дресура – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 14 Apr 2020 10:40:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дресура – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Културата на дресурата: Кучешка математика покажана во практика (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kulturata-na-dresurata-kucheshka-matematika-pokazana-vo-praktika-video/ Tue, 14 Apr 2020 10:31:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=144853

„Што повеќе ги набљудувам луѓето, се' повеќе ги сакам животните“ - рекол еден познат француски државник и како стојат работите денес, излегува дека не бил далеку од вистината. Но, за волја на вистината, денес има се' повеќе луѓе кои дома чуваат домашни љубимци, а повеќето од нив кучиња. Песот е најдобриот човеков пријател, барем, така се вели, но за тоа пријателство да биде уште поголемо, поизразено, поверно и доследно, добро е ако кучето ги слуша и спроведува наредбите на својот стопан. Сите ги сакаат своите домашни милинеци, но само малкумина се решаваат својот пес да го однесат на дресура. дни од незнаење, други сметаат дека за такво нешто нема потреба, на трети им е жал да го „мачат и малтретираат“, зашто тоа ним така им личи и изгледа, а се спроведува додека песот е уште мало кученце. Во ова врема на коронапандемија, кога луѓето се затворени во своите домови, особено оние кои немаат ниту двор, а чуваат куче и тие и нивниот домашен миленик се чувствуваат како во „тесна кожа“. Затворени меѓу 4 ѕида, тешко ги спроведуваат навиките и потребите кои и ние луѓето, а особено кучињата ги имаат. Потребата од простор, воздух, трчање, кондиција, игра, извршување на физиолошките потреби, обележување на територијата... Нешто што ним им е всадено во нивниот кучешки ген, па имаат потреба да го прават секој ден. Но, дали сите кучиња се исти во навиките, без оглед на расата? Дали „обичните“ домашни пци и оние, што ја поминале дресурата имаат исто однесување, навики, потреби, покажуваат иста верност, послушност, исти вештини и многу други особини. Ќе се обидеме со неколку практични видеа да ви покажеме каква е интилигенцијата, како една од многуте особини на кучињата кои ја поминале дресурата. 1. Првото видео е доказ дека и кучињата можат да „знааат математика“. Доволно е само нејзиниот стопан да ја каже посаканата бројка и волчјакот иако не знае „ниту да чита и пишува“, знае совршено да памти. Токму затоа, дресираните кучиња спаѓаат во онаа категорија со изострена меморија. Впрочем, погледнете и самите за што се работи: https://www.youtube.com/watch?v=UwPKa9m8SnE&feature=youtu.be&fbclid=IwAR3jHuVrZkh8EqTE0AN5q0BMtM4q5JTSYI2tr4m2pj59rcmXsIemBtT_Jq0 2. Но, освен тоа што имаат одлична меморија на паметење и препознавање, еве уште едно видео кое е жив доказ дека дресираните кучиња знаат и сметање. За нивната „кучешка математика“ не им треба ниту табла и креда, ниту тетратка и молив, но точната бројка знаат да ја погодат дури и во сон, зашто во главата како да имаат вграден дигитрон, па нивното математичко знаење се состои од едноставно, но прецизно лаење наместо збор, при кажувањето на точниот одговор: https://www.youtube.com/watch?v=bI3yaN8RHVM&feature=youtu.be&fbclid=IwAR1niffVInYyJpxyxkb4qMGMBpa0Px8tU6sHGtxuoe52cL9JFD8ZKV90evg 3. Но, дресираните кучиња немаат само одлично паметење и совршена меморија, туку математичката лекција може да им се темели и на визуелна перцепција. Еден и ли повеќе покажани, испружени прсти на едната рака, со исто толку кучеки лавежи како решение без мака, на поставената математичка задача. https://www.youtube.com/watch?v=pyt5cFOceyM&feature=youtu.be&fbclid=IwAR1u2OmBZX4ylgNL_jJawx8O1m9-gGtQtuAn_Fd9wfGsbnZT1atwDd8ifjg 4. А, во „веселата кучека математика“ нема само сметање, собирање и вадење, туку има броење. Па така, секое човечко броење е проследено со соодветно кучешко лаење.  За еден - еднаш, за два - двапати, за три-трипата... и така до крај. Колку броења - толку лаења. Меѓу стопанот и песот „долга љубов и чиста сметка“, а за песот... чиста „кучешка“ петка! Се разбира, сите почести и за „професорот“, во случајов - дресерот! https://www.youtube.com/watch?v=dUpSVbezOhg&feature=youtu.be&fbclid=IwAR0z9DT-ER2NmUvf_lp2NE1V-PeN1Uu2kevnn2z2Ys8lQ4B7ZK414bdW5y4]]>