дуети – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 03 Jan 2024 13:51:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дуети – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Популарни арии, дуети, балетски точки на Гала оперскиот концерт за Василица https://arhiva.vistina.com.mk/popularni-arii-dueti-baletski-tochki-na-gala-operskiot-kontsert-za-vasilitsa/ Wed, 03 Jan 2024 13:51:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333596

Националната опера и балет (НОБ) на 12 и 13 јануари со почеток во 20 часот ќе се одржи традиционалниот гала оперски концерт по повод празникот „Василица“. НОБ го востанови овој концерт во 1995 година и низ годините потоа, тој стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас.
Традицијата ќе продолжи и оваа година, па така нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии, дуети, хорски делници и балетски точки од светски познатите дела од композиторите: Џ. Росини, В.А. Моцарт, В. Белини, Џ. Верди, У. Џордано, Ф. Лехар, Ж. Бизе, Џ. Пучини, Е. Калман, П. И. Чајковски и други, велат од НОБ.
Од таму посочуваат дека под диригентската палка на гостинот од Канада, Клод Лапалм, врвен диригент, добитник на голем број на престижни награди и признанија, а во режија на Дејан Прошев ќе настапат нашите оперски солисти: Весна Ѓиновска Илкова, Сандра Митровска, Благица Поп Томова, Наде Талевска, Николина Јаневска, Биљана Јосифов, Зоран Сотиров, Александар Стефаноски, Марјан Јованоски, Ристе Велков, Игор Дурловски, Владимир Саздовски заедно со хорот, оркестарот и балетот на Националната опера и балет. Концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска, а кореограф е Саша Евтимова. Билетите се пуштени во продажба на билетарницата на НОБ и онлајн.]]>

„Не плаќаат ништо, а го користат моето име“: Аца Лукас распали по колегите, а ја спомена и Цеца Ражнатовиќ https://arhiva.vistina.com.mk/ne-plakjaat-nishto-a-go-koristat-moeto-ime-aca-lukas-raspali-po-kolegite-a-ja-spomena-i-ceca-raznatovikj/ Wed, 06 Jul 2022 08:58:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257294

Фолк пејачот Аца Лукас претходно ги избриша сите дуети кои ги сними со своите колеги, меѓу кои беше и балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ. Меѓутоа, Лукас решил да направи исклучок само заради Ражнатовиќ, па на Јутјуб ги вратил нивните два дуети. -Точно е дека дуетите со Цеца се симнати, бидејќи никој не може да има песна со мене на својот канал на Јутјуб без да плати ништо. Јас учествував во реализацијата на сите тие песни, придонесов тие да бидат слушани, а само другите да имаат заработка. Па, не е за џабе кај баба, ниту кај мене. Пејачите не можат да го користат моето име без да платат ништо - изјави тогаш Лукас.
- Не бев за отстранување на нашите дуети, бидејќи Цеца е нешто друго, пред се, моја пријателка. Работиме на враќање на дуетите на нејзиниот канал на Јутјуб – изјавил пејачот во таа прилика. фото:Инстаграм/Аца Лукас принтскрин]]>