драмски аматерски фестивал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 27 May 2019 11:29:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png драмски аматерски фестивал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 60 години постоење ДАФ – драмски аматерски фестивал https://arhiva.vistina.com.mk/60-godini-postoenje-daf-dramski-amaterski-festival/ Mon, 27 May 2019 11:29:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=89802

Познатиот Драмски аматерски фестивал ДАФ кој годинава одбележува јубилеј, 60 години постоење, ќе почне вечерва во Кочани и ќе трае до 1 јуни. На првиот фестивалски ден публиката ќе може да види две професионални претстави, едната е „Човекот“ пантомима на Трајче Ѓеоргиев, актер од МНТ, и хит претставата „Вардарски Пастуви“ во режија на Синиша Евтимов, а во продукција на Театар Комедија. Во следните фестивалски денови на програмата се претстави што ќе се борат за награди: „Театар Чекори“ од Скопје со претставата „Ние“, АТ „Колектив ветерница“ од Скопје со „Робоград“, гимназијата „Св. Климент Охридски“ од Охрид со „Странци“, аматерскиот театар „Репетициона 04“ од Штип со „Недоразбирање“, театар „Дунек“ од Гостивар со „Бенг бенг и мртов си“. Од Србија ќе гостува Аматерско позориште „Хранислав Драгутиновиќ“ – Прокупље, а на затворањето ќе гостува ДАХ театар од Белград со студенти од белградската академија, Македонскиот културен центар во Софија и монодрамата „Страстите на Илија“ со Игор Дамјанов. На фестивалот предвидени се и настапи на акробатски музичари, физички театар, предавања, концертни настапи, изложби и промоции на книги а ќе има гостувања и од САД, Србија, Грција, Бугарија.
]]>