Охрид оти им кажувам дека е најубавиот град“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vladimir-chetkar-mnogu-moi-prijateli-od-amerika-doagjaat-da-go-vidat-ohrid-oti-im-kazuvam-deka-e-najubaviot-grad-video/ Fri, 23 Sep 2022 08:16:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268339

Џез-музичарот Владимир Василевски - Четкар следниот месец ќе оди на турнеја низ Америка. Ова е негова трета турнеја во САД од почетокот на пандемијата. Иако неодамна имаше неколку настапи низ Македонија, вели дека со душа ги чека концертите, оти во годиниве со короната најмногу му фали контактот со публиката и настапите во живо. „Скоро имав супер концерт на Љубаниште, се погоди времето после неколку дождливи дена, па дојдоа и луѓе со кајчиња и беше магично доживување. Свирев и на џез-викендот во винаријата „Монастери“, а таму имаше гости од цела Македонија, ама и луѓе од Црна Гора. Мене на моите концерти ми е исто толку убаво како и на публиката, можеби и поубаво“, раскажува тој. Четкар со години живее на релација Америка - Македонија. Пандемијата го затекна во Њујорк. Едвај ги издржал тие осум месеци кога најголемиот дел од времето бил сам. За забава, секојдневно возеше велосипед и објавуваше видеа од празните улици на Менхетен и Тајмс сквер. „Некогаш возев и во спротивна насока и со погледот нагоре, конечно ја видов архитектурата на Њујорк. Ама, еден ден ми го украдоа точакот од пред зграда. После едвај најдов да купам точак, немаше по продавници. На крај, во едно кафуле видов велосипед на ѕидот па го прашав газдата дали ќе ми го продаде“, се сеќава Четкар. За себе вели дека е авантурист и сакал да биде археолог кога ќе порасне. Иако денес ѝ е посветен на музиката, авантуристичкиот дух не го напушта. Каде и да патува по светот, секогаш изнајмува велосипед и тргнува да види повеќе од земјата и локалната култура. Но, на крајот, вели, најубаво му е во Охрид, градот кај што е роден и пораснал. „Оваа убавина ја нема никаде. На пријателите во САД стално им раскажувам за езерото старо над милион години, за убавините на градот, за топлината во која сум растен и која е предноста да растеш во помал град, а тие дошле да го видат Охрид заради моите приказни. Но, да бидам искрен, ми пречи што сè се случува само преку лето, во тие два месеца. Градот има одлични услови и за зимски туризам“, искрен е Владимир. Во разговорот за „Репортер“ зборувавме за сè: музиката и колкава инспирација му е Охрид кога компонира, зошто му го откажаа настапот на Пивофест во Прилеп, за времето кога студираше на најпрестижниот колеџ за џез „Беркли“. Но и за тоа како се справува со некултурните возачи кога е на точак, зошто низ празниот Њујорк пееше изворни македонски песни и дали некогаш ќе ја скрати косата...   Гледајте го видеото во кое се кријат деталите... ]]>

Почина Александар Николовски, познат македонски музичар, џез трубач и професор по труба https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-aleksandar-nikolovski-poznat-makedonski-muzichar-dzez-trubach-i-profesor-po-truba/ Wed, 08 Dec 2021 10:43:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230419

По кратко боледување на 48 годишна возраст почина џез музичарот, трубач и професор по труба Александар Николовски. „Александар Николовски работеше како наставник по труба во ДМБУЦ Илија Николовски-Луј, со голема љубов и посветеност кон инструментот и учениците, за да ги насочи и запознае со музиката и светот од другата страна на животот,поблескавата. Беше тивок и свој, без многу муабети, ишаретите ни ги кажуваше преку очите или гримаса и се беше јасно. Воглавно една добрица од човек,колегијален и секогаш спремен за убави нешта“ - се вели во дел од соопштението од колективот. Александар Николовски свиреше со голем број џез и латино бендови. Настапуваше на голем број музички џез фестивали со разни музичари и музички формации. Тој потекнува од музичко семејство, чии родители Благоја и Марија Николовски беа познати и признати македонски музички уметници, а неговата сестра Сузана долгогодишен музички соработник во програмите и емисиите на МРТВ. Еден од неговите последни настапи беше на минатогодишниот „Џез фестивал 2020“ во Куманово, од чиј извадок се простуваме од прерано згаснатиот живот на македонскиот музички уметник. Вистина.ком.мк  искажува длабоко жалење за загубата и изразува искрено сочувство кон семејството... Нека ти е светол патот кон вечноста Алек! ]]>