џељо дестаноски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 14 Sep 2022 10:38:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png џељо дестаноски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сања Ристеска свечено, патриотски и со гордо срце ја преработи – „Оган да го гори“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sanja-risteska-svecheno-patriotski-i-so-gordo-srce-ja-preraboti-oan-da-go-gori-video/ Wed, 14 Sep 2022 10:33:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266865

Пејачката Сања Ристеска, која во моментов е една од најпопуларнитепејачки  на нашата фолк естрада. Водена од љубовта кон македонската традиционална песна, направи извонредна преработка на песната “Оган да го гори”, оригинално изведена од доајенот на македонската народна музика Гоце Николовски, чиј автор на музиката и текстот е самиот тој.   Песната е премиерно изведена 1992 и по цели 30 години и уште 3 преработки од врвни македонски пејачи, како група Бисер, Војо Стојановски и Сузана Спасовска, ја добива и оваа модерна верзија. Спотот е снимен во Крушево и е во продукција на “Арт студио” и BalkanMusicTv, аранжманот го направи Дејан Момировски (XL Studio), а дополнителна празнична и впечатлива музичка нота дава познатиот Џељо Дестановски со своите зурла и кавал. “Верувам дека ќе ве направам горда и ќе го зачуваме духот на македонската песна сите заедно” – изјави Сања Ристеска задоволна од реализацијата на целиот нов музички проект. Со констатацијата дека во овие турболентни времиња во кои опстанокот и идентитетот на татковината и македонскиот народ се брутално  загрозени, на Македонија и тоа како и се потребни вакви исклучително патриотски настроени  уметници, кои и во иднина низ своите песни ќе продолжат да ја негуваат традицијата на македонската народна музика и обичаи, кои се нераскинлив дел од идентитетот на еден народ. Проследете како звучи изгледа најновата верзија на „Оган да го гори“ во изведба на Сања Ристеска (КЛИКНИ ТУКА), која премиерно беше промовирана за Денот на независноста,  8-ми Септември, годинава: ]]>

Александар Талески го промовираше спотот за неговото првенче, печалбарската -„Прости ми мајко” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-taleski-go-promovirashe-spotot-za-negovoto-prvenche-pechalbarskata-prosti-mi-majko-video/ Tue, 17 Nov 2020 12:50:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176558

Александар Талески го промовираше спотот за неговото првенче кое носи наслов „Прости ми мајко”. За потребите на спотот биле користени неколку локации на подрачјето на село Штавица, кое се наоѓа во прилепскиот крај, а видеото го изработила ИН Продукција. Станува збор за песна со печалбарска тематика и доста емотивна приказначии стихови ги напишала Нена Дулева, а музиката и аранжманот се на Флори Манев. Во песната учествуваат и познатиот зурлаџија Џељо Дестановски, како и музичарите Алекс Петковски на кавал и Горан Мирковски, кој ја снимал, направил миксот и мастерингот за песната во  „The Studio“. Во видеото покрај пејачот Александар Талески во улоги на актери се појавуваат уште и Виолета Талеска и Никола Јакимовски. „Песната содржи големи емоции, а и од моја страна е отпеана со големи емоции затоа што јас се пронајдов во таа песна и еден дел од неа е автобиографски, дел од мојот живот. Многу луѓе кои  живеат во туѓина, наши иселеници, ќе се пронајдат во оваа песна. Не би раскажувал многу, ќе оставам слушателите и гледачите сами да погледнат и слушнат за што се работи. Тоа е песна за сите мајки што имаат синови кои живеат далеку од нив, во туѓина“ - истакна Талески во интервју за ИН ТВ. Инаку, Александар живее во Прага, Република Чешка каде што изминатите години водел и свој бизнис со ресторани. Како што вели токму во неговите локали одржувал и свирки каде што преовладувала македонската песна. „Најчесто во Република Чешка настапував во моите ресторани, затоа што во Чешка не е многу застапена нашата музика, генерално Балканската. Некои настапи имав и во Германија на приватни забави, но претежно се фокусирав и работев на тие простори таму. Сепак, целта ми е да се афирмирам малку и во Македонија, може некое време да останам, да се проширам со бизнисот, а може и да се вратам, никогаш не се знае“ - вели Александар. Покрај оваа песна, Александар за следниот период најавува уште неколку нови песни кои повторно ќе бидат во соработка со Флори Манев. Во продолжение погледнете го спотот за „Прости ми мајко“: https://www.youtube.com/watch?v=G-G_G1BQ1R0]]>