дуо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 03 Oct 2022 12:05:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дуо – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Младиот дует „Гранд ѕвезди“, Алекс и Белма со српска верзија и видеоспот за наградената песна на „Охрид фест“ – „Воли ме ко себе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mladiot-dute-grand-dzvezdi-aleks-i-belma-so-srpska-verzija-i-videospot-za-nagradenata-pesna-na-ohrid-fest-voli-me-ko-sebe-video/ Mon, 03 Oct 2022 11:59:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269786

Еден месец по завршувањето на фестивалот „Охрид фест 2022“, песната „Глупаво е да си сам“ која ги освои сите симпатии и освои две награди доби и српска верзија, како и свој видеозапис. Фантастичното македонско-босанско „Гранд“ дуо од соништата: Александар Јосифовски - Белма Хасанефендиќ ја снимија „Воли ме ко себе“, на музиката на Горан Шарац, за која стиховите одново го напиша македонскиот лиричар Огнен Неделковски, а песната премиерно својата промоција ја доживеа викендов на Јутјуб каналот на „Гранд продукција“. Спотот го режирал талентираниот Кристијан Љушев, кој решил да снима во Охрид и Скопје и успеал на многу оригинален начин да ги пренесе возбудата, енергијата и заразниот ритам. Веројатно и не му било многу тешко да ја оствари задачата, зашто Александар и Белма се еден од оние дуети кои се создаваат спонтано и остануваат запаметени за цел живот. Инаку, додека се промовира оваа песна, Александар ќе настапува низ САД како специјален гостин на американската турнеја на Лепа Брена, а  наскоро ќе има своја турнеја низ Америка и Австралија, каде што неговиот бенд ќе го придружува на настапите. Во меѓувреме уживајте во видеото за „Воли ме ко себе“ на Александар и Белма (Кликни ТУКА): ]]>

Еве ги „Дупер“ – „Пак и пак“… со нова песна (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-gi-duper-pak-i-pak-so-nova-pesna-video/ Mon, 13 Jan 2020 13:08:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=128672

Дупер имаат нова песна. Откако од трио останаа дуо објавија две, а ова им е третата песна, која во етерот излезе околу новогодишните празници и е насловена „Пак и пак“.

Очигледно, Борис Какуринов и Илчо Нечовски упорно „пак и пак“ се држат до својата авторска креативност, со која овој пат „заталкале“ помалку во сферата на електрониката, што ја прави новата песна на „Дупер“  поразлична од претходните. Стилско свртување во нов правец или изнуден потег по заминувањето на тапанарката Мартина Баракоска заради која живиот ритам на тапаните е заменет со електроника...?

Како и да е новата песна звучи поразлично, посвежо, но некако недоречено и на моменти монотоно, аражмански недокажано и занаетски недовршено.

Музиката, текстот и аранжманот е дело на самите  членови на дуото, додека тонското снимање, аудио миксот и мастерингот се дело на Анѓел Ќосев од студиото „Подрумот“.

Визуелизацијата  на песната со ефтино полуаматерско, здодевно и крајно безидејно видео ја потпишуваат извесни „Frozen Time Drops“.

Како сето тоа звучи и изгледа „Пак и пак“, проследете подолу:

]]>

„Дупер“ останаа дуо, па го „испратија“ во етерот својот „Патник“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/duper-ostanaa-duo-pa-go-ispratija-vo-eterot-svojot-patnik-video/ Thu, 26 Sep 2019 11:09:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=109188

Откако од трио останаа двајца по напуштањето на тапанарката Мартина Баракоска и отказот од „Авалон продукција“, Борис Какуринов (гитара и клавир) Илчо Нечовски ( вокал и бас-гитара) најпрвин во месец мај годинава ја промовираа песната насловена „Пробај да ми бидеш“, а по завршувањето на летото еве ги назад на музичката сцена со нова песна. Овој пат темата носи наслов „Патник“ и истата како автори ја потпишуваат  (музика, текст и аранжман) самите членови на „Дупер“, додекаа снимањето, миксот и мастерингот се направени во студиото „Подрумот“ на Ангел Ќосев. Стилски темата не отскокнува од претходните, го следи правецот кој и досега го практикуваше дуото и многу не изглегува од нивниот авторски концепт кој го негуваат, се разбира со мали аранжмански корекции на стилот. За песната е снимен и видеоспот кој е изработен од „Фроузен тајм дропс“. Како сето тоа звучи и изгледа проследете преку вашето аудиовизуелното патување низ нивниот „Патник“: https://www.youtube.com/watch?time_continue=100&v=jHFVTTLUe-Y]]>

Гевгеличаните „The G Notes“ порачаа: Целиме да ве развеселиме со – „All I Need Is You“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/gevgelichanite-the-g-notes-porachaa-celime-da-ve-razveselime-so-all-i-need-is-you-video/ Sat, 13 Apr 2019 11:30:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=82810

„Здраво Македонијо! Ние гевгеличаните, со Вас споделуваме нова наша 3+ минутна позитива од певливо парче авторска музика погодна за овој и летниот период со којашто целиме да ве развеселиме“, напишаа гевгелиското дуо „Џи ноутс“ (The G Notes) претставувајќи својот најнов сингл на англиски јазик насловен „All I Need Is You“.
Станува збор за шестата авторска песна на братско-сестринскиот тандем Глигор и Теодора Гошеви, кој зад себе има исто толку синглови и на македонски јазик, а сето тоа ќе биде сместено на двоен, македонско-англиски албум чие излегување се очекува летово, откако ќе биде претставена и македонската верзија на „All I Need Is You“.
Како автори на новата песна се потпишуваат Глигор Гошев (музика и аранжман), Томе Таушанов (стихови) и Ѓорѓи Вацев (аранжман), а во создавањето учествуваа уште и Влатко Сапламаев како придружен вокал и на клавијатури и Ристе Трајковски на саксофон, додека Вацев се погрижи и за аудиото и видеото што се снимаше на егејското крајбрежје во „Сани бич“ и на планината Кожуф. Како изгледа и звучи најновото од „Џи ноутс“ дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=ntgW11J2_SM  ]]>

Крал без круна и дијамант: Денес над Македонија се раѓа… ново дуо од соништата? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kral-bez-kruna-i-dijamant-denes-nad-makedonija-se-ragja-novo-duo-od-sonishtata-foto/ Thu, 07 Jun 2018 06:59:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=31137

Едниот важи за  македонски фолк бисер. За еден од најдобрите македонски фолк пејачи на сите времења. жива легенда на македонската естрада, кој иако не така возрасен, зад себе веќе си обезбеди место во историјата и музичките фолк антологии иако има уште долго да пее.
Другиот нешто слично како првиот, само од друг правец, од тотално друг жанр. ДЈ, ар ен би изведувач, една половина  од најпопуларното македонско дуо.
на првиот народната музика и фолклорот му се во вените, на другиот ар ен би-то и рапот му се во генетскиот код. И замислете сега кога ќе се спојат навидум такви два „неспоиви спојки“ , македонскиот фолк „крал без круна“ и македонскиот „ар-ен-би дијамант“ се добива... Или поточно, денес над Македонија се раѓа... ново музичко дуо од соништата?
Миле Кузмановски и Панчо - ДНК заедно во нов проект? Или само пријателска средба, срдечен поздрав и добра пријателска дружба?]]>

ДНК од дуо станува трио: Берберот на Панчо шиша, бричи, масира… и пее како билбил! https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-od-duo-stanuva-trio-berberot-na-pancho-shisha-brichi-masira-i-pee-kako-bilbil/ Fri, 02 Feb 2018 10:28:03 +0000 http://vistina.mk/?p=11512

Владимир Блажев, алијас ДЈ Шорти или Панчо-ДНК, ако сакате е на „тешки“ маки! Раперот е пред дилема: Дали ДНК од дуо да стане трио?
Популарниот ДЈ Шорти оддамна оди на разџубавување кај еден ист бербер... извесен, мајстор „Кобра“! И човекот со право си го носи прекарот. Брз, ефикасен, точен, прецизен, уреден... потсрижува, бричи, фазонира, масира... Ама при тоа „Кобра“ не е обичен, туку е вистински, „севиљски берберин“.
Ај што ја има работата во „мал прст“- ја има, туку „Кобра“ иако има змиски прекар, има и „птичји глас“. Берберот на Панчо, пее како билбил! Скриениот талент на мајсторот, Панчо го откри при еден од последните третмани!
Па потоа се стави на тешки маки: да го прават ли со Андреј дуото трио или... да останат со „Кобра“ на потсрижување и бричење? И додека берберот го масираше раперот, тој со нетрпение го чекаше одговорот: Што ќе каже Андреј на идејата?
А, Андреј никако да се јави, па... „севиљскиот берберин“ од мака запеа: „А тебе неееема, а тебе неееееемаааааа...“!  Ех „Кобра“ бре... пејачиште!!!]]>