дожд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 15 Nov 2023 10:43:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дожд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 За сите длабока есен, а за Давид Темелков и сопругата Елена е лето на Бали: Брачната двојка во љубовна екстаза од тропските краишта (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/za-site-dlaboka-esen-a-za-david-temelkov-i-soprugata-elena-e-leto-na-bali-brachnata-dvojka-vo-lubovna-ekstaza-od-tropskite-kraishta-foto/ Wed, 15 Nov 2023 08:10:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327014

За поранешниот македонски Икс- Фактор учесник, пејачот Давид Темелков, како и за неговата тазе сопруга Елена, моментално е лето. Вљубените гулапчиња се решија за есенска авантура на далечниот Бали, односно на Нуса Пенида, остров кој се наоѓа во близина на јогоисточниот индонезиски предел. Таму температурата е иста во текот на целата година, така што Давид и Елена отидоа на сигурен терен каде ќе се препуштат на топлото време, егзотика и комплетна синергија на природата. Давид откако ја направи големата македонско- хрватѕска свадба во месец јуни, некако се повлече од социјалните мрежи, а особено резервиран остана со моменти од приватноста и брачниот живот. Сега за промена почувствува потреба да го покаже благодетот во кој моментално уживаат. Приватен базен, егзотична храна, звуци и мириси на природата, а целото тоа во спој со романтика која само ја интензивира љубовта и страста... Капење под дожд, што поромантично и необично од тоа, да посакаш да си на негово место! Гушнати, разнежнети, преплавени од емоции и убаво на душа, Давид и Елена создаваат спомени како од разгледница за првата година од бракот и едно необично есенско лето. фото:Инстаграм принтскрин/Давид Темелков]]>

На Прија не и се погоди времето: Дождот и ја размачка шминката и и’ ја растури фризурата, а таа удри само на забава (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/na-prija-ne-i-se-pogodi-vremeto-dozhdot-i-ja-razmachka-shminkata-i-i-ja-rasturi-frizurata-a-taa-udri-samo-na-zabava-foto/ Mon, 24 Jul 2023 12:15:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311351

Откако во петокот ја наполни најголемата дискотека на Балканот, Александра Пријовиќ синоќа одржа спектакуларен настап во Херцег Нови во клуб кој беше исполнет до последното место, додека на влезот се формира дополнителна толпа љубители на нејзината музика кои се надеваа дека ќе ослободат дополнително место. Иако временските услови беа променливи, тоа не ја спречи младата ѕвезда да ја почитува својата публика која немаше проблем да застане на дождот да ја слуша, поради што пејачката не се грижеше ниту шминката и косата целосно да и се растури. Додека ги изведуваше своите најголеми хитови на кои пееше публиката, во еден момент дождот почна да врне посилно, но таа и нејзините обожаватели беа толку воодушевени од атмосферата што ништо не можеше да ја спречи нивната незаборавна забава во тој момент. Размачканата шминка и мократа коса не ја спречија Александра ниту еден момент да го прекине настапот, но како вистински професионалец продолжи да пее и да ги почитува гостите до крај. Со овој гест таа покажа колку и значи поддршката од публиката која ја обожава и која синоќа коментираше дека ја сака не само поради нејзината музика, туку и поради нејзиното големо срце кое вчеравечер го остави на сцената. фото: Ankić/Pantelić/grand.nova.rs]]>

Синчето на Борко Ристовски ги освои Инстаграм следбениците: Едно видео, тон емоции и многу смеа (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/sincheto-na-borko-ristovski-gi-osvoi-instagram-sledbenitsite-edno-video-ton-emotsii-i-mnogu-smea-video/ Tue, 04 Jul 2023 10:15:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308772

Ракометниот голман Борко Ристовски и сопругата Николина пред неколку месеци станаа родители по вторпат, добија девојче, а нивниот дом стана повесел и дополнително исполнет со радост и среќа. Нивната прва љубов, синчето Душан веќе е потпораснато момченце кое и тоа како знае што сака, особено да ужива во животот и чувството на детската возбуда. Душан редовно го има на социјалните мрежи, бидејќи мама и тато не можат да одолеат да не ги споделат неговите игри и палавости. Душан е нивното лавче кое од мали нозе ги освојува Инстаграм следбениците. Овој пат, покажа дека е меѓу уникатните поради тоа што е во групата ретки кои го сакаат дождот. Периодов имаме комбинирани денови од дожд и сонце, а тоа за Душан е вистински празник, особено кога врне. Неговите познати родители решија да го пуштат надвор да накисне и комплетно да ужива и да му се предаде на своето задоволство. А кога на дете ќе му биде дозволено да прави што сака, тогаш забавата започнува. Надвор врене, камерата вклучена, а Душан се впушти во танц со дождот, ред игра, ред пиење дожд со ширум отворена уста, а за убавото на душа ич не треба ни да се коментира затоа што тоа и како се гледа.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Borko12Ristovski (@borko12ristovski)

Детската радост неизмерна, а енергијата пренесена и кај мама и тато. -Мојата позитива на векот!Мојата среќа... душа, живот! Биди ми вака позитивен душо моја мала, за се’ друго јас сум тука за тебе додека дишам- напиша Борко во описот на видеото. Коментарите се редеа, а нема сомнеж дека за радост и среќа не треба многу, а децата ни се чист пример за тоа! фото:Инстаграм принтскрин/Борко Ристовски]]>

Суперфиналето на „Задруга“ е откажано: Еве зошто доцни емитувањето и кога ќе биде објавен победникот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/superfinaleto-na-zadruga-e-otkazhano-eve-zoshto-dotsni-emituvaneto-i-koga-ke-bide-objaven-pobednikot-foto/ Fri, 09 Jun 2023 07:15:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305587

Прогласувањето на победникот од шестата и последна сезона на Задругата беше прекинато поради дожд, а прогласувањето на победникот кој ќе однесе дома 50.000 евра ќе продолжи денес во петок, од 18 часот. Борбата за првото место ја загубија Лепи Микиќ и Јован Томиќ Матор кои ги освоија 16-то и 15-то место. - Не ме чуди што бев елиминиран, а Анита остана. Не верував дека е заљубена во мене. Мило ми е што остана. Има многу добри работи - изјави Матор. - Нема ништо против тебе, мајката на Анита. Таа е лута на Анита. Не сакаше да дојде, некаде е - изјави Ана Спасојевиќ, која е во контакт со мајката на Ана. - Би сакал Алекс да победи - изјавила Матора која дознала дека Сања не се омажила и дека имала лажна венчавка, што го израдувало Матора. - Како и секогаш, расположена сум, тешко ми беше, горда си одам дома, без разлика на сите коментари - изјави Зорица. Амиџиќ потоа ги стана Матора и Алекс. - Филип е нервозен, супер сум. Среќна сум и возбудена, едвај чекам да го видам семејството - изјави Александра. Фото: Принтскрин/ТВ Пинк/Петар Алексиќ  ]]>

Ана Стојанова се пофали дека Скопје го има она што Белград го нема, ама среде српскиот главен град и на своја кожа го почувствува она што и го приреди Белград (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ana-stojanova-se-pofali-deka-skopje-go-ima-ona-shto-belgrad-go-nema-ama-srede-srpskiot-glaven-grad-i-na-svoja-kozha-go-pochuvstvuva-ona-shto-i-go-priredi-belgrad-video/ Sat, 03 Jun 2023 06:14:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303717

Македонската фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот Ана Стојанова ни минута не мирува. Туку што заврши со еден, сега се подготвува за нов летен предизвик на егзотична дестинација, заедно со својата избрана „женска армија Праскички“, како што ги нарекува своите членки и придружнички на нејзините предизвици. Во меѓувреме, инфлуенсерството полека и станува втора професија, па Ана се' почесто има прилика нешто да рекламира. Услуги или производи, зависи од понудата, а таа овој пат беше дел од женскиот асортиман за летните денови што доаѓаат. Конкретно, костимите за капање на еден познат македонски бренд беа тиа што на Ана Стојанова и нејзината избрана женска екипа им беа доверени за реклама на билборди. Откако си ја завршија работата, Ана замина во соседството во српската престолнина по своја работа. И додека се возеше по белградските улици, успеа да забележи дека Белград го нема она нешто што Скопје го има... Зашто како што самата вели, Скопје не памети поубави билборди... Од оние на кои е самата таа и нејзината женска армија, секако. Онака расоблечени во најновите модели бикини, разголени, распиштолени... „Мамоооо види ме“.... Ма каков Белград, српскиот главен град може само „вода да им носи“... И верувале или не - им донесе! Поточно на Ана Стојанова додека онака летно облечена се шеташе по Кнез Михајлова, одненадеж Белград како да ги услиши нејзините „самобендисани билборд фалби“, па реши малку да ја олади... Со студен туш! Имено, од нигде-никаде, наеднаш  од небото над Белград се истури силен дожд! Врне, врне, лие како од кофа, па скопската фитнес инструкторка фатена онака неспремна „покисна до гола кожа“! „ОК брате Београде, не се возбудувај толку...“ - му порача Ана како да сака да си ги повлече фалбите за тоа каде се најубави билбордите, ама... доцна! Така, Ана Стојанова среде српскиот главен град на своја кожа го почувствува она што како „одмазда за самобендисаноста“ и го приреди  дождливиот Белград! Епа, мамоооо... види ме и сега! Фото: Инстаграм принтскрин/annstojanova]]>

Непознат маж пред дворецот на Драгана Мирковиќ ја насмеа пејачката и нејзините Инстаграм следбеници (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/nepoznat-mazh-pred-dvoretsot-na-dragana-mirkovik-ja-nasmea-pejachkata-i-nejzinite-instagram-sledbenitsi-video/ Tue, 30 May 2023 06:41:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304152

Замокот во близина на Виена во кој живее фолк дивата Драгана Мирковиќ и претходно беше туристичка атракција, но последниве години оваа луксузна зграда особено го привлекува вниманието на луѓето кои по потекло се од поранешна Југославија токму поради тоа што во овој замок живее голема музичка ѕвезда. Додека врнеше, еден од обожавателите на Драгана се снимаше пред замокот.
- Кога ќе ме фати дожд пред замокот на Драгана Мирковиќ, а нема кој да ме покани внатре- напишал младиот човек кој се снимаше пред домот на пејачката. На Драгана и се допадна ова видео и го сподели со своите фанови. фото:Инстаграм принтскрин/Драгана Мирковиќ]]>

На Теа Трајковска и се случи пех, публиката во тесно потисната, пејачката покисната (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/na-tea-trajkovska-i-se-sluchi-peh-publikata-vo-tesno-potisnata-pejachkata-pokisnata-foto/ Wed, 19 Apr 2023 07:55:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298525

Временстата прогноза вели дека променливото и врнежливо време ќе се задржи на територијата на целата земја, а тоа на некои им одговара, други пак се ужаснати од таквото време. Поради временските неприлики беа засегнати и некои естрадни уметници кои имаа закажано настапи на отворено, особено сега за Велигден. Една од нив беше и поп пејачката Теа Трајковска која требаше да пее во градскиот парк во Кочани. Најпрвин ја покани и и' закажа средба на публиката, а потоа им откажа, но само за локацијата, а забавата поради дождот мораше да биде преместена во еден бар во Кочани. Теа така фатена во тесно и неизвесно, на пат мораше да тргне, а за секој случај до себе го имаше и својот стилист, ако накисне, да има кој да ја стилизира повторно. Дождот почна, а Теа колку можеше да спаси од шминката и фризурата, се покри со најлонска кеса на главата. Ова беше овековечено за спомен од врнежливиот Велигден и настапот во Кочани кој за среќа се случи. Е сега, публиката можеби го немаше комфорот на отворено и остана потисната, а пејачката накисната, забавата не смееше да трпи. Едно поинакво доживување, кое на крај сепак излезе со решение, Теа задоволна, а и публиката исто така. фото:Инстаграм принтскрин/теа трајковска/photos by @cokrevski]]>

Сексапилот пуштен на најјако:Милена Антовска во пресекси стајлинг за на дожд (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/seksapilot-pushten-na-najjako-milena-antovska-vo-preseksi-stajling-za-na-dozhd-foto/ Tue, 24 Jan 2023 10:08:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285456

Неодамна ТВ водителката Милена Антовска Станковска го прослави првиот роденден на својата ќеркичка Јоана и со семејството имаа убави моменти исполнети со многу среќа. Времето лета и помина цела година откако Милена се породи по вторпат, а за многу кратко време се врати во топ форма, иако еден период не беше задоволна од својот изглед, па летото се двоумеше дали да објавува фотографии во бикини. Сега постпородилниот период е зад неа, а таа е во совршена форма. Во поглед на стилот, Миленче сезонава е навлечена на куси здолништа кои со тие долги нозе, совршено и прилегаат. Многу често е тама во медиумите и тоа токму поради својот секси изглед, особено оној пред камери. Но и кога не е на работа, Милена е истата секси мама, а тоа го покажа со селфи во лифт од стајлингот кој го избрала на врнежлив ден.   Таа споила беж долг капут со макси џемпрче и ултра кусо колоритно здолниште – шик урбана комбинација која е полн погодок. Сесапилот и е пуштен на најјако, а нема сомнеж дека со вака голи нозе била магнет за погледи. фото:Инстаграм/Фејсбук принтскрин/Милена Антовска]]>

Мајка и ќерка како од моден магазин: Mилена Антовска и наследничката во сличен стајлинг на дождот https://arhiva.vistina.com.mk/majka-i-kjerka-kako-od-moden-magazin-milena-antovska-i-naslednichkata-vo-slichen-stajling-na-dozdot/ Sat, 22 May 2021 07:00:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=168766

Летната сезона и летните одмори веќе завршија, иако оваа година не беа како порано, кој можеше искористи да замине некаде на одмор и да ги наполни батериите. Веќе е крајот на месец септември, а со тоа и есената е во полн ек, па наместо сонце се повеќе се зачестени дождови и врнежи, а летната гардероба ја заменуваме со есенска. Македонската водителка Милена Антовска поради коронавирусот често беше на терен и ги известуваше гледачите за најновите случувања. Кога не е пред ТВ екраните, Антовска најчесто своето време го поминува со своето семејство, односно ќеркичката Лана Марија и сопругот. Малата Лана Марија е во период кога како и секое дете ги имитира и сака да биде како родителите, а во случајот ќеркичката на водителката се облече во сличен стајлинг како Милена. Така, на Фејсбук кај Антовска се најде објава на која мајката и ќерката имаат ист стајлинг. Имено, Антовска е облечена во фармерки, мајца и црно есенско палто во комбинација со кратки чизми, а таков стајлинг има нејзината ќерка. Под објавата се најдоа позитивни коментари односно фејсбук пријателите искоментираа дека се убавици. Инаку, Лана Марија неодамна наполни три години.]]>

Како ја започнаа 2021-ва познатите Македонки: Со љубовни пораки и мудри мисли, тазе лакирани ножни прсти, џакузи на дождот и голо стомаче на снегот… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kako-ja-zapochnaa-2021-va-poznatite-makedonki-so-ljubovni-poraki-i-mudri-misli-taze-lakirani-nozni-prsti-dzakuzi-na-dozdot-i-golo-stomache-na-snegot-foto/ Tue, 05 Jan 2021 09:33:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=183940

Среќна Нова Година... Многу здравје, среќе, љубов, успеси... Со желби и пораки за многу поубава година од претходната, влеговме сите во Новата 2021-ва, а влегоа и тие - познатите и популарни македонски личности.  А кога е почетокот на годината во прашање,  ако новата „принудно“ ја дочекаа во домашен амбиент, веќе првите денови се потрудија истиот да го заменат со малку поинаков конфор. Некои останаа во Скопје или родниот град, други заминаа надвор од македонската престолнина, во друг град, на некое туристичко место или планина, чисто онака - за да сменат средина и да ја избегнат монотонијата. Дома или некаде надвор, речиси сите беа во друштво на најмилите или некои други, ним драги луѓе, со кои малку се дружеа, разменуваа мудри мисли и позитивна енергија, но и се разубавуваа или ги полнеа батериите... Која како и каде стигнал, и секако кој со кого... Македонската „џепна венера“, Ноне Неделковска е веќе подолго во родниот Велес. Ковид 19 го запре светот, а со тоа и нејзината работа на крузер патувањата. Иако сега можеби нема со кого толку многу да ја разменува, Ноне сепак секогаш знае како да шири позитивна енергија. Зашто ја има... А тоа не се учи, туку или го носиш во себе или не! „Не може да се научи ширењето на позитивна енергија - не може од човек да излезе она што го нема“ - тврди некогашната поп ѕвезда, чие срце без оглед на околностие, секогаш е радосно. Госпоѓица Розмантична во 2021 влезе повеќе прагматична, отколку романтична... На Емилија Розман за романтика не и се поклопија коцките во 2020, па откако набрзина сфати дека се' уште и е подобро да турка соло, му ибега на матичарот пред нос, и и' се посвети на работата, а брачната дружба ја замени со пријателска... И тоа женска. Е сега, дали тоа е во склад со мудрата мисла што самата ја споделила, проценете самите. И најпознатата македонска манекенка и модел, Катарина Ивановска годината ја почна со три споделени нешта... Видеосеквенци од најновиот моден едиоторијал, цитат со мудра мисла и фотографија во машко друштво... Пријателско! Веројатно вистинското, ако така може да се каже,  зашто деновиве на некои македонски портали осамнаа наслови со поинакви тврдења!? А, цитатот, што самата го споделила? Автобиографски или не, одговорот лежи во нејзиниот сопствен начин на размислување! Македонската трендсетерка и екс ТВ водителка Мелита Ракичевиќ не издржа да доседи во Скопје. Првите денови на 2021-ва реши да ги мина на планина.  И тоа не сама, туку со својата омилена „колешка“, одноасно најмилото нешто што го има - нејзината ќерка Барбара. Обете заминаа на Попова Шапка, каде уживаа во  снежните убавини на прекрасната природа. И додека ќерката скијаше или бордаше, мајката остана сама да дише чист воздух и тоа со „полни гради“... Патем, не пропушти уште еднаш да го покаже својот телесен раскош. Мелита со прекрасна глетка кон брегот, раскопчана до пупаче, со голо стомаче на снегот. Среќна мајка - среќно дете, среќни сите што прекрасно им минуваат дните... Оние првите од 2021-ва! Лила Филиповска исто така во првите денови од 2021-ва, замина од Скопје. Ако не може се' што сака или каде сака, тогаш може барем нешто или негде каде што се може.  А и Охрид е нешто! До душа не како во лето, зашто во зима времето може да не ти се погоди, ама Лила и на дождот си најде како да го мине денот. Топла чорба за појадок - може, лук - никако! Ни лук јал(а)- ни лук - мирисал(а)! Лукот - на метар од неа! Штета, а баш е здрав... Ама здравје, се прави ни на друг начин, а Лила знае како. Во џакузи на дождот! Ем убаво, ем полезно... Ем душа дало за лежечко селфи на тазе лакирани ножни прсти, а Бога ми и потсетување од птичја перспектива, колку кубика силикони лежат во костимот! Фото: Принтскрин Инстаграм                  ]]>