душа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 12 Feb 2024 09:34:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png душа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марија Луиса покаже дека и пејачките имаат душа: „Кралицата на бакшишот“ и другарките седнаа да слават, па откако песната ја погоди, го направи она, што најчесто нејзе и го прават (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-luisa-pokazhe-deka-i-pejachkite-imaat-dusha-kralitsata-na-bakshishot-i-drugarkite-sednaa-da-slavat-pa-otkako-pesnata-ja-pogodi-go-napravi-ona-shto-najchesto-nejze-i-go-pravat-video/ Mon, 12 Feb 2024 09:30:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338330

За Марија Луиса Тодоровска е оддамна познато дека важи за „кралица на бакшишот“. Пејачката едноставно е магнет за кој „се лепат пари“ па речиси и да нема настап на кој гостите не ја опсипуваат со домашни или странски банкноти, кои како што некој рече, фолкерката знае како да им ги извлече не само со пеење, туку и со вештината на своето естрадно умеење. А тука сексапилната битолчанка е неприкосновена, како ниту една друга пејачка! Зашто кога ќе ги погоди со песната, па уште ќе знае со нив да ја сподели и емоцијата, сеедно дали е тажна или весела, гостите во тие моменти се претвораат во дарежливи клиенти, на кои заедно со гласот на пејачката од звучниците, банкнотите сами им излегуваат од паричниците! Затоа Марија е вистинска „ бакшиш кралица“ кога е во прашање умешноста на професијата! Арно ама, сте се запрашале ли некогаш, како и е нејзе? Знае ли таа да се весели и забавува? Може ли и неа да ја погоди песната? Ужива ли понекогаш и самата во она што секојдневно го прави за туѓо уживање и разонода? Во последно споделеното на своето Инстаграм стори, Марија Луиса Тодоровска покажа дека со другарките седнаа да слават, па откако песната ја погоди, таа го направи она, што најчесто нејзе и го прават! Иако за викенди обично Марија има ангажмани,  сепак успеа да го мине дождливиот ден со другарките... Само онака заради дружба и дневен провод или нешто да прослават - сеедно, важно да е весело. Кафеана без мезе и ракија разбирливо - не бидува, како и забава без песна. А кога свирачите ќе ти ја погодат песната, паричникот сам се отовра за да го сподели бакшишот со музиката! Та било тоа и од портмонето на Марија, која покажа дека и пејачките имаат душа... И тоа широка. А и дарежлива рака! Една, па уште една и уште една... Илјадарките сами летаат! Ама, кому му е гајле, важно да е опуштено и весело! Само тоа остава траен печат во срцето! Фото и видео: luisa.todorovska]]>

Иако за себе тврди дека е пресметана, самоуверена, лојална, храбра, ѕверка… сепак на македонската пејачка не и се баш сите по мерка: Кој ја „извади од патики“ Кристина Димитри, па „меѓу редови“ му праќа скриени пораки? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/iako-za-sebe-tvrdi-deka-e-presmetana-samouverena-lojalna-hrabra-zverka-sepak-na-makedonskata-pejachka-ne-i-se-bash-site-po-merka-koj-ja-izvadi-od-patiki-kristina-dimitri-pa-megu-redovi-mu-praka-skr/ Tue, 12 Sep 2023 08:45:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317517

Кристина Димитри прилично самоуверено тргна да прави пејачка кариера и во Македонија и надвор од неа... Дали е на добар пат ќе покаже времето, но она што сигурно е дека сексапилната тетовка ги користи сите свои адути и оружја за да го зграпчи успехот... И тоа со обете раце! И изглед и имиџ и стил и сексапил и убавина и  шарм и телесна дарба... Комплетна понуда за максимална возбуда... Сите женски трикови кои можат да и помогнат за да го компензираат она што можеби и не и е најмногу од Бога дадено, а сепак е најпотребно ако сакаш да бидеш пејачка со кариера. Како и да е, на Кристина и успева во доволна мерка - барем засега, да го турка она што го наумила и тоа по свои правила. Вешто и умешно, доволно дискретно за да не биде пренападно, а сепак максимално конкретно за да биде доволно привлечно и забавно. И очигледно има намера себеси да се промовира на голема врата и тоа „преку ред“ и кај северниот сосед, зашто ако успееш во Белград и Србија, твоја е цела бивша Југославија, колку сето тоа да изгледа како (не)возможна мисија. Довербата во себе и своите квалитети очигледно не и недостасува, па дури и е и посилна страна. Впрочем и самата тврди дека е пресметана како волчица, самоуверена како граблива птица, лојална како ждребица, храбра како лавица, опасна како тигрица... Сепак на македонската пејачка по се' изгледа не и е баш се' и сите по мерка!? Она што го споделила во последниот пост на своите Инстаграм приказни јасно говори дека има нешто или некој(а)  што лично многу и пречи и ја засега!?  Само прашање е кој  тоа ја „извади од патики“ Кристина Димитри, па „меѓу редови“ му праќа скриени пораки!? За каква љубомора и отрови говори кога вели: „Љубомората е отровна состојка, ама на отров како мене не делува (не ви стана јасно до сега)? Кој тоа и љубомори и за што на бившата мисица, ако веќе знае дека ќе има работа со жена - „итра лисица“? Малку веројатно е дека бившиот сопруг, кој барем според споделеното на социјалните мрежи, е преокупиран со својата лична среќа од втор обид. Ако е конкуренцијата во прашање, под естрадното небо има место за сите. Колку некому и да му „пречиш“, ако си сигурен дека со квалитетите предничиш, „мува нема да те лази“ за туѓото мислење, зашто и да сака, никој ништо  не  ти може! Тогаш што е тоа што е „толку лично“, чија тоа љубомора и за што, Кристина Димитри ја „вади од патики“, а Бога ми и „од штикли“, па не можејќи тоа да го игнорира, не можела ни да додржи и морала јавно да го сподели?   Дали е во прашање толку „отровното каснување за душа“ што боли до коска, за отровот и на „отров како неа“ да делува, колку Кристина тоа и да го негира? Сепак она што  атракативната пејачка очигледно не ја напушта е самодовербата... Затоа на крајот и порачала: „Ама како што се шири кариерата моја, па и вие со мене на крајот од денот... Во право сте! Заедно растеме“. И во право е. Само прашање е што: Реалноста или заблудата? И чија, нејзината или таму... нечија? Фото: Инстаграм/kristina.dimitry
 ]]>

Елена Велевска знае што и треба: Oсвен со песната еве со што ја храни душата! (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/elena-velevska-znae-shto-i-treba-osven-so-pesnata-eve-so-shto-ja-hrani-dushata-foto/ Thu, 24 Aug 2023 10:00:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315139

Македонската пејачката Елена Велевска  која последно ја промовираше нејзината песна „Останав дама“,  е успешна и храбра жена. Таа во живот успеа да се справи со предизвиците и преку лично искуство да ги научи  животните лекции. Велевска низ годините изградила свои ставови, верувања и убедувања и знае дека на душата и е потребна само една работа... Пејачката на социјалните мрежи редовно објавува кратки приказни, бидејќи е доста активна и сите новитети сака да ги сподели со нејзините фанови. Овој пат меѓу нив на нејзиниот „Инстаграм“ профил таа, постираше една на која неа ја нема, но со кое таа сто проценти се согласува дека е така па, несебично го сподели со нејзините следбеници. „Телото се чисти со вода, егото со солзи, умот со знаење. А душата... само со љубов!“  - се главните работи кои македонската пејачка Елена Велевска тврди дека се точни. Ништо не е без функција, водата чисти, солзите смируваат, но душата одново е полна само ако има љубов. Љубовта е најважна за се што правиме во животот, а токму тоа сакаше пејачката да го каже. Тешко е да се успее без неа, а за тоа таа пее и во нејзината најнова песна: “Уште од девојка мечтаев јас за љубов, не знаев дека таа има тајни безбројни, сама видов како љубовта носи денови безбојни“ – се стиховите од нејзината автобиографска фолк балада, алудирајќи на искувството кое го собрала. Кај неа љубовта е секогаш на врвот, а веруваме дека по бурниот развод,  ги скротила и емоциите, бидејќи сега е  дама која знае што и е потребно на душата. Има ли само кој да и ја наполни? Со нова љубов!? Фото: Принтскрин/Инстаграм/Елена Велевска  ]]>

Кристијан Голубовиќ облеан во солзи: Ретко кој го видел „гангстерот од белградскиот асфалт“ да плаче како мало дете, а еве и зошто (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kristijan-golubovik-oblean-vo-solzi-retko-koj-go-videl-gangsterot-od-belgradskiot-asfalt-da-plache-kako-malo-dete-a-eve-i-zoshto-video/ Mon, 27 Mar 2023 10:36:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295212

Поранешниот ријалити учесник и „жестоко момче од белградскиот жежок асфалт“,  Кристијан Голубовиќ неодамна објави видео на TikTok кое многумина растажи, а некои други ги збесна. Имено, домашниот миленик на Кристијан и неговата партнерка Кристина Спалевиќ ненадејно починало, а Голубовиќ го зел тукушто пцовисаното куче в раце и почнал облеан во солзи да го бакнува. Овој клип брзо стана вирален, а додека некои целосно го разбраа Голубовиќ, други остро го осудија. Кристијан потоа на својот профил на Инстаграм ставил црна слика на профилот што корисниците на социјалните мрежи обично ја објавуваат кога некој близок ќе им почине. Голубовиќ несомнено го сакаше своето куче, а сопствениците на кучиња страдаат кога кучето им умира, но малкумина од нив во вакви тешки моменти „се сеќаваат“ сепак да земат мобилен телефон и да го снимат моментот на страдање за да им го покажат сето тоа на своите следбеници, а Криле тоа го направил.
@dukymon #viral #fypシ #forgoupage #foryou #fypシ゚viral #zadruga #zadruga6 #zadruga6cirkus #kristijangolubovic ♬ original sound - 🅳🆄🅺🆈🅼🅾🅽

Пејачот на „Меморија“ минува низ животна голгота: Апостол Поце Икономов – ѕвезда на сцената со глас како ангел од рајот, а во душата пекол и очај до бескрајот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pejachot-na-memorija-minuva-niz-zivotna-golgota-apostol-poce-ikonomov-dzvezda-na-scenata-so-glas-kako-angel-od-rajot-a-vo-dushata-pekol-i-ochaj-do-beskrajot-foto/ Wed, 24 Aug 2022 10:08:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263876

Апостол Поце Икономов... пејачот на култната македонска поп-рок група „Меморија“, нема кој не го познава. Ѕвезда на сцената со раскошен вокал, Поце и денес пее како во најдобрите денови, суверено владее и со сцената и со публиката која секогаш му возвраќа со невиден фидбек на искрени емоции, страст, енергија… Вистински „спиритус мувенс“ на бендот, кој со невидена леснотија го влече и носи сиот товар на себе спојувајќи ја музиката на групата со очекувањата на публиката, при тоа толку моќно и сугестивно, а сепак едноставно и непосредно, со насмевка и единствена харизма која ретко кој ја има во себе и истата умее да ја сподели од сцената со оние кои дошле на концерт...! И навидум секој би помислил дека таа експлозија на енергија во симбиоза со божјата дарба за пеење и моќта за анимација на публиката произлегува од лесниот, безгрижен живот на рок ѕвездата, која ужива во убавините на животот, музиката како професија и славата и популарноста кои таа му ги овозможува. За жал, како и во познатата приказна за „тажниот циркуски кловн“,  зад насмеаното лице на Поце се крие тешката животна судбина на пејачот на „Меморија“ кој цели осум години минува низ пеколна животна голгота. „Се' започна пролетта во 2014 година кога бендот не свиреше, мируваше и беше во своевидна 'музичка хибернација', а јас притоа останав и без работа. Живеевме од платата на сопругата која тогаш за првпат се соочи со тешката и опака болест откако ќе и се слоши на работа... Дијагнозата - онаа најлошата... Тумор на мозокот кој е тешко операбилен“ - ја започнува својата приказна Поце кој е татко во тоа време на две малолетни ќерки кои се во возраст на „хормонална експанзија“. Покрај шокот од здравствената катастрофа, пејачот останува и во многу лоша финансиска ситуација, зашто треба да се подига семејството, школуваат децата, при тоа да се плаќаат сите трошоци за режија, да се живее и покрај тоа се', уште и да се отплаќа рата за кредитот за станот. И сето тоа со намален приход кој прераснува во некаква минимална социјална пензија од сопругата која престанува да биде способна да оди на работа, зашто здравствена ситуација со текот на времето станува се полоша и полоша, а таа останува неподвижна, врзана за постела. „Се обидував да најдам работа на разни начини, но... Сфатив дека кога си на сцената сите те воздигнуваат и возвишуваат, сакаат да бидат близу до тебе, во твое друштво и близина, а кога ќе се најдеш во ваква ситуација, едноставно... не те есапат“ - раскажува со грутка во грлото Поце присетувајќи се на тоа време и продолжува: „Не само што пејам, јас сум огромен познавач на музика, колекционер на илјадници плочи, музиката ја познавам многу добро... Можам да работам на било која позиција од типот на музички уредник, соработник, во некој медиум, радио, ТВ, некоја фонотека, библиотека... Впрочем моето семејство Икономови е дел од музичката историја на оваа земја“ - раскажува Поце. Во меѓувреме болеста на сопругата рапидно прогресира до таа мерка што ја врзува за постела, а со тоа и него покрај неа, како некој кој мора физички да биде 24/7 тука и да се грижи постојано за жената. Примањата се никакви, животот нему и на семејството му се сведува на едвај голо преживување, а ратите од кредитот се трупаат, па пејачот е приморан да го продаде станот, за да го врати долгот на банките, а она малку што ќе му остане да го заложи за нов кредит и стан. При тоа помош од никого, освен од родителите - пензионери кои опсежно помагаат семејството некако да преживее. Поце го познаваат многумина, многу од нив знаат и каква му е ситуацијата, но како што самиот вели, никому сам да му текне да праша дали може некако да му помогне? „Конекциите со лекарите воглавном ми помогна да ги обезбедам чичко ми, познатиот музичар Коце Икономов, кој по професија е и лекар. Од 2014 до 2017, до големиот повратнички концерт во „Метрополис арена“ контактите со членовите на бендот додека не свиревме беа некако развлечени... Не дека не знаеа во каква ситуација се наоѓам, ама сепак... Колку можеле биле тука, но тоа беше далеку од доволно. Живеевме од примањата на болната сопруга и по некој денар од пензиите на моите“ - се присетува Поце и додава: „Тој концерт не беше само враќање на групата и финансиска инјекција за мене, туку и психолошка поткрепа која ме врати во живот. Момент да се почувствуваш дека си повторно жив, некому пак важен, одново потребен. Штета што не се случија уште 10 свирки, а требаше, за повторно да почувствувам дека одново имам тло под нозете“. И покрај „сериозниот лизгачки старт“, како што самиот вели,  што ќе му го приреди животот, пејачот никогаш не потклекнл со духот, не ја загубил вербата и надежта, никогаш не потпаднал под дејство на некакви пороци како бегство од стварноста. „Освен хроничната инсомнија, несоницата заради која спијам едвај само по неколку часа во ноќта, па затоа постојано чувствувам хроничен замор, не забегав во некакви лоши навики. Во меѓувреме животот стануваше се поскап, болеста на сопругата се посериозна, а јас иако познавам разни профили на луѓе, па дури и политичари или моќни сопственици на сериозни фирми, никој не праша како ми е, имам ли од што да живеам... Зарем треба јас некому да му споменам да помогне, како било да ме вработи за да однесам некој денар дома зашто имам тешко болна сопруга, кога веќе знаат каква ми е ситуацијата?“ - разочаран е Поце. „Јас кај 90 % од екстремно блиските луѓе покрај мене, било да се тоа, роднини, пријатели, соседи, колеги... во сите овие години, особено откако со „Меморија“ се вративме на сцена го чувствувам синдромот на Салиери... Така јас тоа го викам. Ем сакаат да бидат блиски до мене, ем би сакале да ме нема... Ем те обожуваат, ем сакаат да те уништат. Убаво им е кога сум Поце - ѕвездата да се дружиме, а никаде ги нема кога треба на оној обичниот Поце, роднината, другарот, колегата, соседот, пријателот... да му помогнат кога најмногу му треба“. Идејата за хуманитерен концерт на „Меморија“ од кои приходот би одел за него и неговото семејство Поце вели дека сега е задоцнета и беспредметна идеја. „Сега вели, на жена ми не и треба толку скапа операција, доцна е. Иако овие години имав некаква финансиска поддршка и поткрепа од бендот... Од кого повеќе, од кого помалку“. Токму затоа можеби на Поце Икономов сега најмногу му треба нешто друго, нешто што е стабилен и постојана финансиски приход. Постојана работа која ќе биде поткрепа за семејството и неговиот опстанок, како и борбата со тешката болест на сопругата.  Поце вели дека никогаш приватно не се поставил како ѕвезда кон некого и нема тоа ни да се случи, но и не е подготвен да биде понижувачки  третиран: „Доделете му нешто на сиромавиот. Не е тоа моето ниво на комуникација“  - категоричен е Икономов. Поце сепак не губи надеж дека се' уште има добри и разбрани луѓе кои умеат да излезат во пресрет и да помогнат.  Можеби пред сите на него треба да се сети и државата и нејзините институции, како Министерството за култура на пример, кои веќе имаат изградени механизми да ги дотираат или трајно финансираат заслужните музички и естрадни уметници во Македонија. „Јас би се изненадил да добијам таков статус... Не сум срамежлив човек, знам да стапнам на било кој тепих. Ако има простор за тоа, би го процесуирал таквото барање. Како што би прифатил било која достојна работа која не е омаловажувачка и понижувачка“ - ја завршува својата приказна пејачот на „Меморија“, Апостол Поце Икономов - ѕвезда на сцената со глас како ангел од рајот, а во душата горчина, пекол и очај до бескрајот!]]>

Огнен Здравковски покажа дека душата се храни со – „Душа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ognen-zdravkovski-pokaza-deka-dushata-se-hrani-so-dusha-video/ Thu, 24 Mar 2022 13:29:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244288

Душа“ е насловот на најновото музичко издание на младиот пејач Огнен Здравковски. Песната е на српски јазик, а исто така и видеоспотот за песната се снимаше во српската престолнина. За ова ново музичко остварување Огнен ја избра една од најдобрата екипа во моментов во регионот. Музиката и аранжманот се дело на познатиот Саша Николиќ, кој соработува со многу српски ѕвезди, особено со Марија Шерифовиќ, додека пак текстот е дело на Мира Мијатовиќ, која инаку стои и зад текстот за песната „Оскар“, со која познатиот пејач Аца Лукас се натпреваруваше на изборот за Евровизија во Србија. За микс и мастеринг задолжен беше Лазар Милиќ. Како што кажавме, екранизацијата за оваа прекрасна балада се одвиваше во Белград, а режијата ја потпишува познатиот македонски уметнички фотограф и режисер, Зоран Зонде Стојановски. Покрај Огнен, во спотот се појавува и преубавата српска манекенка Невена Гичевиќ, која важи за една од најубавите девојки во Србија. Се снимаше на повеќе локации во Белград, а дел од видеоспотот е снимен во познатиот ресторан „Ритуал“, чиј сопственик е музичката ѕвезда Саша Ковачевиќ, кој пак е многу близок пријател со нашиот Огнен. “Презадоволен сум од целиот проект. Навистина ја работевме долго време песната со Саша Николиќ, но сметам дека се исплатеше. Исто така морам да го пофалам и Зонде кој направи одлично видео. Сега останува на публиката да си го каже своето, но сигурен сум дека ќе им се допадне“ – вели Здравковски. Инаку песната и видеото вчера беа премиерно објавени на јутјуб-каналот на „Гранд“, а во наредниот период таа ќе биде и лично промовирана од Огнен во емисиите на оваа позната продукција. Погледнете и уживајте: ]]>

Влатко Стефановски трио во „Интермецо“: Гитарскиот маестро му ја врати душата на Скопје (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-trio-vo-intermeco-gitarskiot-maestro-mu-ja-vrati-dushata-na-skopje-foto/ Thu, 18 Nov 2021 08:32:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227756

Влатко Стефановски со своето трио ( Јан Стефановски - тапани и Иван Кукиќ - бас) вчеравечер, среда 17-ти ноември одржа спектакуларен концерт во скопскиот „Интермецо мјузик бар“, кој со настапот на македонскиот гитарски маестро ја продолжи традицијата да биде едено од ретките места кои ја спојуваат забавата со уметноста, ноќниот живот со (суб)културата во македонаската престолнина. Иако оддамна предодреден за големи концерти, Влатко и младата екипата која го придружува покажа дека подеднакво добро звучи, но и прави штимунг за паметење и во помал, клупски простор, во кој ретко сме го гледале во главниот град. Полниот мјузик бар, онолку колку што дозволуваат ковид протоколите, широко ги отвори портите и за еден поинаков вид на свирка, а македонската гитарска легенда по којзнае кој пат покажа дека дефинитивно му нема рамен на Балканот, а можеби во Европа кога е гитарското умеење во прашање. Уште со воведните инструменални преработки ги допре срцата на посетителите со прошетка по македонскиот изворен фолклор, онака, како што само тој знае и умее дтоа да го направи: доволно автентично да се препознае оригиналот и со доволен личен печат да се завери верзијата која тешко дека некој друг освен Влатко може да ја осмисли и отсвири. Песните од некои други времиња ( „Кантри“, „Џипси сонг“...) кои ги паметиме како „златни“ на публиката и ја стоплија душата како „Кандилце“, кое се' уште гори со истиот жар и интензитет, зашто Стефановски со својата музика и изведба е тој што „со две раце го чува да не угасне“, а на конзументите на неговата музика бајковито ги потсетува на времето кога нормалното беше навистина нормално, а не извртено, изопачено, дегенерирано, деградирано... како денес.  Дното како врв, прикажан како „ново нормално“! Турата песни пак од најновото нормално, односно времето на, како што самиот Стефановски ја најави, „локдаун проектот“ - „Тафталиџе шафл“ огледан во ланскиот и последен албум на В.С. триото, беше одбележана со неколку песни, како „Огледало“ или „Фанки - Џанки“, за потоа да дојде кулминацијата. Првиот голем хит од почетоците на „Леб и Сол“, па најдрагиот или најголемиот хит на Стефановски, како што самиот една по една ги најавуваше песните од „златните години“: „Ја нисам твој“, „Мамурни људи“, „Као какао“... И концертен делириум во мјузик барот. Сите на нозе, се пее, се аплаудира, мобилните сликаат и снимаат... За спомен на момнтите кои ја милуваат и разнежнуваат душата, длабоко ги будат емоциите, ја враќаат љубовта и емпатијата... Зашто гитарскиот маестро успеа барем на миг, на неколку часа да му ја врати душата на неговото, наше, Ваше... Скопје. Истиот оној град кој со помош на стиховите на неговиот брат, покојниот великан Горан Стефановски, како ретко кој успеа да го опее во еден од најголемите хитови, со кој Влатко ја стави „јаготката на шлагот“ на незаборавната вечер. Вечер во која одново видовме дека за „градот на апарати“  има надеж за живот, зашто во него се' уште „млади моми љубов водат, душа вадат очи бодат“... И сето останато што легендарната песна „Скопје“ го содржи во своите стихови, со која еуфоријата кулминираше на настапот, а Влатко токму со неа побара присутните скопјани и останати да го испратат него и бендот веќе следниот ден на турнејата низ Германија на која заминуваат. За крај, Стефановски незаборавната вечер ја заврши со нешто што е за своја душа, песната која, како што самиот ја најави, има нешто посебно во себе... Култната „Бистра вода“... За бистри мисли на од убавина опиената публика на полноќ, како катарза на една незаборавна вечер, за ново прочистување на душата на оние кои беа сведоци на фантастичната ноќ во „Интермецо мјузик бар“ во која Влатко Стефановски и неговиот бенд му ја вратија душата на Скопје.  ]]>

Дојде братот од САД, се собра старата „естрадна екипа“: По дома може сите, а за во диско… женетиот „несуден советник“ остана дома (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dojde-bratot-od-sad-se-sobra-starata-estradna-ekipa-po-doma-moze-site-a-za-vo-disko-zenetiot-nesuden-sovetnik-ostana-doma-foto/ Mon, 25 Oct 2021 07:39:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224316

Секоја генерација си има свои естрадни ѕвезди, свои идоли, свои љубимци на публиката која расте и созрева со нив, а и тие со неа... Тие тројца тоа и се - генерација македонски поп пејачи која стануваше популарна некако во исто време. Димитар Андоновски, Дарко Илиевски, Александар Тарабунов...  Во исто време  се појавија, се пробиваа, учествува по разни фестибвали., манифестации, музички натпреварувања и доам и надвор од Македонија, почнаа да редат хитови, прават албуми, снимаат спотови, освојуваат награди... Се' додека животните и професионални патишта не ги рапрснаа на различни страни, па некои од нив се иселија од земјава, како Дарко Илиевски кој се ожени за ќерката на македонската ДЈ легенда Славе Келешоски и остана да живее во САД, а музиката речиси и ја батали. Димитар Андоновски исто така вплови во брачните води и се вреати во родната Битола, а и тој како и Дарко стана и сопруг и татко, почна да работи и друга професија, и се придружи на групата „Тајфата“ со која настапува, а на овие локални избори реши да се обиде и во политиката како кандидат на советничката листа на СДСМ во Битола, но не успеа сцената да ја замени со општинската говорница и советничката фотелја. Александар Тарабунов и понатаму е музички најактивен, снима, сега и микса и продуцира, има неколку нови песни и видеа и среде корона пандемија... Кога на тројцата „стари музички мускетари“ ќе им се придружи најмладиот, надежната македонска „Гранд ѕвезда“ од семејството Џорлеви, младиот Огнен Здравковски, музичкото „триото-фантастико“ станува „квартет од соништата“, овој пат собран крај софрата! И тоа во домашна атмосфера, на гости кај „несудениот општински советник“ во Битола. Братот Дарко дојде од САД, па време беше да се седне... Сите заедно на едно видување за потсетување на старите добри времиња и она што носи денешнината, секако со богато мезе и по некоја пијачка, по дома. А кога ќе се собере екипата добро позната стара, неизбежна е песна и гитара за уште подобра домашна атмосфера, во која свој тон ќе даде и најмалиот Огнен, како „ново дете“ во тимот за уште подобар штимунг. И кога сите чинии и чаши ќе се испразнат и сите драги песни ќе се испеат, доаѓа време за второ полувреме. Екипата се сели во друга сфера, од домашна во клубска атмосфера. Колку за потсетување на младоста на оние малку постарите и одржување на формата на помладиот и неженетите. Арно ама, како што може да се забележи по споделените фотографии на социјалните мрежи, „на диско“ заминале само ергените, ако се смета дека и Дарко е овде дојден сам. По дома може сите, за за во диско, женетиот „несуден советник“, дали „по совет“ на младата сопруга или  причината некоја друга, останал дома! Така квартетот одново заврши како трио, како три тела - една душа, која се веселеше до фајронт! Четвртиот остана само на добриот домаќинлук и гостопримство што им го приреди на другарите, ама тоа е... Во кого душа да остане...? А, и кој да ти признае?! Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/dimitarandon/ognenzdravkovski/aleksandartarabunov/ilievskidarko

Прија отвори душа: „Пред да се омажам мислев дека Брена живее живот како на филмови“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/prija-otvori-dusha-pred-da-se-omazam-mislev-deka-brena-zivee-zivot-kako-na-filmovi-video/ Wed, 06 Oct 2021 11:49:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222002

Нејзе животот и беше „лизгав под“. Таа „им должи два животи“ на своите родители, баби и дедовци, а раѓањето на детето е нејзино „неповторливо“ искуство. Имаше и лоши избори во љубовта, „(не) сакани грешки“, но сега е во среќен брак и љубов со Филип Живојиновиќ, со кого го има синот Александар. Таа е посветена мајка и сопруга, но една од најуспешните пејачки со голем број хитови, иако има само 26 години. На прашањето „Кој си ти?“, Александра Пријовиќ одговара: „Јас сум како и секоја друга девојка, единствената разлика е во тоа што поради природата на мојата работа, се појавувам во медиумите, снимам емисии, видеа, имам настапи и затоа сум позната на пошироката јавност. Надвор од камерите и медиумите, мојот приватен живот не се разликува од животот на повеќето жени. Посветена сум на домот, сопругот и синот и се соочувам со истите проблеми како и повеќето луѓе“ - одговара Прија. Пред да се омажам, замислував дека животот на Брена  е живот од филмови. Таа беше најголемата sвезда на овие простори, па отсекогаш мислев дека живее живот што е непоимлив и недостижен за нас, а излезе дека таа е една од најнормалните жени, исто како и мајка ми. „Кога одам на настап, синот ми вели: „Мамо, дали ќе пееш? И јас сакам да пеам “. Тогаш ќе ми е многу тешко зашто морам да се разделам од него, особено што постојано сум со него последнава година“ - вели Пријовиќ. Фотот: Инстаграм принтскрин/aleksandraprijovic

Лара Иванова во магична изведба опиша како изгледа кога во љубовен неповрат заминува една – „Душа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-ivanova-vo-magichna-izvedba-opisha-kako-izgleda-koga-vo-ljuboven-nepovrat-zaminuva-edna-dusha-video/ Fri, 24 Sep 2021 12:36:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220578

Сѐ уште пристигаат пофални зборови за одличниот настап и фантастичната интерпретација на младата пејачка Лара Иванова на годишниот фестивал "Макфест 2021", кој неодамна се одржа во Штип. Лара буквално ја "разнесе" сцената во Штип со нејзината изведба на песната "Душа" и ги освои симпатиите на присутната публика, но и оние пред малите екрани. Многумина дури ја прогласија и за морален победник на фестивалот, иако таа ја освои само наградата за вокална интерпретација. Инаку "Душа" е музичко дело создадено од Иле Спасев и Робин Зимбаков, кои уште еднаш докажаа дека се одличен тандем. "Душа" доби и музички видеоспот кој исто како и за претходната песна на Лара, го потпишува режисерот Владимир Митревски - Ѓуле. - "Душа" мислам дека има душа и баш поради тоа ја освои публиката. Точно е, Иле и Робин направија магија и јас сум презадоволна. Вистина е дека реакции добивам секојдневно и тоа премногу ме радува. Мислам дека нема поголема награда за еден пејач или артист кога ќе види дека неговото дело е одлично прифатено од пошироката публика“ - вели Лара. Како изгледа аудиовизуелниот пакет на нејзиното макфестовско остварување, проследете во продолжение: [embed]https://www.youtube.com/watch?v=hrPVumNqcYw[/embed]]]>