донација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 30 Aug 2023 12:28:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png донација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Аутомакедонија со донација на енергетски ефикасна фасада за ООУ „Стив Наумов“ во населбата Автокоманда https://arhiva.vistina.com.mk/automakedonija-so-donatsija-na-energetski-efikasna-fasada-za-oou-stiv-naumov-vo-naselbata-avtokomanda/ Wed, 30 Aug 2023 11:43:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315958

Аутомакедонија, една од водечките компании за услуги поврзани со мобилетот и еден од најголемите дистрибутери на автомобили во Македонија, направи уште една донација со која ја зацврстува титулата на општествено одговорна компанија. По своја иницијатива и темелно планирање на овој проект од страна на Аутомакедонија, основното училиште Стив Наумов во Автокоманда доби нова енергетски ефикасна фасада. На веќе постоечки ѕид е додадена изолација која ја зголемува топлотната изолација со што се добива енергетска заштеда.
„Истражувајќи ги потребите на училиштата во нашата општина, дојдовме до идејата за обнова на фасадата во ООУ „Стив Наумов“. Во договор со општината во која се наоѓа нашиот објект – Автокоманда, заеднички го избравме основното училиште „Стив Наумов“. Примопредавањето на фасадата го усогласивме со почетокот на училишната година, а ќе го продолжиме со уште еден мурал кој ќе биде избран преку ликовен конкурс со цртежи од учениците.“ – изјави Гордица Штерјева, заменик директор на Аутомакедонија.
„Како градоначалник на општина Гази Баба изразувам благодарност до компанијата Аутомакедонија за покажаната општествена одговорност преку донацијата на изградбата на енергетски - ефикасната фасада на општинското основно училиште Стив Наумов во Автокоманда. Како локална самоуправа негуваме партнерски однос со компаниите кои функционираат на нашата територија. Наша обврска како локална самоуправа е да изнаоѓаме различни начини на финансирање со цел реализација на што повеќе проекти. “ – изјави градоначалникот на Гази Баба - Бобан Стефковски.
Со сите чекори за обнова на фасадата објектот добива минимално 20% зголемена енергетска ефикасност, што воедно ќе придонесе и за намалување на вкупните трошоци за енергија на училиштето. Реновирањето на оваа фасада е само еден дел од активностите кои Аутомакедонија како општествено одговорна компанија ги спроведува во рамки на својата стратешка определба за поддршка на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.]]>

Хипомед донираше апарати и опрема во болници низ Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/hipomed-donirashe-aparati-i-oprema-vo-bolnici-niz-makedonija/ Sat, 14 Nov 2020 11:13:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176127

Компанијата Хипомед - медицинска опрема Скопје донираше медицински апарати и опрема за неколку болници во Македонија со кои ќе го олесни лекувањето на пациентите со Ковид 19. Опремата веќе е испорачана до здравствените установи и е ставена во функција. Донацијата се состои од регулатори за кислородна терапија, пулсоксиметри, дезинфекциони столбови, апарат за препознавање вени и брза пункција кај мали дечиња и кислородни хауби.
„Оваа донација е само дел од низата со кои Хипомед ќе ги поддржува медицинските установи. Свесни сме дека и во овие моменти секоја помош претставува сериозна поддршка за клиниките кои се под постојан притисок на пандемијата. Се надеваме дека со оваа активност малку ќе им го олесниме товарот и дека ова ќе биде поттик и за други компании да ја покажат својата хуманост и да помогнат во соочување со оваа ситуација. Според нас нема поважна работа од здравјето на човекот“, велат од тимот на Хипомед медицинска опрема.
Вкупната вредност на дадената донација е околу 6.000 евра.]]>

Големо срце: Драгана Мировиќ донираше пет илјади евра во знак на сеќавање на нашиот Тоше Проески https://arhiva.vistina.com.mk/golemo-srce-dragana-mirovikj-donirashe-pet-iljadi-evra-vo-znak-na-sekjavanje-na-nashiot-toshe-proeski/ Tue, 27 Oct 2020 09:10:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173120

Минатата недела се одбележа 13-годишнината од смртта на Тоше Проески. Српската пејачка Драгана Мирковиќ донираше 5000 евра на Фондацијата Тодор Преоски во чест на поп-ѕвездата. – На овој начин сакав да го освежам сеќавањето за Тоше и неговата прекрасна музика. Фондацијата што го носи неговото име им помага на децата, па затоа сум сигурна дека парите ќе одат во вистинските раце. На телевизијата ДМ, неговото име и песна секогаш велат „Зачувај го од заборав“ изјавила Мирковиќ. Таа додаде дека на нејзината телевизија се обидува да не ги заборави луѓето што ги нема повеќе, и кои оставиле голем белег во музиката, како Силвана Арменулиќ, Тома Здравковиќ и други. - Секојпат кога ги емитувавме видеата на Тоше Проески, неговото име и насловот на песната секогаш на екранот пишуваат „спаси од заборав“ - рече пејачката.]]>

„Ју-ту“ донираа 10 милиони долари за борба против коронавирусот https://arhiva.vistina.com.mk/ju-tu-doniraa-10-milioni-dolari-za-borba-protiv-koronavirusot/ Thu, 09 Apr 2020 08:19:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=144229

Ирскиот поп-рок бенд „Ју-ту“ донираше 10 милиони долари за борба против коронавирусот во својата земја. Парите ќе бидат искористени за поддршка на здравствените работници и купување заштитна опрема. Дел од опремата финансирана од бендот веќе пристигна на аеродромот во Даблин, објави ирската телевизија РТЕ. Ирскиот премиер Лео Варадкар им се заблагодари на рокерите. – „Иако владата нарача количина опрема што во нормално време би била доволна за 13 години, секоја помош од приватниот сектор и јавноста е добредојдена“, напиша тој на Твитер. „Ју-ту“ со години се дел од многу национални, но и светски општествено-политички проекти и кампањи. Во Ирска досега околу 6.000 луѓе се заразени со коронавирус, а 235-мина починале]]>

Лила како банкарот – пари навреме: „Мене никој не ми дал позајмица од БМЈ Медиа, јас бев таа која даде позајмица“ https://arhiva.vistina.com.mk/lila-kako-bankarot-pari-navreme-mene-nikoj-ne-mi-dal-pozajmica-od-bmj-media-jas-bev-taa-koja-dade-pozajmica/ Wed, 29 Jan 2020 12:20:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131648

Заврши сведочењето на водителката Лила Филиповска за случајот „Рекет“. Обвинителката ја праша за нивните луксузни одмори, а таа одговори дека Боки во еден наврат бил во грчки ресорт со некои девојки, а таа и Сергеј Варошлија дошле само на еден ден. Дента кога бил уапсен Бојан Јовановски, Филиповска била заедно со него и со новинарката Анета Кочишки. Филиповска тврди дека, најпрвин по барање на Боки 13, дала донација од 25.000 евра за „1ТВ“, бидејќи како што рече, сакала да и помогне на телевизијата. Потоа следела и позајмица од 500.000 денари. „Бојан го знам скоро 17 години. Прво бевме блиски пријатели, па бевме неколку години скарани, па после пак се смиривме. Во 2018 година на Бојан му позајмив 500.000 денари. Мене никој не ми дал позајмица од „БМЈ Медиа“, јас бев таа која даде позајмица“, изјави Филиповска. Таа додаде дека биле неколку пати на викенд на одмор. „Дента кога Боки беше уапсен, планиравме да одиме во Миконос. Одморот беше планиран од Бојан. Тој кажа дека се е организирано, а веројатно и платено, не стигнав да дознам. Јас си имам свои пари, си зедов со себе, не е должен мене никој да ме чести. Веројатно ќе требаше потоа да се доплати, затоа си имав свои пари“ -  рече Филиповска. Бојан Јовановски немаше прашања за долгогодишната пријателка.  ]]>

Лила на сведочење за „Рекет“: Дадов 25 илјади евра донација и 8 илјади евра позајмица на „1ТВ“ https://arhiva.vistina.com.mk/lila-na-svedochenje-za-reket-dadov-25-iljadi-evra-donacija-i-8-iljadi-evra-pozajmica-na-1tv/ Wed, 29 Jan 2020 10:49:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131604

„Не сме скарани, но не сме веќе пријатели со Боки 13“. Вака го почна сведочењето водителката Лила Филиповска за случајот „Рекет“, објавува А1он. „Го познавам од неговата 15-та година. Бевме пријатели, па бевме скарани некое време, па се смиривме пред некое време. Сега не сме скарани, но не сме пријатели“, рече таа. Таа кажа дека дала донација за „1ТВ“ од 25 илјади евра. „Сакав да помогнам“, рече водителката. Целата вест можете да ја прочитате ТУКА.]]>

По аферата „Рекет“ ја прозваа Тамара да ги врати донираните 10 илјади евра од Боки, но таа сега открива дека никогаш не ги ни добила! https://arhiva.vistina.com.mk/po-aferata-reket-ja-prozvaa-tamara-da-gi-vrati-doniranite-10-iljadi-evra-od-boki-no-taa-sega-otkriva-deka-nikogash-ne-gi-ni-dobila/ Wed, 18 Sep 2019 07:01:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=107433

Поминаа речиси четири месеци од евровизиската еуфорја во која фокусот беше на годинешната претставничка Тамара Тодевска. Веднаш откако пристигна во Скопје ја следеа низа скандали кои не поминаа како „секое чудо за три дена“, а за истите се уште се пишува и зборува. Тогаш, како заслуга за еврозизискиот пласман, долгогодишниот пријетел на Тамара Боки 13 и менаџментот на сега веќе згаснатата 1ТВ, одлучија да и дадат донација од 10 илјади евра како помош во градење на нејзината интернационална кариера. Потоа на Тамара и се случи скандалот со погрешното интонирање на химната, што дополнително ја разгори ситуација, а пак на Боки, аферата „Рекет“. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tamara-todevska-na-nastapot-vo-ambasadata-na-sad-gi-izbrisha-ilindencite-od-makedonskata-himna-goce-delchev-dame-gruev-pitu-guli-sandanski-preskoknati-vo-izvedbata-video/ Тамара во тој период беше повлечена од јавноста и откажуваше настапи. Боки пак, како што е добро познато, заврши зад решетки поради аферата „Рекет“. А тука остана и дилемата дали Тамара ги доби ветените 10 илјади евра и ако е така за што ги искористи? Не изостанаа ниту прозивките на социјалните мрежи за пејачката да ги врати парите. За Тамара сега бурата како да стивна, па вчеравечер реши да им се врати на настапите, односно пееше на Камениот мост во рамките на манифестацијата „Звуците на чаршијата“. Се активираше и медиумски, па во интервју за „Фокус“, откри дека ветените пари никогаш не ги ни добила. - Не би сакала да коментирам ништо околу случувањата со Бојан Јовановски. Сепак, се познавам со него подолго време и кон мене бил секогаш коректен. Донацијата никогаш не беше реализирана, вели пејачката за „Фoкус“. Како што велат старите, кога ќе кажеш некому, ќе ти олесни на душата, веројатно така е и за Тамара откако и ја соопшти на јавноста својата страна на приказната, а како дополнителен мелем си ја има песната и секако семејството. Инаку, Тодевска сподели и дека нејзините музички аспирации сега се наочени кон европската турнеја која стартува наредниот месец во Шпанија, Данска и Германија.]]>

Чистач на чевли 30 години ги собирал парите од бакшиш, донирал 200 илјади долари за болни дечиња https://arhiva.vistina.com.mk/chistach-na-chevli-30-godini-gi-sobiral-parite-od-bakshish-doniral-200-iljadi-dolari-za-bolni-dechinja/ Thu, 25 Oct 2018 11:30:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=54420

Добродушноста на Алберт Лекси ќе ви го згрее срцето. Приказната за овој чистач на чевли го освои светот и инспирира илјадници лица да им подадат рака на оние на кои им е потребна помош.
Имено, Лекси 30 години ги штедел парите од бакшиш, а потоа ги донирал собраните 200.000 долари за лекување на болни дечиња.
Алберт Лекси Хуманиот маж секое утро во вторник и четврток патувал со три автобуси за да стигне до детската болница во Питсбург, каде чистел чевли за 3 долари. Тој користел кутија со алатки која ја изработил во школо кога имал 15 години. Лекси заработувал само 10.000 долари годишно од овој ангажман, но сепак, бакшишот го тргал настрана за да собере поголема сума со која би им помогнал на мали пациенти. Средствата тој ги донирал во 2013 година за деца кои немаат здравствено осигурување, за сите пациенти, без исклучок, да можат да ја добијат медицинската помош која им е потребна. „Само сакам да ги видам децата како оздравуваат“ – изјавил тој. Алберт Лекси Алберт Лекси Алберт Лекси Алберт Лекси Алберт почина минатата недела на 76-годишна возраст, но неговата добродушност ќе продолжи да инспирира и поттикнува големи хумани дела. „Тој е совршен пример за тоа како мали поединечни добри дела можат да влијаат врз милиони луѓе“ – изјавил директорот на болницата. Алберт Лекси Алберт Лекси

]]>

Бурак и сопругата направија нешто импресивно и тоа за нејзиниот 32-ри роденден – еве ги деталите https://arhiva.vistina.com.mk/burak-i-soprugata-napravija-neshto-impresivno-i-toa-za-nejziniot-32-ri-rodenden-eve-gi-detalite/ Fri, 08 Jun 2018 10:40:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=31535

Познатата турска актерска двојка Фахрие Евџан и Бурак Озчивит, деновиве донираа 3000 вакцини за децата на УНИЦЕФ и тоа по повод 32-от роденден на актерката. Со ваквата донација тие се обидеа да спасат многу детски животи, а овој момент го доживеаја како многу емотивен. Од друга страна Бурак на својата сакана и приреди изненадување со тоа што прославата за роденденот ја организираше на јахта, каде ги повика другарките на Фахрие.
Со ова покажа дена не само во сериите, туку и во приватноста е хуман и романтичен човек.

..amity.. ?

A post shared by Fahriye Evcen Özçivit (@evcenf) on