двојно цд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 10 Nov 2020 14:08:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png двојно цд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јулијана Николовска ви ја нуди првата „Голтка љубов“ од нејзиниот „Ангел на љубовта“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/julijana-nikolovska-vi-ja-nudi-prvata-goltka-ljubov-od-nejziniot-angel-na-ljubovta-video/ Tue, 10 Nov 2020 14:01:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175434

Јуле Николовска е една од ретките македонски естрадни уметници која коронапандемијата не ја обесхрабри да се впушти во потфат каков што останатите колеги или немаат храброст или доволно мотив во време кога немаат работа и настапи, кога едвај кубурат со сопствената егзистенција, а камо ли да вложуваат во својата кариера. Таа со своја нова песна „Голтка љубов“ успеа да го привлече вниманието на јавноста,  не само како пејачка туку и како комплетен автор. Јуле својата „Голтка љубов“ ја визуелизираше со спот кој го реализирала продукцијата „Блекмеџик студио“ на Никола Автовски, додекаа аудио-миксот и мастерингот ги направил Љупчо Соколовски во студиото „Сити Саунд“. Видеото е снимено во кафеански  амбиент, во опуштена атмосфеара во ресторанот „Грин Гарден“, онаква каква што ве вообичаена за работата на естрадните уметници. Во него покрај Jуле се појавуваат и нејзините колеги од матичниот „Арија бенд“, потоа Драко Илиевски, Никола Автовски и секако изборот од статисти кои го надополнуваат  амбиентот на оваа љубовно - музичка приказна. Музиката и стиховите на „Голтка љубов“  пренесуваат емотивната љубовна порака на несреќно вљубена жена, чија чиста и искрена љубов е невозвратена и несфатена. Емотивнаа и сугестивана фолк балада, која ги допира најдлабоките чувства, особено на сите оние кои се уште ги носат љубовните лузни на душата. „Ја објавувам песната за време на пандемија со цел да ја разбијам лошата енергија што не ме опкружува некое време и сакам публиката да ми овозможи неколку релаксирачки моменти во кои таа ќе ужива додека ја слуша 'Голтка љубав'. Мислам дека на сите нас во овој период не ни треба голтка љубов, без неа нема сила човек да се бори со сè што може да му се случи. Убедена сум дека ќе и се допадне на публиката, затоа што станува збор за квалитетна песна која е компонирана многу професионално и за која снимив исто толку убаво и привлечно видео“ - изјави неодамна Јуле за магазинот „Свет-Австралија“. Во меѓувреме, таа својот музички потфат го прошири до размери, до кои ретко кој естраден уметник се одлучува и во нормални околности на живеење и работа, а камо ли во време-невреме, какво што е ова во кое живееме речиси една година, додека трае корона пандемијата. Имено, Јулијана Николовска издаде двоен албум, чии песни се сместени на две ЦД-а. Албумот е насловен  „Ангел на љубовта“ и на него се наоѓаат 16 песни, полни со љубов и пораки за величање на животот, за сето она што не прави радосни и среќни, задоволни и исполнети. Во меѓувреме, Јулијана Николовска ви ја нуди првата „Голтка љубов“ од него: ]]>