дует – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Feb 2024 13:03:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дует – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Имам јас и други кандидати“: Рада Манојловиќ ја одби брат и за дует (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/imam-jas-i-drugi-kandidati-rada-manojlovik-ja-odbi-brat-i-za-duet-foto/ Mon, 05 Feb 2024 13:03:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337510

Пејачката Рада Манојловиќ откри дека нејзиниот брат Ненад Манојловиќ одбил да го сними дуетот за кој го поканила. Имено, тој одбил да сними заедничка песна за љубовта на сестра и брат. Рада истакна дека нејзиниот брат не сакал да се врзува за неа од самиот почеток на кариерата, која таа ја почитува.   - Тој е некој кој од почетокот на кариерата никогаш не сакаше да биде поврзуван со мене преку медиумите. Поради оваа причина, како што тоа го нагласуваат медиумите, тој   тоа го  избегнува. Јас го почитувам тоа. Сега тој не сака да го снима тој дует, кој е многу добар и зборува за љубовта на сестра и брат, но добро, имам  јас и други кандидати - изјави Рада Манојловиќ за Пинк. Инаку, Рада Манојловиќ неодамна за менаџер ја вработи својата сестра Маја, а нејзиниот полубрат, исто така пејач Ненад Манојловиќ, беше загрижен за сестрите бидејќи се сами во менаџерските редови. - Не би сакал таа да се занимава со тоа, бидејќи ми се чини дека физиката во главата на некои луѓе не е иста. Тоа е многу груб терен, има многу опасности и луѓе со скриени намери. Не знам колку искуство има Марија во ова. Радмила е веќе познато име, но на настапите треба да одите со пејачката. Тука страда семејството и се останато. Повторно, кога две жени излегуваат „на сцена“, а настапот е фактуриран, сето тоа според мене на прв поглед е многу страшно. Им посакувам се најдобро од се срце, но добро би било некој друг да се грижи за нив - изјави Ненад за Гранд онлајн. фото: printskrin/instagram/nenad.manojlovic.official/rada manojlovic]]>

Јован Јованов по 14 години молк повторно запеа и тоа во дует со Пајак: Ова е најновата ремикс верзија на стариот хит – “Магија” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jovan-jovanov-po-14-godini-molk-povtorno-zapea-i-toa-vo-duet-so-pajak-ova-e-najnovata-verzija-na-stariot-hit-magija-video/ Mon, 11 Dec 2023 10:47:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330567

По дваесет и пет години победничката песна на Макфест од 1998 година “Магија”, доби нов, модерен поп звук кој веруваме дека силно ќе допре до публиката и песната ќе продолжи да живее и кај младата популација. По желба на Пајак, Јован после 14 години повторно запеа “ќе ми треба магија“, но овој пат пее дека има дозвола за кола да ја повози девојката, додека пак Пајак се' уште ја нема... За песната е направен нов аранжман и целосно нова продукција од страна на неговиот брат Иван Јованов - Ивајо. Спотот е сниман во Pro Light Studio, во продукција на Урбан Рекордс и добро познатите Гордан Божиновски, Никола Наумовски, а како продуцент на истиот се јавува и самиот Јован. На почеток видеото започнува со снимка од оригиналниот настап на група “Магија” од Макфест, а се појавува и прекрасната Марјана Станојковска во заедничка кореографија со Јован, Илија Карадакоски и балетското студио Eat The Beat. Спотот е веќе промовиран на Јутуб каналот на Урбан Рекордс, а додека пак телевизиската промоција на спотот ќе биде на 13.12 во среда во ТВ магазинот Бекстејџ на Телма ТВ. Погледнете го спотот за “Магија” со песната во ново руво, отпеана како дует  помеѓу Пајак и Јован, кој експресно од своето појавувње вреќе  високо котира на трендинг листата на јутуб. ]]>

Јован Јованов во дует со Пајак: Ремикс на „Магија“, песната што своевремено го вивна во естрадната орбита, по што тој дефинитивно се враќа на сцената? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/jovan-jovanov-vo-duet-so-pajak-remiks-na-magija-pesnata-shto-svoevremeno-go-vivna-vo-estradnata-orbita-po-shto-toj-definitivno-se-vraka-na-stsenata-foto/ Thu, 30 Nov 2023 07:49:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329206

Деновиве на социалните мрежи осамна заедничка фотографија од Јован Јованов и Пајак во студио, која веднаш ја заскокотка јавноста, па бројните фанови  посакаа да дознаат, што ли тоа се готви во „фабриката за хитови“  на Јованови? Многумина веќе помислија дека се работи за нова песна на Пајак во продукција на Јован Јованов, кој своето доаѓање во Македонија (за време на деновите на фестивалот „Макфест 2023“) од Канада, каде што живее и работи последниве години, го искористил за соработка со Пајак. Не дека нема вистина во претпоставките, но сепак, на големо изненадување се работи за нешто слично, а сепак различно. Имено, во прашање е дует и тоа во вид на ремикс на некогашниот мегахит „Магија“ на истоимената група која Јованов ја основаше и беше нејзин лидер со која победија токму на „Макфест“ во далечната  1998 година. Песна која се' уше се слуша по  радиостаниците и ДЈ -ите ја пуштаат по кафулињата, дискотеките и ноќните клубови. По желба и инсистирањена Пајак, Јован после 14 години повторно ќе запее: „Ќе ми треба магија...“ и тоа во дует со Пајак. Како што дознаваме за песната е направен и нов аранжман и целосно нова, модерна продукција од страна на неговиот брат, денес познатиот музички продуцент и аранжер Иван Јованов Ивајо. Песната заедно со видеоспот наскоро ќе биде промовирана во етерот. Како ли ќе звучат заедно со нетрпение очекуваат да слушнат и помладите и оние повозрасните. Или што би рекле, и ќерките кои растат со песните на пајак и мајките кои ги минуваа најубавите тинајџерски години со хитовите на „Магија“. „Најавениот дует  би требало да биде едно убаво освежување за македонската музичка сцена, но и поттик за нови проекти за во иднина“ - кусо ни изјави Јованов, со што како срамежливо да го наговестува својот камбек, своето дефинитивно музичко и пред се пејачко враќање на македонската естрадна сцена? Дали е така, ќе дознаете во ексклузивното интервју на Јован Јованов за Вистина.ком.мк кое ќе излезе на денот на промоцијата и појавувањето во етерот на ремикс верзијата на „Магија„ отпеана во дует помеѓу Јован Јованов и Пајак. Инаку во биографијата на Јован Јованов сти дека е композитор, продуцент, пејач... Основач и предводник на некогаш мегапопуларната тинејџерска атракција, групата „Магија“ (Јован Јованов, Дамјан Лазаров, Зоран Стаменковски и Дони Марџиев) која со истоимениот хит своевремено го освои фестивалот „Макфест“ во Штип во далечната 1998 година, а потоа и цела Македонија. Со години потоа „Магија“ растураа со своите хитови по радиостаниците, царуваа на топ листите, не се симнуваа од насловниците на тогашните списанија и магазини, хараа со настапи по клубовите и дискотеките низ Македонија. „Магија“ во периодот на нејзиното постоење беше една од најпопуларните музички групи, особено кај помладата генерација, која воведе свежина на македонската естрада со трендовски песни, впечатливи кореографии и модерен, препознатлив стил. Младите генерации растеа со нивните хитови како "Магија" , "ДЈ", Светло се Гасне" , "Помислувам на тебе", "Низ оган да минувам", "Кажи ми"... се до распадот на групата. По нивното разидување тогаш веќе како зрел музичар,  продуцент, автор и пејач Јован Јованов успешно ја продолжи својата соло кариера нижејќи одново соло хитови и дует соработки и за себе и за сите оние кои ги правеше и дома и надвор од Македонија: Од Ноне и Елвир Мекиќ, до Тони Зен, Ламбе Алабакоски, Адријан Гаџа, Влатко Илиевски, Александар Белов, Врчак, Куку Леле, Слаткаристика, Некст Тајм или Бојан Маровиќ, Емина Јаховиќ... И така се до неговото повлекување од сцената и заминувањето најпрвин во САД, па во Канада каде и ден денес живее и работи како музички продуцент и е добитник на многу значајни награди и признанија во областа на тамошната музичка индустрија. Иако далеку од дома, последниве две години Јованов се појавува како еден од клучните луѓе во реинкарнираниот фестивал на забавни песни „Макфест“ во Штип, како клучен член на Уметничкиот совет кој заедно со одбраниот тим ( градоначалникот Иван Јорданов, Александар Арсовски, Роберт Саздов, Антонио Димитриевски, Љубан Стамениќ, Ефтимија Јованова...) и музички, содржински, визуелно, организациски, медиумски... го „воскреснаа“ во моментов најстариот македонски музички фестивал. Фото: Приватна архива  ]]>

Оваа пејачка е сестра на Сека Алексиќ: Обожава да се облекува провокативно, а изгледа како „авион“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ovaa-pejachka-e-sestra-na-seka-aleksik-obozhava-da-se-oblekuva-provokativno-a-izgleda-kako-avion-foto/ Thu, 23 Nov 2023 12:35:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328287

Сека Алексиќ долги години е на јавна сцена, а ретко кој знае дека има сестра која исто така пее. Таа со години снима песни и настапува низ регионот, а на социјалните мрежи може да се најдат бројни заеднички фотографии. Инаку, постарата сестра на пејачката се вика Ајсела Малкиќ и живее во Босна. Со музика се занимава исто како и Сека и настапува со години.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by AYSELA /// OFFICIAL (@aysela_malkic)

Таа е чест гостин на тамошните локални станици, а родена е во Тузла. Ајсела сака да се облекува провокативно и да ја покажува својата одлична фигура, а многумина велат дека изгледа како авион.
 
За Сека има само пофални зборови, а во една прилика на медиумите им спомена дека би сакала да сними дует со нејзината сестра. Фото: Принтскрин/Instagram/aysela_malkic/seka_aleksic
]]>

Кристина Димитри и Љуба Перуќица ја промовираа видеоприказната од макфестовскиот дует – „Посилна“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kristina-dimitri-i-luba-perukitsa-ja-promoviraa-videoprikaznata-od-makfestovskiot-duet-posilna-video/ Fri, 17 Nov 2023 12:35:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327483

Иако уште на самиот фестивал се користеа сцени од снимањето при нивниот настап, дури еден месец по завршувањето на „Макфест 2023“ Кристина Димитри и српскиот фолкер Љуба Перуќица ја имаат премиерата за видеото за нивната фестивалска дует песна - „Посилна“. Македонската екс мисица, сега естрадна пејачка и српскиот пејач снимиле видео кое изобилува со жешки сцени, од кои некои делуваат толку многу убедливо, што дури и српските медиуми се посомневаа дека меѓу нив нешто и приватно се случило, иако сопругата на фолкерот тогаш само што се не беше породила со нивното прво дете. Како и да е прашината бргу слегна и се' остана само на „професионална провокација за дразнење на јавноста“, односно само фрлена јадица на која публиката треба да загриза на песната „Посилна“. Особено откако набргу по макфестовскиот настап ултразгодната и атрактивна екс ТВ водителка Катарина Колозеус се породи, па таа и макфестовскиот дует партнер на Кристина Димитри станаа за прв пат родители. „Ми беше чест да соработувам со Љуба, кој е еден од најдобрите вокали на овие простори. А неговата сопруга, која е убава и харизматична, знае што значи шоубиз. Па секако нема да има развод“ - низ насмевка тогаш прокоментира сексапилната тетовка, која видеото за „Посилна“  деновиве и го промовираше. Инаку песната која како комплетен автор (музика, текст, аранжман)  ја потпишува Стефан Стојановски е отпеана на комбинаиран македонски и српски јазик и е во стилот на модерна ар ен би балада, која не е лоша, но не е ниту кој знае колку впечатлива. Впрочем, обајцата изведувачи пред тоа имале многу посветли музички моменти во своите претходни остварувања. Видеото изработено од Sneak Media донекаде ја надополнува оваа констатација, зашто визуелизацијата на „Посилна“ е на висината на задачата. Урбани кадри кои реалистично  ја отсликуваат љубовната приказна исполнети со доволна количина еротски набој за да ја заскокоткаат јавноста. Останува да видиме колку визуелизацијата ќе помогне песната да стане  „Посилна“ или видео-инфузијата нема многу да и помогне, па „Посилна“ бргу ќе замине во заборав на јавноста. Како и да е, погледнете го видеото и преслушајте ја песната, па самите проценете дали и колку е „Посилна“ од претходните музички изданија на Кристина и Перуќица: ]]>

Ноне Неделковска си ја отвори душата на Инстаграм: Екс пејачката доби брачна понуда и најави дека се враќа на сцената, ама само под еден услов – ако сними дует со овој наш пејач (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/none-nedelkovska-si-ja-otvori-dushata-na-instagram-eks-pejachkata-dobi-brachna-ponuda-i-najavi-deka-se-vraka-na-stsenata-ama-samo-pod-eden-uslov-ako-snimi-duet-so-ovoj-nash-pejach-foto/ Thu, 26 Oct 2023 08:36:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323923

Нона Неделковска попозната како Ноне, некогашната многу популарна македонска поп пејачка која „преку ноќ“ ја прекина кариерата и замина да работи во белиот свет. Или поточно да го пропатува „долж и попреку“, со својата работа на прекуокеанските крузери каде професијата воопшто не и е музичка. Сепак убава и уносна, зашто случајно или не, Ноне стана „најшетаната велешанка“, а можеби и најшетаната од естрадата која по силата на нештата го споила убавото и корисното, иако тоа не е музиката на која толку и беше предадена пред да замине на „работна пловидба“ преку седум мориња и океани. Сепак она што покрај талентот и убавината отсекогаш ја красело: добрината, скромноста, искреноста, отвореноста, емпатијата... и уште грст доблести, кои за жал секој не може да ги разбере, ама атоа многумина и тоа како можат да ги зоупотребат. Иако откако замина Ноне не сака ниту да слушне за враќање на естрадата, ниту пак сака да зборува јавно за себе појавувајќи се во било какви медиуми со свои изјави, сепак на социјалните мрежи „малечката сирена“ направи исклучок. Преседан кој  и ка отвори душата па „џепната венера“ одговараше на прашања, која самата побара да и ги поставуваат. Ноне ја прашаа како се чувствувала кога прв пат стапнала и како што почнала  да работи на брод, а таа им одговри: „Тоа беше во 2012 година, Шарм Ел Шеик - Египат... Работев во продавницата за подароци, како специјалист за разубавување (козметика). беше тоа мијата најдобра година“ - се пристеи велешнката. Веднаш потоа следуваше и прашање на кој крузер работи во моментов? „Принцес“ (Принцеза)“ - кусо возврати екс пејачката покажувајќи фотографија од дел од палубата. Кога ќе дојдеш повторно во Велес, оваа година те видов, но не успеав да те поздравам?!“ - ја праша еден нејзин сограѓанин, а Ноне споделувајќи фотографија од родниот град му одговори дека ќе се видат дури во 2024 година, зашто до Нова Година, нема да доаѓа во Македонија. Потоа тргнаа личните прашања, на кои велешката морепловка исто така не ги штедеше одговорите, напротив... - Мислам дека си предобра и искрена личност. Многу сакам да те запознаам, посака  нејзин/а обожавател/ка. „Добро мислиш. Можеби некогаш ќе се сретнеме“ - му возврати надеж Ноне. Комплиментите  продолжија да пристигаат и само во вид на констатации без прашања... Особено кога комплиментите ќе дојдат од женска личност, е тогаша се уште послатки и Ноне ја правата уште посреќна. А покрај комплиментите тука беа и љубовно - брачните понуди... До душа со извесни „пречки“, како онаа дали би си дозволила да биде освоена од помладо момче на што велешката убавица без размислување  одговори: „Годините се само бројка“!  Па сега ти види, дали Ноне може да ти биде девојка?! Брачната понуда пак, „кажана со половина уста“, зашто понудувачот, кој патем не е единствен,  покрај себе веќе има... поубава половина! Затоа таков беше и одговорот на екс пејачката: „Ех, не си единствен... Ама чувај си ја жената“! Оној вториот брачен понудувач баеги подиректен од прва си ја кажа желбата: „Ноне, биди ми жена“! Ама Ноне од прва и го стави во недоумица, зашто меѓудругото кај неа во понудата, очигледно важна улога играат и сантиметрите, односно колкава ти е големината... Кога се работи за височината: Конечно, едно од најпоставуваните прашања за некогашната македонска пејачка, го доби и најпосакуваниот одговор. Ноне Неделковска најави дека се враќа на сцената, ама само под еден услов - ако сними дует со овој наш пејач, чиј музички кам-бек сите со душа го очекуваат. Ноне и Врчак во дует? Зошто да не? Познавајќи ги, хитот е однапред сигурен, а колку долго обајцата ги нема на естрадната сцена, популарноста кај публиката однапред загарантирана, па и повеќе од тоа... Можеби е згодна прилика догодина, на следниот „Макфест 2024“? Фото: Инстаграм/ nona.nedelkovska

Откако видеото за макфестовскиот настап го најавуваше со „жешки сцени“, Кристина Димитри „блискоста“ со Љуба Перуќица во спотот мораше „да ја објаснува“ во српските медиуми ( ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-videoto-za-makfestovskiot-nastap-go-najavuvashe-so-zheshki-stseni-kristina-dimitri-bliskosta-so-luba-perukitsa-vo-spotot-morashe-da-ja-objasnuva-vo-srpskite-mediumi-foto/ Wed, 25 Oct 2023 09:37:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323727

Македонската екс мисица, сега естрана пејачка Кристина Димитри за потребите на својот макфестовски настап во дует со српскиот пејач Љуба Перуќица, сними видео кое изобилува со жешки сцени. Блискоста меѓу атрактивната тетовка и српскиот фолкер во скокотливите кадри беше евидентна, па многумина веднаш се посомневаа дека тука се работи за нешто повеќе од само „професионална провокација за дразнење на јавноста“, односно само фрлена јадица на која публиката треба да загриза на песната „Посилна“. Иако Перуќица е во брак со ултразгодната и атрактивна екс ТВ водителка Катарина Колозеус, со која секој ден чекаат да го добијат првото дете, уште со првите фотографии  од снимањето на спотот за песната „Посилна“ кои се појавија на социјалните мрежи,  веднаш наидоа на бурни реакции. Пред премиерата на спотот за оваа песна беше претставен и „тизер“ на кој како и на објавените фотографии тие двајца изгледаат како заљубен пар. За неколку секунди беа претставени најжешките  сцени  од Кристина и Љуба, а пред премиерата ова видео веќе предизвика возбуда на работ на афера, која по макфестовскиот настап дури и кулминираше  со написи во одердени медиуми дека дека жена му само што не се породила, а Љуба Перуќица веќе се разведува?!  Така, откако видеото за макфестовскиот настап го најавуваше со „жешки сцени“, Кристина Димитри „блискоста“ со Љуба Перуќица во спотот мораше „да ја објаснува“ и во српските медиуми. Особено што Љуба е познат по тоа дека “тешко може да се воздржи“ кога има атрактивна и секси жена покрај себе, та било тоа и на снимање, како што беше случајот сво видеото за неговата песна „Еротична“... До душа, таму партнерка му е неговата сопруга Катарина, па... Ама, сеедно! Новинарите ја контактирале Кристина бидејќи сакале да проверат што мисли, дали сопругата на пејачот Катарина ќе биде љубоморна кога ќе види што снимале Љуба и таа. „Беше прекрасно на снимањето. Имаше позитивна енергија од тимот што го направи видеото, а Љуба е многу смешен и позитивен лудак“ - изјави Кристина, а потоа се осврна на наводниот можен развод. „Ми беше чест да соработувам со Љуба, кој е еден од најдобрите вокали на овие простори. А неговата сопруга, која е убава и харизматична, знае што значи шоубиз. Па секако нема да има развод“- низ насмевка прокоментирала атрактивната македонска пејачка. Но тоа како да не било доволно, па оние кои баш и не и поверувале отишле чекор понатаму и се обратиле кај бремената Катарина за да ја слушнат и нејзината вистина: „По снимањето на спотот со Кристина тргна приказната за разводот, бидејќи се зборуваше дека биле премногу блиски, но морам сите да ги разочарам, од тоа нема ништо. Hе го пуштам јас така лесно. Шегата на страна, мене мие тоа сосема во ред, а морам да откријам дека и јас самата сум делумно 'виновна' за нивниот дует. Кога Кристина го повика да и гостува во песната, веднаш му реков да се согласи, ја видов претходно кај Амиџиќ и ми изгледаше дека е добра 'риба', што ќе му фали?  Сакам кога нешто снима да е опкружен со со убави и атрактивни девојки, тоа секако поубаво изгледа, а и мене ме мотивира да не се запуштам како поедини жени, кога ќе се омажат за саканиот маж. Вака знам дека секогаш некоја се мота околу него, па морам и јас малку да се трудам“ - одговорила бремената Катарина, сопругата на Љуба Перуќица која навистина излегла „посилна“ од аферите и аферџи(к)ите кои се обидоа да и го растурат бракот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by KRISTINA DIMITRY (@kristina.dimitry)

А нашата убавица?  Има нова музичка порака... Еротска: „Ми го е*а денот!“  - е насловот. И одново Кристина Димитри ја најавува со... спуштени панталони!
 
Фото: Инстаграм/kristina.dimitry/katarina_kolozeus]]>

Кристина Димитри тргна во поход на Белград: Едно е да сакаш „Македонки“ за себе, ама дали штом ја видиш, мислиш дека одма ќе те носи во кревет? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kristina-dimitri-trgna-vo-pohod-na-belgrad-edno-e-da-sakash-makedonki-za-sebe-ama-dali-shtom-ja-vidish-mislish-deka-odma-ke-te-nosi-vo-krevet-video/ Thu, 06 Jul 2023 07:29:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309126

Македонската мисица, модел и пејачка Кристина Димитри она што ќе го замисли и науми, дефинитивно е решена да го оствари. По периодот на запознавање на домашната естрадна сцена со нејзе и нејзината појава, атрактивната тетовска убавица дефинитивно решила да мине граница. Македонија за неа по се изгледа е мала, а амбициите големи, па она што го Кристина вети полека почна и да го остварува... Нова песна, овој пат без ДЈ Боно или „овој-оној“, туку со познат естраден лик од соседството. Некои го знаат од естрадата , други од најгледаните реални шоуа, а таа оддамна го знае и лично, па Кристина реши заедно со Гастоз да тргне со проверен рецепт и со нов концепт во кој очигледно е зацртан поход на Белград, а со тоа и на цела Србија, а зошто да не и регионот. Очигледно тоа се плановите на сексапилната тетовка која за таа намера го одбрала и најдоброто можно од Македонија кога се музичкото авторство и продукција во прашање. Дарко Димитров е музички гуру за регионот, а за Кристина очигледно човекот кој треба да и помогне да си го оствари сонот... Да стане регионална музичка ѕвезда, позната пејачка „од Вардара па до Дунава... Или барем до каде успее да стаса. Гастоз е секако добра фаца за дует, па затоа старото пријателство на нив двајцата Дарко Димитров со „волшебно музичко стапче“ го претворил во ултра модерна песна која претендира да биде хит. И кај нас и кај северниот сосед на кој  пејачката му отиде на гости, со тенденција да им се „одомаќи“,  откако за прв пат на нивната естрадна бина им стапна  ултра атрактивната секси комшика Кристина. Темата насловена „Македонки“, текстот исто толку провокативен колку и пејачката која во неговото пишување и самта припомогнала, а видеото на Дарко Јовановски ви го лепи погледот за провокативните сцени кои совршено ги следат стиховите. Во нив Кристина толку реално и впечатливо ја игра својта улога која и легнала како да е сето тоа вистина?! „Дали сакаш Македонки?“ - е провокативното прашање на пејачката, која кога ќе ја видиш и да не сакаш ќе (ја) посакаш... Се разбира доколку си вистински маж! Песната не само онака апансас пуштена во етер, туку очигледно дека Кристина Димитри добро се подготвила за својот освојувачки поход на Србија. Комплетна кампања со веќе договорени гостувања на најгледаните емисии и ТВ шоуа на највлијателните телевизии како што се ТВ Пинк на пример и шоуто на „Ами Џи“! Но тоа очигледно не е се' од нејзината мисија, зашто како што и самата се пофалила и други нешта се договараат во меѓувреме. „Среќна сум многу што бев поканета да гостувам, во најгледаната емисија на балканот @amigshow и единствениот @ognjenamidzic Среќна сум за реакциите и понудите после овој проект. Мисијата е остварена, сега следат големи работи. Кога господ ги отвора прозорците кон светот, не е важно дали некој сака да ви затвори врата“ - споделила Кристина. Но како што се пее и во самите стихови на песната: „Меѓу овие анаконди, дали сакаш Македонки“, вратата на компшиската естрада е подотворена, ама влезот крие многу скриени стапици. Едно е да подѕирнеш за да видиш како е, а сосема друга работа  колкави ти се можностите и шансите да успееш да се избориш таму да припаѓаш... Зашто таму естрадната бара е полна со многу поголеми крокодили од овде“, во која одвреме -навреме знаат да запливаат и сите оние ријалити „анаконди“! Впрочем, како што е едно да сакаш „Македонки“ за себе, ама дали штом ја видиш, мислиш дека одма ќе те носи во кревет? Но, штом тргнала, веројатно „македонската кобра“ е уверена дека е доволно добра да ги засени сите „српски анаконди“! ]]>

Пајак и Џехва имаат дует: Македонскиот трапер и познатата српска пејачка со заедничка песна и спот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pajak-i-dhehva-imaat-duet-makedonskiot-traper-i-poznatat-srpks-pejachka-so-zaednichka-pesna-i-spot-foto/ Tue, 30 May 2023 05:58:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304328

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 22-годишниот Христијан Настески- Пајак продолжува со музички изненадувања и го најавува дуетот со познатата српска пејачка Теодора Џехверовиќ. Теодора на нејзиниот профил на Instagram објави неколку секунди од снимањето на спотот, а во разговор со фановите напиша: Песната со Пајак е втора песна која ја слушав повеќе од 500 пати. Пејачката исто така најави и дека дуетот со Пајак ќе излезе набрзо. Двајцата престојуваат на Кипар каде што снимаат и спот за песната. – Нова песна ќе имам за многу брзо, а албумот почна полека да се подготвува. Се надевам дека до следната година ова време ќе излезе, напиша Теодора.

Заедно со Mc Stojan во февруари годинава го Пајак го објави хитот „Мала моја“, откако претходно го издаде синглот „Хабиби“, во дует со Антониа Гиговска. Заедно со Лара Иванова ја надминаа и фантастичнатабројка од над 16 милиони прегледи на одличната макфестовска дует песна „Bella“.

Младиот трап артист со музика започнал да се занимава уште од негова 6-годишна возраст, а талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката. Вели дека инспирација добива од други артисти, љубител е и на многу други стилови на музика, затоа што секоја музика си има своја тема, убавина и порака…

Александар Јосифовски откри непознати детали од турнејата по САД со Лепа Брена: „Таа полна енергија, а мене ми беше срам да и кажам дека сум уморен“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-josifovski-otkri-nepoznati-detali-od-turnejata-po-sad-so-lepa-brena-taa-polna-energija-a-mene-mi-beshe-sram-da-i-kazham-deka-sum-umoren-foto/ Sat, 06 May 2023 07:37:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287677

Во денешно време е многу тешко да се одржи автентичноста и доследноста особено во поп музиката, бидејќи има се повеќе нови музички жанрови на кои ретко кој може да им одолее. И покрај тоа, македонскиот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, охриѓанецот Александар Јосифовски успеа да си остане верен на себе, не само во музичка смисла, туку и кога станува збор за визуелниот идентитет. „Генерално рокот е она што го чувствувам, овој стил и се што носи овој вид музика со себе е она што го обожавам уште од дете. Сакам да носам многу прстени и ланци на себе, да ѕвонам додека одам (се смее). Уживам во рок верзијата од себе“ - признава талентираниот Македонец. Круна на неговата досегашна кариера, освен успехот во најпопуларното регионално музичко талент шоу, дефинитивно е и американската турнеја која неодамна ја одработе со веројатно најголемата балканска музичка ѕвезда, Лепа Брена. „Еден месец пред турнејата ми се јавија да ме прашаат дали сум слободен и ми рекоа дали сакам појдам со Лепа Брена на турнеја низ САД. Реков  само: „Лелееее!“  „Морам да кажам дека додека ги правевме тие први концерти и патувавме од град во град ми беше многу заморно, навистина се срамев да кажам дека сум уморен, за разлика од таа жена која има таква енергија!“ – откри  Јосифовски, кој и покрај успесите што ги постигнува,  постојано крои и нови планови и си поставува нови цели во кариерата. „Имам нешто ново во фиоката, ама засега ќе ја промовирам песната и дуетот со Белма, но сигурно ќе има изненадувања, сто проценти!“ - остана мистериозен Александар. Фото: Инстаграм принтскрин/alexandarjosifovski