драган спасов дац – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 26 Apr 2021 12:50:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png драган спасов дац – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Митевски и Дац старата добра „Марина“ ја прекрстија во Ангелина, па музички ја пелцуваа со – „Вакцина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mitevski-i-dac-starata-dobra-marina-ja-prekrstija-vo-angelina-pa-muzichki-ja-pelcuvaa-so-vakcina-video/ Mon, 26 Apr 2021 12:50:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200542

Македонското актерско-музичко дуо Драган Спасов Дац и Александар Митевски, го промовираше своето ново музичко парче насловено „Вакцина“. Се работи за комичен кавер, преработка  на песната „Марина“, големиот италиански и светски хит  од 1959 година на тогаш мегапопуларниот  Роко Граната. Текстот е на Александар Митевски и Драган Спасов. Во придружба се дувачкиот состав „Брастет“, Војче Петрушев (хармоника), Илија Филиповски (виолина) и Боби Јоргушески (пијано). “На денешен ден, 24 април лани, ја промовиравме „Корона чао“ и токму на годишнината од оваа песна ви подаруваме нова. „Вакцина“ е кавер на светски познатата „Марина“, во придружба на нашите музички пријатели, направена за добра забава. Верзијата е направена за еден ден, од идеја до реализација, со многу љубов. Благодарност до нашата публика која е цело време со нас во целиот пандемиски период, а ние продолжуваме да и возвраќаме со многу љубов, позитивна енергија и насмевки”, велат Дац и Александар. Останува да видиме дали и „Вакцина“ како „Корона чао“ ќе го „пецне“ сега веќе бившиот бугарски премиер Бојко Борисов, кој мака мачи да состави нова влада. https://www.youtube.com/watch?v=b1jM6HI49ck]]>

Митевски и Дац со макфестовската песна се обидоа да се врати она наше време, а и тебе – „Ѓавол да те земе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mitevski-i-dac-so-makfestovskata-pesna-se-obidoa-da-se-vrati-ona-nashe-vreme-a-i-tebe-gjavol-da-te-zeme-video/ Thu, 24 Sep 2020 12:47:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=168526

Минатиот викенд во Штип се одржа 35-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2020“, а помеѓу учесниците беа и  дуото Драган Спасов Дац - Александар Митевски кои настапија со песната „Ѓавол да те земе“. Дац и Митевски имаа забележителен настап, а  на сцената беа придружувани од дувачкиот состав „Brasstet Скопје“. Неуморни и секогаш расположени за дружба, веднаш по завршувањето на фестивалот, закажаа промоција на видео спотот за макфестовската „Ѓавол да те земе“, а таа се одржа пред неколку дена во клубот „Tribeca“ во Скопје. Музика и  овој пат ја напиша Александар Митевски, текстот  е заедничко дело на Митевски и Дац, додека  аранжманот го потпишуваат Иле Спасев и Горан Илиевски.  Музички продуцент е Иле Спасев, а веќеспоменатиот дувачки состав „Брастет Скопје“ гостува во песната и спотот, а во која покрај нив уште свират: гитари - Иле Спасев, виолина - Илија Филиповски,  бузуки - Трајче Ставревски,  кларинет - Момчило Митровски. Видео спотот како и обично кога се песните на дуото Митевски - Дац во прашање и овој пат го изработила екипата на „Pikado Creative Collective“ видеопродукција. https://www.youtube.com/watch?v=kpO6BJDJvOU&feature=emb_logo    ]]>

Митевски и Дац ја нацртаа својата музичка – „Слика“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mitevski-i-dac-ja-nacrtaa-svojata-muzichka-slika-video/ Fri, 19 Jun 2020 13:16:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154722

Популарното музичко дуо, составено од актерот Драган Спасов - Дац и кантавторот Александар Митевски  неодамна на својата фан-страна ја промовираа новата музичка „Слика” која е создадена со нивните пријатели - музичари и визуелизирана со видеоспот. Тие последниов период исполнуваа “карантински” преработки на познати хитови, евергрини и свои песни, заедно со гости пријатели и по маратонски 54 изведби во период од два месеци, сега повторно ги израдува своите фанови со нова авторска музичка тема и видео. „Драга наша публико, бевме со вас во целиот карантински период, ви пеевме, ве забавувавме, снимавме, слушавте, гледавте, пеевте со нас. Сè со цел да шириме позитивна енергија и љубов и да ви ги направиме деновите полесни. Во тој период, некаде на почетокот на април, во ситните часови, во карантин и на полна месечина, се роди една песна во која веруваме сите ќе се пронајдат. Ве оставаме да уживате во оваа наша нова љубовна приказна“ – вели популарното македонско дуо. Новото видео заедно во реализација на „Пикадо креатив колектив“ и екипа музичари тие го снимија во „новопосадената“ зелената градина на покривот на ГТЦ Скопје, а атмосфера наликува на онаа од подобропознатиот ни „полициски час”. Погледнете го нивното ново видео  за „Слика” со како што самите Александар и Дац умеат да кажат, „песна откината од душата и срцето”: https://www.youtube.com/watch?v=SVELDt7YUa4&feature=emb_logo]]>

„Корона чао“: Александар и Дац снимија кавер верзија на „Bella ciao“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/korona-chao-aleksandar-i-dac-snimija-kaver-verzija-na-bella-ciao-video/ Sat, 25 Apr 2020 07:56:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146555

Во време на коронавирусот, корна, пандемијата која владее во целиот свет многу јавни личности, но и многу аматери, непознати и анонимни лица снимија песни за короната. Александар Митевски и Драган Спасов – Дац направија кавер на познатата „Bella Ciao“, во придружба на Брастет Скопје. Верзијата е направена за еден ден, од идеја до реализација, со многу љубов :) Спотот е снимен во карантин, во домашни услови на учесниците, без користење на професионални камери и светла. Снимен на телефони, а истотака, измонтиран од музичката екипа. Оваа песна е дел од серијалот на Дац и Александар и нивните секојдневни "карантински"  онлајн настапи настапи на FB. Во продолжение слушнете како звучи „Корона чао“. ]]>

Митевски, Дац и Благој Нацоски со порака на солидарност и љубов во новата македонско-италијанска верзија на – „Уште ми фалиш / Mi manchi ancora“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mitevski-dac-i-blagoj-nacoski-so-poraka-na-solidarnost-i-ljubov-vo-novata-makedonsko-italijanska-verzija-na-ushte-mi-falish-mi-manchi-ancora-video/ Mon, 13 Apr 2020 12:48:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=144720

Александар Митевски и Драган Спасов -Дац, музичко актерското дуо кое ја воскресна и продолжи нишката на современи шансони, срцепарателни балади кои со тек на времето како по некое непишано правило стануваат евергрини, на својата макфестовска тема „Уште ми фалиш“ и деновиве и дадоа нова димензија. Поттикнати од корона пандемијата која го погоди целиот свет, но во Европа најмногу Шпанија и Италија, двајцата уметници решија истата песна да ја надополнат со уште еден вокал. Овој пат оперскиот глас на нашиот со нашиот еминентен тенор Благој Нацоски кој живее и работи во Џенова, Италија. Тројцата одново заедно ја отпеаја  „Уште ми фалиш“ на македонски и италијански како порака на солидарност и љубов во овие тешки времиња низ кои минува светот, па и македонскиот и италијанскиот народ, претворајќи ја песната во безвременска, песна за сите генерации. Како звучи сега, вака отпеана песната чии стихови се своевидна ретропективна на животот и  младоста, на сите остварени и неостварени љубови, желби, мечти, младешки сништа… без оглед кои сме и што сме, колку сме познати или успешни, исполнети и реализирани личности, на кои животот и премрежјата што ги носи времето во вака тешки мигови, подеднакво ни се закануваат на сите. Слушнете и погледнете ја новата македонско-италијанска верзија на „Уште ми фалиш“ или „Mi manchi ancora“... https://www.youtube.com/watch?v=UcZwcOsXCmA&fbclid=IwAR3YjDM8TIL_HN4BlAIxcH0UUZUYLZkV_cnrynCB28_7TPnQaEVOKq9iSLI&app=desktop  ]]>

Митевски и Дац ќе ве прошетаат низ „улицата на љубовта“ во – „Љуби ме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mitevski-i-dac-kje-ve-proshetaat-niz-ulicata-na-ljubovta-vo-ljubi-me-video/ Thu, 05 Dec 2019 12:24:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=122591

Со песните „Цреши охридски“ и  „Уште ми фалиш“ и наградите кои ги собраа на годинешниве фестивали „Охрид фест – Охридски трубадури“ и „Макфест“, Александар Митевски и актерот Драган Спасов – Дац го промовираа новото музичко дуо на домашната естрада, но и специфичниот стил на изведба и музичкиот правец кој го почнаа: љубовно - боемски поп. Музика која ги допира чувствата и ги разнежнува срцата на сите генерации, но се чини на неа поемотивно реагираат повозрасните, иако ниту младите вљубени души не се имуни на романтиката која ја содржат нивните песни. По инстант успехот на првите две, Митевски и Дац ја промовираа и третата нивна заедничка песна во истиот стил, која носи наслов „Љуби ме“ и претставува обид да се направи своевидна ода за љубовта, нешто кое во многу што на музичарот и актерот им успева и им оди од рака. Вообичаено, музиката е на Митевски, стиховите им се заеднички со Дац, а аранжманот го потпишува Бобан Василевски, кој ги направил и миксот и мастерингот на песната, која деновиве беше промовирана заедно со видеото во скопскиот кафе бар „Мартини“. Кога сме кај видеото и овој пат екипата од видеопродукцијата „Пикадо креатив колектив“ се потрудила со мал буџет да направи голема работа, па во спотот кој ја следи лириката на стиховите, преовладува емоцијата наместо материјалниот раскош или скапите видео ефекти. Видео кое апсолутно соодветствува како на стилот, така и на зборовите за она што се пее во песната. Во видеоспотот одново е применет стариот проверен рецепт од претхонота песна („Уште ми фалиш“), па во него се појавуваат дузина познати македонски уметници од разни бранши, секој во своја функција, со своја ролја и значење, а сепак никој да не биде вишок во ниту еден кадар! Впрочем, за да не ви раскажуваме како сето тоа заедно спакувано изгледа и звучи, проследете самите што се случлува на „улицата на љубовта“ на Митевски и Дац, каде единствената и најважна животна девиза е... „Љуби ме“! ]]>

Драган Спасов – Дац на „Охридски трубадури“ и’ ја оспори победата на Биба Додева за „нерегуларности“ во гласањето, па потоа мораше да си ја „свитка опашката“, оти се „истрчал“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dragan-spasov-dac-na-ohridski-trubaduri-i-ja-ospori-pobedata-na-biba-dodeva-za-neregularnosti-vo-glasanjeto-pa-potoa-morashe-da-si-ja-svitka-opashkata-oti-se-istrchal-foto/ Thu, 12 Sep 2019 06:45:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=106296

Има една народна поговрка која вели: „Не се истрчувај како прле пред магаре“... Најверојатно зашто прлето не може да си го мери со магарето... капацитетот, се разбира! Токму така некако може да опише и скандалот или барем близу до тоа што се случи на последниот фестивал „Охрид фест - Охридски трубадури“, каде актерот и „пејач“ Драган Спасов - Дац настапи во дует со авторот и пејач Александар Митевски, со неговата песна „Цреши охридски“  со која наидоа на одличен прием и кај публиката и кај жирито. Арно ама, откако поголемиот број на гласови при гласањето отиде кај Биба Додева, на глумецот ем пејач, му се сторило сомнително дека некој ги краде... Или како што самиот за „Фокус“ изјавил: „Имаше многу реакции од публика кога Додева беше прогласена за победничка, а ние останавме на второ место со еден поен помалку од неа. Ми се јавија и луѓе од Скопје кои го следеле гласањето и тие ми кажаа дека има проблем во бодувањето, односно дека ние сме победници. Јас излегов на сцената и побарав да видиме за што станува збор, а публиката ме поддржа. Значи, ништо страшно не се случи, не е ова нешто лично против Додева, напротив, само побарав да се пребројат гласовите по реакциите на публиката“ – појаснува актерот, кој од неодамна започна со дуетски настапи со Митевски. Вели дека на крај се испоставило дека гласањето било во ред, по што на Биба и го честитале првото место и се фотографирале. „Нема никаков скандал, се работи за недоразбирање кое се реши, а на Биба Додева од се срце и го честитав освоеното прво место на поп вечерта на Охрид Фест“ - додал Дац за „Фокус“. Арно ама, резилот за сомнежот при бодувањето не остана незабележен од медиумите, а „црвот на сомнеж“ во „Црешите охридски“ на Дац и Митевски се покажа дека го немало... оти сомнежот испадна неоснован! „Црешите охридски“ рака на срце, ем добри, ем зрели за награда, ама тој што се истрча да ги фали повеќе од потребното,  испадна... „трула вишна“!  ]]>