дронови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 29 May 2020 09:06:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дронови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Хари и Меган Маркл завршија во полиција: Паника во паркот на принцот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/hari-i-megan-markl-zavrshija-vo-policija-panika-vo-parkot-na-princot-foto/ Fri, 29 May 2020 09:06:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151784

Принцот Хари и Меган Маркл завршија во полициската станица. Ситуацијата во која се најдоа многу ги загрижи, па решија да им се обратат за помош на властите. Имено, Меган Маркл и Хари живеат со малата Арчи во луксузна вила во Мулибу, далеку од кралскиот двор. Сепак, се чини дека нивното чувство на среќа заради слободата што тие ја уживаат во последно време е заменето со страв. Поранешната кралска двојка, наводно, живее во паника откако забележале беспилотни летала што летаат околу нивната куќа. Беспилотните летала летале на височина од само шест метри и биле забележани најмалку пет пати за еден месец, па затоа тие ја повикале полицијата. Иако најверојатно дроновите се управувани од папараците, тие се плашат дека терористички групи би можеле да се кријат зад сèто ова, заради некаква политичка или верска одмазда или едноставно киднапирање заради голем откуп. Како што наводно им кажале на пријателите, откако повикале полиција, тие ќе ангажираат и приватно обезбедување. „Тие постојано ги гледаат тие беспилотни летала како летаат и претпоставуваат дека ги контролираат фотографите, но не се сигурни. Меган добила закани со смрт кога се омажила, па се плашат од терористи и радикали. Луѓето забораваат дека и тие се обични луѓе, вистинско семејство. Не сакаат посебен третман, само за да се чувствуваат безбедно и приватноста во нивниот дом да се почитува“ - открил пријател за странските медиуми.]]>

ЦЕС лајт шоу: Небото на Лас Вегас го осветлија дронови https://arhiva.vistina.com.mk/ces-lajt-shou-neboto-na-las-vegas-go-osvetlija-dronovi/ Wed, 17 Jan 2018 14:21:12 +0000 http://vistina.mk/?p=9995

Небото над Лас Вегас вчера беше осветлено од светлечки дронови кои што направија вистинско шоу над популарната фонтана пред хотелот „Белаџио“. Светлечкото шоу со синхронизираните дронови е направено по повод одржувањето на најголемиот саем за потрошувачка електроника – “CES” во Лас Вегас каде што деновиве се вперени очите на целиот технолошки свет. Дроновите наречени “The Shoting Stars” биле програмирани за да летаат без да се судрат и да направат синхронизирано летечко шоу. Светлечкото шоу било организирано од компанијата Intel од каде што соопштија дека биле ангажирани 250 дронови кои што синхронизирано ја менувале траекторијата и боите, а најинтересно е тоа што со нив управувало само едно лице. Дроновите биле специјално изработени од пластика и пена, им биле вградени ЛЕД светла и поседувале исклучително добар GPS и други сензори. https://www.youtube.com/watch?time_continue=74&v=zxymra0Dppk]]>