џамбо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 22 May 2023 10:29:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png џамбо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Работи кои можеби не сте ги знаеле за Ферус Мустафов: Вака изгледал со коса и без брада во младоста „кралот на саксофонот“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/raboti-koi-mozhebi-ne-ste-gi-znaele-za-ferus-mustafov-vaka-izgledal-so-kosa-i-bez-brada-vo-mladosta-kralot-na-saksofonot-foto/ Mon, 22 May 2023 10:26:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303126

Веста за заминувањето на кралот на саксофонот Ферус Мустафов длабоко ја потресе Македонија и македонската естрада. Нејзините автори, музичари и изведувачи, особено оние од народната музика, а такви речиси и да нема со кои Ферус не соработуваше, како и со дел од забавната, поп и арен би изведувачите кај нас. Музичар парекселанс, виртоуз на саксофонот, кларинетот, но и на уште дузина други музички инструмиенти, кои Ферус со врвна умешност ги свиреше, на број петнаесетина. Малкумина знаат дека на Ферус прв инструмент не му е саксофонот, туку виолината. Роден е во најмузичкиот град во Македонија, Штип, каде учел музичко училиште, чиј татко Илми Јашаров е првиот музичар во Македонија кој саксофонот го внесува во народната музика. Како што самиот ќе рече во една пригода, штипскиот чочек е дело на неговиот татко, а тој од него ќе го засака саксофонот и ќе продолжи по неговите стапки станувајќи виртуоз на овој дувачки инструмент. Музички мајстор каков што со децении ќе нема не само во Македонија, туку и во регионот. Придавката или поточно епитетот „кралот на саксот“  ја добил кога во Лондон го снимил првото ЦД со чочеци. Прекарот ќе му го дадат колегите Англичани со кои тогаш соработувал, кои први ќе го наречат Ферус - кралот.  И нема да згрешат, устоличувајќи го за навека, до последниот ден на неговото музичко дејание. Музиката и музичкото умеење ќе го носат насекаде, од најблиското соседство па се во многу земји низ Европа и светот, каде ќе биде ценет, почитуван, познат и признат, а заработувачката од музиката на моменти ќе достигнува дури и вртоглави бројки. Така, во една прилика тој за медиумите ќе открие  дека најголемиот бакшиш што некогаш го заработил во животот бил на еден настан во Франција, каде настапувала целата српска естрада, кога заработил 180.000 евра за само една вечер! Ферус Мустафов не е само врвен музичар туку тој им бил идол и учител на некои од денес многу познатите музичари. За негов наследник се смета  неговиот внук Ферчо Мустафов, но ферус им бил учител и на имиња како што е Џамбо Агушев на пример, кој е токму на некој начин негово откритие, а денес важи за „крал на трубата“. Нему токму Ферус му го дал прекарот „Џамбо“,  а чие вистинско име всушност е Исин. „Беше кај нас на гости, дека фамилијарно многу си живееме и јас почнав да свирам нешто, а Ферус вели: Аааај, овој како свири! И ме зема кај него и ми рече: Ај ќе ти направам јас еден албум... Тогаш имав само 11 години. Потоа Ферус ми вели: Ти си брз како Џамбо џет авион, ќе ти го ставиме прекарот Џамбо“ - откри Агушев во едно свое ТВ гостување, во кое Џамбо исто така нагласи дека Ферус многу му помогнал, го учел да свири, но знаел да биде и строг. „Во студиото имаше соба и ме остави да се одморам, а јас заспав. Откако ме разбуди ми рече ајде свири, но јас не можев и тогаш му удри една шлаканица и јас почнав веднаш да свирам. Од страв почнав се да паметам. „А, тебе ти треба ќотек, да памтиш ли?“ - ми рече Ферус, ама јас не му се налутив - откри Џамбо. Речиси никој или само малкумина  паметат како изгледал Ферус во младоста, на почетокот од кариерата. Фотографиите од обвивките на плочите и касетите сведочат за тоа време. Со црна, настрана исчешлана коса, густи зулуфи и без брада. Многумина во вакво издание не би ги ни препознале, да не знаете дека се работи за кралот на саксофонот. Подоцна Ферус ќе пушти брада која со годините ќе стане неговиот заштитен знак. Што се однесува до неговиот имиџ до самиот крај на животот, тој речиси остана непроменет. Таков и замина во царството небеско, во вечноста која „кралот“ Ферус Мустафов оддамна ја заслужи. Фото: Инстаграм/ Фејсбук принтскрин/ Приватна архива        ]]>

Кога мама и тато се „поголеми деца“ и од тебе: Мечувалски двобој во Веро – Џамбо на ѕвездите од македонскиот естраден „спејс“ – Димитар Атанасовски и Сара Мејс (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-mama-i-tato-se-pogolemi-deca-i-od-tebe-mechuvalski-dvoboj-vo-vero-dzambo-na-dzvezdite-od-makedonskiot-estraden-spejs-dimitar-andonovski-i-sara-mejs-foto/ Thu, 09 Sep 2021 09:25:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218426

Водителот и маркетинг претприемач Димитар Атанасовски и пејачката и харфистка Сара Мејс важат за една од најскладните, но и „најоткачени“ брачни двојки. Посветени колку на работата и сопствените кариери, толку и на своето семејство,  потојано им се случуваат некои работи. Не чекајќи досадата да ги надвладее, а брачната монотонија да ги „убие“, самите и одат во пресрет на возбудата, забавата, шегата... Така е ем поинтересно, помалку здодевно, а и посимпатично и позабавно за сите, особено за најмладиот член во семејството - ќеркичката Илина. Во деновите кога се заедно, како годишниот одмор, викендите или празничните неработни денови на пример, веселото семејство ако некаде и не замине на прошетка или адреналински викенд, наоѓа начин како да го помине времето корисно, интересно, дружељубиво и забавно. Еден таков празничен ден - оној вчерашниот, започна со оро по дома и честитка за денот на независноста на таковината - Македонија. Илинче и тато Диме се фатија за рака, па два напред - три назад, боси на паркатот и фотографија пред сведоци за празнична честитка: „За многу години Македонци“! Потоа прошетка за мини шопинг во познатиот  скопски „Џамбо“ маркет, а на излегување, полна количка играчки и реквизити,  ама и двајца подготвени за... двобој! Кој кого предизвикал не знаеме, ама затоа видовме кој прв се фати за мечот, па со него или „на него“ ја заврши битката во подземната паркинг гаража. Мечувалско шоу со приказ на завидна умешност и вештини со светлечките мечови во стилот на Дарт Ведер и Лук Скајвокер од култниот филмски серијал „Војна на ѕвездите“, приредија мама и тато или поточно ѕвездите од македонскиот естраден „спејс“ - Димитар Атанасовски и Сара Мејс! Се разбира, овој беше само на шега, од чиста забава и предизвик досадата да добие „нога“, а на малечката Илина да и биде забавно и фино, и да се почувствува како да е во  вистинско 5Д кино. А актерите беа толку уверливи,  што малата принцеза дури и ги затвори очите, зашто не можеше повеќе да гледа! Кој ја однесе победата не дознавме, а и да знаеме нема да коментираме, бидејќи  на крајот сите беа победници. Особено мама и тато кои за момент беа „поголеми деца“ и од неа, нивната Илина, зашто... Зашто така треба! Познатата брачна двојка она што го науми, тоа и го оствари... Впрочем: „Најважно нешто е детето во тебе, што покасно да остари“! Фото: Инстаграм принтскрин/sarahmace/dimitaratanasovski_  ]]>