дунавка трифуновска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 15 Feb 2022 14:12:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дунавка трифуновска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов го славеа денот на љубовта во Бугарија: Бакнежи во цветно срце во хотелското фоаје (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dunavka-trifunovska-i-vane-cvetanov-go-slavea-denot-na-ljubovta-vo-bugarija-baknezi-vo-cvetno-srce-vo-hotelskoto-foaje-foto/ Tue, 15 Feb 2022 07:09:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239194

Поранешниот директор на финансовата полиција Ване Цветанов и манекенката, мисица и модел, Дунавка Трифуновска по сите превирања, по се' изглед не престанле да живеат филмски... Само во кој филм ќе бидат во моментот, зависи од денот. Овој пат денот беше Св. Валентин - денот на вљубените, па некогаш вљубените, а потоа земените, па разведените, па повоторно смирени, очигледно одново како да се заљубени!? Имено, откако се земаа пред Прочка минатата година, по само шест месеци бракот им се распадна како кула од карти, со медиумска помпа и статуси по социјалните мрежи, ама затоа пак не мина долго, кога сфатија дека можат да си простат, и повторно да бидат заедно. Можеби не како брачни другари, ама зашто да не како љубовници? А, Денот на вљубените дури и за разведените беше како создаден за споделување на љубов во неограничени количини, зачинета со симпатични подароци и секако, размена на бакнежи. Бакнежот на вљубените гулапчиња е евидентен од нивната објавена фотографија... Единствено е нејасно кој од нив двајца бил така галантен и фин, па  честел љубовен престој во хотелот „Гранд“ во Бугарија, за Св. Валентин? Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/dunavkatrifunovska/vanetsvetanov
 ]]>

Брачната идила на Ване Цветанов и Дунавка – „во оставка“: Функционерот на Фејсбук разводот го најави, мисицата веднаш се огласи, па соодветно му возврати (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/brachnata-idila-na-vane-cvetanov-i-dunavka-vo-ostavka-funkcionerot-na-fejsbuk-razvodot-go-najavi-misicata-vednash-se-oglasi-pa-soodvetno-mu-vozvrati-foto/ Wed, 23 Jun 2021 07:25:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207948

Таман помисливме дека со Робет и Агнеса ќе завршат холивудските разводи во Македонија, произлезени од политичко - естрадните бракови од „љубов на прв поглед“, најчесто на џебот, кога еве нова „сапуница“ со несреќен крај?! Како што бомбастично одекна веста кога влегоа во романса македонскиот владин функционер Ване Цветанов и мисицата Дунавка Трифуновска, така сега уште поексплозивно одекна најавата за нивниот развод. Две сродни души од два различни света, на кои таман помисливме дека љубовта им цвета, таа набрзина им прецвета, па експресно овена. До душа оние кои ги познаваат уште при веста за нивната „спојка“ тврдеа дека Ване и Дунавка или ќе траат довека или љубовта ќе им заврши побрзо и од короната... И така бидна! Иако разделбата веројатно се крчкала оддамна зад затворени врати, прв кој ја отвори портата од нивната приватност за да ја соопшти „тажната вест“, беше функционерот. Имено, Ване Цветанов, владиниот функционер на последна функција - претседател на „Советот за унапредување и надзор на ревизијата“ на Република Македонија, не успеа ниту да го унапреди, надгледува, ниту да го ревидира својот брак, па по пет месеци брачна идила помеѓу него и Дунавка, бракот заврши „во оставка“!  Со развод, кој Цветанов го најави јавно, на својот Фејсбук профил со неколку реда образложение за ситуацијата, исто онака, како што функционерите тоа го прават кога ќе „паднат“ од функцијата: „Почитувани пријатели, како што навремено јавно Ве информирав за почетокот на убавата љубовна приказна, така сега јавно Ве информирам за крајот на убавата љубовна приказна.Дунавка е прекрасна личност,искрено и ја посакувам сета среќа на светот. Ја заслужува. Ние двајцата дојдовме од два различни света. Мојот живот е доста оптоварен со обврски и не е лесно да се живее со мене. Навреме увидовме дека е невозможно да се спојат тие два различни света. Затоа одлучивме да ја затвориме романтичната приказна со коректен крај. За да остане запаметена како убава приказна која што се случила некогаш... Јас летово се посветувам целосно на кариерата, на институцијата која што ми е доверена,а дружбите ќе ми бидат претежно со моите деца. Здравје од Бога,во септември се гледаме со огромни институционални успеси“ - напиша Цветанов на Фејсбук. Образложението на Цветанов баш онака „политички исфилувано“, без конкретни причини за „каде пукнала тиквата“, каде лежат недоразбирањата и ненепомирливите разлики за таква леснотија на разводот? Ѓеомити претходно кариерата не ја терал, или ја терал „површно“, ако сега веќе решил да и се посвети „целосно“, како што самиот вели. Веројатно не ќе да е (само) до кариерата, зашто не помина долго време кога етеа, се огласи и понежната половина на доскорешната функционерско-естрадна љубовна двојка - мис Дунавка: „Иако #ФБ не е медиум за мене, како и злоупотреба на моето име во одредени статуси со цел да бидат сензационалистички е одобрен, моите одлуки се истите што ги донесов во јуни минатата година. Истата сум и јас. Мојата одлука дека минатото не треба да ги „пушта ларви“ во сегашноста, а ни малку да биде „едно“ со иднината, кога  ќе биде испочитувано, тогаш можеме да гледаме други епизоди “. До тогаш, господинот треба да им се посвети на своите обврски, неговите функции и своите деца. Дали тоа ќе го направиме тоа во локален, европски стил или погубно во идејата „како што вели мама ...“ е личен избор. Иако носител на јавна функција во овие времиња треба да знае да ги постави своите државнчки интереси пред личните. Тоа е мојот став и денес и вчера и пред една година. Тоа е мојот став и во понеделникот кога се видовме пред сведоци на тајно закажана средба од негова страна,на која не бев информирана дека  ќе биде присутен! Јас тајни немам. Чувам туѓи тајни, го правам тоа маестрално. Некогаш треба да умееш сам да ги надминеш облаците, за да го имаш сонцето“ - го возврати „ Фејсбук ударот“ Дунавка и утрово одлета во непознат правец. Судејќи според авиокомпанијата - некаде на море... најверојатно на Црногорското крајбрежје! Расплетот ја доживува својата катарза, најверојатно пред да стапи постбрачното затишје на уште една „љубовна бура“ на две македонски јавни личности. Можеби во  крајот на „љубовната рапсодија“, на сега веќе бившите љубовници Ване и Дунавка, некој ќе најде и нешто што ќе го заинтригира: Мисицата е одново... соло!   Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/dunavkatrifunovska/Ване Цветанов

Дунавка „леташе во облаци“ и кога дојде ред да се сврши: Функционерот ја запроси манекенката во авион! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dunavka-letashe-vo-oblaci-i-koga-dojde-red-da-se-svrshi-funkcionerot-ja-zaprosi-manekenkata-vo-avion-foto/ Mon, 17 Aug 2020 13:25:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163732

Манекенката Дунавка Трифуновска ќе се мажи! Екс директорот на Агенцијата за спречување перење пари Ване Цветанов ја побарал раката во авион, на враќање од одморот од Турција, објави „ммс.мк“. „Јас проценив дека си жената на мојот живот, дали сакаш да го поминеш животот со мене“ и рекол Ване кога ја запросил.
Јас реков ДА и додадов: Овој прстен да ти биде последен, вели Дунавка.
Таа не сакаше да открие колку чини дијамантскиот прстен, а најави дека по ова следуваат плановите за свадба, која нема да биде вообичаена, туку во фази, открива манекенката. Нејзиниот свршеник вели дека најсилна врска меѓу нив е зрелоста, благодарение на искуството што го имаат во животот и во љубовта.
Зрелоста, тоа што и двајцата знаеме што сакаме. И искреноста. Досега сме искрени сосема и функционираме. Тоа се оние темели кои направија таа почетна хемија, која беше видлива, да прерасне во голема љубов. Бидејки едно е страст и хемија, друго е љубов и длабочина. Премногу бргу ги раздвиживме нештата за да ги најдеме фрекфенциите помеѓу нас. Многу важен беше нашиот поглед на светот и вредносниот систем кој ни е многу сличен, бидејки и двајцата , секој во својата област важиме за контравезни. Но, она кое што го перцепира јавноста за нас е многу различно од она што сме. Тоа не врза силно и овозможи една искрена и длабока љубов, откри Ване. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dunavka-aptekarka-si-najde-srodna-dusha-vo-vane-cvetanov-kontroverznata-manekenka-i-nadzorniot-revizor-se-vo-ljubov-foto/
Дунавка претходно го отвори срцето за поранешниот директор на финансовата полиција и в.д. претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата во Македонија,  Ване Цветанов! Тие двајцата однеодамна се во љубовна врска и уживаа во нивниот прв заднички одмор на море во Турција, што и едниот и другиот, јавно го обелоденија на социјалните мрежи, по што дојде запросувањето во авионот на 10.000 метри.  ]]>

Дунавка – аптекарка си најде сродна душа во Ване Цветанов: Контроверзната манекенка и „надзорниот ревизор“ се во љубов (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dunavka-aptekarka-si-najde-srodna-dusha-vo-vane-cvetanov-kontroverznata-manekenka-i-nadzorniot-revizor-se-vo-ljubov-foto/ Fri, 31 Jul 2020 07:39:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161373

Една од најконтроверзните личности кога се во прашање познатите дами во Македонија, некогашната манекенка и фотомодел инаку фармацевт по професија, Дунавка Трифуновска, одново ја „изненади“ јавноста. Овој пат наместо со скандал и афера, со нова љубов. Позната по „смелите“ изјави во јавноста, скандалите и аферите кои постојано ја следат, а најчесто самата ги предизвикува, Дунавка овој пат смело го отвори срцето за поранешниот директор на финансовата полиција и в.д. претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата во Македонија, не помалку контроверзниот Ване Цветанов! Тие двајцата однеодамна се во љубовна врска и уживаат во нивниот прв заднички одмор на море во Турција, што и едниот и другиот, јавно го обелоденија на социјалните мрежи. Дунавка насмеана од уши до уши, во прегратките на новото момче објавувајќи ја „морската слика на љубовта“, на својот Инстаграм само кусо напиша дека е „среќна со сродната душа“! Цветанов не остана покус да не се пофали со новата девојка, па на својот фејсбук профил беше малку поексплицитен во објаснувањето со кого сега дели постела. И во изливите на емоции во вид на слики и срцевидни емотикони и во зборови... Инаку, Дунавка претходно ја поврзуваа со неколку јавни личности, меѓу кои последно со македонскиот пејач Владо Јаневски, откако таа беше „главна“ во неговиот спот за песната „Главен град на тагата“. Но... по се' изгледа дека се' се сведе само на шпекулација или љубовна афера за „една употреба“. Непосредно потоа естрадниот ТВ магазин “Бекстејџ“ и ги собра на купче сите нејзини гафови во еден видеоприлог, во кој како последен го паметиме оној со желбата  на Дунавка да се ракува со папата при неговата посета на Скопје. https://www.youtube.com/watch?v=aybcpY4vpoU Кочанчанецот Ване Цветанов пак беше познат како политички функционер, кого исто така го следеа контроверзи и афери, па дури над глава му висеше и кривична одговорност за аферата „Шпион“. Откако го „смени политичкиот дрес“ и се наклони кон тогаш актуелната власт, Цветанов доби нова функција од тогашниот премиер Зоран Заев. Како и да е, на вљубените гулапчиња нека им е со среќа. Љубовта не познава граници, не признава гафови и афери од минатото, не е условена од функции... Се рабира, ако е вистинска, а одморот во Турција може да биде тестот... Генерална проба за новите љубовници. Во спротивно, ќе се сведе на авантура, а по враќањето дома, Скопје одново може да биде „главен град на тагата“... Што се надеваме дека нема да се случи. Особено заради тоа што уште на прв поглед изгледа дека Дунавка и Ване си се... ептен погодени!]]>

Дунавка покажа дека Папата веќе не е недопирлив, Боки 13 дека и со него има селфи, а ЈСП дека и низ Скопје Папата се возеше со градскиот превоз https://arhiva.vistina.com.mk/dunavka-pokaza-deka-papata-vekje-ne-e-nedopirliv-boki-13-deka-i-so-nego-ima-selfi-a-jsp-deka-i-niz-skopje-papata-se-vozeshe-so-gradskiot-prevoz/ Thu, 09 May 2019 07:22:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=86774

Посетата на папата Франциск на Скопје беше светски настан број еден. Особено за нас, па националниот сервис со над 50 камери и 5 репортажни возила го следеше и пренесуваше секој негов чекор.
Ама она што ни бројните камери не успејаа да го забележат, а ги зовре социјалните мрежи, беа двата национално-социјални феномена: Дунавка Трифуновска и Боки 13. Ѕвездите од спектаклот при посетата на Папата.
Дунавка го разби митоит, ги скрши табуата дека Папата е недопирлив. Напротив, го бркаше за селфи, па откако (не) успеа, проба и успеа да го допре... И тоа пред сите. И пред фотообјективите и камерите! До душа Папата остана ладен на нејзините допири, ама сепак... Дунавка да си проба. Па ако биде, ќе биде, ако не...
Тука и се социјалните мрежи за да ја сплете својата приказна, својата визија за нејзината средба со главата на Светата столица: „Јас и Папата“... во „Приказните од Ленинова“! Со особен акцент и интерес на поглавјето од „нивната можна тајна средба“... Насамо!
Зашто за Дунавка не важат ни безбедносни процедури, ни ватикански протоколи... Ма, за неа ни Устав не важи!
И додека Дунавка ги крие фотографиите од селфито со папата, Боки 13 прв ги покажа на мегдан! Него му успеа да го има на иста селфи слика со светиот отец од Ватикан!
Иако Папата не се гледа на сликата, Боки ја закачи на социјалните мрежи, бидејќи ги исполнува неговите егокритериуми – тој е во гро план, па за Папата – небитно… - напишаа домашните портали! Она што  сите го знаат дека папата Франциск е скромен човек, па додека уште не бил папа во родниот Буенос Аирес во Аргентина, се возел исклучиво со градскиот превоз. Она што никој не го напиша , а ни камерите на МРТ не го забелажаа е дека покрај папамобилот и во Скопје Папата се возеше со јавниот превоз на ЈСП. Што? За Дунавка и Боки 13 верувате, а за ЈСП, не?
Епа драги наши еве го крунскиот доказ. Да, Папата се возеше со автобусите на ЈСП. Исто колку што пред него се возеа, Лени Кравиц или Лепа Брена, да речеме... Или колку што Дунавка можела да се сретне насамо со него, а Боки 13 да направи селфи „образ до образ“, одблизу!      ]]>

Владо Јаневски за првпат проговори за љубовта и Дунавка: „Од лани ја немам видено“ https://arhiva.vistina.com.mk/vlado-janevski-za-prvpat-progovori-za-ljubovta-i-dunavka-od-lani-ja-nemam-videno/ Thu, 28 Feb 2019 08:10:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=75099

Пополарниот македонски пејач или како што медиумите милуваат да го наречат „чаирски романтичар“, Владо Јановски, беше гостин пред камерите на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, каде одговараше на прашањата на водителот Миро Кацаров. Меѓу таквите за кариерата и претстојниот концерт, не беа заобиколени ниту прашањата за приватниот живот, љубовта, но и врската со  Дунавка Трифуновска со која снимаше спот за песната „Главен град на тагата“.
Миро го воведе Владо со тоа што му посочи дека Дунавка изјавува дека се во врска, тој пишува песни за неа и слично... Што се случува меѓу тебе и Дунавка, освен тоа што мислам дека се познавате? – прашува Миро.
Се познаваме, снимавме спот заедно. Што и се случува...Не сум ја видел со месеци, од лани ја немам видено, нит знам што прави. Се најубаво и посакувам. Јас не знам што прави она моментално, одговара Владо, а водителот се надоврза:
Она изгледа те сака тебе знаеш? Она е заљубена во тебе.
Јас немам врска со тоа. Со новиот спот кај што ќе биде Вера Мештеровиќ, ќе ја заборават Дунавка, така да спремајте се од сега за трач со Вера Мештеровиќ, одговара Владо.
За потсетување, Дунавка изминатиот период почесто ја гледавме на телевизија и читавме на портали за неа. Во изјава за Репортер.мк за блискосата со Владо Јаневски таа изјави дека не крие ништо што е официјално:
Владо ми дозволи да бидам она што сакам. Не е тајна дека сме заедно. Блиски сме и не криеме дека имаме љубовна врска. Јавно се појавуваме заедно се едно дали не виделе во хотел или шетаме во Охрид низ чаршија“, рече Трифуновска за Репортер.
Исто така летово осамнаа и папарацо фотографии пред еден хотел каде Владо и Дунавка се заедно пред автомобил. Вистината на Дунавка или Владо, пресудете сами.]]>

Дунавка е главна во „Главен град на тагата“ на Владо Јаневски (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dunavka-e-glavna-vo-glaven-grad-na-tagata-na-vlado-janevski-video/ Mon, 09 Jul 2018 10:31:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=36980

Македонската музичка ѕвезда Владо Јаневски деновиве, пото чно 05.јули, го промовираше спотот за неговата актуелна песна насловена „Главен град на тагата“, авторско дело на Владо, во аранжман на Роберт Билбилов и продукција на Дарко Димитров. Иако песната беше пуштена во радиоетерот уште кон крајот на месец март годинава, дури сега Јаневски реши да и го продолжи животот, освежувајќи ја истата со видеоспот.
Овој пат наместо балада, станува збор за песна со побрз ритам, во веќе препознатливиот стил на Јаневски. „Не ги затворај очите, без нив јас не знам во што да гледам. Некогаш во ноќите ѓавол ме зема, а тебе те нема да ми наполниш душа и да ми ја исцедиш снагата. Кога далеку си мене срцето ми е главен град на тагата“, пее тој во новиот сингл, за кој видеото го изработи „Томато“ продукција, а истотот е снимен на неколку различни локации во Скопје.
Владо останал доследен на својата традиција да не се појавува во своите видеа, па во отсуство на неговиот лик, покрај  двете анонимни девојки, главната улога ја има македонската мисица и модел, контроверзната Дунавка Трифуновска...
...која на моменти со своето провокативно издание му дава доза на еротски шмек на видеото.
Во очекување на концертните настапи на Владо Јаневски, како што се на 2 август во Античкиот театар во Охрид, на 17 август во Струмица со бендот во рамките на Струмица опен, на 24 август на Широк сокак во Битола, и секако на есен во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, погледнете го в идеото за „Главен град на тагата“, во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=ovRrAhQ4osk]]>

Секси новогодишна честитка од Дунавка Трифуновска: Разголена со прстот в уста и високо крената нога! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/seksi-novogodishna-chestitka-od-dunavka-trifunovska-razgolena-so-prstot-v-usta-i-visoko-krenata-noga-foto/ Tue, 02 Jan 2018 09:26:39 +0000 http://vistina.mk/?p=8432

Новата година секој на различен начин им ја честита на своите најблиски, роднини, другари, пријатели, колеги... некои упатуваат и општи честитки до сиите, со универзално значење... Онака како што тие се чувствуваат или сакаат да се чувствуваат во Новата година! Една од нив и контроверзната манекенка, мисица и топ модел Дунавка Трифуновска. Провокативно облечена во екстравагантна арт креација, долгоногата убавица со нова провокација упати новогодишна честитка до целата нација... Честитка или поточно порака која важи за сите жени, а евидентно и за неа самата.
Happy New Year , Be cool, Be sexy, Be super woman !!!“ - пишува Дунавка во пораката постирана покрај провокативната фотографија, на која разголена, со својот еротски вамп изглед, со високо крената нога и прстот в уста, моделот за „супержена“  ги остави мажите со подзината уста. 
Новогодишна честитка или порака сеедно... Дунавка со својата нова провокација, буди еротска асоцијација на...   super sexy woman!  И ај после, Be cool, да те видам  ]]>