другари – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Jun 2023 09:07:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png другари – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Секој по својот мерак: Мартин од „Некст тајм“ и одбрана дружина на ергенска забава во Париз (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sekoj-po-svojot-merak-martin-od-nekst-tajm-i-odbrana-druzhina-na-ergenska-zabava-vo-pariz-foto/ Mon, 05 Jun 2023 08:00:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304845

Браќата Мартин и Стефан од братското дуо „Некст Тајм“ живеат возбудливи денови, но највозбуден од сите е младоженецот Мартин кој ги има своите последни ергенски денови. Имено, гитаристот се решил да прави ергенска забава во Париз – Франција, разбирливо со одбрана дружина меѓу кои и неговиот брат близнак. Ергенот во одбројување го тера својот мерак, па како љубител на тенисот се реши како една од своите возбуди да биде следење меч на Ронан Гарос, а од моментите да објави неколку фотографии на својот Фејсбук профил. Секако тука беа прошетките и разгеледувбањето на знаменитости, фотки пред Ајфеловата кула... Скромни и навидум смирени момци, вљубеници во тенисот и другарската дружба, па во коментарите некој ги праша каде им се фотографиите од стриптиз клуб? Одговор ниту вербален, а камоли сликовит, брем не јавно. Браќата периодов се вратија од австралиската турнеја, а очигледно ергенската забавата е најава за свадбата што претстои. Дотогаш она што се случува во Париз, останува во Париз. За потсетување, по осум гитаристот Мартин Филиповски реши да се жени.Тој минатата година во месец септември ја побара раката на својата сакана, ракоментарката Андреа Белеска. Мартин и Андреа низ годините успеаја да функционираат и на далечина, бидејќи Андреа играше за шведски женски ракометен клуб, па според ангажманите доаѓаше и во Скопје. Андра по потекло е од Кичево, а во својата спортска кариера честопати е прогласувана за најдобар играч во тимот. Кога е закажана свадбата, засега е непознато, но веруваме дека штом ергенската турнеја низ Франција заврши, тука е и почетокот на брачниот живот. фото:Фејсбук/Инстаграм принтскрин/Мартин Филиповски]]>

Клуб на осамените срца на македонските ѕвезди (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/klub-na-osamenite-srtsa-na-makedonskite-zvezdi-foto/ Fri, 02 Jun 2023 08:00:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=299387

Кога завршува едно животно поглавје, особено љубовно, тогаш во зависност од карактерот на личноста, едни преферираат да бидат сами по крајот на врската, а пак други на некој начин се тешат со исполнето верме на ваков или онаков начин. За овие вторите, време за осаменост нема, туку само простор за разни активности и потполнување на празнината и отсуството на тој што веќе го нема. Пријателите најчесто се изборот за лаф муабет, а пак кога ќе се погоди да бидат во иста ситуација, тогаш поврзаноста и муабетот оди многу полесно и трае и трае... Во една таква слична ситуација се најдоа другарите или како што милуваат да се наречат, браќа, екс-кошаркарите Перо Антиќ и Александар Димитровски – Мачка, ама и другарките пејачката Тамара Тодевска и манекенката Катарина Ивановска. Едните во фаза на развод, а другите наводно разделени. Машката половина на осамени срца, барем на социјалните мрежи покажува дека почесто се дружи. Перо и Мачка редовно имаат повод и причина за дружба, а дека имаат заеднички муабети воошто не мора ниту да се спомне и тоа не мора да бидат само на тема поранешни. Дека дружбите им се се’ почести може да се види од профилот на Антиќ кој редовно објавува фотки од средбите. Понежните половини веќе ги нема, станаа или стануваат минато секој си знае поедниченно, дали се осамени или не, стои под прашалник, а до кое ниво стигнаа и се адаптираа како „сингл“ времето ќе покаже... фото:Инстаграм принтскрин]]>

Дарко Лазиќ повторно изненади со нова тетоважа – покрај ликот на Ал Пачино, пејачот направи уште една (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-lazik-povtorno-iznenadi-so-nova-tetovazha-pokraj-likot-na-al-pachino-pejachot-napravi-ushte-edna-foto/ Wed, 01 Feb 2023 11:24:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286896

Популарниот пејач Дарко Лазиќ замина на турнеја во Америка, а таму одлучил  да го посети тату мајсторот и  да направи уште неколку тетоважи. Лазиќ се одлучил за една  комплицирана со ликот на Ал Пачино од филмот „Лице со лузна“, додека другата ја направил во форма на реченица, а иста таква имаат и неговите пријатели. Познато е дека пејачот има неколку цртежи, па многумина шпекулираа дека новиот ќе биде посветен на Катарина, неговата девојка. Сепак, тоа и овој пат не беше случај. Тетоважата е прилично голема, го покрива речиси целото бедро, а пејачот херојски сето тоа го издржа. Освен ова, Дарко и неговите двајца пријатели истетовирале::"My life, my rules", што значи: „Мој живот, мои правила“. Тројцата ги покажаа своите нови тетоважи, а сите сѐ воодушевија. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Дарко Лазиќ  ]]>

Очигледно најдобриот другар на Дејан Драгојевиќ е Филип Цар – постојано го „спасува“ од жените (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ochigledno-najdobriot-drugar-na-dejan-dragojevikj-e-filip-car-postojano-go-spasuva-od-zenite-foto/ Tue, 06 Dec 2022 11:52:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278871

Благодарение на Филип Цар, победникот на „Задруга“ Дејан Драгојевиќ остана без сопругата Далила Мујиќ, а сега и без својата девојка Александра Николиќ. Драгојевиќ, како што вели, на ова предавство не гледа црно, туку решил да гледа позитивно. - Дејан беше емотивно многу лошо! По изневерувањето на Далила, сите гледавте како тој се самоповредува, руши и крши се пред себе, а и денеска поради тоа оди на психијатар - рекол извор близок на Драгојевиќ. -Сега е уште полошо бидејќи го изневери жената на која реши да и верува по јавната прељуба, а на која сведок беше и самата Александра. Буквално, таа најдобро знаеше како е и колку Цар го повреди со уништувањето на неговиот дом и брак, а сега и самата го направи истото со истиот тој човек - рекол изворот. Како што кажа и тој, во желба да му помогнат што побрзо да излезе, на прво место дошле неговата мајка Билјана, како и неговиот брат Давид кој не го остава ниту секунда. Го вади од дома, заедно тренираат, патуваат и му забранува да гледа Задруга. -Но, Дејан реши да ја погледне ситуацијата од позитивната страна, да се сврти кон себе и кон луѓето кои искрено го сакаат – заклучил изворот. Дека тоа е вистина потврди и самиот Драгојевиќ. - Филип Царот ќе ми стане најдобар пријател! Буквално сакам да му подадам рака и да му кажам: Ти благодарам пријателе, ме спаси од најлошите жени! - рече тој во својот блог кој стана вирален на неговиот канал на Јутјуб и објасни дека по втор пат испаднал будала бидејќи се заљубил и и верувал на погрешна личност. - Човекот буквално ми ги отвори очите, благодарам. Да не беше тој, којзнае колку долго ќе живеев во лаги. Ќе му ја врамам сликата и ќе ја чувам на ѕид - рече Дејан Драгојевиќ малку на шега, малку вистина и истакна дека повеќе не го интересира Александра и дека ставил точка и на таа приказна. Фото:Принтскрин/Задруга]]>

Мотивирачка порака на Елиф Елмас – лекција како се сака Македонија: Дијамантот блеска и кога не може да игра (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/motivirachka-poraka-na-elif-elmas-lekcija-kako-se-saka-makedonija-dijamantot-bleska-i-koga-ne-moze-da-igra-video/ Fri, 09 Oct 2020 07:06:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=170763

Фудбалската репрезентација на Македонија е на чекор до историски успех. Пандев и другарите направија „квантен скок“ со победата над Косово од 2:1 и сега останува само уште да се направи  последниот чекор, да се победи Грузија на гости и да се испише историја. На фудбалскиот терен никогаш не е лесно, особено не пред вакви важни мечеви кои се случуваат еднаш во животот. Шанса која не смее да се промаши, прилика која не смее да се пропушти... Победи, зашто кој знае кога друг пат ќе ти се пружи слична можност да ја одведеш својата земја за прв пат во нејзината историја на едно големо натпреварување. А, историјата тешко се испишува, легендите уште потешко се создаваат, но сепак и тоа е возможно. Македонските фудбалери ја потврдија тезата дека и малите нации можат да се најдат меѓу големите дивови,  иако „невозможната мисија“ се' уште не е завршено, но... ќе биде! Сега веќе никој не верува дека нема да успееме. Колку и да е тешко, а ќе биде, како што беше на теренот на арената „Тодор Проески“ во Скопје против Косово!  Императивот „мора“, понекогаш знае да биде тежок товар, страста ја убие силата, да ја согори во желбата, да ја отапи моќта, да го испразни набиениот набој... Но, знае да ти даде крилја и дополнителна сила, да те вивне над твоите можности, високо меѓу ѕвездите... Како што ги вивна нашите фудбалски момчиња, претворајќи ги во фудбалски херои, на чекор до остварување на сонот на нацијата, на дофат на испишување на нашата „фудбалска  бајка“, во која сите веруваме дека - ќе биде! На фудбалерите, селекторот, стручниот штаб, ФФМ... им беше тешко, но нему му беше уште потешко. Еден од најдобрите, новата фудбалска ѕвезда, македонскиот фудбалски дијамант, нема да може да игра - беше грозната вест која пристигна од Неапол кога се дозна дека Елиф Елмас е позитивен на коронавирусот и неговиот настап со Косово со сигурност не е можен. Тешкотија за селекторот и стручниот штаб, проблем за екипата во која еден од главните „замаеци“ ќе недостасува, најтешко - нему, на младиот фудбалски „драгуљ“, Елмас! И заради здравствената состојба, но многу повеќе заради сознанието дека нема да биде во Скопје таа вечер на теренот, заедно со екипата, со своите другари, да помогне, да придонесе, можеби да го реши мечот со асистенција или погодок! За жал, од таа коже не се можеше, но затоа Елиф не би бил само блескав дијамант на фудбалскиот терен, туку е и златно дете, личност чиј пример е за „поклон до земја“, зашто големината е една во фудбалската вештина, но величината е сосема друга во човештината, која Елмас со само еден гест покажа дека кај него е голема како планина. Младиот фудбалер, ја вклучи камерата на мобилниот од карантинот, па на работ на солзи што не може да игра, собра сили и одржа мотивирачки говор, порака на поддршка за своите другари од репрезентација, за сите навивачи, за сите Македонци, за нацијата... Лекција за тоа, како се сака Македониј, со која Елиф Елмас потврди дека „дијамантот блеска“ и кога не може да игра! Погледнете ја мотивирачката видеопорака на Елмас пред натпреварот со Косово, кој тој ја сподели на своите профили на социјалните мрежи, порака за пример, за респект и длабок наклон: ]]>

Оливера Ѓорговска пријателите „ја извадија од гаќички“ приредувајќи и шокантно роденденско изнендаување: „Згазнаа човек“ пред нејзини очи, па се „згазија од смеење“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-olivera-gjorgovska-prijatelite-ja-izvadija-od-gakjichki-prireduvajkji-i-shokantno-rodendensko-iznendauvanje-zgaznaa-chovek-pred-nejzini-ochi-pa-se-zgazija-od-smeenje/ Mon, 28 Sep 2020 07:36:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=168774

Македонската пејачка Оливера Ѓорговска пред неколку години замина во САД на усовршување на своите гласовнии можности.Постдипломските студии ги заврши, но Оли се' уште не реши да се врати дома. Згодната и шармантна прилепчанка сега го живее животот од соништата, зашто покрај школувањето и усовршувањето во ветената земја сите одат и во потрага по забава и животна среќа. За она второто се' уште не нашла финална солуција или конечно решение, ама затоа забавата не и недостасува, па пејачката ја практикува на претек. Од луди журки, до илјада и една будалаштина со пријателите, која овде сигурно не би и паднала на ум, а камо ли да ја спроведе во пракса. Во последно време таа и нејзината „весела дружина“ имаат навика да се надмудруваат едни со други, па шеговитите будалаштини да ги објавуваат, споделувајќи ги со јавноста преку социјалните мрежи, најчесто на Инстаграм. Така, во нивниот репертоар се најдоа од  магионичарски трикови, до „несолени шеги“ и „неотесани будалаштини“ кои можат да те распаметат. На Оливера денес, 28 септември  и е роденден... Нека и е среќен! Да е жива и здрава, среќна и успешна, довека! На дамите не им се бројат годините, ама затоа им се „кројат“ шегите... Оваа, што и ја „скроија“ нејзините американски другари беше предроденденска, ама затоа успешна. Имено, ден пред роденденот, друштвото тргна да оди во град. Дојдоа пред врата да ја земат, но „наводно“ автомобилот не сакаше да запали, па едно од момчињата божем легна под колата да ја поправа, а Оливера ја пратија по алат. Откако се врати со кутијата клучеви, клешти, штрафцигери... нашата убавица клекна покрај автомобилот под кој „лежеше“  момчето за да го „порава“, па ја замоли девојката зад воланот да проба сега да го стави во погон, да видат дали ќе запали. И тогаш... Трикот  Оливера „да ја извадат од гаќички“ и тоа како им упали! Погледнете во видеото што всушност се случи... Или поточно, какво (пред)роденденско изненадување и приредија другарите на Оливера.
 
View this post on Instagram
 
@itsmichaelheid @jibrizy @itsmy.kay.uh

A post shared by Oly Vera (@olyveramusic) on

]]>

Наместо поделби на ваши и наши, домашни и странци, Срби и Хрвати… во „Вардар“ соиграчите стануваат пријатели, другари, браќа, шампиони!   https://arhiva.vistina.com.mk/namesto-podelbi-na-vashi-i-nashi-domashni-i-stranci-srbi-i-hrvati-vo-vardar-soigrachite-stanuvaat-prijateli-drugari-brakja-shampioni/ Mon, 03 Jun 2019 12:05:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=91170

Вардар е европски ракометен шампион. На врвовот на Европа по втор пат за само три години. Иако соочени со сите проблеми, златните вардарови момчиња покажаа дека за шампионска екипа не се потребни само пари... Дека може и без нив да се  биде најдобар на стариот континент, ако имаш силна волја, изразена желба за успех, тимски дух, ако си екипа сплотена,  која  дише и функционира како еден организам! Но, шампионската европска круна на „Вардар“ покажа и нешто друго, нешто што само овде, во Македонија е можно. Да ги сплоти професионалците не само како тим, туку како вистински другари, како браќа иако доаѓаат од различни земји, припаѓаат на различни националности, религии, култури...
Различните знамиња на рамениците, околу појасот или во рацете на играчите на шампионскиот трон, или уште повеќе, прегратката на Србинот, Дејан Милосављев и Хрватот, Игор Карачиќ по финалниот меч се слики кои говорат повеќе од илјада зборови. Овековечени моменти кои покажуваат и докажуваат дека колку до вчера неможното на „крвните непријатели“ од балканското воено лудило, само македонското срце и душа можат како со волшебно стапче да ги претворат во најдобри пријатели, во другари, браќа, шампиони...! Затоа „Вардар“ и не е само обичен клуб, а Македонија обична мала држава на југот од Балканот... Затоа „Вардар“ е клубот од соништата, а Македонија земјата на чудата... И спортски и човечки. Каде сплотеноста на душата и срцето се посилни и од парите и од нациите и од политиката! Затоа Вардар е еден, а Македонија – вечна!]]>

Ептен безбедна: Кој ја чува Снеже Велков? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/epten-bezbedna-koj-ja-chuva-sneze-velkov-foto/ Tue, 09 Apr 2019 07:28:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=81841

Македонската ТВ водителка и пилатес инструкторка Снеже Велков призна дека  е ептен безбедна. Ја чуваат  како да е првата дама! И то не само за да биде „ВИП на еден ден“, туку ВИП за цел живот. Така барем мисли таа, ама, дали е баш така?
До оваа констатација синооката убавица дојде откако и самата се увери дека покрај неа има сигурни чувари. Еден однапред, еден одзади! А таа безбедна...
Единствено чувство кое само таа го има кога ќе ги види оние од кои сите бегаат, никому не му се омилени, па многумина кога со нив ќе се соочат занаат по нив да „фрлаат дрвја и камења“, да им спомнуваат и „мајки и шајки“, да ги прекоруваат и колнат... Арно ама - џабе!
Ако се' уште не ви е јасно во прашање е возилото за кревање други непрописно паркирани возила или таканаречениот „пајак“! Градски или центарски- сеедно! Другарите на Снеже Велков! И најверојатно само на нејзини, ако ги исклучиме оние што работат во пајак службата и нивните најблиски!
Другари, другари, ама русокосата убавица изгледа заборавила дека „пајакот“ може и да удира!
Не мислевме да се удри во вашето возило или не дај Боже во вас... На случката со скопската полицајка и „пајакот“ на Бит Пазар од пред една година мислевме...!
Па сега ти Снеже Велков види кој те чува, а кој едвај чека да „згрешиш“ за веднаш да стигне да те дигне. Кои ти се вистински другари, а кои „другари“... за пари!?  ]]>

Андреј-ДНК и другарите од средно покажаа што е тоа „мезе блуз“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/andrej-dnk-i-drugarite-od-sredno-na-bluz-sofra-video/ Mon, 17 Sep 2018 07:01:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=48213

Андреј од ар-ен-би дуото ДНК неодамна се врати од престојот по Скандинавија. Шведска, Данска... виа Скопје, зашто само дома си е дома.
А дома, покрај сето останато те чекаат сите драги луѓе, меѓу кои пејачот на ДНК најде време и за другарите.
И тоа не било кои, туку на купче повторно се собра дружината од средно... Од трета средно музичко! Малку подпроменети во изгледот, ама само малку... Но, не и во навиките. А дружбата не е дружба без две нешта: ако нема софра и песна!
А кај нив ги имаше и двете. Масата како што е редот - полна, празник за очи и за гладниот стомак, а песната - мелем за душа! И тоа не било каква и било која. До душа во ваква пригода можеби повеќето пеат поинакви песни, ама „веселата дружина од средно“ на Андреј - ДНК си остана верна на идеалот, па запејаа... „блуз на софра“!
„Похована даска“ и мешано мевце на скара, најдобро одат со пивце и... „I've been trying...“!  Анплагд  „мезе блуз“ со акустична гитара, усна хармоника и три вокали, ама не и на суво... Затоа: „Шефе, дај уште една тура“... За „дечкиве да се обидат“ уште еднаш... „I've been trying...“!  ]]>