дурловски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 20 Jun 2022 13:04:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дурловски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Бит Фест“ со нов концепт: 64 денови културна програма со концерти на „Танец“, Влатко Стефановски, „Мизар“, „Меморија“… https://arhiva.vistina.com.mk/bit-fest-so-nov-koncept-64-denovi-kulturna-programa-so-koncerti-na-tanec-vlatko-stefanovski-mizar-memorija/ Mon, 20 Jun 2022 13:01:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=255270

Битолското културно лето, започна  со концерт на Каролина Гочева во Хераклеја и ќе трае до 31 август. Оваа година, „Бит Фест“ воведува нов концепт на културно лето, кое истовремено ќе ги поврзува традицијата и современите достигнувања во културниот свет. Во следните 64 денови, на повеќе просторни сцени во градот на кои како дел од „Бит Фест“ ќе се одржуваат 10 фестивали, со гостувања на уметници од над 20 земји од светот, Битола низ автентичен културен израз, ќе ја промовира македонската уметност, култура и традиција пред домашната и странска публика, градејќи и цврсти меѓународни врски, за нови можности за културен напредок на градот. Освен концертот на Каролина, на програмата се и два други големи концерти. Култните „Мизар“ на 9-ти август на платото кај Офицерскиот дом, а програмата завршува со концерт на „Меморија“ на 31-ви август во Хераклеја. Дел од музичката и музичко сценската уметност на „Бит Фест“ се и Камерниот оркестар „Профундис“, виолинистите Владимир Костов, Ана Контраденко, Марко Поп Ристов, сопранот Весна Гиновска Илкова, а под наслов „Со лезет за Битола“ ќе настапат светски познатите, македонски оперски пејачи Ана и Игор Дурловски. Традиционално, „Со песни за Битола“, продолжуваме со „Незаборав“. За љубителите на џез – културата, ќе се одржи Интернационалниот „Џез Фабрика Фестивал“, а „Балкан Гала фестивалот“ на Камерниот оркестар на Битола, ќе биде исполнет со поп и рок симфонија. Музиката и традицијата, ќе се негуваат преку „Локум фест“, а меѓу богатите содржини за време на фестивалот „Илинденски денови“ на „Бит Фест“ е и гостувањето на ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“ и Влатко Стефановски. Официјалната програма, ќе заврши на 31 август, а на предлог на комисијата, поддржани се и апликации кои се однесуваат на културни содржини кои ќе се реализираат во Битола, надвор од програмата на битолското културно лето, до крајот на годината. Ваквиот пристап на општина Битола, нуди простор и поддршка и за други проекти да бидат презентирани пред битолската јавност, да се потикне потенцијалот за идна соработка, но и да се отвори можност за реализација на проекти кои заради своите специфики и интересот на градот да ги поддржи, имаат потреба за дополнително време и средства за реализација. Целата програма е достапна на веб-страницата на Општина Битола.]]>

Музичката изведба на семејството Дурловски ќе ви го стопли срцето (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/muzichkata-izvedba-na-semejstvoto-durlovski-kje-vi-go-stopli-srceto-video/ Mon, 30 Mar 2020 13:35:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=142266

„Во ова е време-невреме седум/осмини може да стоплат нечие срце“ - стои во пораката која ја објавуваат Дурловски на Фејсбук. Игор, Ана и нивните дечиња ја изведоа „Што ми е мило”, а нивната изведба сигурно ќе ви се допадне и вам зашто сме убедени дека може да стопли сечие срце... Особено во овие тешки денови. Слушнете ја и... Седете дома! ]]>