драгана јовановска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 26 Oct 2023 11:27:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png драгана јовановска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Драгана Јовановска блесна на „Макфест 2023“, ги собра симпатиите на публиката, сними спот на Малдиви и сето тоа не е – „Случајно“? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dragana-jovanovska-blesna-na-makfest-2023-gi-sobra-simpatiite-na-publikata-snimi-spot-na-maldivi-i-seto-toa-ne-e-sluchajno-video/ Thu, 26 Oct 2023 11:27:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324050

Младата пејачка Драгана Јовановска дебитираше на последното 38-мо издание на музичкиот фестивал „Макфест 2023“. Таа пееше на првата фестивалска вечер, наменета за нови таленти, од каде само пет изведувачи според бројот на гласовите од жири комисијата имаа можност да настапат и на втората, односно ревијалната вечер. Драгана беше избрана според гласовите на жири комисијата и публиката во салата да биде една од петте изведувачи кои настапија и во вечерта со етаблираните музички имиња од Македонија. Младата Драгана уште во првата вечер ги освои симпатиите на публиката со нејзината песна „Случајно“, на која како автор на музиката заеднички се потпишува со продуцентот Иле Спасев, додека таа сама го напиша текстот. „Што да кажам, јас сум презадоволна од моето претставување на „Макфест 2023“. Беше одлично, супер организација, многу убави песни, дружење со младите и повозрасните колеги. Сигурна сум дека ќе учествувам и наредните години на фестивалот“ - изјави новата македонска музичка надеж на која музилката и е во гените, зашто потекнува од музичко семејство. Нејзини родители се познатата естрадно музичка двојка од Куманово, фолк пејачката Тања Јовановска - Трајкова и нејзиниот сопруг, музичарот Младен. Инаку за потребите на новата песна, Драгана пред еден месец сними и видеоспот и тоа не било каде, туку на една од најпосакуваните светски дестинации за одмор - волшебните Малдиви. „Малдиви беше мојот одмор од соништата, но си реков кога веќе сум таму, пред да заминам организиравме екипа од таму за да го снимиме видеоспотот. Се надевам ќе им се допадне на публиката и ќе ужива во него и во песната“ - вели Јовановска. Инаку Драгана нема да застане тука или пак да прави пауза, таа со својот тим од соработници веќе некое време работат и на други песни, па поради тоа блиска иднина очекувајте уште многу музика од неа... Дотогаш, проследете го и уживајте во видеото за нејзиното макфестовско музичко остварување - „Случајно“. ]]>

На младата Драгана Јовановска и се смешка блескава кариера со нејзината нова песна – „Камиказа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-mladata-dragana-jovanovska-i-se-smeshka-bleskava-kariera-so-nejzinata-nova-pesna-kamikaza-video/ Mon, 05 Jun 2023 12:34:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304977

Многумина ја забележаа на едно регионално музичко натпрварување каде со своите вокални квалитети успеа да ги освои симпатиите на публиката, не само во Македонија, туку и во поранешните југословенски републики... Тогаш беше навистина малечка (9), а многумина и прогнозираа блескава музичка кариера... По се изгледа овие предвидувања од тогаш полека се остваруваат, а како и не би кога таа потекнува од музичко семејство. Младата кумановка е ќерка на познатата македонска фолк пејачка, Тања Јовановска Трајкова, која настапува заедно со својот сопруг Младен кој е исто така музичар и свири клавијатури. Драгана Јовановска (16) денеска ја објави нејзината втора авторска песна. Новиот проект на Драгана носи наслов „Камиказа“, а за истата таа со својот тим од соработници сними и доста интересен видеоспот на кој како режисер се потпишува Горан Симјановски. „Целиот спот е сниман во прекрасните делови на Скопје и едно од најдобрите атељеа „Далерија“ во кое можат да се видат прекрасни дела на наши уметници. Јас лично сум многу задоволна од целиот проект кој заедно со многу луѓе кои се воедно и мој тим вложивме многу труд, љубов и време за публиката да може да ужива во ова прекрасно дело“ - вели Јовановска. Инаку на оваа песна работеа едни од најквалитените музички имиња во нашата земја, тоа е продуцентот Иле Спасев и познатиот рапер Тајзи. Драгана не застанува тука, таа веќе работи на новите проекти и ветува во иднина многу нови песни, видеоспотови и големи проекти... До тогаш уживајте во „Камиказа“ која можете да ја проследите од видеото во продолжение, а доколку ви се допаѓа лајкнете и споделете. ]]>

Драгана Јовановска почна да ја открива – „Тајната на љубовта“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dragana-jovanovska-pochna-da-ja-otkriva-tajnata-na-ljubovta-video/ Tue, 09 Feb 2021 13:42:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188932

Младата и талентирана пејачка Драгана Јовановска деновиве го промовираше спотот за нејзината најнова песна “Тајната на љубовта”. „Песната првпат е изведена на меѓународниот фестивал ,,Ѕвездички ” каде што освоив Гранд При. Музиката и аранжманот се на Кире Костов, текстот е на Миодраг Врчаковски, a музички продуцент е Александар Митевски. Песната доби и видеоспот кој го снимивме  со ИН Продукција. Јас сум навистина презадоволна од производот кој го добивме, а на на 6-ти Февруари на YouTube каналот на Драгана беше и официјалната промоција - рече Драгана за естрадниот магазин Естрада плус. Иако е релативно млада, Драгана има 5 свои авторски песни: “Роденденски концерт”, “Мојата мајка”, “Светилка”, “Тој ден”, “Сакам овој ден да трае” и секако најновата песна за која неодамна излезе и видео записот „Тајната на љубовта”. Инаку на младата Драгана музиката и е во генитем, зашто музичкиот талент го наследила од нејзините родители, кои се познати македонски музичари. Имено, нејзината мајка е македонската фолк пејачка Тања Јовановска Трајкова, а таткото на младата талентирана пејачка Младен, свири синтисајзер и е музичка придружба на неговата сопруга на заедничките настапи. Оттаму Драгана има и потенцијал и можност да научи како се пробива патот до успехот на естрадата, по кој доволно добро чекори. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/makedonskata-folkerka-doma-ima-seriozna-konkurencija-dragana-jovanovska-e-na-dobar-pat-da-i-go-ukrade-shouto-na-mama-tanja-video/   Во продолжение погледнете го видеото за “Тајната на љубовта”... https://www.youtube.com/watch?v=Y8RGs2Bwv84]]>

Македонската фолкерка дома има сериозна конкуренција: Драгана Јовановска е на добар пат „да и го украде шоуто“ на мама Тања (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-folkerka-doma-ima-seriozna-konkurencija-dragana-jovanovska-e-na-dobar-pat-da-i-go-ukrade-shouto-na-mama-tanja-video/ Sat, 09 Nov 2019 09:50:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=117559

Македонската фолкерка Тања Јовановска Трајкова важи за една од поатрактивните пејачки на домашната фолк естрада. Згодната кумановка покрај естрадната кариера и секојдневните обврски е и посветена мајка. На нејзината ќерка Драгана не само што и пренела дел од гените, туку и дел од своето пејачко знаење, умеење и искуство, па 12 годишното девојче полека почнува да наговестува кој ќе биде поголема ѕвезда во домот на Јовановски?! Или можеби најголема, зашто и татко и Младен - сопругот на Тања е музичар, која на синтисајзер ја придружува мама на настапите. „Крвта не е вода“, па затоа и „крушката под крушка паѓа“ - велат. А, кај малата Драгана паѓаат аплаузи, воодушевувања, пофални зборови уште од нејзиниот прв настап. А настапува веќе неколку години, и тоа од учество во детските хорчиња, па се до појавувањето на разни домашни и меѓународни фестивали каде редовно победува или во најмала рака зема некоја од наградите, како и на регионалните музички талент шоуа како „Пинковите ѕвездички“ на пример. Општо гледано, ако се земат во предвид сите нејзини учества и појавувања, малечката уште сега има повеќе настапи надвор од Македонија од својата мајка. За освоените награди и да не зборуваме! Затоа македонската фолкерка нека му ја мисли... Има сериозна конкуренција дома, од која не ќе може да „избега“, зашто нејзината ќеркичка Драгана Јовановска е на најдобар пат „да и го украде шоуто“! А фолкерката не само што нема ништо против оваа конкуренција, туку е и горда на неа, и тоа најмногу на свет! И колку повеќе Драгана ќе и ги засенува славата и популарноста, мама Тања толку ќе биде посреќна и погорда на својата наследничка! Како што во моментов се радува и гордее со најновата изведба на нејзината ќерка во новто продолжение на музичката серија „Дајте музика“, каде Драгана ја пее песничката „Сакам овој ден да трае“ на авторот Николче Мицевски. Како тргнала, кариерата на новата ѕвездичка што се раѓа допрва почнува, а ќе потрае многу, многу денови... и години. https://www.youtube.com/watch?v=0TDI34F8mbM  ]]>

Постарата сестра на Наташа Беквалац ја откри пејачката во светло какво не сака да биде видена (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/postarata-sestra-na-natasha-bekvalac-ja-otkri-pejachkata-vo-svetlo-kakvo-ne-saka-da-bide-videna-video/ Wed, 27 Mar 2019 09:55:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=79571

Сестрата на Наташа Беквалац сподели на социјалните мрежи видео снимка од која се пошегува на сметка на сестра си. Драгана Беквалц, најстарата сестра на Наташа, откри како пејачката се опушта по концерт, снимање, позирање...
-Не спиј, мала! Подготви се –се смее Драгана , кога видела дека нејзината сестра се вратила во креветот да одмори уште малку. -Не можам – само изусти Ната и се врати во кревет.
-Ми дојде Белквалац, вели дека треба некој да се грижи за неа, напиша во описот на видеото Драгана. Најстарата сестра Беквалац малку се појавува во јавност за ралика од помладата сестра Кристина и секогаш важи за нивна заштитничка.]]>

Каква мајка – таква ќерка: Малата Драгана, ќерката на фолкерката Татјана Јовановска на фестивал во Русија освои 1-во место! https://arhiva.vistina.com.mk/kakva-majka-takva-kjerka-malata-dragana-kjerkata-na-folkerkata-tatjana-jovanovska-na-festival-vo-rusija-osvoi-1-vo-mesto/ Mon, 12 Feb 2018 08:56:17 +0000 http://vistina.mk/?p=12346

Старата изрека дека: „Крушата под круша паѓа“, уште еднаш се потврди кога се познатите родители и нивните деца во прашање. Ќерката на македонската фолкерка Татјана  Јовановска, уште минатата година  со учеството во регионалното талент музичко шоу за деца и младинци „Пинковите ѕвездички“ покажа дека е на добар пат да ја наследи семејната лоза кога е пеењето во прашање.
Имено, 10 годишната Драгана Јовановска уште тогаш ги воодушевуваше и членовите на жирито (Гоца Тржан, Јелена Томашевиќ, Милан Станковиќ) и публиката и ТВ гледачите со своите интерпретации и настапи.
Но деновививе младата кумановка она што го носи како музички и вокален потенцијал во себе, го круниса со награда донесена од големата Русија. Драгана или како што од милост ја викаат малата Гага, учествуваше на еден од најпрестижните фестивали во источна Европа, интернационалниот музички фестивал „Golden stars rain“, од каде се врати како победник... Шампион со освоено 1-во место!
Најрадосна и највозбудена беше која друга ако не мама Татјана, па фолк пејачката објави фотографии и статус на својот Фејсбук профил гордо покажувајќи ја дипломата и наградата за освоеното прво место на својата ќеркичка, со која се вратија од фестивалот во Русија.
„Драги мои се враќаме во Македонија со освоено 1-во место. Не можам да ви кажам како се чувствуваме,  затоа што неможам да го најдам вистинскиот збор.ГОРДИ,СРЕЌНИ,ВОЗБУДЕНИ... се’ во исто време. Ви благодариме на поддршката“ - напиша меѓудругото пејачката, чија ќеркичка е само една од оние ѕвездички со кои Македонија навистина има зошто да се гордее!
Талентот и убавината очеигледно наследени од мама, поддршката од дома од обата родители и резултатите се тука. Сега прашање е што е следно? Некој фестивалски натпревар со „возрасните“ или можеби дует со мама?
     ]]>