дрво – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 01 Sep 2022 00:11:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дрво – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Милица го покажа задникот качена на дрво, а Карлеуша и порача да се симне и да го донесе ајварот што го ветила (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/milica-go-pokaza-zadnikot-kachena-na-drvo-a-karleusha-i-poracha-da-se-simne-i-da-go-donese-ajvarot-shto-go-vetila-foto/ Thu, 01 Sep 2022 09:30:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264973

Милица Павловиќ не престанува да привлекува внимание, а нејзината последна објава на Инстаграм се граничи со пристојност. Пејачката облече едноделен танга костим за капење во кој позираше и во прв план го покажа својот задник. Милица се качи на прекрасно дрво каде застана со грб кон камерата и позираше за да ги направи фотографиите што е можно попровокативни. Долгата руса коса ја врза во пунџа, но на  сите три слики, акцентот беше ставен на нејзиниот извајан задник. Павловиќ за оваа пригода избра црн костим за капење со крем пруги. На следбениците на пејачката веднаш им се допадна нејзината објава на социјалната мрежа Инстаграм, а Јелена Карлеуша меѓу првите остави коментар: - Прекрасна слика! А сега слези од дрвото и донеси го ајварот што го вети - напиша Карлеуша со насмеани емотиконски срца. Фото:Принтскрин/Инстаграм/Милица Павловиќ]]>

Стојанче Ангелов доби конкуренција… или идеја за сопствен бизнис по заминување од политиката? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stojanche-angelov-dobi-konkuerncija-ili-ideja-za-sopstven-biznis-po-zaminuvanje-od-politikata-video/ Sat, 25 Dec 2021 09:46:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188749

Стојанче Ангелов, некогашен македонски бранител во конфликтот од 2001-ва, полициски генерал, денес политичар и актуелен  Директорот на Центарот за управување со кризи и е оддамна познат на македонската јавност по многу нешта. Покрај војникувањето и политиката, екс генералот стана познат и по своите боречки вештини. Меѓу другото,  сечење лубеница со катана (сабја) врз нечии стомак додека човекот лежи и особено по кршењето ќерамиди... Со рака, односно тупаница и секако, неговата потесна или што би рекле, суб-специјалност, кршење ќерамиди со глава! Понекогаш заради тренинг и челичење, понекогаш заради облог, но и заради чиста забава, како што тоа беше на манифестацијата за доделувањето на Твитер наградите. https://www.youtube.com/watch?v=XiKQ3cBf32A&feature=emb_logo Видео кое преку ноќ стана вирален хит на социјалните мрежи, па го прослави Стојанче меѓу народот повеќе и од военото јунаштво и од политиката, во која со последните изјави покажува „визионерски способности“... Небаре е Нострадамус или маалски гатач, па во една од последните свои изјави околу коронапандемијата, генералот „претскажува“:   „Политиките на Владата, се по основ на алгоритмите на СЗО, што се покажаа како успешни. Исто така, сметам дека има учени луѓе во опозицијата, поконкретно во ВМРО - ДПМНЕ, кои и самите знаат дека доколку и тие би биле на власт, состојбата би била иста, ако ме прашувате мене, можеби и полоша“ – рече Ангелов на ТВ 21... И тоа без да погледне во стаклената кугла. И додека штипскиот „ќерамидокршач“  ја претскажува политичката иднина, веројатно морајќи свесно да замижи пред суровата реалност на сегашноста во која живееме, како што мижат и оние на кои лубеницата им лежи на стомакот додека неговата катана ја сече,  генералот доби конкуренција! Имено, Стојанче веројатно бил инспирација за добар маркетинг, па  по мотитивите од неговото „ќерамидокршачко дело“, еден македонски бренд за мебел решил да направи реклама. Со тоа што малку ги испревртеле улогите, а и дрвото не е „ќерпич“ па така лесно не се преполовува. Можеби затоа што  главниот  јунак не е „генералот“ или дрвото на „Монако“ е ептен јако? Како и да е, Стојанче  и неговиот познат удар со глава, станаа инспирација за реклама! Но, генералот не е само туѓа инспирација, зашто не е единствениот во светот што  ја користи својата глава за стекнување на не само умствена слава. По светот има голема конкуренција што за Стојанче Ангелов може да биде нов предизвик, па дури и инспирација. Конечно, видеото подолу можеби ќе му послужи како идеја за отворање сопствен бизнис. Се разбира кога мандатот на прв човек на ЦУК ќе му истече, партијата чиј коалиционен приврзок е ќе падне од власт и замине во опозиција, а Стојанче остане без својата функционерска позиција. Впрочем, секој умен политичар што знае да ја користи главата, знае дека бргу минува славата, па по паѓање од власта веќе не  припаѓаш на истата каста... Затоа, не е лошо да се има „план Б“ за иднината, а иднината лежи во „преработка“ на органската храна, која е ем уносен бизнис, како за некого овде марихуаната,  ем е здрава... Особено ако имаш цврста глава! Фото: Фејсбук принтскрин  ]]>

Почина македонскиот уметник Борис Џепароски https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-makedonskiot-umetnik-boris-dzeparoski/ Wed, 14 Oct 2020 07:55:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=171249

На 47 годишна возраст, во Германија ненадејно почина македонскиот и охридски уметник Борис Џепароски, човекот кој имаше ретка дарба да создава уметнички дела со моторна пила. Џепароски создаваше дела главно од масивно дрво на кое му даваше душа. Животот го помина на релација Охрид-Франкфурт, каде што беше на привремена работа, и иако немаше претходно уметничко образование, создаваше врвни дела. Пошироката јавност го запозна во 2006 година, кога ја изработи скулптурата на Свети Наум во природна големина, на влезот од манастирскиот комплекс „Св. Наум“. Ја работеше на своја иницијатива, но со благослов и поддршка на отец Нектариј, старешина на манастирот. Набрзо стана вистинска атракција за посетителите. Самиот тој ја означува како негово врвно и капитално остварување. -Скулптурата ја работев во еден интензивен занес, само петнаесетина часа со моторна пила, а беше осветена на празникот Богојавление- Водици во 2006 година. Јас не сум уметник по образование, ама сакам да создавам дела, велеше скромно за себе Борис Џепар. Со моторна пила има изработено многубројни уметнички дела во својата Република Македонија, која неизмерно ја сакаше, но и во втората татковина и негов втор дом- Германија. Џепар, како што го знаат охриѓани се обиде и како дизајнер во изработка на камен. Во знак на голема почит кон Тоше Проески, тој изработи гитара од посебен вид бел и црн камен, која е поставена крај неговиот гроб во Крушево.]]>

Несреќа пред домот на Лепа Брена (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nesrekja-pred-domot-na-lepa-brena-foto/ Fri, 08 May 2020 09:50:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148594

Најдобрата пријателка на Лепа Брена објави дека пред нејзиниот дом се случила мала несреќа. Ката Томовиќ објави видео кое го снимала пред домот на Живојиновиќ на Бежаниска коса. Имено, во невреме удрил силен гром во дрво кое паднало пред портата на пејачката. „Тоа така страшно пукна. Мојата ќерка седеше на фотелјата кога врисна. Тоа беше страшно“, раскажува сосетката на Брена која случајно го снимала удирањето на гром во дрвото. ]]>

Сара Мејс до нејзиниот сопруг: „Полека, смири се, не се самозапалувај“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sara-mejs-do-nejziniot-soprug-poleka-smiri-se-ne-se-samozapaluvaj-foto/ Wed, 12 Dec 2018 08:46:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=62590

Иако веќе календарски е зима, времето воопшто не наликува на ова годишна доба. Меѓутоа, зимата си носи свои предности и свои недостатоци, па така поголемиот дел од луѓето преферираат да седат дома на топло. На Сара Мејс не и пречи ладното, па го користи секој момент да ужива со сопругот Димитар Атанасовски и нејзината ќерка Илина.
 
View this post on Instagram
 
♥️

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace_official) on

Бргу по породувањето, Сара се врати на своите активности и музички ангажмани.
 
А слободното време, посебно викендите ги користи да ги помине со своите сакани. Така претходниот викенд пејачката уживаше во убавините на Бојанчиште. По прошетките на македонската убавина, таа одлучи да се стопли покрај камин. Меѓутоа, Мејс на социјалните мрежи сподели фотографија од дрво за во камин, па на Димитар му порача: „Полека, смири се, ок, не вадиме мурсули вечер, не се самозапалувај“ се пошегува Сара со водителот покажувајќи го дрвото кое Атанасовски сака да го стави во каминот.
Како и да е, веруваме дека парот со ќерката убаво го искомобинирале слободното време и си поминале семеен викенд.]]>

„Дрво си е дрво“… општинско! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/drvo-si-e-drvo-opshtinsko-foto/ Thu, 07 Jun 2018 10:02:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=31235

Два дена е блокирана автобуската станица во населба Лисиче од паднато големо дрво кое службите изгледа не најдоа време да го отстранат. Дрвото се урнало при последното невреме кое беше пред две вечери и за среќа никој не бил повреден.
Утрово на автобуската станица пред трговскиот центар во населба Лисиче, граѓаните коментираат дека општината треба нешто да превземе бидејќи дрвото им пречи,  а службите два дена седат со скрстени раце, ниту излегоа на терен, ниту наредија отстранување на дрвото - пишува порталот Курир.мк, предупредувајќи од опасноста и потенцирајќи за негрижата неспособноста на општинските власти да си ги решаваат тековните проблеми и потреби на граѓаните, кои за тоа ги плаќаат.
Од друга страна во населбата Јане Сандански - еколошка касапница. Карши поликлиниката во Аеродром глетка како да сте во пилана. Исечени дрва, нафрлани трупци насекаде, чиниш си на пункт за продажба на огревно дрво... Причината - наводно им пречеле старите липи за да го градат планираниот кружен тек... Така барем се слуша меѓу граѓаните кои живеат во блиската околина.
Ама што и да се случило и што и да прават и во едниот и во другиот случај, дрвата си останаа ничкосани среде улица. Едното од невремето, другото од пилите на општинските сечачи на СДС... А што да се прави,  кога „дрво си е дрво“... општинско!    ]]>