драгољуб ѓуричиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 16 Mar 2021 10:52:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png драгољуб ѓуричиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бајага со насолзени очи се прости од Драгољуб Ѓуричиќ: „Неговот срце не издржа“ https://arhiva.vistina.com.mk/bajaga-so-nasolzeni-ochi-se-prosti-od-dragoljub-gjurichikj-negovot-srce-ne-izdrza/ Tue, 16 Mar 2021 10:52:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194395

Вчера, 15 март 2021 год. почина познатиот музичар, тапанарот Драгољуб Ѓуричиќ  кој свиреше во некои од најголемите екс Ју бендови и придружните групи на големите пејачки ѕвезди и ги предводеше протестните маршеви кога масите тргнаа во борбата против режимот на Слободан Милошевиќ со ритамот на неговиот инструмент. Тој ја водеше битката со коронавирусот повеќе од еден месец, но за жал на крајот ја загуби и плати со својот прерано згаснат живот. „Состојбата на Драгољуб се подобри пред пет дена и тој беше симнат од респиратор за дишење, но за жал, вчера неговото срце престана да чука. Многу ми е жал. Драгољуб беше добар човек, одличен тапанар и наш голем пријател. Вчера разговарав со Жика Јелиќ од 'ЈУ група', кој ми рече дека нашиот колега е многу подобар и дека симнат од респиратор. Но, овој напор неговото срце не можеше да го издржи“ - со насолзени очи изјави за медиумите  Момчило Бајагиќ - Бајага, простувајќи се од неговиот добар пријател и колега.]]>

Почина Драгољуб Ѓуричиќ – легендарниот тапанар, некогашен член на „Леб и сол“ https://arhiva.vistina.com.mk/194245/ Mon, 15 Mar 2021 15:22:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194245

Тапанарот Драгољуб  Ѓуричиќ (68) почина денеска во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград, како резултат на последици од коронавирусот. Музичарот, кој свиреше во некои од најголемите екс ЈУ групи како „ЈУ група“ „Леб и сол“ или „Кербер“ и во бендовите кои ги придружуваа некои од најголемите екс ЈУ и регионални музички ѕвезди како Здравко Чолиќ, Ѓорѓе Балашевиќ и други познати музичари, се чувствувал лошо во февруари и имал неколку дена висока температура. По неколку дена, тој одлучил да побара медицинска помош.  По дијагностицирањето на Ковид-19 бил пренесен на интензивна нега во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград, каде и покрај сите напори на лекарите ја изгуби битката во борбата со коронавирусот. Драгољуб  Ѓуричиќ соработувал и со речиси сите најпознати изведувачи и музичари во некогашна Југославија. Со „Леб и сол“, тој  свирел во најпознатите светски сали и клубови во Лондон, Париз, Мадрид, Рим, Милано, Стокхолм, Торонто, Ванкувер, Чикаго, Њујорк и Лос Анџелес.На крајот на 1998 година Драгољуб го основа  својот бенд „Drums Company“, кој се состои од бројни тапанари чии заеднички настапи се сметаат за спектакли. Со групата која ќе го смени името во „Балкански лавина“ досега одржувал концерти во сите поголеми градови на поранешна Југославија, Унгарија, Холандија, Холандија, Норвешка, Германија, Италија, Шведска, Австрија, Монако, Грција… Драгољуб Ѓуричиќ исто така компонирал и музика за над 20 театарски и балетски престави. Сепак, периодот од 6 години поминати со „Леб и сол“, па потоа уште некое време по неговото второ враќање во бендот остави не само неизбришиви музички траги, туку и создаде цврсти пријателски врски со членовите на бендот кои трајно остануваат. Дружењето со Драгољуб кој не беше само врвен музичар, туку и голем човек со фантастичен карактер тешко дека може да се заборави. Од својот пријател вака се простија неговите колеги од „Леб и сол“, Кокан Димушевски, кој постави црна позадина без фотогрфија на својот фејсбук профил... ...И семејството Тавитјан кои со фејсбук статус му го кажаа последното збогум на Драгољуб. „Денес неизмерно не растажи заминувањето на легендарниот Маестро и бубњар Г - дин Драгољуб Ѓуричиќ. Неверојатен човек, музичка легенда и искрен пријател, голем човек, људина и поим за бубњарството на овие простори од историско значење. Искрено сочуство пријателе од Гарабет и целото семејство Тавитјан, ти благодариме за твоето пријателство, почитување, дружење и несебичниот дух а посебно за историската музика што ја остави со Леб и Сол и толку неброени други... Балканска лавино, Бистра водо, Учи ме мајко... Маестро, бубњај таму горе, направи и таму еден Дан Бубњара во вечноста. Почивај во мир Маестро. Те сакаме“ - напишаа Гарабет, Дики и Гаро Јуниор Тавитјан.  ]]>

Некогашниот тапанар на „Леб и сол“ во канџите на короната бие битка за живот: „Држи се Драгољубе, мораш да победиш“ – му порача неговиот колега и пријател, Кокан Димушевски (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekogashniot-tapanar-na-leb-i-sol-bie-bitka-za-zivot-vo-kandzite-na-koronata-drzi-se-dragoljube-morash-da-pobedish-mu-poracha-negoviot-kolega-i-prijatel-kokan-dimushevski-foto/ Wed, 03 Mar 2021 08:21:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=192164

Деновиве во сите медиуми во регионот одекна веста дека познатиот екс - ЈУ рок-музичар  Драгољуб Ѓуричиќ е пренесен на интензивна нега во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград. Тој бил префрлен  во болница по дијагностицирањето на Ковид-19, јавуваат медиумите. Некогашниот тапанар на „Леб и сол“ со денови имал висока температура од 39 степени, а дури пет дена подоцна решил да побара лекарска помош. Познатиот музичар свиреше во “ЈУ група“, „Леб и сол“, „Кербер“, со Ѓорѓе Балашевиќ и Здравко Чолиќ, а соработувал и со речиси сите најпознати изведувачи и музичари во некогашна Југославија. Со „Леб и сол“, тој  свирел во најпознатите светски сали и клубови во Лондон, Париз, Мадрид, Рим, Милано, Стокхолм, Торонто, Ванкувер, Чикаго, Њујорк и Лос Анџелес.На крајот на 1998 година Драгољуб го основа  својот бенд „Drums Company“, кој се состои од бројни тапанари чии заеднички настапи се сметаат за спектакли. Со групата која ќе го смени името во „Балкански лавина“ досега одржувал концерти во сите поголеми градови на поранешна Југославија, Унгарија, Холандија, Холандија, Норвешка, Германија, Италија, Шведска, Австрија, Монако, Грција... Драгољуб Ѓуричиќ исто така компонирал и музика за над 20 театарски и балетски престави. Сепак, периодот од 6 години поминати со „Леб и сол“, па потоа уште некое време по неговото второ враќање во бендот остави не само неизбришиви музички траги, туку и создаде цврсти пријателски врски со членовите на бендот кои трајно остануваат. Дружењето со Драгољуб кој не е само врвен музичар, туку и голем човек со фантастичен карактер тешко дека може да се заборави. Токму веста за неговата борба на „живот и смрт“ со опакиот вирус очигледно најмногу ги погоди и некои од членовите на „Леб и сол“. Така, клавијатуристот и негов пријател Кокан Димушевски прв му ја даде својата јавна поддршка преку социјалните мрежи. Немајќи како поинаку да му помогне на својот некогашен колега и добар пријател, Коко му испрати порака преку својот Фејсбук профил,  така што сподели заедничка фотографија која очигледно датира однеодамна, што покажува дека двајцата врвни музичари останале верни пријатели до ден денес. „Држи се Драгољубе МОРАШ ДА ПОБЕДИШ !!!“ - му порача Кокан на својот пријател праќајќи му силна позитивна енергија да собере сили за да ја добие битката со опакиот вирус кој покоси многумина, меѓу кои и врвни уметници од Македонија, регионот, Европа и светот... Од Драган Вучиќ и Зоран Џорлев, до Миша Алексиќ (Рибља Чорба) и Ѓорѓе Балашевиќ... и уште милиони други, познати или обични луѓе ширум светот. Останува надежта дека „балканската лавина“ ќе го однесе со себе опакиот вирус во неповрат, а Драгољуб Ѓуричиќ ќе ја добие битката со Ковид 19! „Музиката се  темели на ритам, животот исто така. Ако срцето не отчука три пати во ритам, четврти пат можеби нема ни да чука“ - ќе рече во една прилка Драгољуб. Му посакуваме да извојува победа во оваа животна битка, а неговото срце уште долго, долго да чука... во ритамот на животот! ]]>