држава – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 20 Nov 2023 11:24:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png држава – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 За Шакира почнува тешка судска битка: Обвинета e дека не платила 14,5 милиони евра данок https://arhiva.vistina.com.mk/za-shakira-pochnuva-teshka-sudska-bitka-obvineta-e-deka-ne-platila-14-5-milioni-evra-danok/ Mon, 20 Nov 2023 11:24:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327684

Шакира ќе оди на судење во Барселона под обвинение дека не платила 14,5 милиони евра шпански данок на доход во периодот од 2012 до 2014 година. Пејачката претходно најави дека ќе се бори против, како што рече, лажните обвинувања. Шакира тврди дека го платила она што даночната управа кажала дека го должи пред да ја поднесе тужбата и инсистира дека во тој период не живеела во Шпанија, бидејќи како што вели нејзината работа ја довела до „номадски живот“. Таа ја отфрли спогодбата на обвинителството за затворање на случајот и се очекува да сведочи во понеделник на првото од 12-те рочишта закажани до 14 декември. Обвинителството бара казна затвор до осум години за Шакира и враќање на даноците што таа наводно ги должи. Во обвинението се наведува дека Шакира престојувала во Шпанија повеќе од половина од секоја година за време на инкриминираниот период. Исто така, се нагласува дека имотот во Барселона, кој го купила во мај 2012 година, служел како нејзин семеен дом. Шакира живееше со поранешната фудбалска ѕвезда на Барселона и Шпанија, Жерар Пике години и парот има две деца. Пејачката, чие целосно име е Шакира Изабел Мебарак Рипол, по разделбата со поранешниот партнер се пресели во Мајами. На Шакира ќе и суди судијата Хозе Мануел дел Амо Санчез, а во текот на постапката ќе бидат слушнати повеќе од 100 сведоштва. Шпанските власти гонеа други познати личности за затајување данок, вклучувајќи фудбалери како Португалецот Кристијано Роналдо, Аргентинецот Лионел Меси и бразилско-шпанскиот играч Диего Коста. Во сите три случаи фудбалерите платиле големи казни. Сепак, шпанскиот Врховен суд минатиот месец ја потврди ослободителната пресуда за тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, кој исто така беше обвинет за затајување данок. Алонсо ја отфрли спогодбата и на крајот го доби судењето. фотоInstagram printscreen Shakira/nicolasgerardin]]>

Државата нема „слух“, а град Скопје е „глувонем“ за музиката на македонската музичка легенда: Дарио Панковски со концерт ќе одбележува 40 години кариера – „соло“, без ничија поддршка (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/drzhavata-nema-sluh-a-grad-skopje-e-gluvonem-za-muzikata-na-makedonskata-muzichka-legenda-dario-pankovski-so-kontsert-ke-odbelezhuva-40-godini-kariera-solo-bez-nichija-poddrshka-foto-video/ Tue, 17 Jan 2023 08:43:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284487

Дарио Панковски или само Дарио, е еден од оние македонски музички ѕвезди кој цели 40 години гради кариера во континуитет, нижејќи низа од хитови, зашто секоја негова нова песна бргу станува екстремно популарна и мошне слушана или останува една од оние вечни балади за кои велиме дека се евергрини за сите времиња. Како по обичај работи полека, натенане, ама кога нешто ќе сработи, нема шанси тоа да не го убоде таму каде што најмногу треба: И во  ушите и во душата и срцата на неговата публика. Иако неговите песни можеби за некого , особено за „некои од новите клинци“ не се модерни, современи, во духот на времето, ама затоа се безвременски. Полни со страст, емоции, душа исполнета со чувства кои не бледеат, туку само како живи рани притискаат враќајќи ги мислите, што тоа направивме, каде згрешивме, можеше ли да биде поинаку… И во љубовта и во животот. Во нив среќата и тагата се испреплетуваат низ клопчето на животот, наизменично издигајќи го едното чувство над другото и обратно… Како црно и бело, како плус и минус, како почеток и крај, како студена бистра вода и одлежана лута ракија… Токму затоа, после точно 17 години од незаборавните концерти во култната „Универзална сала“, Дарио и неговиот придружен бенд „Миг 21“, ќе одржат ексклузивен концерт на 17-ти февруари во Македонската филхармонија. Концертот по повод 40 години континуирана успешна кариерата на пејачот кој  ги опеа и радоста и тагата залеани и со „Дупла вотка“ и со „Ракија“, а сето ова во рамките на проектите со кои и „Авалон продукција“ слави 30 години постоење... Единствените кои покажаа интерес да бидат поддршка за јубилејот на една од најуспешните и најголеми наши  поп ѕвезди. Зашто државата нема „слух“, а град Скопје остана „глувонем“ за музиката на македонската музичка легенда... „Јас сум вложувал и вложувам во себе колку што ми се можностите, па така од петни жили се трудев овој концерт да го направам. Но, државата не беше заинтересирана, град Скопје не беше заинтересиран, па дури не ми ни вратија одговор зошто и како... Најголемите фирми во Македонија со кои индиректно исконтактиравме исто така не покажаа некој голем интерес, за 40 години константна и успешна музичка кариера“ - изјави меѓудругото Дарио кон крајот на минатото лето во своето интервју за „Репортер“ (КЛИКНИ ТУКА на 27:00 минута). “Македонската публика ќе има можност, во блиска средба со македонската поп легенда, да ужива во многуте безвременски хитови изведени во живо со Миг 21, во уште поатрактивни аранжмани од студиските верзии. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (18-ти јануари) од 9 часот наутро онлајн на аvalon.mk и ширум продажната мрежа на Aвалон по цена од: 1.200 денари и Вип влезници по цена од 1.500 денари”, велат од Авалон продукција. Фото: Инстаграм притскрин/dariopankovski  ]]>

Укринската победничка на Евровизија ја напушти Украина и сега е во Турција: Се вклучи во емисија во живо и откри како се чувствува https://arhiva.vistina.com.mk/ukrinskata-pobednichka-na-evrovizija-ja-napushti-ukraina-i-sega-e-vo-turcija-se-vkluchi-vo-emisija-vo-zivo-i-otkri-kako-se-chuvstvuva/ Wed, 02 Mar 2022 10:00:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=241287

Пејачката Џамала која во 2016 година победи на Евровизија, по бегањето од Украина сокривиште најде во Истанбул, Турција. Џамала во 2016 година ја претставуваше Украина на Евровизија. Таа сега ја напушти сопствената држава поради нападот на Русија. -Русија ја напаѓа мојата земја. Мирни луѓе во украински градови. За мене ова е глупост. Потребна ни е помош оф целиот свет. Оваа војна мора веднаш да заврши, порача таа. За време на викендот, пејачката на Инстаграм објави дека заедно со децата ја напуштиле Украина без нејзиниот сопруг кој останал да ја брани нивната држава. По доаѓањето во Истанбул, пејачката се вклучи во емисија во живо и зборуваше за напуштањето на нејзината земја. -Вечерва пристигнав во Истанбул кај сестра ми. Одлучив да го напуштам Киев вечерта на 24 февруари кога во близина на мојата куќа се слушна експлозија. Одлучивме заедно со семејството да одиме во Западна Украина. Таму поминавме една ноќ со некои луѓе. Размислувавме таму да останеме и да чекаме да се разјасни ситуацијата, изјави таа. Меѓутоа, откако беше заробан аеродромот во близина на Киев, одлучила да ја напушти земјата и сокривиште да најде во Истанбул. -Немам доверба. Дури и во 2016 година кога со песната „1944“ бев на Евровизија се беше поразлично. Во цела Русија се водеше кампања против моето семејство. Не се чувствувам сигурно, додаде пејачката. фото: Kann News/инстаграм]]>

Кога државата нема слух за естрада и дома ништо не се случува: Елена Ристеска селектира, организира и промовира фестивал во Црна Гора (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-drzavata-nema-sluh-za-estrada-i-doma-nishto-ne-se-sluchuva-elena-risteska-selektira-organizira-i-promovira-festival-vo-crna-gora-foto/ Fri, 26 Nov 2021 09:33:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228899

Во Македонија многу нешта, особено последниве неколку години можеме слободно да ги прогласиме „за умрено“... Вклучувајќи ја и естрадата. Оваа, како ниту една власт досега, толку многу е „глувонема“, толку многу нема слух за овој и тоа како важен сегмент на културното и општесвеното живеење, особено кај помладите генерации, што е просто неверојатно како обете воопшто се' уште опстануваат: И власта и естрадата?! Ако е за утеха, власта по дебаклот на локалните избори е во ногдаун, на стаклени нозе и на заминување, додека естрадата како - така, некако се одржува во живот... на апарати! Фестивали нема, манифестации кои го вреднуваат трудот и работата на авторите и изведувачите исто така, големите концерти на домашните ѕвезди станаа мисловна именка, а и онаие трошки леб што им останаа на естрадните уметници сакаат да им ги земат со се' построгите рестрикции и мерки... Божем Ковид -19 пандемијата настана во кафеана, кафуле или дискотека...!? Медиумите, особено оние најмоќните - телевизиите во спрега со политиката, естрадата ја шутнале некаде во аголот или ја заборавиле во подрумот на своите програмски шеми. Главни ѕвезди им се коекакви „политички шиљоку*ани“ и тобожни надри експерти за се' живо што има допир со политика во дебатните емисии и секако, „нивното величество“ - турските серии во телевизискиот „прајм тајм“ од 18 до 23 часот.   Се' што има врска со естрада, па и забава генерално, е ставено под лед, заклучено во „шупа“. Потоа се чудиме зошто децата ни одат да пеат на „Пинк“ или на „Гранд“, на овој или оној фестивал по државите од биша Југа, зошто македонските пејачи добиваат награди на МАЦ во Белград, а не како до пред некоја година на „МАРС“ (2007-2017) во Скопје или нешто пред тоа на „12 Величествени“ (1991 -2004), кои кога ние ги имавме во почетокот на 90-ите, сето претходно споменато и не постоеше. Ама не постоеа ниту „пазарџии и пиљари“ во власта, „сељобери“ во политиката, црпнати и шутнати од едикојаси вуко*ебина на стратешки места во државата, та истите денес биле на власт, утре во опозиција, или обратно, сеедно! Не е сеедно што „мува не ги лази“ за културата, уметноста, субкултурата, естрадата... Иако истите се први што се јавуваат од своите кабинети за гратис влезници, за нацртани во ВИП ложите на концерт Цеца да „наполнат душа“ или на Дејвид Гета, на џез, блуз... за да бидат видени, оти тоа е модерно! И додека домашната естрада некако живурка на апарати кои државата се труди и нив да им ги исклучи, оставени сами на себе, авторите, изведувачите, музичарите, се снаоѓаат кој како и колку може. Од свадби и веселби, до ситни тезги во кафеана или кафуле и понекоја во ноќен клуб. Се свири и пее едвај колку да се преживее. Оние малку пореномираните и поафирмираните се обидуваат да ја прејдат границата и да се обидат нешто да направата и надвор од Македонија. Некој со настапи по Србија и чат-пат Хрватска како Калиопи на пример, некој во малку поинаква улога, како што тоа деновиве го прави Елена Ристеска. Имено македонската поп пејачка и текстописец замина најпрвин за Белград, а пото за Црна Гора каде е дел од селекционата комисија, организацијата и еден од промотерите на фестивалот насловен  “Наше море, наше скале” во Херцег Нови,   кој ќе се одржи во јуни 2022-ра година. И бидејќи оние што знаат, знаат дека фестивал се подготвува цела година, навреме собраа познати ѕвезди од регионот како дел од екипата која треба да даде свој придонес во жирирањето и селктирањето на песните и учесниците, да помогне со свои идеи и предлози во организацијата, а со својата популарност како познати музички лица, да го промовираат фестивалот. Елена сподели неколку фотографии од средбата и работната атмосфера со колегите во Херцег Нови, а покрај нив и пост во кој појаснува:
„Огромна чест ми е да споделам со вас дека сум дел од официјалната комисија за избор на песни и пејачи на фестивалот “Наше море, наше скале” во Херцег Нови, Црна Гора. Задоволство ми е што заедно со @djordje_david i @danijel_alibabic ќе ги избираме песните што ќе влезат во потесна селекција за учество на фестивалот кој ќе се одржи во јуни 2022ра година , целосно нова приказна за целата балканска музичка сцена. На оваа прес конференција јас сум претставник од Македонија, Данијел за Црна Гора и Ѓорџе Давид за Србија и покрај комисиска улога, имаме и промотерска улога и сме дел од организацијата. Благодарам за поканата на организаторот “Адриа и Јадран медиска група” @adria__tv со која од денес па натаму ќе имаме одговорна задача да одбереме убава шоу програма на фестивалот. Јас од црногорските фестивали и црногорската публика ја имам поддршката во кариерата уште од самите почетоци, покрај неколкуте учества ги имам и двете прекрасни награди за “Дебитант на годината” и за “Дует на годината” со Регина, истата година и ден кога бевме и предгрупа на концертот на Ролингстоунс во Будва. Нека ни е среќно и успешно ова патешествие“ - напиша Ристевска на својот Инстаграм профил, испишувајќи нова страница во својата музичка кариера. И додека регионот граби напред, естрадно, музички,  културно и уметнички поврзувајќи се и споделувајќи ги овие вредности, ние како „отепани од безнадежност“ апатично дремеме и се' уште чекаме да ни направат нова „Универзална сала“...! Оти сме единствената престолнина, а со тоа и држава на Балканот, а можеби и во Европа која нема своја специјализирана концертна сала!]]>

Игор Џамбазов објасни зошто е подобро да си писател отколку политичар, па не потсети и на „златните времиња“… негови и на државата Македонија! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-objasni-zoshto-e-podobro-da-si-pisatel-otkolku-politichar-pa-ne-potseti-i-na-zlatnite-vreminja-negovi-i-na-drzavata-makedonija-foto/ Tue, 14 Sep 2021 09:30:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218992

Игор Џамбазов го нема, го нема, а сепак, насекаде го има... И кога го нема, најприсутен е тогаш, зашто одненадеж однекаде ќе „изникне“, за нешто да каже, да направи, обзнани,... и пак ќе исчезне некаде во длабочината, во внатрешноста на оваа наша држава, милата ни Македонија. Така, Џамбаз деновиве дотрча од југот во македонската престолнина за да присуствува на Саемот на книгата кој се одржува од 08 до 14-ти септември. Таму Игорче понеделнички, на претпоследниот саемски ден  ги потпишуваше своите книги, издадени последниве години. „Саем на книгата, 13ти септември, 18 часот, на штандот на @knizarnica_tri, ќе ги потпишувам моите книги. Повелете да се дружиме... на дистанца. Подобро да издадеш книга, отколку државата. Подобро да потпишуваш книги, отколку лоши договори...“ - напиша Игор на Инстаграм канејќи ги читателите да дојда на заедничко дружење, како вовед во запознавањето со четивото на авторот. Тие го послуша, па му возвратија со доволно масовно присуство и веројатно уште подобар „пазар“. И за авторот и за издавачот.  Впрочем, не попусто Џамбазов тврди дека е подобро да си писател отколку политичар. Можеби е заработката многу помала, ама затоа задоволството далеку поголемо. А и Шутка и Идризово... никогаш не ти висат над глава! Затоа е подобро да издадеш сопствена книга, отколку сопствената држава, ама за жал кај нас далеку е помал бројот на талентирани за пишување, отколку за пикње раце до лакти во државна каса! А кога сме веќе кај државатаи договорите, уште следниот ден Џамбаз посети на „златните времиња“... Негови и  на државата Македонија. Почетокот и средината на 90-ите или првите десеттина години од независноста, кога на народот и државата „се' уште и цветаа рози“.  До душа, малку подоцна  се покажа дека биле пред свенување, ама сеедно... Тогаш се живееше подобро, послободно, подостоинствено и побогато... Со еден збор многу понормално, а „секирата во медот“ им беше падната на многумина, па и нему... на Џамбазов. Златната ера на „Супер бинго“, со продажба од над 300-350.000 ливчиња седмично, а добро упатените велат Игор имаше од секое ливче по еден денар. Наводно таков му бил договорот со тогашните газди од „Тутун промет“ кои го „стопанисуваа“ бингото. Вистина или не - никогаш не беше потврдено... Ниту пак демантирано, од никого! Останаа само спомените на „златните времиња“... Негови, на телевизијата, на државата... Македонија! Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov]]>

„Македонијо златна… јака ти душа“: Игор Џамбазов ја разреши или само одново ја загатна дилемата, до државата ли е или до народот? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonijo-zlatna-jaka-ti-dusha-igor-dzambazov-ja-razreshi-ili-samo-odnovo-ja-zagatna-dilemata-do-drzavata-li-e-ili-do-narodot-foto/ Tue, 31 Aug 2021 08:47:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217336

„Каков народ - таква држава“ - вели една позната поговорка, ама дали е баш така, никој не е до крај сигурен во кажаното?! Точно е дека власта си ја бира народот, ама кај нас мора да има некој скриен парадокс, некоја латентна фалинка, штом 30 години вака ни оди како што ни оди со државата, а еден куп власти и владеачки коалиции и се „изнаредија“ на нашава кутра Македонија! Ќе го реши ли проблемот генерален „мастер ресет“ на системот или грешката е во генетскиот код на народот? Прашање или поточно дилема на која никој не може точно да одговори. Најдобар доказ за тоа се и последните примери со новите мерки за ковид пандемијата. Вакцинација, па вакцинација, сертификат и за влез во нужник на првото кафуле ти бараат, ако не дај Боже те спотера среде град, бидејќи јавни тоалети - нема, а за пиење кафе без да покажеш дека си „боцнат“ барем еднаш и муабет да не праиме?! Арно ама, народот е „жив ѓаол“ и не можеш баш така да го правиш „будала“, зашто ионаке веќе доволно „збудален“ од се' што му се случува по сите основи, на сите полиња. Патем, кај нас како што е познато се фалсификуиваат лични карти и пасоши, па за сертификат за вакцинација збор не станува... Само ти посакај. Се разбира на црно, за 50 евренца! Ова ионака е јавна тајна, па јавно го обзнани и нашиот шоумен Игор Џамбазов на својот Инстаграм профил. Со тоа ја разреши или само одново ја загатна дилемата, до државата ли е или до народот? Или ќе да е до двете? Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov/pansionprespav  ]]>

Аца Лукас откри колку пари изгубил на комар, а сепак не бара помош од државата (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aca-lukas-otkri-kolku-pari-izgubil-na-komar-a-sepak-ne-bara-pomosh-od-drzavata-video/ Wed, 30 Dec 2020 11:50:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183363

„Реков дека никогаш нема да се коцкам кога изгубив многу пари, па повторно го сторив тоа. Изгубив 200 илјади евра. Барем имав тезги па изгубив, а овие мои колеги бараат помош... Нема работа, нема работа, а некои што добија помош од државата, како да имаа короната веќе десет години. Никој од нив не направил ништо последниве десет години. Срамота за оние што бараат помош од државата, треба да се засрамат од тоа. Една пејачка рече: „Короната ме уби, немам работа, немам леб да јадам“. А не кажува  дека немалеб веќе десет години, никој не и се јавува, не ја бараат за настапи. Срамота е и некој што има пет стана, да бара помош од државата“ - рече Лукас во емисијата „Амиџи шоу“. https://www.youtube.com/watch?v=8QN-z0OPycs&feature=emb_logo  ]]>

Елена Велевска со „доказ“ регираше на „дното“ на таканареченото новинарство: „Колку болен треба да е човек за да измисли вакви невистини?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-velevska-so-dokaz-regirashe-na-dnoto-na-takanarechenoto-novinarstvo-kolku-bolen-treba-da-e-chovek-za-da-izmisli-vakvi-nevistini-foto/ Fri, 11 Dec 2020 08:45:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180271

Во ова држава дефинитивно не се знае „кој пие , кој плаќа“? За жал цехот, на крајот го плаќаме сите ние, а најмногу оние што најмалку треба... Ни криви ни должи! Дефинитивно го допревме дното во многу нешта, во кои за жал, предничат медиумите и новинарската професија. За пристрасност, необјективност, платени „политички пискарала“, новинарски „питбули“, партиски медиуми, „копи-пејст“ неписмени препишувачи и шерувачи на туѓи вести... и слично, оддамна приказната е позната.  Повеќето „новокомпонирани“ медиуми, се буквално токму тоа. Тежок „турбофолк“, шунд од најнизок ранг во некогаш благородната професија, гордо наречена „седма сила“, која сега не е ни илјада и седма, а камо ли седма, а за сила и да не зборуваме. Зашто ако е силата да бидеш туѓ климач со глава, безгласен и безрбетен соопштувач на туѓи мислења, платен „дворски шут“ на политичкиот двор или естрадна „дворска будала“, само затоа што мислиш дека така ќе бидеш „прв човек до царот“ или до народот сеедно, мора да си идиот... И тоа од од најнизок ранг, во морална смисла секако! Ваквата состојба е некако најизразена во онлајн медиумите на новото време, порталите, кои кај  нас се' уште неподлежат под строга законска регулатива, па така нерегулирани, всушност го уништуваат еснафот кој ионака политиката го обезличи, изгнаси и клекна на колена. Така засилени дека се' им се може, без грам човечка, а камо ли новинарска етика, без достоинство, норми и  граници до каде, што се' може и во колкава доза, поединци земаа таков замав, што си земаа за право на нивните порталчиња да осамнуваат наслови и написи со најдолни гнасотии. Дно-дна од најнизок вид, статии кои всушност не се ни тоа, туку збирштина од лични навреди, понижувања, омаловажувања, гадости, гнасотии... за кои се во најмала рака се казнува. По маалски со ќотек, правно со судска тужба, прекршочна или кривична пријава, со санкција во вид на парична или затворска казна... Ама да имаше асална држава, судство и закони како што треба... Вака, останува на самонаречените пискарала од дома  да им се може да „плеснат“ што ќе им падне на тоа малку што го имаат во главата, и никому ништо... Се додека не налетаат на некој „рунтав под носот“, па по маалски да им „укаже и превоспита“! Последниот случај на една од најреномираните и најпопуларни македонски фолк пејачки Елена Велевска е уште еден пример во низата, „уште една цигла во ѕидот на срамот“ на македонското онлајн новинарсто, ако така можат ваквите небулози и тие што ги чкртнале да се наречат. Имено, пејачката на својот Фејсбук профил се пожали на она што осамнало во неколку наврати за неа на еден ист портал, обзнанувајќи ги насловите и написите кои навистина се граничат со новинарско дно. Збирштина на лични навреди и понижувања кои ни приватно, „of the record“ не би ги кажале, а камо ли напишале и јавно објавиле во нешто што треба да се декларира како медиум, а всушност излегува дека  „ѕиден весник на срамот“... На оној сопствениот, секако, кој сакајќи да го извалка ликот на естрадниот уметник, само ја валка професијата, уште повеќе тонејќи ја во калта, а себеси во „септичката јама“ на сопствениот примитивизам и простотилук. Зашто тука од новинарски еснаф - нема ни „Н“! Велевска со право реагирала и тоа прилично културно и коректно, во однос на за неа напишаното и објавеното, само кусо посочувајќи ги принскриновите од „писаниата“ како „доказ“ со нејзин коментар на истите: „Колку болен треба да е човек за да измисли вакви невистини... Дно кое може само ваков портал да си го дозволи“ - искоментирала пејачката. И со полно право... Но, вистинскиот коментар или подобро,  вистинското прашање е како може државата да си дозволи вакви медиуми (ако тоа вопшто и се) да постојат? Метаморфозираните бришачи на „неподобни вести и видеа“  бришат од Фејсбук и Јутјуб се' што и пречи и ја загрозува власта, а глумат етичари, истата таа власт се заканува дека ќе апси и казнува за ширење лаги, навреди и говор на омраза, новинарските здруженија и синдикати се најгрлати кога некој ќе им чепне во „спокојот на политичко - медиумските платеници“, естрадните здруженија организираат протести за немање можност да си го зарботат лебот само кога се загрозени колективно, а поединечно...? Ќе имаат ли сега сите тие доблест да реагираат на ваквите недолични понижувања на новинарската професија, на естрадниот еснаф и на личноста и нејзиното пред се', човечко достоинство, кое во случајов е најмногу загрозено и погодено? Ало, Кривичен, МВР, ЗНМ, МАН, СЕММ - Совет за етика во медиумите, Синдикат на новинари, Естрада на Македонија... се слушаме ли? Или треба да ве слушаме само кога Вас ве боли, а за тие заради кои постоите кога најмногу ќе ги заболи - „баш ве боли“?  ]]>

Цеца и Ана Бекута се огласија по написите дека земала финасиска помош од државата поради короната https://arhiva.vistina.com.mk/ceca-i-ana-bekuta-se-oglasija-po-napisite-deka-zemala-finasiska-pomosh-od-drzavata-poradi-koronata/ Fri, 31 Jul 2020 08:25:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161412

Во одредени српски медиуми се појавија написи  кои естрадни уметници земале финансика помош од државата поради пандемијата со коронавирусот. Меѓу списокот на пејачи кои три месеци добивале по 250 евра од државата се најдоа Ана Бекута, Цеца Ражнатовиќ, Неда Украден, Лепа Брена…. По тој се огласија и Ана Бекута и Цеца Ражнатовиќ кои ги демантираа овие пишувања.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by C E C A (@cecaraznatovic) on

„Шокирана сум што се објавени вакви податоци пред претходно да бидам пршана за коментар. Како прво, никогаш не сум земала помош од државата, ни денар. Како второ, сметам дека таа помош им е потребна на луѓето на кој им е нарушен семејниот буџер поради ситуацијата. Ова го правам за да ставам точка на лагите и измислиците кои се пласираат пред претходно да се проверат“ изјави Цеца. И Ана истакна дека не земала ни динар, туку дека се’ стекнала сама. „Морам да признам дека ништо немам земено од државата. Па ни тие 90 000 динари. Потенцирам дека се’ стекнав сама и никогаш немам земено ни денар. Тие пари ги оставив на луѓето на кои им се потребни“ изјави Бекута.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1) on

]]>

Oвие пејачи од српската естрада прифатиле финансиска помош од државата поради короната https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-pejachi-od-srpskata-estrada-prifatile-finansiska-pomosh-od-drzavata-poradi-koronata/ Thu, 30 Jul 2020 07:56:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161201

На почетокот на пандемијата со коронавирусот, властите во Србија одлучија на малите и средните претпријатија да им уплатат трипати по 250 евра ( за април, мај и јуни) за може полесно да ја поднесат финасиската криза. Таа привилегија ја искористија и многу познати пејачи, односно оние кои имаат регистрирано фирма на свое име, пишува курир.рс На списокот на познати кои ја искористиле финансиката помош од државата се: Цеца Ражнатовиќ, Неда Украден, Владо Георгиев, Саша Поповиќ, „Гранд“, Лепа Брена, Ана Бекута, Николија Јовановиќ, Реља Поповиќ, Теодора Џехверовиќ, Стефан Ѓуришиќ Раста, Драган Којиќ Кеба. ]]>