џез фестивал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 17 Oct 2023 11:13:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png џез фестивал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Од 19 до 22 октомври 42. Скопски џез фестивал https://arhiva.vistina.com.mk/od-19-do-22-oktomvri-42-skopski-dhez-festival/ Tue, 17 Oct 2023 06:10:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322645

Единаесет светски етаблирани состави од САД, Европа, Бразил и Македонија ќе ја претстават својата музика во Националната опера и балет и во МКЦ во рамки на 42. издание на Скопскиот џез фестивал, кој ќе се одржи од 19 до 22 октомври. Годинава публиката ќе може да ги следи концертни настани во согластност со мотото на Гард Нилсен Суперсоник Оркестра: „Ако слушаш внимателно, музиката ќе биде твоја!“. – Програмата, распоредена во четири вечери, е исклучително силна, разновидна и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите имиња на современиот џез и креативната музика денес, соопштија од Фестивалот. Фестивалот годинава ќе го отвори ексклузивната премиерна изведба на делото „After the Wildfire“, специјално за оваа прилика компонирано од норвешките џез ѕвезди Арве Хенриксен и Јан Банг како солисти, заедно со перкусионистот Ингар Зак. Музиката е аранжирана и под диригентство на Џијан Емин за Fame’s Institute Orchestra, а во изведбата ќе бидат вклучени и неколку познати македонски пејачки и кавалџии. Истата вечер во МКЦ ќе настапи култниот композитор, корнетист, пејач, поет и еклектичен ерудит Бен Ламар Геј со неговиот ансамбл. Станува збор за еден од најоригиналните џез-уметници денес, претставник на инспиративната чикашка музичка сцена и потписник на водечката издавачка етикета во светот кога е во прашање современата креативна музика – International Anthem. Звукот на Геј поседува уникатен, препознатлив стил што тој го нарекува „Pan-American“, со широк спектар на влијанија: од џез до фанк, од R&B до тропикалија и од хип хоп до електро и современа класика. Во рамки на втората фестивалска вечер ќе има два различни концертни настапи. Ќе настапи италијанскиот саксофонист Роберто Отавијано со својот актуелен проект „Eternal Love“, посветен на Африка, нејзината култура, музика и луѓе. – Заедно со својот блескав квинтет, Отавијано нè води на возбудливо патување, во потрагата по звук и јазик што ќе ги обедини слободната импровизација, славната традиција на џезот и културните корени, наведуват од Фестивалот.   На фестивалска вечер ќе настапат и Силви Курвоазие и Мери Халворсон, современи импровизаторки кои на апстракцијата ѝ пристапуваат од две различни перспективи. Курвоазие како пијанистка што ги премостува фри џезот и европската класична музика, и Халворсон како деконструктивна гитарска импровизаторка, силно поврзана со бруклинската авангардна џез сцена. Полноќниот концерт на домашниот џез состав „Cobalt Code Unit“ ќе ја заокружи првата половина од годинашната фестивалска понуда. Се работи за четири млади музичари кои, низ призмата на авангардниот израз, ги контемплираат хоризонтите на современиот џез, слободната импровизација, психоделичните импресии на африканските ритмички јазици и бучавата на индустрискиот метеж. Дел од овој состав се Драган Теодосиев – тапани, Симеон Ангеловски – бас гитара, синтисајзер, хармоника, Стефан Миладинов – гитара и Благојче Томевски – кларинет. Саботната вечер на претстојното издание на фестивалот ќе помине во знакот на две значајни имиња на американскиот џез. Големиот џез пијанист Џејсон Моран ќе одржи соло рецитал. Последното гостување на овој брилијантен уметник на Скопскиот џез фестивал беше во 2008 година, кога се претстави со своето оригинално трио „Bandwagon“. Во сабота во Националната опера и балет ќе настапи Џоел Рос, кој е најавен како еден од клучните протагонисти на новата генерација американски џез музичари, градејќи сè побројна и попосветена публика. Иако млад, го сметаат за најдобар џез-вибрафонист во светот во моментов, наследник на легендарните Милт Џексон и Гери Бартон. Познат е по своите извонредни технички вештини и виртуозност, но и по искрениот и автентичен пристап кон музиката. Ова е неговиот прв настап во Скопје, со својот квартет „Good Vibes“. Во полноќната саботна програма публиката ќе има можност да го проследи уникатниот перформанс на тандемот „Rite“, составен од Зое Пиа и Матс Густафсон. Зое Пиа е италијанска кларинетистка, композиторка, музички ентузијаст и истражувач од Сардинија, а Матс Густафсон е познат шведски саксофонист, импровизатор, композитор и херој на скандинавската фри-џез сцена. Последната вечер на 42. Скопски џез фестивал ќе ја отвори триото Златко Каучич/Бери Гај/Агусти Фернандез. Каучич е неприкосновена словенечка џез и импро легенда, плоден композитор, тапанар и уметник во слободен стил. Бери Гај е иновативен басист и композитор чијашто креативна разновидност во областа на џез импровизацијата, камерната и оркестарската изведба, како и соло рециталите, е резултат на страста за експериментирање и идеалот за музичка комуникација. Агусти Фернандез е еден од ретките шпански музичари со висок интернационален рејтинг и светска референца во областа на импровизираната музика. Во Националната опера и балет во 22 часот ќе настапи скандинавска екипа која во последниве три години го освои светот и е „привилегија“ на најквалитетните и најелитните европски џез фестивaли – Gard Nilssen Supersonic Orchestra. Тоа се 18 големи имиња на скандинавскиот џез, сите поединечно лидери на бендови и импровизатори од светска класа. Музиката е енергична, сугестивна, динамична, креативна и експлозивна, инспирирана од Орнет Колман, Фела Кути, Сан Ра, Алис Колтрејн, Дјук Елингтон, Луис Мохоло и Кертис Мејфилд. Годинешното фестивалско издание ќе го затвори еден од најпознатите, највозбудливите и највлијателните експоненти на современиот афро-бразилски звук денес – „Bixiga 70“. Тие умешно ги вткајуваат бразилските влијанија во својот звук, создавајќи уникатно и моќно музичко искуство. На завршниот концерт на 42. Скопски џез фестивал, експлозивните Бразилци ќе го претстават својот најнов, штотуку објавен, петти албум „Vapor“ (Glitterbeat Records). Во рамките на фестивалот ќе биде доделена традиционалната Награда за најдобар млад џез-музичар во 2023 година, а ќе биде организирана и Џез работилница за деца „Jazz for Kids“. Скопскиот џез фестивал и годинава, во соработка со УНХЦР, продолжува да го негува проектот Џез за солидарност со бегалците, упатувајќи уште еден гласен апел за емпатија, сочувство со неправедно и насилно раселените, обездомените, обезнадежените… извор:курир.мк]]>

На 30-ти април: Целодневен џез хепенинг „Today It’s All About Jazz“ https://arhiva.vistina.com.mk/na-30-ti-april-tselodneven-dhez-hepening-today-it-s-all-about-jazz/ Wed, 26 Apr 2023 12:00:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298730

На 30 април, со почеток од 13 часот, во паркот “Ибни Пајко” ќе се одржи седмото издание на големиот целодневен џез хепенинг под наслов: Today It’s All About Jazz, организиран од страна на Здружението за џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ Скопје. Меѓународниот ден на џезот е меѓународен ден прогласен во 2011 година  од страна на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации со цел „да се истакне џезот и неговата дипломатска улога да ги обединува луѓето во сите краишта на светот“.  Овој ден се слави секоја година на 30 април, а идејата за негово одбележување потекнува од џез-пијанистот и амбасадор на добра волја на УНЕСКО, Херби Хенкок. Со Денот на џезот претседаваат Хенкок и генералниот директор на УНЕСКО. Прославата е забележана во календарите и на УНЕСКО, и на Обединетите нации. “Институтот за џез Херби Хенкок” (поранешен “Институт за џез Телониус Монк”), американска невладина организација со која исто така претседава Хенкок, е водечки организациски партнер за Денот на џезот. Институтот ги координира активностите во земјите-членки на УНЕСКО, како и дел од прославите кои се случуваат глобално. Здружението на џез музичари, ЗЏМ Скопје, по 7ми пат ја организира централниот настан кој го одбележува Меѓународниот ден на џезот во земјава, за што има и официјална потврда и благодарница од самиот Херби Хенког.  Изминативе 6 години, на сцената на Фестивалот Today It’s All About Jazz настапија огромен број на имиња, некои од нив мега-популарни, а некои пак тука ги направија првите чекори во џез музиката.  На долгата листа се вбројуваат In Between, Bopheads, Летечки Пекинезери, Sethstat, Fierce, Гоце Ствековски Септет, Imaginary Folklore, Тони Китановски Трио, Џоле Грујовски Квартет, Kabadayas, Оливер Јосифовски Трио, Џезна, Михаил Јосифов Квинтет, ЗЏМ Биг Бенд Оркестар, Parussion group,Џијан Емин, Арбен Џафери, Апнеа, Дина Јашари, Pangea: Free The World, Bramha Amity, Гордан Спасовски Трио, Иван Иванов Трио, Џон Илија Апелгрен, SS Project, Offground Ensemble, Агни Авшар, Јордан Костов, Сашо Поповски, Филип Динев.  Сите овие учесници помогнаа во славењето на Меѓународниот ден на џезот, славејќи ги “придобивките на џез музиката како образовна алатка и сила која води кон мир, единство, дијалог и непречена соработка меѓу луѓето.” Оваа година го славиме Меѓународниот ден на џезот под истотo мото и особено задоволство ни е да го најавиме новото, седмо издание на Today It’s All About Jazz.Повторно нè очекува целодневен хепенинг на кој ќе настапат следните музички имиња: Џез за деца и млади Квартет Акварела Никола Бочваров Квартет Филип Динев Трио – Филиp Динев/Тилман Обербек/Јан Цајмец ЗЏМ Биг Бенд – Прект Запа Јуре Пукл Орган трио – Јуре Пукл/Марко Чрнчец/Крис Смит Адедџи “Јорува Одисеја” Денот на џезот го започнуваме со програма за најмладите.  Со почеток од 13 часот, ќе се одржи креативна џез работилница за деца од 4 до 11 години која ќе ја води пијанистот и композитор, Гордан Спасовски. Децата – учесници ќе се запознаат со основите на џезот, со музичките инструменти (ритам секција: пијано, бас, тапани, гитара, солистички инструменти), но и ќе бидат дел од процесот на создавање џез музичка композиција која на крајот ќе биде изведена пред публика. По џез работилницата следува настап на младински џез состав во кој членуваат Петар Марков  – Маруш (гитара), Давид Ѓоргиев (тапани) и Симеон Будро (бас). Filip Dinev Trio ft. Tilman Oberbeck/Jan Zeimetz e најновиот  авторски  проект  на  македонскиот  гитарист и композитор, Филип  Динев,  кој го реализира во соработка со Тилман Обербек на контрабас и Јан Цајмец на тапани/перкусии. Триото настанува во Хамбург, и претставува еден од најавтентичните и најактивните музички џез состави во регионот.   Елементи од џез, балканска и класична музика се интегрален  дел од  композиторскиот  печат  на  Динев.  Концертот е  навестување  на  новиот  албум на триото, со наслов „Romann“, и второ интернационално авторско издание на Динев, снимено во Хамбург. Квартетот Акварела е група која од неодамна работи во Скопје. Составена е од Јани Костурски – вокал, Павел Ренџов – тапани,  и парот добро познати музичари на Македонската сцена: Ѓоко Грујовски – гитара и Маја Капсарова- бас. Името кое го носи овој проект (океанско-сина боја) е тесно поврзан со стилот кој оваа група го негува, а тоа е Бразилски џез и Боса Нова. Никола Бочваров квартет Квартетот Никола Бочваров, покрај Бочваров кој е лидер на бендот, го сочинуваат Стефан Алексовски на клавијатури, Иван Петровски на гитара и Александар Ванчовски на тапани.  Бочваров е дипломиран контрабасист при Факултетот за Музичка Уметност во Скопје , оддел за популарни жанрови, додека џез едукација има стекнато на “Franz Schubert Konservatorium” во Виена.  Големото искуство и обемната работа во изминатите дваесетина години го направија еден од најбараните и најмаркантни басисти кај нас. Новиот албум на Бочваров “ Гласна Тишина “ е едно од поголемите негови уметнички достигнување.  Тој претставува најдобар опис за неговата креативност , стручност, компетентност, и сведоштво за неговото долгогодишно искуство. Jure Pukl Organ trio feat. Marko Črnčec & Chris Smith Јуре Пукл е словенечки џез-музичар (тенор и сопран саксофон, бас кларинет, композиција) кој свири модерен џез. Марко Чрнчец е еден од најпознатите современи музичари и најреномираните словенечки музичари, со седиште во Њујорк. На меѓународната сцена, тој е познат како мултиинструменталист, композитор, аранжер и продуцент кој лесно се движи низ жанрови,  особено низ џез, класична и популарна музика. Крис Смит е професор на Универзитет за музика и изведувачки уметности Грац, Австрија.  Во Њујорк редовно настапува со Биг Бендот Birdland, а има настапувано и со Vanguard Jazz Orchestra, Dick Oatts Quintet, Troy Roberts, Andrew Gould Quartet и Randy Brecker Исклучителното трио Jure Pukl Organ trio feat. Marko Črnčec & Chris Smith ќе настапи премиерно на овогодинешната манифестација Today It’s All About Jazz Vol.7 со материјал кој ќе биде за прв пат изведен пред нашата музика, и се движи во границите на модерниот џез. АДЕЈЕ „ЈОРУБА ОДИСЕЈА“ (ADÉDÈJÌ “YORUBA ODYSSEY”) Адедеџи е нигериски пејач, гитарист, композитор, аранжер и мултиинструменталист.  Неговиот бенд составен од девет луѓе вклучува некои од најдобрите студиски музичари од Нигерија, најгруви ритам-секција, прекрасни машки и женски придружни вокали и неверојатна дувачка секција кои го надополнуваат афро-бит звукот. Музиката на Адедеџи се движи во рамките од соул до џез, до блуз, до фанк, до традиционална јорупска музика.  Текстот на неговите песни е на јорупски, англиски и Пиџин англиски. Во текстовите, Адедеџи го разгорува традиционалниот идентитет на јорупската култура користејќи гатанки и поговорки и зборувајќи за општеството. ЗЏМ Биг Бенд Оркестарот е единствен оркестар од ваков тип во нашата држава. По неговото основање во 2016 година, оркестарот во наредните години успеа да го зацврсти своето место на македонската џез сцена и да прерасне во значен фактор за развој на културата воопшто. Зад себе има повеќе настапи меѓу кои концертот ZJM Jazz Orchestra plays the Beatles, RADIOHEADJAZZ!, Baby it’s cold outside, Електро-акустичниот концерт, ZJM Big Band Orchestra & Macedonian Guitar Heroes, ЗЏМ Биг Бенд и Филхармонија, ЗЏМ Биг Бенд Оркестарот како придружба на џез вокалот Курт Елинг, ЗЏМ и Рамбо Амадеус, ЗЏМ и Луис Бонила. За оваа прилика биг бендот ќе го изведе проектот Запа – неповторливиот Френк Запа, во изведба на ЗЏМ Биг Бендот. Ќе ги чуете композициите на еден од најиновативните и стилски најразновидните музичари на 20 век во Биг Бенд изведба.]]>

Од 1-ви до 3-ти јули во Битола: Џез фестивал „Jazz Factory“ https://arhiva.vistina.com.mk/od-1-vi-do-3-ti-juli-vo-bitola-dzez-festival-jazz-factory/ Wed, 16 Jun 2021 12:55:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207350

Од 1-ви до 3-ти јули, Битола ќе биде домаќин на четвртото издание на фестивалот „Џез фактори“ (Jazz Factory). Главната програма ќе се одвива во Народниот Тетатар, а дел од оф-програмата во кафе-барот Порта џез.  И оваа година фестивалот во Битола носи реномирани имиња на џез сценатаод регионот и светотФестивалот го отвора настапот на Васил ХаџимановМартин ЃаконовскиАлександар СекуловскиПрограмата продолжува наредниот ден со настапот на Пеџа Милутиновиќ и „Drumbooty“ квинтет, а на третиот ден настапуваат „Human touch“ и Филип Динев трио.  Како дел од годинешната програма  хибридната конференција на која ќе зборуваатВинко Михајловиќ – директор на џез фестивалот во ПетровацДраган Влајниќ – директор на џез фестивалот во КикиндаЕма Попивода – пијанист и директор на фестивалот „Модоарс“Бојан Стефковски – директор на „Jazz Fortnight“ фестивалот, Арлет Ховинга – џез прес промотер и медиумски директор на thatjazzgirl.me, Симон Петерман – музички директор и радио презентер , Роби Јамник – директор на  фестивалот „Џез Равне“. Изложба ќе има и фотографката Татјана Ранташа, а во „Порта џез“ со свој диџеј сет ќе се претстави Јордан Николов.   Освен музичкото задоволство кое ги очекува битолчанисо овој фестивал под раководство на реномираниот професор и музичар Сашо Поповскигодинава повторно ќе биде доделена наградата на најдобар млад музичар за 2020 година, насловена по познатиот битолски музичар Гоце Димитровскикој остави неизбришливи музичкитраги во текот на својот живот.   ]]>

За прв пат стартува џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во паркот зад МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/za-prv-pat-startuva-dzez-festivalot-kraj-vardarot-dzez-vo-parkot-zad-mkc/ Mon, 13 Jul 2020 11:18:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158533

Во организација на дискографската куќа ПМГЏЕЗ на 23 и 24 јули, во паркот позади Младинскиот културен центар ќе биде одржаното првото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“. Првата фестивалска вечер ќе почне во 19.45 часот со настапот на скопскиот џез музичар Филип Букршлиев. По него настапува веројатно најквалитетниот џез состав во земјава, ветераните „Сетстат“. Потоа, скопските џез музичари „Зулу 3.4“. Вечерта ќе ја заокружи „Кантон6Квартет“ техно-џез хибрид. Следната вечер, фестивалот ќе започне во 20 часот. Настапува светски реномираниот, македонски џез хармоникаш и мулти-инструменталист Јордан Костов со неговиот квинтет. По него џез триото „Cobalt code unit“. За крај, скопскиот состав „Светлост: Одрон Ритуал Оркестар“ Влезницата е по симболична цена од 100 денари, а двете фестивалски вечери ќе се одвиваат според сите протоколи предвидени за организација на настани од овој тип, поради актуелната ситуација со коронавирусот. Задолжително е носење маска, столчињата ќе бидат поставени на 2 метри растојание. Организаторите на фестивалот апелираат до публиката да се држи до сите норми на однесување, се со цел да се заштитиме меѓусебе и наедно да покажеме пример дека настаните од културата можат да се одвиваат безбедно и во вакви услови. Бројот на посетители е ограничен на 300 места за седење.]]>

„Today it’s all about jazz“! https://arhiva.vistina.com.mk/today-it-s-all-about-jazz/ Thu, 25 Apr 2019 09:47:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=84977

На 30-ти април во Младинскиот културен центар ќе се случи третото издание на веќе традиционалниот фестивал „Today it's all about jazz“! Годинава, фестивалот кој е во организација на Здружението на џез-музичари на Македонија (ЗЏМ), ќе се случува во текот на целиот ден почнувајќи од 15 часот. На сите љубители на џезот и на добрата музика, ќе им биде понудена разновидна, атрактивна програма во која се вклучени настани и за најмладите, за нашата идна џез-публика. Всушност, годинашниот „Today it's all about jazz“ ќе почне со интересна работилница за млади под наслов „Џез за деца!“, на која присутните ќе имаат можност да се запознаат со специфичниот инструментариум, како и со дел музиката создавана во различни периоди од историјата на џезот. Проектот подразбира мини-работилници чии носители се истакнати музичари и универзитетски професори: Кирил Кузманов - саксофон, Гордан Спасовски - клавир, Кирил Туфекчиевски - контрабас и Благоја Антовски - тапани и удирачки инструменти.
Во рамките на фестивалот ќе биде одржана и работилница посветена на творештвото на врвниот американски композитор Макс Роуч (1924-2007), пионерот на бибапот и еден од најдобрите тапанари воопшто во историјата на џезот. Работилницата носи наслов Drum talk, а ќе ја води тапанарот и композиторот Дамјан Даневски. Во рамките на работилницата се вклучени изведби на стандардни џез-теми, заедно со Гордан Спасовски на пијано и Кирил Туфекчиевски на бас. Како дел од програмата предвидена е и проекција на документарен филм, како и врачување на награда за посебен развој на џез-музиката во Македонија. Годинава, наградата ќе ја добие почитуваниот Илија Пејовски, композитор, аранжер, еден од пионерите на џез-музиката во Македонија. Годинашното издание на „Today it's all about jazz“ ќе го збогатат и концертите на студентите од Џез-катедрата на Факултетот за музичка уметност, како и на Биг-Бендот на ЗЏМ со извонредниот Џон Илија Апелгрен како вокален солист. Во рамките на фестивалот, концерт ќе одржи и новиот квинтет „Проект 5“, во кој членуваат извонредните Иван Иванов - тенор саксофон, Армент Џафери – гитара, Џијан Емин - клавијатури / електроника, Оливер Јосифовски – контрабас и Гоце Стевковски – тапани, а ќе изведуваат дела на Емин и Џафери во нови аранжмани направени специјално за овој состав. Концерти ќе имаат и фантастичните македонски џез-бендови - „Парусион квартет“ во состав: Дамир Имери, клавијатури, Зоран Костадиновски, гитара, Мартин Јосифовски, бас и Михаил Парушев, тапани, потоа „Боперс“, како и „Сетстат“, кои ќе го промовираат нивниот деветти албум „9IX“ издаден за ПМЏ Рекордс.]]>

Почнува 37. Скопски џез-фестивал https://arhiva.vistina.com.mk/pochnuva-37-skopski-dzez-festival/ Thu, 18 Oct 2018 12:41:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=53625

Со настапот на британскиот џез-пијанист Александер Хокинс, кој за овој концерт доаѓа специјално  од од Лондон, во Македонската опера и балет вечер ќе почне 37. Скопски џез фестивал. До недела, 21 октомври, на програмата се четири концерти во терминот од 20 часот во МОБ и три полноќни во Дансинг салата на Младинскиот културен центар. Џез-пијанистот Хокинс, кој се смета за еден од најиновативните и најимагинативните британски пијанисти и композитори, покрај солистички настапи има и широк спектар креативни контексти, вклучувајќи го и компонирањето за неговиот квартет и ансамбл, како и во проекти на современи музички лидери. Неговите концертни ангажмани му донесоа настапи на големите клупски, концертни и фестивалски сцени низ светот. На првата фестивалска вечер од 22 часот ќе настапи и славниот американски саксофонист Дејвид Мареј со неговиот квартет, кој заедно со раперот и поет Сол Вилијамс ќе го претстави проектот „Blues for Memo“. Со овој концерт Мареј ќе ја почне својата европска турнеја. – Кога зборуваме за Дејвид Мареј, несомнено мора да го имаме предвид неговото долго музичко патешествие: речиси и не постои музичар кој со толку страст и посветеност ги има проучувано поврзаноста меѓу авангардата и традицијата и во тој процес стекнал уметнички профил што го прави единствен меѓу саксофонистите од неговата генерација, наведува Скопје џез-фестивал. На полноќниот концерт во МКЦ ќе настапат бразилскиот гитарист Арто Линдзи, кој ќе пристигне од Рио, каде што живее кога не е во Њујорк, а во Скопје ќе му се придружи норвешкиот тапанар Паал Нилсен-Лав, еден од најактивните и најпродуктивните скандинавски музичари во последните две децении. Скопски џез-фестивал најави ексклузивна, уникатна и храбра програмска ориентација за претстојното издание. Годинава ќе доминира современиот џез, а музичарите што ќе учествуваат  специјално ќе дојдат за фестивалот и нивните концерти, освен на Дејвид Мареј, не се дел од турнеи. Тоа се главните одлики по кои годинашниот, 37-ми фестивал, се разликува од минатите изданија.]]>

Почнува Меѓународен џез фестивал во Прилеп https://arhiva.vistina.com.mk/pochnuva-megjunaroden-dzez-festival-vo-prilep/ Wed, 29 Aug 2018 09:46:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=45047

Од четврток до сабота, во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи 7- от меѓународен џез фестивал. На денешната прес конференција, градоначалникот Илија Јованоски ги покани љубителите на џез музиката да ги проследат настапите на познатите имиња од домашната и странска џез сцена. Годинава фестивалот нуди интересна програма, која е комбинација на медитеранскиот, врвен балкански џез и македонски џез. На отворањето на прилепскиот џез фестивал, во четврток 30 август, на камерната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ ќе настапи „Кеко Форнарели Трио“ од Италија, а првата фестивалска вечер ќе продолжи на летната сцена од центарот за култура, со настапот на скопската група „Фиарс“ и на извонредниот македонски џез музичар, Владимир Четкар. Во петок 31 август, публиката ќе може да ужива во настапите на Јордан Костов и „Шангај Интенс“, на „Палете Ансамблот“, односно „Сократис Воцкос Квартет“, а вечерта ќе ја затвори бендот на Васил Хаџиманов. Последниот фестивалски ден е резервиран за Јаков Дренковски, французите „Ле Бал Пури“ и српската група „Деца Лоших Музичара“. На фестивалот ќе има “оф“ програма, која ќе се одржи во вторник, среда и во недела 2 септември, во неколку прилепски кафулиња. Меѓународниот џез фестивал во Прилеп за прв пат се одржа во 2012 година и оттогаш, со својот квалитет го сврти вниманието на љубителите на џезот од поширокиот регион. извор:новамакедонија]]>