доставувач – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 05 Mar 2020 14:13:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png доставувач – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Доставувач на храна открива како им се одмаздуваат на муштериите кои не им даваат бакшиш https://arhiva.vistina.com.mk/dostavuvach-na-hrana-otkriva-kako-im-se-odmazduvaat-na-mushteriite-koi-ne-im-davaat-bakshish/ Thu, 05 Mar 2020 14:05:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=137753

Доколку имате навика да нарачувате храна со достава тогаш дали на доставувачот му оставате бакшиш? Доколку вашиот одговор е “не“, можеби ќе го смените вашето мислење по оваа приказна. Анонимен возач кој што бил вработен како доставувач во мала пицерија открил на социјалната мрежа „Редит“ дека во текот на ноќта вообичаено прави околу 10-15 достави на храна. Платата која што ја зема не била нешто особено висока, а мора да плати гориво и одржување на возилото со кое врши достава што во превод би значело дека заработува малку пари. Поради тоа бакшишот него многу му значи. „Сепак, секоја вечер има луѓе кои не оставаат бакшиш. Најлошо е кога станува збор за голема и скапа нарачка. Доколку задоцнам и не ми дадат бакшиш, јасно ми е дека не сум ги услужил добро и дека не заслужувам. Но, доколку стигнам брзо и има добра услуга, а тие не ми дадат бакшиш тоа навистина ме разбеснува“ – напишал овој доставувач. Кога возачот ќе си ја заврши добро работата, а не добие награда за тоа, тие го пронаоѓаат бројот од кој што е направена нарачката и во раните утрински часови закажуваат два повици за будење преку телефонски сервис, а исто така тој открил дека во некои други сервиси има многу полоши трикови за “одмазда“. „Во некои од локалите за брза храна во кои претходно сум работел имаат навика и да плукнат во храната па дури и полошо од тоа“ – напишал тој. „Сметам дека не е добро да го правите тоа на нечија храна, без оглед на тоа како таа личност се однесувала кон вас. Но, јас доколку не направам ништо тогаш останувам лут цела вечер“. извор:точка.ком.мк]]>