џем – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 17 Jan 2023 10:49:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png џем – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Еден мал несмотрен детал го издал Пике дека ја изневерува Шакира: Вистината се крие во фрижидерот! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/eden-mal-nesmotren-detal-go-izdal-pike-deka-ja-izneveruva-shakira-vistinata-se-krie-vo-frizhiderot-foto/ Tue, 17 Jan 2023 10:49:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284578

По сите будалаштини што се случија и сиот валкан веш кој излезе на виделина,  се чека да се види кој е следниот потег на огорчениот поранешен пар Шакира - Пике? Во меѓувреме се' уште се зборува за тоа како Шакира дознала дека е изневерувана. Се пишуваше дека Колумбијката најмила детектив да го следи Жерар Пике и да најде докази за неговото неверство, а се шпекулираше дека го нашла својот љубовник во кревет со младата студентка и водителка. Меѓутоа, неодамна беше откриено дека сè започнало сосема поинаку... Со - една тегла џем.   Според шпанските медиуми, по едно од многуте работни патувања, Шакира дошла дома и сакала да се заслади со џем. Инаку, таа многу го сака овој овошен намаз, кој Пике никогаш не го јадел. И кога пејачката го отворила фрижидерот, видела дека некој и го изел џемот! Тогаш и станало јасно дека во куќата и доаѓа друга жена. Згора на тоа, веднаш по раскинувањето со Пике, Шакира се осврна на тој момент во спотот за песната Te Felicito, кога ја гледаме како го отвора фрижидерот и ја здогледува главата на Ро Алехандро со кој ја сними оваа песна. Во едно интервју, новинарот подоцна ја прашал Шакира што бара таа кога го отвори фрижидерот, а таа му одговорила: „Вистината“! Фото: Инстаграм принтскрин/shakira/Јутјуб/Te Felicito
]]>

Лиснати кифлички со џем! Се топат во устата! (рецепт) https://arhiva.vistina.com.mk/lisnati-kiflichki-so-dzem-se-topat-vo-ustata-recept/ Mon, 05 Sep 2022 11:53:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265524

Можете да ги послужите кифличките на секакви прослави. Брзо се подготвуваат, а вашите гости ќе бидат воодушевени Ви пренесуваме рецепт за кифлички од лиснато тесто. СОСТОЈКИ: 4 јајца 500 гр брашно 1 лажичка квасец вода по потреба 1дл масло 2 лажици шеќер 1 лажичка сол 1 кесичка прашок за пециво 250 гр маргарин Џем по желба шеќер во прав за поросување Подготовка: Измешајте го квасецот со шеќерот и малку топла вода и оставете 5-10 минути. Во садот истурете брашно, прашок за пециво, сол и измешајте. Додадете го активираниот квасец, јајцата и маслото, па замесете тесто. Покријте и оставете да отстои. Потоа измешајте и поделете на 6 дела. Расукајте 5 јуфки и секоја посипете ја со рендан маргарин и наредете ги една врз друга. Потоа истегнете ја шестата и завиткајте ја од горе. На оваа не оди маргарин. Потоа расукајте и исечете на триаголници и филувајте. Се пече на 200°C додека не порумени. Кога ќе бидат готови, поросете ги со шеќер во прав.]]>

Брз џем од кајсија, без варење и мешање – готов за половина час https://arhiva.vistina.com.mk/brz-dzem-od-kajsija-bez-varenje-i-meshanje-gotov-za-polovina-chas/ Tue, 21 Jul 2020 13:40:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=159790

Додека сè уште трае сезоната на кајсии, пробајте да го направите овој џем - се подготвува брзо и лесно. Сè што ви е потребно се 1.5 килограм исчистени кајсии и 600 грама шеќер. Кајсиите добро измијте ги, исчистете ги и ставете ги во подлабока тепсија, може да ви послужи и некое поголемо тенџере или пак земјен сад. Ставете го шеќерот внатре во нив, покријте со алуминиумска фолија и ставете ги во загреана рерна на 200 степени да се крчкаат. Во текот на нивната подготовка проверувајте ги. По половина час, извадете ја фолијата и помешајте го џемот. Ќе забележите колку сето тоа изгледа убаво и дека смесата пуштила сок. Може во мала чинија да ставите малку од џемот. Оставете да отстои неколку минути, па проверете дали ви одговара густината. Доколку сакате може дополнително да го допечете. Врелиот џем ставете го во загреани тегли и веднаш затворете ги. Замотајте ги во дебело ќебе. извор:точка.ком.мк]]>

Традиционални колку македонскиот ајвар: За „Меморија“ нема зима… зашто има(ат) баеги зимница! https://arhiva.vistina.com.mk/tradicionalni-kolku-makedonskiot-ajvar-za-memorija-nema-zima-zashto-ima-at-baegi-zimnica/ Thu, 02 Nov 2017 09:44:26 +0000 http://vistina.mk/?p=2370

Легендарната македонска поп-рок група „Меморија“ на 18 овој месец во скопската „Метрополис арена“ ќе го одржи својот голем повратнички концерт. Билетите се продаваат наголемо, а наголемо траат пробите и подготовките на членовите на бендот од последната постава, која и ќе се појави на сцената.
И додека „големиот шеф“ - Петар Георгиевски - Камиказа прецизно ги спојува коцкичките на мозаикот кој ќе биде вистински концертно-визуелен спектакл или поточно музичко шоу какво досега ниту една македонска група немала на сцената, останатите од бендот  следејќи го да фатат чекор, седнаа да одморат душа. А душата како душа... Ако сакаш да те слуша и душата треба да се храни!
Како нема многу време за трошење и губење за опуштено седење по ресторани и кафеани, Бане, Мичо, Валентино и Поце, му ја седнаа крст нозе среде проба... Црвениот тепих, заменет со црвена „черга“, а скарата и гастрономските специјалитети со најдобриот македонски специјалитет на сите времиња: домашниот ајвар!
Една-две тегли, парче сирење и тазе лепче... Ммммммм.... има ли нешто поубаво и повкусно од тоа?! Особено ако ајварот е „твој бренд“... Или поточно, најпознат гастрономски македонски бренд со етикета на еден од најпознатите македонски музички рок ен рол брендови: Ајвар ала „Меморија“!
А по ајварот и џем или мармалад по истиот терк! Комбинација од соништата! Едното за полн стомак, другото за полна душа. Пробајте ги обете и нема да згрешите. Теглите со ајвар, џем или мармалад на „Дием“ со нивната етикета во чест на големиот повратнички концерт на „Меморија“, а влезниците за концертот на 18-ти ноември во скопската „Метрополис арена“ во продажната мрежа!
Оган луто како „Оган под ѕвездите“ или благо како возењето во новите „Возови“, слатко како „Нена“ или „Снежана“, со „Нашите слики“ на етикетата... и сето тоа Made in... „Македонија“ ! П.С. Знаеме дека со првите 1500 влезници одеше гратис ЦД... Ама, не знаеме ќе оди ли со последните влезници гратис тегла ајвар или џем на „Дием“?  ]]>