дуке бојаџиев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Feb 2024 11:56:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дуке бојаџиев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дуке Бојаџиев сегмент од своето рано детство и музиката на татко му преточи во емотивно документарно-музичко видео: „Запри срце“… ако можеш! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/duke-bojadhiev-segment-od-svoeto-rano-detstvo-i-muzikata-na-tatko-mu-pretochi-vo-emotiven-dokumentarno-muzichki-spot-zapri-srtse-ako-mozhesh-video/ Mon, 19 Feb 2024 11:41:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339123

Викендов по подолга пауза Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски  се најдоа повторно заедно на една сцена во Македонската филхармонија каде ги одржаа најавенитe концерти.   Интимни, искрени, топли и емотивни настапи за паметење. Допатуваа од три континенти, за повторно заедно да ја поведат публиката на незаборавно музичко патување како што само тие тројца вонсериски музичари знаат да изведат и тоа и го направија со своето суптилно музицириње. Ако квалитетот, атмосферата и енергијата на нивните музички перформанси се некако очекувани, она што само неколку дена пред настапите ги изненади и воведно разнежни љубителите на музиката на Дуке Бојаџиев, беше нешто што е поврзано со него и неговот семејство, музиката, но не лично неговата... Иако и во неговиот случај е оддамна јасно дека од гените -  не се бега! Имено, македонскиот пијанист и автор на својот Фејсбук профил неколку дена пред скопските концерти сподели едно документарно видео од своето рано детство. Истото правено со тогашната технологија, но затоа историски „злато вредно“ за самиот Дуке и неговата фамилија. Во суштина се работи за обична прошетка покрај познатата фонтана на влезот во Градскиот парк во Скопје на семејството Бојаџиеви - малиот тригодишен Дуке, неговата мајка и  татко, како и неговиот вујко... И ништо необично во сето тоа, доколку како музичка подлога во позадина не оди една прекрасна македонска забавна песна, еден од оние незаборавни шалагер евергрини од 70-ите... Оние кои живееле во тоа време знаат за какви среќни години се работи и  затоа можеби токму ним оваа документарно-музичка видеоприказна најмногу ќе им го стопли срцето. Ним, а најмногу на малечкиот од видеото, денес познатиот почитуван и признат македонски автор и музичар, во чија музика уживаме денес. Исто како оваа во заднината на споделеното видео, компонирана од неговиот татко, сега покојниот композитор, инаку лекар по професија, Тодор Бојаџиев! За минути на носталгија, патување низ спомените, времето, мислите и сеќавањата на едни навистина повеќе од среќни времиња... Затоа кај многумина што ги доживеале или знаат што значат вистинските вредности, ова музичко видеопарче, иако навидум многу приватно, за миг го запира срцето... Како што вели и насловот на самата песна - „Запри срце“, маестрално испеана од големата Сашка Петковска - Липша. Деновиве пред години...! „Запри срце“... ако можеш! Зашто од гените и спомените - не се бега! Фото и видео: Facebook/Duke Bojadziev  (Duke B)]]>

Концерт на Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски во Македонска филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/kontsert-na-duke-bojadhiev-krsta-rodhevski-i-ismail-lumanovski-vo-makedonska-filharmonija/ Thu, 25 Jan 2024 13:13:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336297

На 16 февруари 2023, со почеток во 19:30 часот голем концерт на нашите вонсериски музичари со долгогодишна кариера на интернационалната сцена, Дуке Бојаџиев (пијано), Кристо Роџевски (вокал) и Исмаил Лумановски (кларинет), кои по девет години пауза, повторно ќе настапат заедно на сцената на Македонската филхармонија. Врвните музички уметници чии имиња се синоним за најраскошните, маестрални концертни доживувања кај нас, во оваа прилика ни носат авторски композиции и преработки на македонска изворна музика, во едно ново уникатно издание, со интимен карактер и модерна аранжманска структура и изведба. Влезниците ќе бидат достапни во продажба од 24 јануари, среда во 10:00 часот, во сите продажни места на MkTickets  и онлајн на: https://mktickets.mk/event/dki/ Концертот се реализира со спонзорство од Комерцијална банка и медиумска поддршка од Футура 2/2, Антена 5 радио и Македонска Радио Телевизија.]]>

Таткото и ќерката во дует: Пере од „Нокаут“ и неговат ќерка Миа на заедничка семејно-музичка прошетка под – „Месечевиот сјај“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tatkoto-i-kerkata-vo-duet-pere-od-nokaut-i-negovat-kerka-mia-na-zaednichka-semejno-muzichka-proshetka-pod-mersecheviot-sjaj-video/ Fri, 19 Jan 2024 10:54:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335482

Групата „Нокаут“  деновиве ја промовираше новата песна „Месечевиот сјај“, која е отпеана во дует помеѓу вокалот на бендот, Никола Перевски-Пере и неговата ќерка,  Михаела Миа Перевска и самата придружен вокал во бендот. „Досега ја слушавте како придружен вокал на нашите песни и на нашите концерти, а сега и во дует со нејзиниот татко Пере. Задоволство ни е да ја промовираме оваа соработка помеѓу бендот и Миа Перевска со најновиот сингл 'Месечевиот сјај“. Уживајте како што ние уживавме дур ја правевме песната“ - порачауваат од “Нокаут“. Музиката за песната ја напиша Никола Перевски, кој е автор и на аранжманот заедно со Миа Перевска. Текстот го напишал Дуке Бојаџиев, а пост-продукцијата и мастерингот  ги изработил Дарко Димитров. Инаку покрај членувањето во „Нокаут“, Миа Перевска досега има снимено неколку авторски соло песни и имала и  соло настапи на ланските изданија на фестивалите „Зејмотрес“ и „Д фестивал“, а позната е и по ноќните настапи забаваувајќи ги гостите со своите поп-рок сетови по најпознатите скопски локали. Како звучи заедничкото семејно-музичко дело на таткото и ќерката, проследете во музичката видео - прошетка на Миа и Пере од „Нокаут“ под „Месечевиот сјај“,  во продолжение: ]]>

Некогаш тој со неговиот татко, години подоцна неговиот син со него: Ова малечко момче, денес е еден од најценетите македонски композитори (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekogash-toj-so-negoviot-tatko-godini-podotsna-negoviot-sin-so-nego-ova-malechko-momche-denes-e-eden-od-najtsenetite-makedonski-kompozitori-foto/ Sat, 13 Jan 2024 08:20:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332920

Денес тој е еден од најценетите и најпочитувани македонски композитори иако со години живвее и работи надвор од Македонија, „преку големата бара“ во САД. Во неговата биографија меѓудругото стои дека како и неговиот татко, некогаш познатиот гинеколог и композитор Тодор Бојаџиев и тој дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, и потоа заминал за Бостон, каде во 2001-ва година дипломирал на најпозатот музички колеџ на светот Беркли. Потоа се сели во Њујорк, каде и денес живее и работи. Долги години работи како композитор и продуцент, а од 2005 година и како музички директор и пијанист на култната њујоршка театарска група „Д Ситизенс Бенд“ (The Citizens Band), со која работел две и пол години на големи сцени низ цела Америка. Во неговата кариера остварил соработка со холивудската глумица Џина Гершон како музички директор и пијанист на нејзиното кабаре шоу во Њујорк, потоа со добитниците на Оскар Џонатан Деми и Данис Тановиќ, но и со македонскиот режисер номиниран за Оскар, Столе Попов. Работел и на рекламните кампањи на големи фирми, како Мерцедес, Лореал, пежо, ланком... , но и како продуцент на ремикси на поп ѕведата пејачката Синди Лопер. Со свои соло концерти започнал од 2011 година, нешто што Дуке Бојаџиев го работи до денес. Токму во деновите пред Нова Година, Дуке сподели една стара сепија фотографија од дамнешните времиња на неговото рано детство. На неа тој како тригодишно детенце во прегратките на својот татко, Тодор Бојаџиев, кога ценетиот доктор и композитор бил на 27 годишна возраст. „Тој почина пред точно 14 години, остави многу убава музика и ме инспирираше да станам тоа што сум денес. Ти благодарам татко, почивај во мир“ - споделил Дуке покрај фотографијата со која ја одбележува годишнината од заминувањето на неговиот родител, ценетиот и почитуван Тодор Бојаџиев. Дека крвта не е вода, а гените не можат да се купат или монтираат, туку само можат да се наследат, е едно кусо видео од пред неколку години, кое многу потсетува на тазе споделената фотографија. Во клипот сега веќе познатиот и ценет Дуке Бојаџиев седнат зад еден од своите синтисајзери во домашна атмосфера, а во неговиот скут едно малечко детенце што ниеизмерно потсетува на она од претходно споменатата фотографија. Неговото синче Леон во прегратките на својот тако ги прави првите обиди да се запознае со музиката... Малиот Леон и тато Дуке, кој твори и зад себе остава многу убава музика и многу извесно го инспирира својот син и тој еден ден да стане она што е неговиот татко денес, а неговиот дедо некогаш... Случајна сличност со многу симболика, многу дарба и уметност и најмногу од се',  толку чиста љубов! Фото: Фејсбук/Duke Bojadziev  (Duke B)]]>

Дуке Бојаџиев: „Никогаш немав идол, големите имиња со кои работев, ги гледам професионално!“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/duke-bojadziev-nikogash-nemav-idol-golemite-iminja-so-koi-rabotev-gi-gledam-profesionalno-video/ Wed, 02 Feb 2022 11:08:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237265

Дуке Бојаџиев е човек кој се што прави, прави со повод и причина. Нема сила која може да го сопре Македонецот со светско реноме, во идејата да му ја покаже на светот својата перспектива на љубовта и музиката. Оригинален во идејата, амбициозен во намерата. Со оглед на тоа што долги години живее надвор од Македонија, ретко го гледаме, но кога ќе го видиме секогаш има двоцифрен број теми за разговор. Од  последна средба со естрадниот магазин Бекстејџ поминаа 5 години,  а оттогаш се случија многу работи. Со оглед на тоа што „Танго до Балчак“ е една од неговите најуспешни композиции,  разговорот го започна токму со тоа  дали токму тоа беше она што го доближи до македонската публика. Има растено со менталитет и по пример на неговиот покоен татко, лекар и композитор  Тодор Бојаџиев, дека од уметност не се живее и дека е добро хоби, но не и професија. Музиката ја разбира како игра и нешто што природно извира од него, и токму затоа никогаш не помислил да се школува. Целото школување му било посветено на науката. Дури кога го завршил медицинскиот факултето сфатил дека не може да го направи компромисот што го направил татко му. Низ неговата интернационала кариера, Бојаџиев има работено со добитници на оскар како Џонатан Деми и Данис Тановиќ, но и со легендарната Синди Лопер. Изминативе месеци се појавиви со две песни, „Крв да ни се стори“, со Каролина Гочева и со Бранислав Николов, како и со „Убав ден“ правена со Дина Јашари. Големината ја прави приземноста на човекот. Сите сме на крајот на денот луѓе, без разлика на кариерата, успехот и материјалната состојба. Погледнете го целото интервју  со Дуке Бојаџиев во продолжение: ]]>

„Многу се радувам“: За Каролина Гочева дојде време да сподели убава вест со своите обожаватели (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/mnogu-se-raduvam-za-karolina-gocheva-dojde-vreme-da-spodeli-ubava-vest-so-svoite-obozavateli-video/ Wed, 26 May 2021 07:13:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204015

Поминаа три години откако Каролина Гочева го издаде својот последен деветти албум насловен „Извор“. Песните како „Убав живот“, „Бели цветови“, „Ѕвона“, „Нема песна за мене“, „Газам боса“, „Ти не дојде“... денес ги знаат речиси сите, а истите ја остварија својата цел и допреа силно до увото на слушателот, што пак е најголемата сатисфакција за авторот и изведувачот. Сега во време кога поради пандемијата од коронавирус новите музички новитети стагнираа, Каролина реши дека дојде време да сподели убава вест пред своите обожаватели и да го најави својот десетти албум на кој изминатиот период работела со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски. Во кусата видео објава која ја сподели на својот Инстаграм, таа откри дека првата песна го носи насловот „Идила“, а ќе биде објавена наскоро, како и тоа дека албумот е составен од преработки на најубавите македонски евергрини.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Драги мои пријатели, мислам дека веќе можеме да си дозволиме да споделиме и по некоја убава вест. Многу се радувам што конечно можам да Ви го најавам мојот нов албум - проект на кој заедно со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски работевме скоро две години. Албумот го снимивме на почетокот на оваа година, во јануари, додека идејата за истиот се роди уште во 2016-та, после нашиот прв заеднички настап, на еден концерт на Дуке. Избравме и преработивме 11 од најубавите македонски евергрини од 50-ти, 60-ти, 70-ти години- златната ера на македонската музика, потпишани од некои од нашите најмаркантни автори како Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица... За неколку дена ќе може да го слушнете првиот сингл ,,Идила”, додека целиот албум ќе биде достапен наесен. Секако дека планираме и нестрпливо го чекаме денот кога со вас ќе се дружиме и во живо, што ќе се случи во прва прилика штом ќе може да се работи онака како што се работеше до пред појавата на пандемијата. Се надевам дека ќе уживате во овој проект толку колку што и ние уживавме во целиот процес на неговото создавање. Во меѓувреме, погледнете мала најава за ,,Идила”. Ве сакаме – порачува Каролина Гочева.
]]>

Дуке Бојаџиев со моќен апел – на неговиот концерт синоќа гореа 1076 свеќи за спас на Охрид и крајбрежјето! https://arhiva.vistina.com.mk/duke-bojadziev-so-mokjen-apel-na-negoviot-koncert-sinokja-gorea-1076-svekji-za-spas-na-ohrid-i-krajbrezjeto/ Fri, 09 Aug 2019 09:42:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=101323

Дуке Бојаџиев му го посвети на Охридското езеро концертот кој го одржа синоќа во рамки на Охридско лето. Тој ја повика публиката во преполното гледалиште на сцената „Долни Сарај" да запали свеќи како апел до надлежните да се спаси ова единствено место на планетата. Запалените свеќи гореа додека Дуке Бојаџиев премиерно ја изведуваше композицијата „Охрид" со која го отвори концертот. „Охридското езеро станува сė позагрозено. Ги повикувам сите структури во државата да направат сė што можат" - рече тој.
На спектакуларниот концерт заедно со Дуке Бојаџиев настапија и неговите долгогодишни соработници и чести гости на концертите, Исмаил Лумановски на кларинет, Мартин Ѓаконовски на контрабас и Костас Анастасиадис на тапани, како и актерката Наташа Петровиќ, вокал и нарација. Ова единствено музичко доживување беше збогатено и со гостувањата на македонската ѕвезда Каролина Гочева, Бранко Николов од Фолтин и гитаристот Георги Шарески.
Минатата недела и Влатко Стефановски упати гласен апел за спас на Охрид и крајбрежјето за време на својот концерт во Античкиот театар во Охрид. Инаку, на Охрид и крајбрежјето им се заканува опасност од губење на статусот на заштитено културно и природно наследство на УНЕСКО, нешто што речиси исклучиво се случува само со културните и природните наследства под заштита на УНЕСКО кои се наоѓаат во региони погодени од војни или природни катастрофи. Во случајот на Охрид и крајбрежјето, најголема закана се регистрираните дивоградби, а клучниот услов за ова да не се случи е нивно отстранување и воведување на мораториум на градење се до донесување на интегриран план за управување со Охридскиот регион.]]>

Дуке Бојаџиев вечерва на сцената на „Долни Сарај“ https://arhiva.vistina.com.mk/duke-bojadziev-vecherva-na-scenata-na-dolni-saraj/ Thu, 08 Aug 2019 11:30:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=101133

На сцената „Долни Сарај“, во рамките на Охридско лето, утревечер (8 август), со почеток од 22 часот ќе настапи познатиот македонски музичар Дуке Бојаџиев. На концертот, на Бојаџиев, на клавир и вокал, ќе му се придружат Исмаил Лумановски, на кларинет, Мартин Ѓаконовски, на контрабас, Костас Анастасиадис, на тапани и Наташа Петровиќ со вокал и нарација. „Бојаџиев е македонски композитор, пијанист и продуцент кој од 2001 година живее и работи во Њујорк. Тој има дипломирано на Медицинскиот факултет во Скопје, а потоа на музичкиот колеџ ‘Беркли’ во Бостон. Низ неговата интернационална кариера Дуке има работено со добитниците на Оскар, Џонатан Деми и Денис Тановиќ, како и со Рајко Грлиќ и Столе Попов. Има работено со артисти како Синди Лопер и ‘Телепоп Мјузик’, а има настапувано во светски концертни сали меѓу кои: ‘Карнеги Хол’ во Њујорк, ‘Авалон театар’ во Лос Анџелес и на Античкиот театар во Охрид“, се вели во најавата за концертот. извор:вечер.пресс]]>

Дуке Бојаџиев и пријателите музичката соработка ја „преобразија“ во – „Пеперутка“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/duke-bojadziev-i-prijatelite-muzichkata-sorabotka-ja-preobrazija-vo-peperutka-audio/ Fri, 14 Jun 2019 12:49:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=92906

Спонтаните соработки често се покажуваат како едни од најдобрите, а доказ за тоа е и најновата песна на Дуке Бојаџиев – „Пеперутка“ – која се роди како резултат од неочекувана средба со неговите колеги Бранислав Николов алијас „Пијан славеј“ и Гоце Јованоскиод „Фолтин“ и  Георги Шарески. „Во февруари 2019, за време на мојата посета на Берлин за Берлинскиот филмски фестивал, случајно ги сретнав Пијан Славеј и Гоце од ’Фолтин’ (еден од моите омилени македонски бендови), како и мојот долгогодишен пријател од деновите во музичкиот колеџ Беркли, гитаристот и композитор Георги Шарески. Од спонтаните разговори за можна соработка, се вратив во Њујорк инспириран од моите колеги музичари и ја напишав ’Пеперутка’. Георги ги сними гитарите во студио во Берлин, Гоце ги сними басот и вокалите на Пијан Славеј во Битола, а сето тоа го довршив јас во моето студио во Њујорк“, раскажа Бојаџиев како се роди оваа приказна. „Пеперутката“ доаѓа по минатогодишниот албум „Синергија“и е одлично загревање за концертот на 8-ми август што ќе го одржи во рамките на фестивалот „Охридско лето“ на сцената Долни Сарај во Охрид.Автор на музиката е самиот Дуке, кој стои и зад продукцијата, а заедно со Пијан Славеј ги напишаа и стиховите за песната. Како звучи нивната музичка соработка преобразена во „Пеперутка“ , дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=aIgryPvN42Q]]>

Влатко Стефановски, „Љубојна“ и Дуке Бојаџиев со концерти на „Охридско лето“ https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-ljubojna-i-duke-bojadziev-so-koncerti-na-ohridsko-leto/ Thu, 30 May 2019 11:36:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90558

Фестивалот „Охридско лето“ ја објави програмата за своето 59. издание што ќе се одржува од 12 јули до 11 август годинава и во чии рамки публиката ќе може да ужива со бројни концерти, театарски претстави и изложби. Како што беше најавено неодамна, фестивалот ќе го отвори славната британска виолинистка Ванеса Меј, која ќе настапи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и вокалните солисти од Македонската опера и балет и под диригентската палка на маестро Иван Кожухаров. Освен бројните гости од светот, со свои концерти ќе се претстават и едни од најпопуларните македонски музичари како што се Влатко Стефановски, „Љубојна“ и Дуке Бојаџиев. Легендарниот гитарист ќе настапи на 4 август, етно-групата на седми, а композиторот со адреса во Њујорк на осми август. Трите концерти традиционално ќе се одржат во Античкиот театар.
Целосната програма можете да ја видите на официјалната веб-страна на „Охридско лето.]]>