џандари – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 21 Apr 2021 09:11:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png џандари – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На македонска свадба во Канбера – Австралија: Соседите ги пријавиле за прегласна музика, а „џандарите“ наместо да ги казнат домаќините и тие се фатиле на оро (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-makedonska-svadba-vo-kanbera-avstralija-sosedite-gi-prijavile-za-preglasna-muzika-a-dzandarite-namesto-da-gi-kaznat-domakjinite-i-tie-se-fatile-na-oro/ Wed, 21 Apr 2021 09:07:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199871

Видео снимка од настанот каде полицајците заедно со свадбарите играат оро е објавена на „Сиднеј Мацедониан”, заедно со појаснувањето за несекојдневната случка. Објавата од настанот што ги поплави социјалните мрежи, осамна и во македонските медиуми. Имено, Македонци во Канбера правеле свадба викендов, а кога соседите повикале полиција поради прегласната музика, наместо да им напишат казна за нарушување на јавниот ред и мир како што се очекувало, се случило нешто неочекувано: Гостите ги убедиле полицајците и тие да се фатат на оро! На клипот се гледа како униформираните лица ги учат нашите фолклорни чекори фатени во орото, а на крај на видеото, полициските службеници уште заминуваат и со ракоплескање. Инаку, во Австралија по долгите карантини, сега дозволени се свадби и забави на кои можат да присуствуваат до 300 лица, а до 30 лица можат истовремено да танцуваат на подиумот. Од почетокот на пандемијата во Австралија се регистрирани 29.550 случаи на корона вирус, а починале 910 лица. Моментално се активни 2.190 случаи.
]]>