два литра – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 23 Jun 2023 08:58:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png два литра – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Водителката стекна „течна навика и цицачка одвика“: Снеже Велков веќе не е „со прстот в уста“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/voditelkata-stekna-techna-navika-i-tsitsachka-odvika-snezhe-velkov-veke-ne-e-so-prsto-v-usta-video/ Fri, 23 Jun 2023 08:53:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307412

Снеже Велков, најпознатата пилатес инструкторка и во моментов ТВ водителка на емисијата „Нешто конкретно“ покрај сето останато по што ја знаеме има свое мото: „Блескај“! И навистина освен во еснафското умеење во знаетот, синооката убавица знае да блесне во многу други нешта. Од рецепти за здрав живот, корисни совети, до здрави навики... А навики како навики, ги стекнуваме низ животот веројатно несвесно, а потоа кога на нешто ќе се „навлечеме“, тешко од истото се одвикнуваме, колку свесно тоа и да го сакаме и поскуваме. Се разбира ова важи само за оние таканаречени „штетни навики“, додека оние останатите од редот: „Она што е убаво и на Бога му е драго“, некако по дифолт си ги „возиме и понатаму“, како дел од нашето секојдневие. Нo, кога сме веќе кај штетните или поточно т.н. „лоши навики“, Снеже Велков денот го отвори со две убави вести... И тоа врзани токму за навиките, па објави две големи победи... Во нејзиниот живот, секако, кои можат да бидат и добри примери за сите останати кои се соочуваат со слични проблеми. Имено, русокосата покажа и докажа дека „секоја навика има и одвика“, па така водителката на свое задоволство се пофали дека стекнала „една течна навика и една цицачка одвика“... Или ако саката поточно, таа сега е многу повеќе „Ха-два-О женска“, а патем... Снеже Велков веќе не е „со прстот в уста“! Или во превод: Водителката научила како да пие повеќе од два литри вода во денот, а во исто време и престанала да грицка нокти! Објаснувањето за навиката на “хидрирање на телото одвнатре во поголеми колични“,  погледнете го во видеото подолу... А она за одвиката цицање прсти и грицкање нокти - за крај... Патем, ако имата слични навики, пробајте и вие, можеби и Вам ќе ви успее! Фото и видео: Инстаграм/velkovsneze]]>