џери ли луис – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 29 Oct 2022 11:56:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png џери ли луис – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина рокенрол иконата Џери Ли Луис https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-rokenrol-ikonata-dzeri-li-luis/ Fri, 28 Oct 2022 18:00:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273394

Легендарниот музичар Џери Ли Луис почина на 87-годишна возраст. Рокенрол иконата почина во својот дом во Мемфис, Тенеси, објави портпаролот на музичарот, Зак Фарнум. Тажната вест која американскиот TMZ ја објави на 26 октомври се покажа како лажна, за денес светот да слушне дека тој починал. Џери Ли Луис беше тешко болен. Музичарот се смета за еден од основоположниците на рокенролот, а магазинот „Ролинг стоун“ го вклучи меѓу 100 најдобри изведувачи на сите времиња.
Тој е еден од првите музичари што го промовираа рокенролот како нов правец во популарната музика во 50-тите години на минатиот век. Џери Ли Луис самиот себе се нарекувал „The Killer“ (Убиец), а беше еден од последните преживеани од генерацијата револуционерни изведувачи, меѓу кои, Елвис Присли, Чак Бери и Литл Ричард. Најголемиот хит на Луис беше „Големите огнени топки“ (Great Balls of Fire), а неговиот живот, исполнет со контроверзи, беше раскажан во истоимениот филм од 1989 година, во која улогата на музичарот ја толкуваше познатиот холивудски актер Денис Квејд. фото:Instagram/Jerry Lee Lewis/printskreen]]>