дозволи ми – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 26 Nov 2018 12:43:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дозволи ми – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Валери се враќа соло со – „Дозволи ми“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/59790/ Mon, 26 Nov 2018 12:42:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=59790

Валери Димовска и стана попозната на домашната јавност откако  во 2016 година ја испеа одличната балада „Не ти давам“, зад која стоеја и Елена Ристевска како текстописец, Дарко Димитров кој ја потпиша музиката, а ги направи и продукцијата и аранжманот и Раде Врчаковски - Врчак кој стоеше зад мастерингот.
Во почетокот на месец јуни годинава, Валери ја видовме во едно друго, сосема поинакво светло, како вокал на скопскиот алтернативен рок-бенд „Саунд еџ“ (Sound Edge), кој тие денови го претстави својот нов сингл и видеото за него насловено „Знај“, како пилот сингл за нивниот втор албум.
Неполни 6 месеци подоцна, валери одново се враќа на естрадната сцена, овој пат со нешто сосема трето. Таа деновиве ја објави својата нова песна „Дозволи ми“. Музиката е нејзино авторско дело, а текстот е напишан во соработка со Темелко Андреев кој ги потпишува и аранажманот , а стои и зад миксот и мастерингот на темата, како и голем дел од продукцијата на видеозаписот на истата.
Имено, тој го уредил и продуцирал спотот, заедно со Валери го напишале сценариото за приказната во која покрај пејачката се појавува Мирослав Христовски, а се потпишува и како режисер на истото зад чије снимање и продукција стои Sidechain Production.
Инаку „Дозволи ми“ музички е  уште една балада, овој пат во ар-ен-би стил низ која се испреплетуваат и џез елементи со модерен призвук и современа продукција.
Дали Валери во својата петта песна во кариерата конечно ќе се најде себе си во талкањето низ музичките правци и стилови останува да видиме во иднина.
Дотогаш проследете ја песната и видеото за неа: https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=kqW4i9sxYc0     .  ]]>