дует од соништата – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 13 Dec 2023 10:40:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дует од соништата – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Баш ме брига“: Лила покажа како би изгледало кога би била Антониа Гиговска (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bash-me-briga-lila-pokazha-kako-bi-izgledalo-koga-bi-bila-antonia-gigovska-video/ Wed, 13 Dec 2023 08:35:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330852

Како што е евидентно дека Антониа Гиговска по породувањето дефинитивно се врати на естрадната сцена и тргна да ја освојува и онаа, регионалната, евидентна е и нејзината дружба во последно време со најдобрата македонска ТВ водителка Лила Филиповска и нејзиниот колега и личен асистент, презентерот на временската прогноза на ТВ Сител, Спасе  „Рола до бола“ Јовановски! Откога, зошто и како - не навлегуваме. Можеби  истиот стилист ги спои пред Антониа да замине на снимање на видеото за „Брига ме“! Откако прогнозите на прогнозерот се остварија дека Антониа ќе има хит, не помина долго време до новата групна средба на трите познати фаци. И тоа повторна на слична локација, но не и кај истиот лик. Ово ја пат Лила и Антониа со иста цел - заминаа на надградба. Не телесна, туку онаа на косата, за да стават екстензии и добијат нови физиономии на своите фризури. Откако познатиот „фризерај маестро“ Давитков им ги намонтира, двете русокоси пред да си заминат, решија да направат дует. Или поточно Лила реши на кратко да се престори во Антониа и да покаже како би изгледало кога таа би била на местото на младата пејачка. Не дека водителката нема пејачко искуство, напротив, многу пред Гиговска има снимено неколку песни и спотови во деведесеттите и нешто малку подоцна, ама ова е нешто друго. Што би рекол поетот: „Што би дал да си на мое место...?“ Па откако Антониа си го запеа својот најнов хит „Брига ме“, Лила по принципот „баш ме брига, еве ме и мене“ и се придружи на младата пејачка. Дуетот од соништата веднаш профункционира. Можеби не комплетно вокално, ама затоа визуелно изгледа максимално атрактивно! Две рускоси со надградени коси, коктел од искуство и младост, споени во една убавина, како „подарок за очи“ пред Нова Година. До душа дуетот можеше да заврши и како „дуо-трио“, ама Спасе - Рола сепак реши да не се појави и навреме „се одјави“ за да не ја расипе сликата... За видеото да не добие друга димензија, зашто нему не му вградија екстензија!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Фото и видео: Инстаграм/lilafilipovska]]>

Андреј и Наум се „ар ен би – фолк“ комбинација само за на ракија и пиво или и за студио и во живо: Се подготвува ли дует од соништата? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/andrej-i-naum-ar-en-bi-folk-kombinacija-samo-za-na-rakija-i-pivo-ili-i-za-studio-i-vo-zivo-se-podgotvuva-li-duet-od-sonishtata-foto/ Wed, 18 Nov 2020 08:00:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176611

За естрадата, па и за оваа нашава,  обично се вртат муабети дека пејачите и пејачките меѓу себе многу „не се мирисаат“. Слабо се дружат и кога тоа го прават, повеќе е од интерес или лицемерна формалност за пред камери и фотобјективи, а во суштина не се баш блиски, а поедници дури не сакаат ниту „очи да си видат“. Муабети и кулоарски приказни колку сакаш, а вистината е секогаш некаде на средина, помеѓу двете крајности. Поединци се „смртни непријател(к)и“, а поедници пак како „браќа“ или „сестри“... И многу малку од нив, малку повеќе „блиски“... Барем, одвреме-навреме! Како и да е, некои заеднички средби, некои случајни дружби прераснуваат во трајни пријателства, па и повеќе од тоа, а од нив излегуваат моменти кои  долго, па и цел живот се паметат. Во поубавите и посреќни времиња во кафуле или кафеана,  со поголемо друштво, денес во ова тажно време на пандемија, најчесто по дома, и тоа по протокол, најмногу до четворица! Најдобар пример дека е ова жива вистина е спојот на навидум неспоивото... Ар ен би артист и фолкер, „забавњак и народњак“, две грла од ист еснаф, ама од тотално различен жанр... Обајцата врвни изведувачи, елита во својата професија, естрадни ѕвезди - парекселанс: Андреј од „ДНК“ и Наум Петрески! Обајцата се знаат и отпорано, како што и отпорано се дружат... Кога се можеше колку сакаш и со кого сакаш и во кафуле и кафеана и во ресторан... Обајцата мераклии на добро друштво, понекоја чашка, убаво мезе и добра песна. Го правеле тоа секогаш кога можеле, го прават и денес и покрај целата ситуација со корона пандемијата и сите протоколи и препреки. Ако не може во кафеана, може по дома. На гости, во опуштена атмосфера, на дружба, чашка-муабет, релаксација, можеби малку едукација... „Со татко ми и брат ми учиме ритмика со покојниот чичко Пако Де Лусија“ - напишал шеговито Андреј покрај најново споделената фотографија. Андреј и Наум се „ар ен би - фолк комбинација“ само за на ракија и пиво или и за студио и во живо?  Покрај дружбата ќе им се вкрстат ли и професионално патиштата, се подготвува ли можеби дует од соништата? Ова прашање си го поставија и обожавателите и новинарите откако осамна најновата фотографија од нивното дружење на социјалните мрежи. На неа двете ѕвезди на домашна дружба, весели, расположени и насмеани, а подоцна можеби и заедно распеани, зошто да не? Замислете само каква би била тоа комбинација, кога Наум би рапувал, а Андреј запеал трилери? Но, да оставиме времето да покаже што ќе произлезе: Дали само „мерак на душата“ за опуштање или идејата за дует во нив ќе се вгнезди, па ќе се „изроди“ и заедничка мерак песна на двете ѕвезди? Ако сепак се случи, живо сме заинтересирани како ќе звучи тој „убиствен спој?“    ]]>