др-Миодраг Врчаковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 25 Mar 2022 09:50:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png др-Миодраг Врчаковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Др.Методи Чепреганов и Др. Миодраг Врчаковски отсега и службено „колеги“ со Андреј ДНК: Две легенди и една музичка ѕвезда со различни професии, а иста страст – музиката! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dr-metodi-chepreganov-i-dr-miodrag-vrchakovski-otsega-i-sluzbeno-kolegi-so-andrej-dnk-dve-legendi-i-edna-muzichka-dzvezda-so-razlichni-profesii-a-ista-strast-muzikata-foto/ Fri, 25 Mar 2022 09:47:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244332

Двајцата врвни македонски лекари - специјалисти, веројатно најдобрите во своите области во државата. Др.Методи Чепреганов - специјалист по невропсихијатрија и епилептологија и  Др. Миодраг Врчаковски, специјалист по неврорадиологија. Познати и признати по својата работа, резултати, трудови и остварувања во медицината и нејзините субспецијалистички гранки, но и по нешто друго, што обајцата ги врзува. Со години, нивната втора љубов е музиката. Едниот страсен гитарист, кому џезот и латино музиката му се во прстите, па несомнено да не се определел за својата лекарска професија. Др. Чепреганов  денес би бил македонска гитарска, а не лекарска легенда. Другиот некогашен диџеј, дискофил, автор на радио-емисии и радиоводите и еминентен текстописец. За неговата „Соул рели“ и денес се говори, а текстовите за некои од најубавите македонски шлагери, забавни ноти или поп песни ги напишал токму тој - Др. Врчаковски. Патем автор и организатор на манифестацијата која остана историја - „Докторите пејат“ и татко на еден од основоположниците на македонскиот рап - Раде Врчаковски - Врчак! Она што овие двајца емминентни доктори од неодамна ги поврзува со уште еден денешен актуелен и популарен „ар- ен - би и рап“ изведувач не е само музиката. Андреј Георгиевски или Андреј-ДНК, е секако актуелан музичка ѕвезда, но што бара тој во друштво на двајцата познати лекари? Соработка - да, ама не е музичка! Не барем засега! Но, затоа пак, тие тројца станаа и службено „колеги“ во иста фирма, во случајов една еминентна скопска приватна болничка установа каде двајцата доктори работат, а Андреј им се приклучи однеодамна. Но не во областа на медицината, туку како одговорен за маркетин гсекторот во болницата! За двајцата врвни специјалисти оддамна е се' познато и во медицината и во музиката, а како ќе му оди на Андреј-ДНК во новата професија, ќе видиме допрва! Конечно ниту музичката соработка на тројцата кои ги врзува истата страст - музиката, не е исклучена! Др. Чепреганов знае да свири гитарски делници и во ар-ен-би, а др. Врчаковски оддмна пишувал и текстови какви што пеат двајцата рапери... Како на пример, „Стамбол сосе Бардовци“ за „Куку - Леле“, па тогаш во некоја згодна прилика тројцата што не би се интегрирале? Засега останува секој на својата професија и негување на втората љубов или страста кон музиката. За новото работно место Андреј-ДНК, се пофали со заедничка фотографија со двете докторски легенди, под која сподели: „Тоа што не поврзува со овие исклучително посебни луѓе кои се врвни во својата сфера, едниот специјалист по невропсихијатрија и епилептологија, а другиот специјалист по неврорадиологија е љубовта кон музиката. Едниот е страсен гитарист, а другиот диџеј и еминентен текстописец. Др.Методи Чепреганов и Др.Миодраг Врчаковски. Уште една работа што ме поврзува со овие луѓе е тоа што од денес сме колеги во  болничката установа, но не во областа на медицината туку како одговорен за маркетинг секторот во болницата“! Фото: Јутјуб/Фејсбук/Инстаграм принтскрин]]>