држави – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 26 Jan 2022 12:47:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png држави – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во кои држави можете да патувате доколку не сте вакцинирани? https://arhiva.vistina.com.mk/vo-koi-drzavi-mozete-da-patuvate-dokolku-ne-ste-vakcinirani/ Wed, 26 Jan 2022 13:00:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236368

Додека многу држави во светот одлучија на странците да им овозможат влез само доколку се целосно вакцинирани, други држави одлучија да ги отворат своите граници за оние кои имаат само негативен ПЦР тест и не бараат да бидете целосно вакцинирани, ниту по влегувањето во земјата да заминете во карантин.

Хрватска

Туристите кои сакаат да влезат во Хрватска може да го направат тоа со негативен тест на антиген (не постар од 48 часа) и ПЦР тест (не постар од 72 часа) или со потврда за прележан коронавирус во последните осум месеци. Меѓутоа, освен ова, за влез во Хрватска ви е потребен и онлајн образец за престој, односно потребна ви е гаранција за резервација на сместување.

Словенија

Доколку не сте вакцинирани, во Словенија можете да влезете со негативен ПЦР тест (не постар од 48 часа) или брз антигенски тест (не постар од 24 часа), но моарте да доставите и пополнет образец за дигитален локатор на патници. Доколку имате доказ за тоа дека сте го прележале коронавирусот во последните шест месеци, влезот ќе ви биде дозволен без заминување во карантин.

Португалија

Во септември Португалија ги промени правилата за влез, па на странците им е дозволено да влезат со негативен ПЦР тест направен до 72 часа или антигенски тест најдолго 48 часа пред влез во државата. Во оваа земја, на некои јавни места можно е да ви побараат доказ за вакцинација.

Грција

Со обзир на тоа дека една петтина од грчката економија зависи од туризмот, очекувано е дека оваа земја не може да практикува строги правила за влез во земјата. Невакцинираните патници може да ја поминат границата со негативен ПЦР тест издаден до 72 часа или доказ за негативен брз тест на ковид од овластена лабораторија до 24 часа пред влез во земјата. Тест е задолжителен за сите патници над 5 години. Освен ова, пред патувањето задолжително е пополнување на образец за лоцирање на патниците, а при влез може да ви биде направен и тест за потврда дека не сте заразени.

Кипар

Невакцинираните патници може да влезат со негативен ПЦР или антигенски тест не постари од 72 и 24 часа, а по доаѓањето во земјата морате да направите уште еден ПЦР тест кој чини од 15 до 19 евра и ќе бидете во изолација додека не бидат готови резултатите, што не трае повеќе од три часа. Невакцинираните посетители на Северен Кипар мораат да одат 5 дена во карантин.

Турција

Турција прифаќа негативен ПЦР тест 72 часа пред доаѓањето или антигенски тест 48 часа пред влезот во државата. Доколку сте прележани во изминатите 180 дена, заминување во карантин не е потребен, ниту потврда за вакцинација. Ирска Од јануари годинава, невакцинираните патници може да влезат со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа и да пополнат образец за лоцирање.

Дубаи (ОАЕ)

Доколку сакате да го посетите Дубаи, не мора да бидете вакцинирани и може да влезете со негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, а мора да се регистрирате и во нивната апликација Covid-19 DXB и да пополните здравствена декларација и образец за карантин од 10 дена кој е задолжителен.

Мексико

Од почетокот на пандемијата, Мексико е најопуштена држава за патување. Не треба да приложите ни негативен ПЦР тест, ниту е задолжителен карантин. Треба само да пополните образец за здравсвена декларација и да скенирате QR код кој се генрира по пристигнувањето во земјата.

Доминиканска Република

Оваа држава дозволува влез со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Египет

Египет бара негативен тест не постар од 72 часа како алтернатива за вакцинација. извор: кајгана]]>

„CNN“ објави: 7 земји кои ги отвораат границите за вакцинирани туристи https://arhiva.vistina.com.mk/cnn-objavi-7-zemji-koi-gi-otvoraat-granicite-za-vakcinirani-turisti/ Thu, 25 Feb 2021 13:47:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191447

Секој ден во светот има сè повеќе вакцинирани луѓе, а експертите и јавноста се надеваат дека ситуацијата со пандемијата наскоро ќе се смири. Некои од земјите веќе се подготвуваат за отворање на границите или пак попуштање на мерките за заштита за туристите кои што ја примиле вакцината против коронавирусот. Порталот „CNN Edition“ објави список од 7 земји кои што сакаат побрзо да ги отворат границите или пак да ги попуштат мерките за заштита за вакцинираните туристи. Ова е листата:

Кипар

Веќе во месец декември Кипар беше единствената земја која што објави дека вакцинираните туристи ќе можат да влезат во нивната земја без карантин. Посетителите кои што ќе приложат доказ дека ги примиле двете дози од вакцината нема да мора да имаат негативен ПЦР тест. Меѓутоа, условот веројатно ќе важи за земјите кои што се на сигурната листа за Кипар. Олабавување на мерките по доаѓањето во Кипар би требало да стапи на сила на први март, но властите сè уште не ја потврдиле одлуката. Моментално, при влегување во таа земја, мора да покажете негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или пак да направите тест на аеродромот. Потоа следи двонеделен карантин во сместување одобрено од државата.

Естонија

Естонија го укина задолжителниот карантин не само за вакцинираните туристи туку и за оние кои што прележале ковид-19 во последните 6 месеци. Меѓутоа, туристите мора да приложат лекарско уверение и негативен ПЦР тест. Покрај тоа, Естонија ќе ги прифати туристите кои што ја примиле било која од деветте вакцини. Моментално таму патниците кои што ќе пристигнат мора да бидат во задолжителет двонеделен карантин, а притоа мора да приложат и негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Грузија

Грузија исто така одлучила да ги отвори границите за вакцинираните туристи. Патниците кои што примиле две дози од вакцината против ковид-19 ќе можат да влезат во земјата без негативен ПЦР тест. Невакцинираните туристи ќе мора да приложат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, а покрај тоа ќе мора да направат уште еден тест на свој трошок, 3 дена по влегувањето во земјата.

Исланд

Исланд планира да ги отвори границите на 1 мај. Правилото ќе важи за вакцинираните туристи од земјите на ЕУ, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија кои што нема да бидат обврзани да поминат карантин или пак да приложат негативен ПЦР тест. Досега тоа требало да важи само за патниците кои што примиле две дози од 3-те вакцини кои што ги одобри ЕУ. Невакцинираните туристи мора да приложат негативен ПЦР тест при влегување во земјата, а потоа да поминат 5-6 дена во карантин, пред да го направат наредниот тест.

Полска

Полска ги отвори своите граници за вакцинираните туристи уште од 28 декември. Туристите од ЕУ со потврда за вакцинација нема да мора да поминат задолжителен 10-дневен карантин.

Романија

Мерките за вакцинираните патници Романија ги објави на 18 јануари. Со тоа се елиминира обврската за задолжителен карантин при влез во земјата. Меѓутоа, патниците мора да докажат дека примиле две дози од вакцината. Земјите кои што се наоѓаат во т.н. „жолта зона“ обврзани се на 14-дневен карантин при влез во земјата. Оние кои што имаат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа обврзани се на 10-дневна изолација при влез во земјата.

Сејшели

Тие исто така одобрија влез за вакциниринате патници, веќе од јануари. Значи, таквите патници не мора да поминат 10-дневен карантин, но сепак мора да приложат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. Патниците од листата на Сејшели од категорија 1 и 2, како и оние кои што доаѓаат со приватни авиони, мора да приложат негативен ПЦР тест и да поминат 10-дневна изолација. извoр: точка.мк]]>

Здодевно ви е во карантин? Испланирајте некое од овие незаборавни патувања за подобрите времиња кои доаѓаат https://arhiva.vistina.com.mk/zdodevno-vi-e-vo-karantin-isplanirajte-nekoe-od-ovie-nezaboravni-patuvanja-za-podobrite-vreminja-koi-doagjaat/ Tue, 24 Mar 2020 13:00:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141178

Иако вашите пролетни патувања пропаднаа, зошто да не го искористите слободното време кое сега го минувате во вашите домови и да испланирате некои интересно идно патување на кое ќе одите кога се ќе се врати во нормала. Еве неколку предлози:

Ладак, Хималаи

Преку пет планински превои трговските каравани од Индија доаѓале во мирното будистичко кралство Ладак, сокриено длабоко во Хималаите. Ладак бил дел од Тибет, подоцна се одвоил, но ја зачувал прастарата култура на тибетанскиот будизам која сега е речиси уништена во самиот Тибет. Поради тоа често го нарекуваат и "мал Тибет".

2. Мадагаскар

Со неколку различни климатски зони и екосистеми, Мадагаскар е земја на контрасти. Понекогаш овој остров се нарекува и осми континент поради неверојатниот биодиверзитет.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by ويزاي شينگن ، ويزاي كانادا (@sabzineh.ir) on

Салта, Аргентина

Живописната Салта е спој на архитектура од стариот свет и модерни забави - навистина префинето боемско место. Ќе се восхитувате на деталите на фасадите на старите градски градби додека шетате од музеите до пазарите.

Фарски острови, Данска

Фарските острови се познати по прекрасните и зелени брдести предели, каде не може да се види ниедно дрво, но може да се ужива во единствениот феномен во текот на летото, кога тревата ја менува бојата по неколку пати во текот на денот. Не треба да се каже дека таквите природни убавини на овие островски групи привлекуваат сликари до целиот свет кои тука наоѓаат инспирација за своите дела.

Вади Рум, Јордан

Величествената и истовремено сурова пустина важи за една од најубавите на нашата планета. Нејзината убавина, безграничното пространство и грандиозноста ги воодушевува љубителите на природата.

Мергуи архипелаг, Мјанмар

На југот на Мјанмар, долж границата со Тајланд, лежи архипелагот Мегуи во Андамснкото море, со дури 800 острови, специфичен по коралните гребени. Интересно е дека овој архипелаг го сочинуваат дури 800 острови, кои се окружени со корални гребени. Пред 20-тина години овој архипелаг бил отворен за туристи кои трагаат по егзитични дестинации, а најчесто го посетуваат нуркачи поради разновидниот морски живот. извор: точка.мк]]>

Десет градови кои мора да ги посетите доколку уживате во вкусна храна https://arhiva.vistina.com.mk/deset-gradovi-koi-mora-da-gi-posetite-dokolku-uzivate-vo-vkusna-hrana/ Wed, 29 Jan 2020 13:45:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131665

Овие градови освен што се познати по културните знаменитости, имаат богата понуда со локални специјалитети. Оние коишто сакаат да патуваат, сакаат да ја истражат земјата којашто ја посетуваат на повеќе начини. Една од задолжителните работи е дегустирање на вкусна храна. Insider направи листа на 10 дестинации кои мора да ги посетите доколку уживате во вкусна храна и локални специјалитети.

Маракеш, Мароко

Модерниот градски живот се испреплетува со традиционалниот, па кога ќе се запознаете со разновидните кулинарски техники, ќе изберете што би сакале да јадете. Уличната храна е прекрасна. Може да пробате многу работи, како што се кускус или грав во различни варијанти.

Ричмонд, Британска Колумбија

Овој град во Канада има Ноќен пазар кој се смета за најголемиот азиски маркет од овој вид. Тамошните готвачи подготвуваат храна според рецептите од нивните предци, но ја комбинираат со нови техники, па има вкусови коишто може да ги дегустирате само таму.

Геонџи, Јужна Кореја

Овој град е многу популарен во Јужна Кореја, но туристите од Европа сè уште го немаат откриено бидејќи мал број од нив доаѓаат овде. Единствен е по специфичната храна. Посетителите на овој град можат да бираат дали ќе дегустираат рецепти кои се стари илјадници години или сакаат да пробаат храна која се темели на зеленчук и која се служи во храмовите.

Милвоки, Висконсин

Овој американски град има автентична понуда на храна. Најпознат по козјата сурутка, нивните единствени кобасици и локалното пиво кое се произведува таму.

Акре, Израел

И во овој град може да пробате необични специјалитети со зачини и вкусови кои ги нема на друго место. Овој град е полн со ресторани во кои на секој чекор се нудат автентични специјалитети на кои нема да можете да им одолеете.

Марсеј, Франција

Марсеј ја смени понудата на храна за да ги задоволи желбите на новите туристи. Кога во 2013 година беше прогласен за престолнина на културата, имаше наплив на туристи. Затоа, во овој град, на менито се вратени специјалитети со африкански корени и со оваа храна се воодушевени сите туристи.

Сараево, БиХ

Во овој град, при подготвување на храна се користат локални намирници на инвентивен начин. Домашните намирници се додаваат скоро на сите јадења, месо и печиво, па вреди да ги пробате вкусните специјалитите на тамошните готвачи.

Хобарт, Австралија

Готвачите во овој град се премногу креативни за да готват само класични јадења од морски плодови, па затоа постојано воведуваат нови работи во менито за да им дадат посебен шмек на јадењата.

Окланд, Калифорнија

Локалните состојки во комбинација со техниките на подготвување кои се стари неколку генерации го прават ова место да биде специфично подрачје со единствена храна. Додека ги јадете тамношните јадења ќе се запознаете со начинот на кој живеат мештаните. Ќе уживате во пилешко подготвено на јапонски начин.

Корк, Ирска

Туристите ќе уживаат во рецептите кои се пренесуваат од генерација на генерација, а особено ќе уживаат во рестораните кои имаат поглед на прекрасна природа. извор: кајгана]]>

Најопасните земји за патување во 2020 https://arhiva.vistina.com.mk/najopasnite-zemji-za-patuvanje-vo-2020/ Wed, 08 Jan 2020 13:50:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=127855

Според новата интерактивна Travel Risk Map, направена за љубителите на патувања, најопасни места за туристи во 2020 година се Либија и Сомалија. Годишната мапа на ризични патувања ги открива земјите во кои повеќето посетители имаат проблеми со работи поврзани со нивната безбедност. На врвот на листата се најдоа Либија и Сомалија, а веднаш зад нив се Авганистан и Венецуела. Најдобра е состојбата во Финска, Норвешка и во Ирска, кога ќе се земат предвид сите фактори. Кога станува збор за здравјето, најголема е веројатноста дека ќе го загрозите со патувања во Нигерија, Гвинеја, Сиера Леоне, Либерија, Јужен Судан, Еритреја. Меѓу земјите со многу мал ризик од зарази и болести повеќето се во Европа, канада САД, Нов Зеланд, Австралија, Јужна Кореја и Јапонија. Што се однесува до насилството, најпроблематични се Авганистан, Сирија, Јемен, Ирак, Сомалија, Либија и делови на Нигерија. Најбезбедни земји се Норвешка, Гренланд, Финска, Швајцарија и Словенија. извор: кајгана]]>

Ова се трите најбезбедни држави во случај на катаклизма, трета светска војна и пандемија https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-trite-najbezbedni-drzavi-vo-sluchaj-na-kataklizma-treta-svetska-vojna-i-pandemija/ Thu, 17 Oct 2019 11:15:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=113183

Универзитетот Отаго во градот Данидин, Нов Зеланд, објави истражување околу тоа кои места на земјата би биле најбезбедни и со најголеми шанси за спасување и преживување во случај на катаклизма, трета светска војна и посебно при пандемија. „Инфицираните можат лесно да ги минуваат копнените граници, па така- затворен остров каде има доволно залихи, би можел да прифати население кое потоа, по катастрофата, може повторно да ја насели планетата,” се вели во анализата. Во таа смисла, малите острови се неповолни како засолништа. Според научниците, за обновување на цивилизацијата ќе биде неопходно меѓу одбраните преживеани да има и научници, технички експерти и научни специјалисти. Според тоа, местата без копнени граници, каде што населението надминува 250.000 луѓе, се најпогодни за спас на човештвото. Во трудот, предвид се земени и политичките и социјалните услови, како и квалитетот и количеството на природните извори и климата. Така, најбезбедни земји при евентуална апокалипса, се Австралија, Нов Зеланд и Исланд. Според новозеландските научници, овие држави најуспешно ќе се справат со катаклизма или пандемија. извор: Курир.мк]]>

Како државите ги добиле своите називи https://arhiva.vistina.com.mk/kako-drzavite-gi-dobile-svoite-nazivi/ Fri, 20 Oct 2017 11:53:57 +0000 http://vistina.mk/?p=752

Истражување спроведено во Оксфорд, а засновано на 195 независни држави во светот, вели дека државите и нациите ги добиваат своите имиња на четири принципи…  
Првиот начин на именување е – географската местоположба. Еве и примери од студијата: Норвешка значи „северен пат“, а Австралија – „јужна земја“. 2. Племе или народ Германија и Германците го носат името на древните Германи. Франција го добила името по старогерманското племе Франки, кои биле основачи на Франкското Кралство на таа територија. Сличен е и случајот со Русите, кои иако се словенски народ, го носат името на старогерманското нордиско племе Рус. Виетнам е именуван според народот Виет на југот од земјата, а Италија според древното племе Италци. 3. Одликите на територијата и населението Алжир го добил своето име според главниот град, а самото тоа пак, во превод значи „остров“. Костарика значи – „богат брег”, а Барбадос – „брадестиот”, т.е. оваа земја го добила името по дрвото бањан коешто личи на брадеста смоква. Босна го добила името по реката Босна. Швајцарија го добила името според областа Швиц во средишниот дел на земјата. 4. Позната личност Америка го добила името според Америго Веспучи – италијанскиот морепловец кој прв го дефинирал копното како нов континент, за разлика од Португалецот Кристифор Колумбо, којшто мислел дека тоа е дел од Азије, поточно – Индија. Филипините го добиле името по кралот Филип Втори, Кина според древната династија Ќин, додека пак, Израел својот назив го добил по еврејскиот изговор на името на Јаков – таткото на еврејскиот народ. Македонија е старо, древно име, и никој досега точно не утврдил како тоа настанало. Холандскиот лингвист Роберт Бекс смета дека самиот збор има претхеленско потекло. Најпопуларна е теоријата дека на древните јазици називот Македонија значел „висока земја“ или „високи луѓе“. Некои истражувачи пак, велат дека тој може да се толкува и како „мајката земја“, или пак, дека потекнува од името на митскиот бог Македон. Извор: Курир.мк
]]>