џеврија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 29 Nov 2017 10:08:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png џеврија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Музичарот „ја откачи“ пејачката: Трајче си најде замена за Сани! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/muzicharot-ja-otkachi-pejachkata-trajche-si-najde-zamena-za-sani-foto/ Wed, 29 Nov 2017 10:04:18 +0000 http://vistina.mk/?p=5131

Македонската фолк пејачка Сања Сани Гроздановска и „скопскиот боем“, клавијатуристот Трајче Толевски, беа најраспеаниот и највеселиот  тандем на македонската фолк естрада! Нивните заеднички свирки останаа долго да се паметат, зашто Сани и Трајче знаат да направат невидена забава, весела музичка журка на која не можеш, а да не се расположиш, запееш и напиеш... Така барем велат сите оние кои ги посетиле нивните настапи по многуте познати и реномирани скопски и не само скопски локали.
Арно ама, по неодамнешното раѓање на ќеркичката Ева, фолкерката мораше целосно да му се посвети на мајчинството и обврските кое ги носи новороденото чедо, па затоа „жртва“ мораше да биде музиката и ноќните настапи. Така „скопскиот боем“ се најде во небрано, па беше приморан да бара разни алтернации за згодната и квалитетна колешка!
Ама, една е Сани, па на секоја друга Трајче и наоѓаше маани и ниту една не му се погоди со него „да гази“ на долги стази. Пробуваше колешката да ја замени и со колега...
Горјан Стојановски - Гокса... Не дека не е добар - напротив! Топ музичар е, ама... ни гласот ни виолината ни брадата... Ништо на естрадата, ма ништо на светот не може да ги замени деколтето и долгите нозе на Сани, каква што ја знаат по скопските меани!
И таман Трајче  помисли дека е безнадежно, па креваше рамена дека на Сани и нема замена... Замената сама дојде! Се појави одникаде и ни пет-ни шест, без да праша се фати за микрофонот па на Трајче, во јаве му го претвори сонот... И вистината сива дека за Сани нема алтернатива, наеднаш стана розова: Еве ти ја таа... од Топаана е, ама ко од Тунис да е! Ем да пее ем да игра знае! Епа сега, нека му ја мисли Сани... Што беше, беше до лани! Сега Трајче има нова пејачка - премија... Дами и господа, запознајте ја Џеврија!
 
]]>