дружење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 09 Feb 2021 11:30:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дружење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Рутини што можат да ви помогнат да внесете позитивност во вашето секојдневие https://arhiva.vistina.com.mk/rutini-shto-mozat-da-vi-pomognat-da-vnesete-pozitivnost-vo-vasheto-sekojdnevie/ Tue, 09 Feb 2021 13:45:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188874

Еве како да си помогнете и да го промените протокот на мислите што во моментот може да биде негативен. Ако чувствувате дека не одите напред, немате волја за живот или живеете во страв, не заборавајте да побарате помош од стручни лица. Во западниот свет, одењето на психотерапевт е исто како и на стоматолог. Колку вложувате во дружење? Само затоа што во моментот не можеме да одиме на забави, концерти, ресторани и кафулиња, не значи дека треба да заборавите на пријателите. Животот продолжува, само во една друга форма и друг пристап. Поканете пријатели на видеоповик, организирајте дружење, организирајте патување секој викенд во природа на некое друго место. Постојат начини да се одржи социјалната дистанца во овие тешки моменти. Како се релаксирате? Можеби ви се чини дека работата од дома ве релаксира, но тоа е далеку од вистината. Многумина од нас воопшто не знаат како да се релаксираат, но треба да знаете да направите време за медитација, прошетки, читање, вежбање. Потребно е да се одвои време за тоа. Променете го протокот на мислите Една тетратка ќе ви помогне во ова. Запишувањето мисли е многу ослободувачко, па во моментите кога ви е најтешко, напишете на хартија како се чувствувате, а потоа запишете каква е реалната состојба зад тие чувства. извор:кафепауза.мк]]>

Синчето на Миа Костова доби незгодно прашање, на кое мама има одговор ама… оди, па кажи го да те видам!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sincheto-na-mia-kostova-dobi-nezgodno-prashanje-na-koe-mama-ima-odgovor-ama-odi-pa-kazi-go-da-te-vidam-foto/ Thu, 15 Aug 2019 07:28:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=102217

Миа Костова е во Охрид. Водителката на „Бекстејџ“ ужива во езерото и неговите убавини на летните горештини. Се разбира, со неа е и нејзиното синче, малиот Андрија.
Ама ниту тој ниту мама не се сами. Обајцата уживаат во супер друштво. Особено Андрија кој уште од малечок ја покажува својата дружељубивост и емпатија кон другарчињата, односно девојчињата, во случајов ќеркичката на една исто така позната македонска личност, музичар од познато семејство и пејач во рок група.
Деѕтската игра нема крај, особено кога си на летен одмор, а од дружбата на најмладите произлегуваат илјадници прашања и непознаници, на кои, деца како деца, си бараат одговор?!
Така додека мама Миа фаќаше позиција за што подобро да ги улови сончевите зраци, зад грб Андија и неговата мала пријателка си играа. Во еден момент малечката на синчето на Миа му постави „незгодно“ прашање: „А каде живее  татко ти?“, на кое малиот Андрија ништо не одговри.
Во тој момент мама Миа беше со мобилниот в раце, па го овековечи моментот. И од дечињата и од туѓата љубопитност, ама и од својот израз на лицето, па ги објави на своите  Инстаграм приказни.
Одговорот на прашањето Миа секако добро го знае. И кој е и каде живее. И тоа само таа и уште мал круг на луѓе околу неа. Сепак тоа е една од оние работи кои треба да останат во „кругот“... Се разбира, се' додека мама не одлучи да биде поинаку! А можеби и веќе одлучила, па одговорот е тука некаде, скриен меѓу редови на нејзините објави.
Кој умее да чита, бргу ќе сфати! Кој не... И понатаму нека се распрашува по комшии!        ]]>

Премиера на „Јужен ветер“ и дружба со актерите https://arhiva.vistina.com.mk/premiera-na-juzen-veter-i-druzba-so-akterite/ Thu, 22 Nov 2018 14:25:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=59347

Долгоочекуваниот српски филм „Јужен ветер“ конечно ќе игра и во Скопје. Со филмот доаѓа и актерската екипа. Запознавање и дружење со екипата е од 19:00 - 20:00 часот. Премиерното прикажување на филмот е закажано за  20:00 часот. Билетите се веќе пуштени во продажба. Во животот на Петар Мараш, припадник на белградската автомобилска мафија, нештата почнуваат да добиваат смисла. Го напушта родителскиот дом и со девојката Софија се вселува во својот нов стан. Кланот на кој припаѓа, а кој го води искусниот Цар(Бјелогрлиќ) работи добро. Работата е уиграна, пари има доволно за сите а полицијата не им прави никакви проблеми. Сето тоа се менува кога Мараш случајно ќе се замери со бруталниот нарко-клан.]]>

(ФОТО) Македонските „Ѕвезди на Гранд“ разменија искуства – и тоа на скопски терен! https://arhiva.vistina.com.mk/foto-makedonskite-dzvezdi-na-grand-razmenija-iskustva-i-toa-na-skopski-teren/ Wed, 28 Mar 2018 07:06:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=18074

Најласкавите коментари од жирито на регионалното музичко шоу  „Ѕвездите на Гранд“, не ретко ги добиваат македонските кандидати, кои од круг во круг доааѓаат и до победата, како лани, нашиот Ристе Ристески. Годинава на таков пат е младиот Огнен Здравковски кои ги освојува сите седум гласа на жирито, без да му најдат забелешка.
За да потсобере искуство за следниот трет круг, тој реши да се сретне со минатогодишниот македонски победник, Ристе Ристески, во едно скопско кафуле.
„Една колегијана“, напиша Огнен во описот на фотографијата, а со колегата ги „измерија силите“ во собирање „лајкови“ и коментари од обожавателите и следбенците.
Инаку, охрицанецот Ристе Ристески неодамна настапи на концертот на Марија Шерфовиќ кој се случи во Вип арената „Борис Трајковски“ во Скопје.]]>