драган ристовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 16 Feb 2023 11:48:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png драган ристовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сале – СРВ за „скршените срца“ на заљубените чиј свет се урива пред „двете лица на љубовта“ во рок баладата – „Зошто да ти верувам?“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sale-srv-za-skrshenite-srtsa-na-zalubenite-chij-svet-se-uriva-pred-dvete-litsa-na-lubovta-vo-rok-baladata-zoshto-da-ti-veruvam-video/ Thu, 16 Feb 2023 06:30:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289187

Македонскиот рокер и познат музички менаџер, Сашко Андриески, попознат како Сале – Рокер или Сале СРВ, по последните свои песни и неколку кавер верзии, како оние на познатите хитови на Галија или Азра, има нова авторска песна. Задржувајќи го својот препознатлив рокерски стил, овој пат македонскиот музичар ја промовира својата рок блада насловена „Зошто да ти верувам?“ Останувајќи доследен на својата музичка определба, македонскиот рокер овој пат лириката во љубовните стихови напишани заеднички со стариот проверен лиричар Огнен Неделковски ја преточил во балада за „скршените срца“ на заљубените чиј свет се урива пред „двете лица на љубовта“. Аранжманот на песната го потпишува Драган Ристовски во чие студио е и снимена песната. Продолжувајќ ја старата традиција дел од големите музички ѕвезди со кои како менаџер Сале -Рокер работи при договарање и организација на нивните настапи низ Македонија, тие да му гостуваат на неговите песни и овој пат уште едно големо музичко име од регионот се појавува како дел од овој проект. Имено, легендарниот лидер и гитарист на култната хард рок група „Дивље Јагоде“, Зеле Липовача ги свири гитарските делници на песната, во која неговата препознатлива гитарска боја и начин на свирење оставаат дополнителен личен печат.  Песната, покрај македонската има и српска верзија, насловена како „Кад су речи ратници“   чиј српски текст е дело на Сефо Дуративиќ, инаку член на придружниот бенд на Ален Исламовиќ. Песната е визуелизирана со едноставно студиско видео прошаранао со инсерти на прошетката на една љубовна двојка во Градскиот парк во Скопје, а неговата реализација повторно ја потпишува ДРД студио, односно Драган Ристовски како камерман и монтажер на спотот. Како сето ова спакувано звучи и изгледа во рок баладата „Зошто да ти верувам“ на Сале-СРВ, проследете од видеото во продолжение(КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Иван Илиев ви се „исповеда“ како изгледа кога во љубовта се’ ќе ти отиде во – „Бестрага“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ivan-iliev-vi-se-ispoveda-kako-izgleda-koga-vo-ljubovta-se-kje-ti-otide-vo-bestraga-video/ Thu, 21 Jul 2022 06:09:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=259701

Младиот македонски пејач Иван Илиев ја објави песната и видоспотот за неа, насловена како „Бестрага“. Музиката и стиховите се авторско дело на познатиот македонски музичар, виолинистот Горјан Стојановски член на фолк групата „Скопски боеми“, додека аранжманот го потпишува Драган Ристовски во чие студио „Д.Р.Д. медиа“ песната и е снимена. Истата пак е миксана и мастерирана во студиото „Анастасија“. Видеоспотот е снимен на неколку атрактивни локации кај нашиот јужен сосед - Грција, а истиот го потпишува „Ај контакт“ продукција, во режија на Алек Тасевски.   Во видеото покрај пејачот главната женска ролја ја има шармантната убавица, младата Мила Велевска.   „Со Мила немам ништо приватно, освен професионална соработка во видеото. таа е прекрасна млада дама и затоа изборот падна на неа. кадрите ги снимавме на неколку лојкации во Грција, во Калитеа, Афитос и Атина“ - вели пејачот кој за потсетување имаше дует и со фолкерката Ирена Спасовска со која направија неколку кавери на познати српски турбо-фолк хитови. Како звучи и изгледа кога во љубовта се' ќе ти отиде во „Бестрага“ проследете од видеото на Иван Илиев:   ]]>

Сале СРВ се сети прв меѓу рокерите да ја опее оваа страшна корона – „П(л)андемија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sale-srv-se-seti-prv-megju-rokerite-da-ja-opee-ovaa-strashna-korona-p-l-andemija-video/ Wed, 12 May 2021 07:54:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202150

Корона пандемијата го закочи светот речиси една и пол година, менувајќи ги нашите секојдневни навики и правила на животот. Новото „ненормално“ стана „нормално“, а во сиот тој хаос на борба со невидливиот непријател кој зацрни многу човечки судбини, меѓу најпогодените еснафи беше оној, музичкиот. Или поточно естрадата, која ниту до ден денес не може да се опорави, да тргне од „лер“ , а камо ли да почне сериозно да работи и да се врати на своите стари позиции. Но во сиот тој метеж со чумата на 21-от век,  некои естрадни уметници Ковид-19 го искористија како инспирација за кретаивно творештво. Преработки, кавери  на познати стари странски и домашни хитови со нови стихови или сосема нови и оригинални музички теми, сеедно, се дел од новото творештво на старите мајстори во „новото нормално“. Кога веќе не може да се свири и настапува, тогаш барем може да се компонира и снима. Еден од оние на кои корона пандемијата им ја поттикна инспирацијата е и македонскиот рокер и познат музички менаџер, Сашко Андриески, попознат како Сале - Рокер или Сале СРВ. По последните евторски песни и неколку кавер верзии, како оние на познатите хитови на Галија или Азра, Сале има нова авторска песна, инспирирана токму од актуелната светска корона криза, насловена како „Пландемија“.   Автор на музиката и стиховите е самиот Сашко Сале Андриески, додека аранжманот го изработил Драган Ристовски - Д.Р.Д. медиа,  во чие студио ипродукција е снимена и песната. Интересно е што сале како човек кој работи и соработува со големите музички имиња од регионот, по дуетот со Бора - Чорба, соработката со Зеле Липовача од „Дивље јагоде“ и Ален Исламовиќ, и на оваа песна има познат специјален гостин, кој овој пат ги отсвирел гитарските соло делници во песната, а во прашање е некогашниот гитарист на „Амадеус бенд“, Милан Кордулуп. Песната исто така има две верзии - на Македонски и Српски јазик. Македонската верзија  е веќе промовирана вчеравечер, 11 мај 2021, додека српската ќе биде пуштена во етерот ден подоцна, односно вечерва, на 12 мај 2021 година во 20 часот. За обете е снимено и промотивно видео во студиото на Д.Р.Д. медиа, кое го изработил Драган Ристовски, а истото можете да го погледнете во продолжени, заедно со музичката приказна на Сале СРВ и неговата „Пландемија“. https://www.youtube.com/watch?v=9tTGuKQ6Myg      ]]>

Македонската Северина го „прочуре“ Инстаграм: Пејачката Марија Луиса во ултрасекси фотосесија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-severina-go-prochure-instagram-pejachkata-marija-luisa-vo-ultraseksi-fotosesija-foto/ Sat, 19 Sep 2020 07:55:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=125505

Нејзиното вистинско име и презиме е Марија Тодоровска, која во светот на естрадата е позната под уметничкото име Марија Луиса. Атрактивната битолчанка е фолк пејачка која на пошироката јавност и стана позната не по своите хитови туку по нешто сосема друго - нејзиниот изглед, разголените фотографии и нејзината наводна,  порно афера. Рака на срце фолкерката отсекогаш изгледала повеќе од атрактивно. Привлечна, пожелна, секси, со манекенски пропорции и бујни атрибути, Марија Луиса со секоја своја фотографија знаела да ја разгори фантазијата, особено на машкиот свет, зошто покрај изгледот и пеењето, во градењето на нејзиниот имиџ главна доминација има нејзината провокација. А пејачката не само што изгледа повеќе од провокативно, туку секогаш знаела како да го истакне својот телесен раскош... И во живо и на фотографија и кога се слика приватно и професионално. Интересот за неа достигна кулминација токму по една таква провокација, кога во јавноста почна да кружи приказната дека Марија Луиса има свој порно клип со бившото момче, видео кое многумина, особено во Битола, се колнеа дека го виделе. Приказната како и изјавите на пејачката која самата ја појаснуваше ситуацијата, осамнаа и во медиумите, со што Марија Луиса набрзина стана македонската Северина. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/makedonija-ja-dobi-svojata-severina-porno-klip-na-makedonskata-folk-pejachka-osamna-vo-javnosta-foto/ Сексапилната битолчанка уште повеќе ја заскокотка јавноста откако направи нова, ултрасекси  фотосесија... Овој пат пејачката застана пред објективот на уметничкиот фотограф и режисер Драган Ристовски (Д.Р.Д. медиа), кој нејзиниот сексапил го овековечи во серија уметничко-еротски фотографии. На нив провокативната фолкерка го нуди сиот свој телесен раскош на увид... Облечена само во тесно, провидно боди од црна тантела... ...Во црн долг фустан со шлиц од пазуви до глуждови... ...Или само по сина маичка, Марија е секси мачка! Освен тоа, ниту под едно од нив убавицата не носи долна облека, нема ништо освен гола кожа, што прави серијалот да предизвика „пожар“, па пејачката со него го „прочуре“ Инстаграм. И додека социјалните мрежи “горат“ и обожавателите и хејтерите имаат што да зборат... Се разбира, додека плакнат очи на провокативната еротска фотосесија, зјапајќи со „падната вилица“ во секси позите на битолската убавица! ]]>

Стефан Величковски со музички подарок за денот на вљубените – „Остани со мене“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stefan-velichkovski-so-muzichki-podarok-za-denot-na-vljubenite-ostani-so-mene-video/ Mon, 17 Feb 2020 13:37:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=134582

Нема посовршен ден за промоција на една љубовна песна од  денот на вљубените. Токму тој ден бившата Гранд ѕвезда,  Стефан Величковски на своите обожаватели, но на сите што веруваат и ја величата љубовта им го подари она што умее најдобро да го прави - својата нова песна „Остани со менe”. Тимот што работеше на оваа нумера се добро познатите Александар Тарабунов (музика), неговиот татко, фолк легендата Ванчо Тарабунов (текст) и Драган Ристовски (аранжман), во чие студио „ДРД медија“ и е снимена песната. Својата доверба за видео записот Стефан и ја довери на продукција “Арт медија” кои низ мистичната атмосфера и љубовниот танц на двајца млади ни ја величат љубовта. Текстот на песната ги содржи сите милозвучни зборови што една вљубена душа може да и ги каже на својата сакана: копнеж, радост, восхит, ветување… со еден збор љубов! А ветувањето што Стефан Величковски им го даде на своите обожаватели го оствари: им подари песна што ќе допре до срцата на публиката и која ќе ја потпевнува уште долго време.... во името на љубовта. Проследете ја новата љубовна тема на Стефан Величковски во продолжение: ]]>

Фрики по неа е – „Забеган од љубов“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/friki-po-nea-e-zabegan-od-ljubov-video/ Mon, 11 Nov 2019 13:46:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=117824

Новите  музички ветришта кои дуваат од соседството не ја заобиколуваат ниту Македонија. Ако регетон звукот и модулираниот вокал се во последно време во мода, а Раста, Јала Брат, Буба Корели... и останатите од „новокомпонираната раста банда“ растураат низ регионот, тоа е добра причина и кај нас да почнуваат да никнуваат нови имиња во тој или сличен „фазон“, на кои новиот звук им е правецот кој го одбрале. Едно од новите имиња е и тој, младиот тинејџер кој се претставува под името „Фрики“. Засега не сака да го открива својот идентитет. Решен е да се појавува во медиумите и да настапува под маска! Не дека е тоа не е познато и во светот и во соседството, но сепак кај нас е нешто што досега никому не му успеало. Не барем да стане популарен, а да остане анонимен на подолг рок. Затоа токму таму Фрики и ја гледа својата шанса да биде првиот кој ќе успее, вакво нешто да му појде од рака. „Забеган“ по новиот звук, неговата прва песна носи наслов „Забеган од љубов“. Музиката и текстот се на Сашко Сале Андриески, попознат како „Сале - рокер“ (Просаунд продукција), кој и самиот е музичар, но во еден сосема поинаков жанр за кој зборува и неговит прекар, додека аранжманот е на Драган Ристовски. Тој и неговата „ДРД видеопродукција“ го изработиле и провокативниот видеоспот во кој главната ролја ја има старлетата која се претставува под уметничкото име Дани, македонски модел која во моментов живее и работи во Бугарија. Разголени кадри, сексапил на тацна, бујни атрибути и многу еротска провокација за целата нација нуди токму видеото, кое изобилува со секвенци кои ги будат сите сетила... Особено, кај машката популација. Попусто стопати кажано, ако барем еднаш не е слушнато и  видено... Затоа проследето го видеото на момчето под маска - „македонскиот  анонимус - Фрики“, само добро внимавајте гледајќи и вие да не забегате... од љубов! ]]>

Адријана Кеш разголена во еротска фотосесија: Високи чизми, мрежести чорапи и латекс „садо-мазо“ понуда, за максимална возбуда (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/adrijana-kesh-razgolena-vo-erotska-fotosesija-visoki-chizmi-mrezesti-chorapi-i-lateks-sado-mazo-ponuda-za-maksimalna-vozbuda-foto/ Fri, 08 Nov 2019 08:42:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=117294

Помалку позната по името и презимето, денес сите ја знаат по незјиниот прекар. Македонската фолкерка Адријана Ацевска, попозната како Адријана Кеш има нова ултрасекси фотосесија. Пејачката добро знае дека само пеењето не е доволно и дека денес музиката не само со уши, туку се доживува и со очи, односно колку што се слуша, толку и се „гледа“... Особено нејзиниот изведувач! А кај Кеш има што да се види. Што дале Бог и мајката природа, а останатото го донаградила современата медицина, па атрактивниот изглед на згодната фолкерка не и недостасува. Сепак, Адријана реши малку да го освежи, па замина на работна средба во студиото на уметничкиот фотограф и режисер на видеоспотови  Драган Ристевски (ДРД медиа). Оттаму Адријана Кеш излезе сосема „фреш“. Со освежен изглед кој буди пориви во новата еротска фотосесија, каде секој поглед на различна фотографија го качува притисокот и адреналинот, па тестостеронот удира во плафонот од сексапилот на пејачката кој секако, е „пуштен на најјако“! Сеедно дали таа е во високи чизми и мрежести чорапи... Секси боди со длабоко деколте...  Или латекс комбенизон. „Садо-мазо“ понуда, за максимална возбуда! И тоа на сите сетила, што Адијана и тоа како добро го осуетила, па не случајно пејачката целата „блеска и цути“, истакнувајќи ги своите бујни атрибути! „Очите ја кажуваат вистината, кога се друго е лага“ - пишува Адријана, потенцирајќи познат цитат покрај една од фотографиите. Да, не е лага... Очите ја кажуваат вистината... Ама покрај ваква телесна дарба, ако воопшто можеш да ја гледаш пејачката... в очи!?    ]]>

Сале и С.Р.В. со својот „Мост“ до среќата… (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sale-i-s-r-v-so-svojot-most-do-srekjata-video/ Fri, 20 Jul 2018 11:22:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=39192

Разголени згодни девојки, русокоси секси убавици, мотори, свирка крај огнот и полнокрвен чист македонски рок ен рол...
Тоа го нудат Сале - рокер (Сашко Андриески) и неговите С.Р.В. во новата музичка тема насловена „Мост“, која несомнено не само што е неговото најзрело остварување до сега, туку има и најдобра визуелизација од сите досегашни песни и видеата за нив на Сале.
„Мост“  во себе содржи пред се бескромпомисна рок свирка, цврст базичен  рок ен рол со хард рок елементи и текст чии стихови кореспондираат со модерното време на лажни вредности во кое живееме.
Приказна за животот во кој сите сме на работ на „пукање на филмот“ од товарот кој го носиме на плеќи  во безнадежното секојдневие, како марионети чии конци ги трга некој друг...  Некој, кому сме му во служба без да бидеме свесни и немоќни да најдеме излез од „маѓепсаниот круг“ на животот во оковите на заблудата.
Музиката, текстот и аранжманот се на Марко Павиќ, од групата „Анализа на умот“ од Франкфурт. Препевот на стиховите го направија самиот Сале и стариот, проверен македонски текстмејкер, Огнен Неделковски.
Песната е снимена во студиото „ДРД Медиа“ на Драган Ристовски, продукција која го потпишува и снимањето на видеоспотот. Како специјален гостин кој ги свири гитарските делници во „Мост“ се појавува гитаристот на групата „Морал“, Ивица Јордановски.
Како звучи и изгледа нивниот „Мост“ до среќата проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=yQxYpwtE5KI  ]]>