дух – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 19 Mar 2022 09:12:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дух – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пресликана убавина, дух и енергија: Ова е сестрата на Ксенија Пајчин која долго се криеше од јавноста (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/foto-ova-e-sestrata-na-pochinatata-ksenija-pajchin-koja-dolgo-se-krieshe-od-javnosta/ Sat, 19 Mar 2022 08:32:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=16186

Поминаа 12 години од смртта на познатата српска пејачка Ксенија Пајчин, а нејзината сестра по татко никогаш не ја заборави. Миа Пајчин е исто така атрактивна млада дама која не сака многу да се истакнува во медиумите. „Ксенија беше доста енергична личност која можеше да направи се. Имаше цврст став, беше во свој фазон. Така бунтовна, своја и единствена, пленеше со својата добрина и убавина“ – вели Миа за постарата сестра која во март 2010 година беше убиена од момчето, манекенот Филип Каписода,  кој потоа си пресуди и себеси, самоубивајќи се со истиот пиштол.
Миа, секогаш се сеќава на нејзината постара сестра, споделувајќи заеднички фотографии на социјалните мрежи. „Многумина ми велат дека личам на неа. Често ги слушам и гледам нејзините песни и спотови“ - вели Миа.
Црна коса, полни усни, атрактивна појава, напиша еден од следбениците, а не е ни чудно што на социјалните мрежи има голем број следбеници, а сака да стане и успешна актерка. Освен тоа,  сите што имале можност да се дружат со неа, сведочат дека и нивните енергии се многу слични, па се чини некако, не само убавината на Ксенија, туку  и нејзиниот дух како да се „пресликани“ во Миа! фото: Инстаграм принтскрин/pajcin_mia/србија данас]]>

Шер комуницира со духот на починатиот сопруг: „Го поместува мебелот во станот и го вклучува кристалниот лустер“ https://arhiva.vistina.com.mk/sher-komnicira-so-duhot-na-pochinatiot-soprug-go-pomestuva-mebelot-vo-stanot-i-go-vkluchuva-kristalniot-luster/ Thu, 01 Oct 2020 10:53:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=169444

Пејачката Шер која верува дека постои живот после смртта, тврди дека духот на нејзиниот починат сопруг редовно се појавува во нејзиниот живот. Пејачката верува дека духот на нејзиниот починат сопруг доаѓа во  нејзиниот дом, се шегува на нејзина сметка, го поместува мебелот... „Кога ќе се појави неговиот дух, во мојот дом е „лајв шоу“, вели пејачката. Верувате ли во духови? „Знам дека се шегува бидејќи неговиот дух го вклучува кристалниот лустер кој го имаме. Кога дома нема струја, мојот лустер свети“ вели Шер.]]>

ДАРИО ја опеа радоста во прегратките на животот и тагата во неговите канџи, во – „Еј, животе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dario-ja-opea-radosta-vo-pregratkite-na-zivotot-i-tagata-vo-negovite-kandzi-vo-ej-zivote-video/ Fri, 03 Apr 2020 08:24:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143037

Дарио Панковски е еден од ретките македонски музички поп ветерани, кои се' уште се активни на домашната естрадна сцена. Познат како пејач, а уште повеќе и самиот како автор, кој можеби твори полека, песна по песна, една-две во годината, но како по правило, се' што ќе напише или станува хит или останува евергрин. Така, ланските (2019) „Ишала“ и „Горе, горе“,  беа повеќе инстант хитови, брзи песни за забава и танцување кои во себе го носеа мирисот на Ориентот или шмекот на латино ритамот, проткаени со духот на Медитеранот, зачинети со магијата на Балканот. Најновата песна, која вчеравечер (02.април, 2020 год.) Дарио ја провираше на социјалните мрежи и Јутјуб каналот е една од оние што ќе остане... Песна за навека. Една од оние негови песни што со текот на времето стануваат евергрини и со годините само добиваат на вредност. „Еј животе“ е балада со типично балканска душа во себе, тамбурашка поп песна која со грст емоции од срце ќе се пее подеднакво гласно и на концерт и во кафеана. Песна за текот на животот низ годините и сето она што тој ни го носи, ни го дава и зема, песна за сета радост силно гушната во неговите прегратки и сета тага цврсто зграпчена во неговите канџи...  Едноставно, песна со уникатна вредност и значење, универзална приказна за животот и пораката која тој ни ја праќа, која важи за век и векови! Нешто како логично продолжение на неговата „Зајди јасно сонце“, исто така евергрин - балада испеана пред години, со грчки бузуки мелос во себе. Музиката и текстот на „Еј животе“ се авторско дело на самиот Дарио Панковски, а аранжманот го потпишува уште еден проверен ветеран, Кристијан Габроски. Во недостаток на вистинско видео, а ќе биде вистинска штета да не се сними спот за ваков  „бисер“ што претендира да прерасне во евергрин, покрај премиерното слушање на песната, ви ги нудиме стиховите на „Еј, животе“, кои веројатно ќе допрат многумина од вас:   „Еј, животе“ Од црн плиш тешка завеса секое утро се подига пред нас, Друг ден, друга улога, публика нова, а истата е таа стара претстава Победа денес, слава, ловори, а утре тага од горки порази, ги играме тие неколку чина година по година А како одат години, се’ некако се пократки, Рефрен: Еееј животе, колку бол ни нанесе, зарем мора вака тешко да е, еееј животе, а колку радост донесе, ма прекрасен си покрај се’, Еееј животе, до кога никој не знае, затоа ноќва другари стари, со полни чаши за нас да наздравиме! Не научи дека треба да се љубиме, и да сме силни кога некој губиме, на секој нов ден, на секој миг да му се радуваме. А како одат години, чашите ни се попразни. Еееј животе, колку бол ни нанесе... https://www.youtube.com/watch?v=NwTvRrVIopA    ]]>

Карантинот прави чуда: „Смешната“ страна на коронавирусот ( 3 дел) https://arhiva.vistina.com.mk/karantinot-pravi-chuda-smeshnata-strana-na-koronavirusot-3-del/ Mon, 16 Mar 2020 10:44:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=139581

Пандемија, самоизолација, карантин... уште полициски час и вонредна состојба само ни фали! Но, тоа е што е, очигледно подобро е така, отколу да оставиме на совеста... Зашто кај нас совеста ќе не чинеше илјадници заразени и стотици починати! И додека наслението се навикнува на новонастанатите услови за живот, домашниот амбиент очигледно има и добри страни. Социјализација, зближување, развивање на емпатија, „освежување“ на старата љубов, друштвеност... и секако, поттикнување на инвентивноста и креативноста на нашиот народ, кои за разлика од  брашно и тоалетна хартија, очигледно не му недостасуваат! Затоа во целата оваа несреќа има и светла страна, која ако не друго, барем на момент ни ги оттргнува лошите мисли, што е одлично за вербата и самодовербата на народот. Впрочем, духот никогаш не смее да клоне, нели?   - Споменикот на најснаодливите -Последно предупредување - Превентива за погрешни симптоми -Кога ќе ти ја земат пред нос и последната ролна... -На блеф или на ризик, се познава шизик...? -Мал знак на тоалетно внимание... - ТВ „ѕвезда“ на неделата... - Најсовесен граѓанин - „Баба Ванѓа“ воскресна у... Геро? -Доследно се следат препораките... да се работи од дома -Баба и' на комшиката од Германија... - ...И баба му на Јанко... -И Македонија има таленти... - Прашање и одговор: Зошто Дурекс за домашна забава во изолација? -Лекот за пријатели, нема цена... оти не е на продажба -Предизвикот - посилен од ризикот: На некои работи тешко е да им се одолее... -Најнова македонска пцовка... https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/smeshnata-strana-na-koronavirusot-2-del-foto/]]>

Што да правите со партнерот кој исчезнува како дух? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-da-pravite-so-partnerot-koj-ischeznuva-kako-duh-2/ Tue, 25 Feb 2020 13:15:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=136063

Без разлика дали сте се гледале само неколку месеци или подолго, повлекувањето на партнерот од вашата врска може да ве направи несигурни и притоа може да заборавите да се грижите за сопствената среќа. Не дозволувајте тоа да биде така. Препознајте ги знаците на неговото оддалечување од вас и постапете соодветно во зависност од периодот кој сте го минале заедно. Притоа секогаш бидете си на прво место и не прифаќајте ништо помалку од целосна почит и вистинска љубов.

Тој исчезнува само по неколку фантастични состаноци

Си одговарате како Бони и Клајд. А потоа, тој исчезнува и ве остава опсесивно да се обидувате да откриете и да погодувате како е возможно личноста, со која сте се почувствувале толку силно поврзано, да се промени за 180 степени. Зошто тој го прави тоа: Постојат неколку објаснувања. Можеби е претрупан со обврски на работа или има впечаток дека вие не сте заинтересирани. Или, во најлош случај, тој не е заинтересиран. Вашиот потег: Испратете му порака за да ја елиминирате опцијата дека е премногу зафатен или дека му треба охрабрување. Ако не добиете ентузијастички одговор во рок од 24 часа, избришете го неговиот контакт. Никогаш не вложувајте повеќе од она што го добивате на почетокот од врската. Ако е заинтересиран тој ќе се потруди да биде со вас.

Тој полека се повлекува во сенка по само неколку месеци

Ако сте се гледале од 3 до 6 месеци, тој и не може да се повлече без ниту еден збор. Затоа лесното исчезнување во стил на дух е посуптилен начин. Може да почне да ги откажува состаноците или да се однесува резервирано. Зошто го прави тоа: „Пресвртот“ се случува токму сега. Освојувањето е завршено, тој веќе ве има, па сега се повлекува прашувајќи се дали тој тоа навистина го сака. Вашиот потег: Ако и понатаму ви е важен и ако сакате да се обидете да го спасите тоа што сте го имале, најдобар борбен план е да се дистанцирате од него и да се насочите кон вашата сопствена среќа. Трудете се да ги пополните сите полиња од вашиот живот. Ако тој ви се јави и ви предложи да се најдете, би требало да бидете срдечни и пријатни додека му одговарате: „Би сакала, но веќе имам некои планови за викендот. Ајде да се договориме за некоја друга вечер.“ На овој начин му порачувате дека имате исполнет живот и тој веројатно ќе помисли дека не сте губитничка која чека тој да ѝ се јави. Ваквиот вид игра, сепак, не би требало долго да трае.

Тој станува необично далечен по година дена излегување

Болно е да почувствувате дека и покрај тоа што поминувате многу време заедно, еден дел од него се повлекува. Зошто тој го прави тоа: Една година е пресвртен момент, тогаш кога тој можеби се прашува: „Дали е ова личноста со која би сакал да бидам во сериозна врска?“ Ако е несигурен и нема идеја како да ја разреши оваа дилема веројатно ќе стане емотивно позатворен и помалку нежен. Вашиот потег: Речете му дека многу работи ви се на ум, но, и дека верувате дека имате нешто добро. Тогаш е време да се повлечете. Ако е само во лош период многу брзо пак ќе се сврти кон вашата врска. Ако тоа не се случи, тогаш е време вие да направите пауза. Кажете му дека може да ве побара кога ќе се променат нештата, ама дека не можете да бидете сигурни дека ќе бидете достапни. Да, прилично е без врска да се откажете од нешто што многу ви значело, но приоритет треба да ви бидат вашите потреби. И надевајте се на вистинска љубов. извор: кафепауза]]>

По дневната јога кура, нова тура: Кај Станија во здравото тело влегува здрав дух, ама и… уште нешто! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-dnevnata-joga-kura-nova-tura-kaj-stanija-vo-zdravoto-telo-vleguva-zdrav-duh-ama-i-ushte-neshto-foto-video/ Tue, 02 Jul 2019 09:05:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=95632

Реалното шоу „Задруга 2“ привршува... Се ближи неговиот крај, па за да не биде фатена на кондиција, српската старлета Станија максимално ги одржува и фигурата и телото и духот со практикување јога!
Духовен мир и разгибано тело... е мотот на старлетата, која може да изведе неверојатни нешта. Незамисливи пози, кои тешко би ги извеле и двојно помлади од неа.
Стој на глава, па свиткани нозе во колена, стомачни со скрстени нозе, па раширени нозе како да ќе прави мост...
Секоја поза поразлична, поинаква од другата.
Една наменска, друга повеќенаменска, употреблива во разни ситуации... Ама во секој случај корисни!
Станија покажа како телото може да се разгиба на повеќе начини, ама духот...? За духот е познато. Во здраво тело влегува и здрав дух... Ама на Станија тоа како да не и доволно!
Како да не и е доста една нирвана, па затоа на крајот од нејзината дневна јога кура, сврте на уште една тура.
Само што овој пат,  здравото вито тело на старлетата освен здравиот дух, беше подготвено да прими и здрав... љубовен пакет емоции!
]]>

(ФОТО) Македонската пејачка во гуштерска поза: Ова не можете ни да го замислите – ќе ви се заврти во умот! https://arhiva.vistina.com.mk/foto-makedonskata-pejachka-vo-gushterska-poza-ova-ne-mozete-ni-da-go-zamislite-kje-vi-se-zavrti-vo-umot/ Fri, 24 Nov 2017 07:43:25 +0000 http://vistina.mk/?p=4632

Интернационалната македонска ди-џејка и пејачка, Фани Христова, својата пејачка кариера одвреме-навреме ја става во мирување, но затоа пак воопшто не мирува кога се во прашање  ди-џејските сетови низ Македонија и Европа. Освен музиката, јогата е нејзиниот стил и начин на живот без која не минува ни едно секојдневие...
Имено, оние кои активно и се посветени на јогата знаат дека од 19-ти до 30-ти ноември се случува предизвикот на „ало јога“ насловен „Fall4hips“, а пак Фани одлучно го прифати секојдневно предизвукувајќи ги јогините на она што го прави таа.
Деновиве на своите профили на социјалните мрежи објави фотографија во поза која ќе треба подобро да ја погледнете, а таа ја нарече „гуштерска“ и напиша: -Вдиши иднина, издиши минато. Диши, напиша Фани.
Секоја чест за ваквата еластичност, па ако можете, пробајте – направете ја!]]>