џеј – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Feb 2024 10:15:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png џеј – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во „Преспав“ јавноста дозна која е Исаура, а на снимањето филмот за Џеј – „Недела“, Емра Куртишова дозна дека е бремена, но и дека татко и нема да го дочека раѓањето на нејзината ќерка Лена (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-prespav-javnosta-dozna-koja-e-isaura-a-na-snimaneto-filmot-za-dhej-nedela-emra-kurtishova-dozna-deka-e-bremena-no-i-deka-tatko-i-nema-da-go-docheka-raganeto-na-nejzinata-kerka-lena-video/ Wed, 07 Feb 2024 07:33:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337825

Иако за љубителите на театарската уметност и претходно не беше анонимна, особено за помладата публика како професионален актер во „Театарот за деца и младинци“ во Скопје,  пошироката јавност сепак ја запозна дури по емитувањето на третата сезона на популарната македонска серија „Преспав“, кога се појави во ликот на собарката Исаура, која му стана голема љубов на рецепционерот Талат. Актерката Емра Куртишова со оваа улога преку ноќ  ја освои публиката, па како еден од познатите и популарни ликови во „Преспав“ стана етаблирана актерска ТВ ѕвезда за која јавноста и медиумите почнаа се повеќе да се интересираат и почесто да ја третираат. Порталите на своите насловници, ТВ емисиите како гостинка во нивните најнови изданија, Јутјуб просторот и подкастерите исто така неретко ја седнуваат пред камерите... Исклучок не направи ниту најстариот и најгледаниот естраден ТВ магазин кај нас, „Бекстејџ“ кој во интервју пред камерата ја седна актерката за која се повеќе гласно се зборува. Особено по уште едно маестрално остварување, овој пат регионално и на големото платно, откако одлично ја одигра улогата на мајката на починатата естрадна ѕвезда Џеј Рамадановски, во неговиот автобиографски филм „Недеља“, чија премиера се прикажува и во Македонија. Како што по некое непишано правило убавите случки се случуват случајно, така и Емра станала дел од актерската екипа на филмот за животот на Џеј. Како ја добила улогата, дали знаела воопшто нешто за животот на пејачот претходно, кој и помогнал во снимањето на пробното домашно кастинг видео, како течел процесот на градењето на улогата... За свадбата, бременоста, загубата на таткото непосредно по стапувањето во брак, за поврзаноста со него и последните денови и мигови пред тој да замине од овој свет, за болката кога додека била бремена сфатила дека татко и нема да го дочека раѓањето на нејзината ќерка... И за уште некои непознати нешта за неа, македонската актерка Емра Куртишова „ја отвори душата“ пред камерата на „естрадниот ТВ магазин од зад сцената“. Погледнете го видеото во продолжение... ]]>

Ќерката на Џеј чека дете: Марија со симболична забава го откри полот на бебето (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/kerkata-na-dhej-cheka-dete-marija-so-simbolichna-zabava-go-otkri-polot-na-bebeto-video/ Mon, 05 Feb 2024 06:34:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337374

Помладата ќерка на легендарниот пејач Џеј Рамадановски, Марија, е во друга состојба. Марија, која тргна по стапките на својот покоен татко и се занимава со музика, досега криеше информации за бременоста, а сега за прв пат проговори на оваа тема.
Таа сподели видео во кое го открива полот на бебето кое со нејзиниот сопруг со нетрпение го очекуваат. Брачната двојка со заеднички сили прободе голем црн балон исполнет со розови конфети кои го симболизираат женскиот пол.
Не можеа да ја сокријат насмевката и задоволството на лицата, а по пукнувањето на балонот следеше долга и силна прегратка. - Принцеза - напиша Рамадановски во описот и стави розово срце. фото: Instagram printscreen/ marija_ramadanovski]]>

Оваа позната српска актерката е неговата „Бела жена“: Џеј многу ја сакал и сакал да напише книга и сними филм по сценарио од истата со неа“ https://arhiva.vistina.com.mk/ovaa-poznata-srpska-akterkata-e-negovata-bela-zhena-dhej-mnogu-ja-sakal-i-sakal-da-napishe-kniga-i-snimi-film-po-stsenariot-od-istata-so-nea/ Mon, 29 Jan 2024 13:00:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336640

Покојниот  Џеј Рамадановски не успеал да ја оствари една од своите најголеми желби, да ја напише книгата „Бела жена“, а потоа да сними филм со познатата српска актерка Аница Добра, фаталната дорќолка која многу ја сакал. „Џеј гостуваше во 1991 година во „Бисери“ и ми го раскажа целиот свој живот. Многу го сакав и ценев. Планиравме заедно да напишеме книга. Се дружевме 17 дена и разговаравме за се', но во тоа време не беше исплатливо да се напише книга. Платите на луѓето беа три-четири марки, а книгата чинеше 17 марки“ - вели Вања Булиќ и додава: „Џеј имал многу добри идеи за тој филм. На почетокот ми рече: Се држам за решетки, само главата ми се гледа. Потоа камерата се оддалечува, а јас стојам зад капијата на основното училиште „Браќа Барух“. Следната сцена, семејството седи на неделен ручек, а се слуша песната 'Недела'. Црташе и замислуваше сè“ - вели Вања и додава дека книгата никогаш нема да ја објави, бидејќи не го знае останатиот дел од животот на покојниот пејач. „Првите пет продуктивни години што ми ги кажа детално ги знам. И после 1996 година, кога отиде во пороци, не знам од прва рака. Не би било фер да напишам книга, немам негова согласност, но жал ми е што не ја остваривме“. Фото: Инстаграм/anicadobra_no.1/dzej_ramadanovski]]>

Аца Лукас бесен, не дојде на премиерата на филмот за Џеј, „Недеља“: „Дојдоа на црвениот тепих да ронат лажни солзи, а кога му беше најтешко, никој не му помогна“ https://arhiva.vistina.com.mk/atsa-lukas-besen-ne-dojde-na-premierata-na-filmot-za-dhej-nedela-dojdoa-na-tsrveniot-tepih-da-ronat-lazhni-solzi-a-koga-mu-beshe-najteshko-nikoj-ne-mu-pomogna/ Mon, 22 Jan 2024 13:06:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335712

Аца Лукас јавно удри по пријателите на Џеј кои се појавија на премиерата на филмот „Недела“, велејќи дека дошле само да ја оживеат својата кариера. Филмот „Недела“, кој раскажува за животот на легендарниот пејач Џеј Рамадановски, светлото на денот го здогледа на 16 јануари, кога беше премиерно прикажано споменатото уметничко остварување. На премиерата се појавија многу јавни личности, освен пејачот Аца Лукас, кој беше голем пријател на Џеј. Фолкерот сега објави стара фотографија со Рамадановски и откри зошто не се појавил на црвениот тепих. Тој исто така додаде дека никогаш нема да го гледа споменатиот филм. „Јас го сакав Џеј искрено, до последниот момент од неговиот живот, па и денес и засекогаш. Бев со него до крај, бидејќи тој е всушност единствениот човек на оваа наша таканаречена тажна естрада кого го сакав и почитував. И сите го знаат тоа. И ако ме прашате зошто не се појавив на премиерата на филмот за Џеј, ќе ви кажам. Да, не се појавив, поточно не ни сакав да се појавам, а сега јавно кажувам дека сите знаат дека никогаш нема да го гледам филмот, токму од љубов и почит кон таа големина и тој човек кој толку многу го сакав. Затоа што кога ќе ја видите огромната листа на оние кои на овој или оној начин учествуваат во филмот и околу филмот, ќе ви кажам „да не претеруваме и да кажеме 100 проценти, но 99 проценти од нив се оние кои исклучиво ги користат  неговата смрт и неговата несреќа. Сите што ја знаат и оваа наша таканаречена сиромашна естрада знаат за што зборувам“ - истакна Лукас. Лукас потоа удри по луѓето кои се појавија на премиерата, велејќи дека дошле да ја оживеат својата кариера на сметка на неговото име. „Во последните, па, можеби десет години од неговиот живот сите го плукаа, му се потсмеваа, па дури и го газеа, никој од нив не беше тука за него кога беше најтешко, а сега дојдоа да се прошетаат на црвениот тепих и пуштат лажни солзи, мислејќи дека тоа што му го направиле во текот на животот никој не го забележал или заборавил. Гледаш, јас не сум од нив. Дојдоа да ги вратат своите кариери кои долго време се во сериозен пад, во името на починатиот, дојдоа да зборуваат колку го сакаат, но никој не му помогна и не сакаше да му помогне кога беше најтешко. Освен неколку луѓе, чии имиња нема ни да ги спомнам, а ни тие не би сакале, затоа што вие помагате за да помогнете, а не за да знаат другите. Па, затоа не дојдов на премиерата, бидејќи навистина го сакав, почитував и ценев, бев со него до крај“. Потоа Аца Лукас му се обрати на Џеј со емотивни зборови: „Од сите лицемери, сечикеси и ѓубриња, без разлика дали се од забавна музика или од други сфери, можам да ги исклучам само неговите деца, неговата Андријана, неговиот Руле, јас и еден наш заеднички пријател, се вика Влада, а добро... познат бизнисмен кој секогаш беше тука кога требаше. Ова е тажната вистина на нашата мизерна средина и луѓето кои ве тапкаат по рамо и наводно ве сакаат. Драг мој Џони, ќе разбереш зошто не бев на таа премиера. Кон крајот ти реков да се вратиш, да снимиме нешто, ти дадов песна, се сеќавам, малку грубо ти кажав Џеки, нема да дојдам на твојот погреб, туку ќе дојдам на твојот нов концерт. За жал, тоа беше погреб. И секако дојдов, морав да те испратам за последен пат. Но, не можев да присуствувам на оваа парада на лицемерие и лажна љубов. И знам дека ќе ми простиш. Твојот Бушав те сака засекогаш“ - завршува пејачот. Фото: Инстаграм/aleksandar_vuksanovic_official]]>

Да беше жив легендарниот Џеј денес ќе наполнеше 59 години: Ќерка му Марија со емотивна посвета потсети на неговиот роденден (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/da-beshe-zhiv-legendarniot-dhej-denes-ke-napolneshe-59-godini-kerka-mu-marija-so-emotivna-posveta-potseti-na-negoviot-rodenden-foto/ Mon, 29 May 2023 11:39:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304111

Легендарниот пејач Џеј Рамадановски денеска ќе го прославеше својот педесет и деветти роденден, а неговата наследничка на својот Инстаграм профил му посвети емотивни зборови на починатиот татко и расплака многу следбеници. „Драг тато, денес ќе наполнеше педесет и девет години. Ни недостигаш многу, но знаеш дека си во нашите мисли секој ден. Многу те сакаме, чувај не“ – напиша Марија на Инстаграм со фотографија од легендарниот пејач. Под објавата на Марија беа наредени емотикони на поддршка и љубов, а многумина ги цитираа зборовите од песните на Џеј, со што покажаа колку им недостасува починатиот пејач. За време на едно неодамнешно интервју за Гранд, наследничката на Џеј призна дека татко ѝ се повеќе и недостасува и често плаче на неговите песни. „Секако дека реагирам емотивно, а леам и солзи. Тој е во нашите мисли секој ден, на целото семејство. Многу ни недостига. Избегнувам да ги пуштам неговите песни. Не ја слушам неговата музика, бидејќи многу ме растажува. Секогаш плачам на „Животе, жено без морал“ – рекла Марија. Фото: Инстаграм принтскрин/marija_ramadanovski]]>

Кои се’ (биле) најпознатите естрадни „пијандури“: Мирослав дека ќе престане да пие се колнел пред икона, Весна со ракија заспала на гробишта, Бора-Чорба се откажал пред мртовечница… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koj-se-bile-najpoznatite-estradni-pijanduri-miroslav-deka-kje-prestane-se-kolnel-pred-ikona-vesna-so-rakija-zaspala-na-grobishta-bora-chorba-se-otkazal-pred-mrtovechnica-foto/ Sat, 06 May 2023 07:50:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270014

Многу пејачи и актери од  јавната сцена имаа(т) голем проблем со алкохолот кој негативно се одрази на нивните животи. Некои отворено зборуваа за нивната борба со алкохолизмот и за причините што ги навеле да се откажат од страшниот порок. Мирослав Илиќ изјави дека се заколнал пред иконата на Свети Ѓорѓија дека ќе престане да пие. Легендарниот пејач објасни дека до пред 30 години не се разделувал со чашата, но дека во еден момент сфатил дека мора да пресече и да се ослободи од овој порок! - До 1989 година седев со пријателите по кафеани, пиев и кршев чаши. Имав лоша толеранција кон алкохолот и кога ќе се отрезнев, ќе сфатев дека не ми се допаѓа начинот на кој се однесувам. Едно утро се разбудив, застанав пред познатата икона на Свети Ѓорѓи, се прекрстив и реков: „Будало, нема повеќе да пиеш“. Така беше, пресеков  како со ножички - изјави Илиќ за Информер и додаде дека сфатил дека може убаво да се забавуваш во кафана и без да се опиеш. Весна Змијанац - познатата пејачка во младоста живеела бурен живот, но подоцна решила да се смири и да се повлече во својата викендица на Букуља. Весна еднаш открила дека консумирала голема количина алкохол, но дека веќе не го прави тоа: „Одев на гробиштата во Букуља, седев на гробот на некоја баба и испив девет чоканчиња ракија, а потоа ми се приспа и... Сум заспала на гробот! Верувајте ми, нема ништо потажно од пијана жена. Склона сум кон тој порок, за кој нема оправдување, ниту го барам. Тажно е кога жената ја ублажува својата беда и очај со алкохол“ – признала пејачката. Бора Чорба - пејачот на легендарната рок група двапати се лекуваше од алкохолизам, а како што самиот кажа во интервјуата, за прв пат престана да пие во 2009 година. „Првпат престанав да пијам во 2000 година кога имав сериозни здравствени проблеми. Еден поглед на мртовечницата за интензивна нега на Клиничкиот центар беше доволен за да сфатам некои работи. Не  конзумирав алкохол цели  девет години, но потоа повторно почнав. Имам испиено алкохол колку цел  Дунав, Сава и двете Морави, но повторно престанав пред седум месеци и сакам да се задржам на тоа“ - изјави Бора во интервју за магазинот „Стори“ во 2016 година, додавјќи: „Точно е дека одам на најрадикална можна терапија. Имав мал период на емоционална нестабилност и повторно почнав да пијам. Неодамна  прекинав, докторот ми даде лек кој е многу опасен, бидејќи може да предизвика дури и срцев удар. Ако пијам алкохол со тие таблети, ќе ми создаде хаос во телото. Веќе две недели сум на терапија, а почнав да одам и во теретана за да ослабам неколку килограми“ - изјавил Бора Ѓорѓевиќ пред седум години. Покојниот  Џеј Рамадановски не криеше дека имал многу здравствени проблеми поради алкохолот, а лекарите му рекле дека мора да престане да пие. „Се обидувам да се ослободам од алкохолот, сите знаат дека имам проблем со него. Докторот ми забрани да пијам, бидејќи може да умрам, но повеќе би сакал да умрам отколку да се откажам од пиењето. Го исфрлив вискито, кое најмногу ми се допаѓа, но не можам да живеам без алкохол. Пијам по три-четири ракии или две шишиња вино дневно. Еднаш се обидов да се откажам од алкохолот, кратко траеше. Дури и моите ќерки не сакаат да ме гледаат со чашка, но јас пеам и пијам цел живот, тоа е навика од која не можам да се ослободам“ - ​​изјави своевремено сега веќе покојниот Џеј. Фото: Дамир Дервишагиќ, Ненад Костиќ, Shutterstock]]>

Ќерката на Џеј Рамадановски се огласи за филмот „Недеља“ и откри што се’ ќе има од животот на нејзниниот татко https://arhiva.vistina.com.mk/kerkata-na-dhej-ramadanovski-se-oglasi-za-filmot-nedela-i-otkri-shto-se-ke-ima-od-zhivotot-na-nejzniniot-tatko/ Tue, 04 Apr 2023 11:59:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296595

Џеј Рамадановски, легендарниот пејач на народна музика, почина на 6-ти декември 2020 година од срцев удар. Неговиот живот ќе биде претставен во филм, а веќе се снима долгоочекуваниот филм за него. Во филмот, Хусеин Алијевиќ, попознат како Хуса од поранешната популарна танцова група „Бит Стрит“, ќе ја игра главната улога во еден период од неговиот живот. Покрај богатата кариера, Џеј имаше и тешки моменти во животот, вклучувајќи ја и загубата на неговата сестра, а неговите песни ќе останат дел од наследството на народната музика и севдах. Марија Рамадановски, пејачка и ќерка на Џеј Рамадановски, гостуваше во емисија каде откри повеќе за долгоочекуваниот филм.
-До неодамна немав многу информации. Можам да кажам дека филмот се снима на големо, дека Хуса ќе биде главен актер и знам некои детали. Сепак, за нив се уште е рано бидејќи снимањето штотуку започна. Имаат само 2 недели на снимање. Се надеваме дека филмот ќе биде добар, вистинит и како што заслужува татко ми. Се согласувам дека неговиот живот е за филм. Се друго останува на режисерите, актерите и како ќе го претстават, рече Рамадановски и додаде: -Сценариото се уште го немаме добиено, треба наскоро. Но, од приказната за најдобриот пријател на татко ми, Миќа Софтиќ, дознавме дека тие се обиделе да го направат филмот вистинит. Дека тие се авантурите на татко ми што ги доживеал од детството, од домот до кариерата. Па мислам дека на сите ќе им се допадне филмот и ќе биде добар.
Водителот се интересираше дали ќерката на Џеј има идеја кој ќе ја глуми во филмот. -Ние нема да бидеме дел од филмот. Нема семејство бидејќи филмот се случува пред 1992 година (соло концерт на Џеј на Белградскиот саем). Сè уште не знам за вториот дел. Приказната на тој филм е од домот, тешкиот живот и детството до текот на концертот, односно пред да се родам. Што се однесува до самото семејство, можеби мама е претставена некаде во смисла кога се венчале и тоа е тоа, рекла Марија. фото:Instagram printskrin]]>

Српскиот фолкер Љуба Аличиќ за раскалашниот боемски живот на естрадните ѕвезди: „Џеј и Синан Сакиќ ги уништи дрогата, а мене за малку комарот!“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/srpskiot-folker-ljuba-alichikj-za-raskalashniot-boemski-zivot-na-estradnite-dzvezdi-dzej-i-sinan-sakikj-gi-unishti-drogata-a-mene-za-malku-komarot-foto/ Wed, 12 Jan 2022 10:52:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234552

Пејачот Љуба Аличиќ раскажа дека во овие доцни години од животот слободното време најчесто го поминува дома со семејството, а сега најголемиот дел од парите ги троши на сметки со оглед на тоа што во родниот Шабац има три куќи. „Ги намалив тезгите поради короната, нема повеќе работа како порано, но, најлошо е што трошоците само растат! Народот не ме вика, не се прават веселби,  сите се депресивни поради оваа ситуација и се повлекоа во глувчешка дупка. Порано се пееше, не знаевме што да правиме со парите аработени од тезгите. Ќе одработиш една тезга, некоја свадба и мирен си цел месец. А дека трошев-трошев... Потрошив многу, како и моите колеги. Најголем дел од парите ги оставив по кафеани и казина. Да не бидам погрешно сфатен, не бев зависник од коцкање, само сакав да влезам и да си ја пробаме среќата. Работев, имав, ми беше напорно и тоа беше мојот издувен вентил. Многу луѓе од естрадната сцена играат комар, но не секој ќе го каже тоа јавно за медиумите. Аличиќ вели дека бил во друштво на луѓе кои пред него конзумирале дрога, главно кокаин, но дека тоа него никогаш не го привлекувало. „Синан Сакиќ и Џеј ги уништи дрогата, но кој е виновен за нивната љубов кон пороците, освен самите тие?!  Го имав тоа пред мене многу пати, па не сум го пробал. Сакав нормален живот, а тие само дрога, па дрога! Ги нема повеќе, а и кога имаа шанса да излезат и да почнат да живеат нормално, без пороци, не ја искористија. Продолжија како порано. Јас не би можел да испеам една песна ако бев толку запустен! Штета е кога човек нема сам да си помогне. Дрогата е зло, тоа никому не му треба“ - вели пејачот. Фото: Инстаграм принтскрин/#ljubaalicic]]>

Маја Николиќ раскажа бизарна случка од еден заеднички настап со Џеј: „Додека пеевме, човек пред нас ни почина во публика, газдите не ни даваа да прекинеме“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/maja-nikolikj-raskaza-bizarna-sluchka-od-eden-zaednichki-nastap-so-dzej-dodeka-peevme-chovek-pred-nas-ni-pochina-vo-publika-gazdite-ne-ni-davaa-da-prekineme-foto/ Mon, 27 Dec 2021 13:40:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=232737

Маја Николиќ во една емисија откри дека во текот на кариерата доживеала разни случки, меѓу кои и неколку бизарни, од кои најбизарната е секако онаа кога еден маж во публиката починал додека таа пеела. Пејачката се присети кога пред десет години настапувала со однеодамна покојниот Џеј Рамадановски додека пред неа лежел мртов човек. „Со Џеј и неговиот кум Руле гостувавме во Германија, каде што среде настап еден човек падна и почина пред нас. Беше во толку лоша состојба, дали од дрога или од алкохол, не знам, но падна и почина додека бевме на сцена. Никој не реагираше затоа што сите други беа пијани . Обезбедувањето го изнесе телото како ништо да не било, а ние моравме и понатаму да пееме како ништо фда не се случило, бидејќи газдите не беа заинтересирани да реагираат и не сакаа да ја прекинат програмата и да го испразнат локалот,  наводно за да не трпат гостите“ - се присети Маја.]]>

„Недеља“: По „Тома“, Србите ќе снимаат филм и за Џеј https://arhiva.vistina.com.mk/nedelja-po-toma-srbite-kje-snimaat-i-film-za-dzej/ Thu, 02 Dec 2021 13:29:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=229813

По големиот успех со филмот за Тома Здравковиќ, Србите ќе снимаат филм за уште една фолк ѕвезда која годинва почина- легендарниот - Џеј Рамадановски. Филмот ќе се вика „Недеља“ по неговиот најголем хит, а продуцентите се надеваат дека тој исто како и „Тома“, ќе има голема гледаност. „Возбудливата приказна за животот на Џеј Рамадановски ќе биде раскажана без прекумерна патетика, со впечатливи ликови. Сценариото ќе се придржува до важните факти од биографијата на пејачот, третирајќи ги со сочувство кон главниот јунак, со кој приказот на суровата реалност со која беше принуден да се соочи не е доведена во прашање, туку напротив, како што треба да биде во успешните филмски остварувања“ - велат продуцентите.  ]]>