душко георгиевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Dec 2023 12:42:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png душко георгиевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Трајче Толевски и Душко Георгивски со донации и песна дојдоа да ги израдуваат згрижените во домот за стари лица во Злокуќани, но како: „Има ли некој што денес може да запшее и заигра?“ https://arhiva.vistina.com.mk/trajche-tolevski-i-dushko-georgivski-so-donatsii-i-pesna-dojdoa-da-gi-izraduvaat-zgrizhenite-vo-domot-za-stari-litsa-vo-zlokukani-no-kako-ima-li-nekoj-shto-denes-mozhe-da-zapshee-i-zaigra/ Tue, 05 Dec 2023 09:47:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329978

Трајче Толевски со прекар Мајка, познат македонски музичар, фолк изведувач и скопски угостител, е познат и како главниот „човек за штимунг“ во „Мерак меана“.  Во истто шоу еден од естрадните фолк уметници кои неодамна гостуваа беше и пејачот Душко Георгиевски. Токму овие двајца естрадни уметници решиле да ги израдуваат  згрижените во домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Злокуќани, како претставници на ним омилената забавно-музичка фолк емисија. Мајка и Душко посетата ја закажале токму за понеделник, 04. декември, кога  како двајца распеани и разиграни дедомразовци сакаа да ги израдуваат старите лица со своето присуство. Арно ама... Она што се случи, страшната тарорна вест за убиството на малата Вања и велешкиот фризер која пристигна претходната вечер не остави простор за радост, која беше заменета со тага на секој нормален граѓанин на оваа земја. Естрадните уметници посетата не сакаа да ја откажат, но радоста и дружбата со згрижените лица во домот не можеа да ја споделат на оној начин, на кој замислуваа и посакуваа. „Новогодишниот базар“ полн со сувенири и украси подготвен од вредните  раце на пензионерите не изостана, како ни дружбата со нивните омилени изведувачи, но не и песната и забавата... А како? Тој ден, а и деновиве потоа имаше ли душа некој воопшто да се радува, а камо ли да пее, игра, да се весели... Токму затоа Трајче - Мајка сподели само неколку фотографии од  рачно изработените ескпонати за „Новогодишниот базар“ на старите лица од домот „Мајка Тереза“ во Злокуќани, па заедно со својот статус ги објави на личниот Фејсбук профил со едно големо ветување. „Фотографиите се од вредните раце на пензионерите од установата 'Мајка Тереза' - Злокуќани, каде денес како дел од програмата 'Новогодишен базар' како гости од нивната најгледана емисија 'Мерак меана' на Сител ТВ, да бидеме јас и Душко георгиевски, да го опфатиме музичкиот дел.  Но, како? Има ли некој што денес може да го отвори срцето и да запее, заигра...? ветивме дека ќе дојдеме наредна прилика“ - споделил музичарот. А згрижените во домот за стари лица во Злокуќани го држат за збор! Фото: Фејсбук/Trajce Tolevski/Dusko Georgievski      ]]>

„Кон Исток“ – заеднички проект на Бајса Арифовска и Душко Георгиевски https://arhiva.vistina.com.mk/kon-istok-zaednichki-proekt-na-bajsa-arifovska-i-dushko-georgievski/ Tue, 17 Jul 2018 11:18:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=38579

„Кон исток“ е насловено цедето со изворна македонска музика од источниот регион, заеднички проект на Бајса Арифовска и Душко Георгиевски, кое ќе биде промовирано в среда, 18 јули, во Музејот на македонската борба во Скопје, како дел од програмата на културната манифестација „Скопско лето 2018“. Некои од десетте песни и инструментални нумери што ги одбраа Бајса и Душко ќе бидат вистинско изненадување за љубителите на овој вид музика, бидејќи досега не се јавно промовирани, иако од колено на колено се пееле во крајот каде што се создадени: Малешевијата, Овче Поле, пиринскиот дел на Бугарија. Промоцијата ќе биде збогатена со изведба во живо на неколку песни, во придружба на оркестар на народни инструменти и вокална група.
„Снимањето на цедето ’Кон исток’, на кое се забележани 10 песни, беше повод за уште еден мој музички предизвик и професионална дружба со Душко Георгиевски. Првичната идеја беше да ја промовираме источната ризница на изворна музика. Сакавме од крајот од кој потекнуваме да го собереме она што не се собрало досега и да оставиме трага. Собравме многу изворни песни и мислам дека ќе има и втор дел на овој албум. Работевме со големо задоволство, чепкавме, истражувавме уште еднаш докажувајќи си и себеси и на другите дека за убавата песната нема граници. Некои од песните ги знаев од сопствената фонотека, некои други сум ги запаметила уште како дете, слушајќи како ги пеат моите во Берово, а имам и едно авторско дело, ’Русинско соборско оро’. Голем впечаток ми остави убавата ’Гуна болна лежи’, четворка со ритам на ’Малешевско оро’, па ’Ранила мома’, која потсетува на ’Ратевско оро’, ’Жени ме мамо’, која се пее во Малешевијата и во Пирин, но и во западниот дел на Македонија, а своевремено ја снимил и Александар Сариевски“, изјави Бајса Арифовска за „Нова Македонија“.]]>