донации – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 27 Feb 2024 11:54:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png донации – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 ДНК собраа 690.000 денари откако ја дадоа статуетката од Златна Бубамара на хуманитарна лицитација за лекување на Леонид (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-sobraa-690-000-denari-otkako-ja-dadoa-statuetkata-od-zlatna-bubabara-na-humanitarna-litsitatsija-za-lekuvane-na-leonid-foto/ Tue, 27 Feb 2024 06:45:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340247

ДНК и Врчак ја добија статуетката  на „Златна Бубамара“ за Хит на годината за песната „Посреќна“, а со неа одлучија да се приклучија на хуманитарна акција. Тие откако ја дадоа на лицитација најавија дека парите ќе ги донираат за лекувањето на Леонид Индов во Австрија. На социјалната мрежа Инстаграм на профилот кај Панче лицитацијата за статуетката траеше четири дена, а секој можеше на учествува. Наддавањето за статуетката го завршија со 250.000 денари понуда од Митрески Кирче од Охрид, за кого Панчо кажа дека нема социјални мрежи. - На 3 часа пред завршувањето на лицитацијата за Лео, добивме повик од господинот Митрески Кирче од Охрид (нема социјални мрежи) и во име на неговата компанија “Топлина” ја добивме досега највисоката сума во износ од 250,000 денари“. „Драги наши. И официјално заврши лицитацијата за помош на Лео, преку која наградата Златна Бубамара на популарноста заврши во рацете на Митрески Кирче од Охрид кој ја даде најголемата понуда во износ од 250.000 денари. Премногу сме благодарни, не само на него, туку и на сите вас кои учествувавте во лицитацијата, или ја споделувавте со цел да стигне до што повеќе луѓе. Во исто време, сакаме да ви соопштиме една преубава вест, и воедно да им искажеме огромна благодарност и на господата кои беа дел од лицитацијата: Филип Патриклиски кој понуди 150.000 денари и Живко Коцев (90.000 денари), како и компанијата Еклектик Диспеч (200.000 денари), понуди кои иако не беа највисоки сепак решија да ги донираат за Лео. Со ова, тоталната сума изнесува неверојатни 690.000 денари, со што Македонија уште еднаш покажа дека е хумана нација, и нација со огромно срце“, стоеше во објавата на ДНК на Фејсбук профилот. Минатата 2023-та година тие парите од продажбата на статуетката кои ги собраа ги донираа во фондацијата „Марко Божиновски“. За нивната хуманост големо браво им упати и Миа Костова, македонската водителка и инфлуенсерка која и самата организираше огромна акција за лекувањето во Австрија на младиот Леонид. Кај неа се придружија бројни компании и поединци кои ги понудија нивните продукти, а на Инстаграм прашања таа одговори дека сумата надминала малку над 10.000 евра. Фото: printskrin/instagram/Facebook]]>

Нема да ја познаете: Со ваква впечатлива трансформација, Атиџе не беше ниту на Оскарите (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/nema-da-ja-poznaete-so-vakva-vpechatliva-transformacija-atidze-ne-beshe-nitu-na-oskarite-foto/ Mon, 30 Nov 2020 08:46:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178554

Велат дека секое чудо три дена трае, а тоа и не е така далеку од вистината ако се земе фактот дека околу документарецот „Медена земја“ на Оскарите, особено главната хероина Атиџе, се зборуваше многу, за деновиве повторно да прочитаме за старо –новата судбина на Атиџе Муратова. За Атиџе се пишуваше доста, се снимаа интервјуа, а со возбуда се очекуваше и нејзиниот изглед на црвениот килим во Долби театарот во Лос Анџелес. Денес пак, повторно има интервјуа со неа, но не така често и не како што ја замислувавме – вработена и вдомена во новата куќа. Неодамна на ТВ Алфа се емитуваше интервју во кое Атиџе зборуваше дека повторно живее во старата куќа, бидејќи со социјаланта помош од 4 илјади денари не може да ја одржува за струја, вода и се што е потребно. Понекогаш нема ниту храна, а и здраствено не се чувствува добро по повредите откако ја нападна куче. Сепак, таа самата вели дека никогаш не би побарала помош бидејќи се срами. На своја иницијатива, телевизијата објави трансакциона сметка од банка каде може да се донира за Атиџе, а и тие помогнаа во истото. Пејачкта, водителка и писателка Сузана Турунџиева, периодов е голема поддршка на Атиџе во секоја смисла. Сузе на својот профил објави фотографија од Атиџе на која едвај ја познавме медената хероина. Нашминкана, дотерана, со фризура, каква што не беше ниту на Оскарите. Но, акцентот во објавата на Турунџиева беше сосема поинаков. -Оваа жена е бесценета за нашата земја... Најголемото богатство кое таа го поседува е нејзиното ДОСТОИНСТВО и доброто срце...Колку што сум тажна и лута што некои медиуми и поединци со нивните непромислени потези деновиве се обидоа да и го скршат достоинството и да ја прикажат во светло кое таа не го заслужува, толку сум благодарна што во приватни пораки добив еден куп пораки од добри и хумани луѓе кои се подготвени да и помогнат, за да и покажеме дека не е сама, и дека колку сме - толку сме, но секогаш ќе бидеме тука за неа... Ви благодарам на сите, пишува Турунџивеа. Атиџе е доказ дека чудата навистина се случуваат, а да се надеваме дека животот за неа нема да остане онаков каков што го гледавме од документарецот и ни течеа солзи.]]>

АПЕЛ: На пејачот Момо Николоски итно му е потребна наша помош https://arhiva.vistina.com.mk/apel-na-pejachot-momo-nikoloski-itno-mu-e-potrebna-nasha-pomosh/ Mon, 28 Jan 2019 13:38:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=69768

На македонската музичка легенда Момо Николоски му е потребна итна помош поради сериозноста на болеста од која боледува. Колеги на социјалните мрежи апелираат кој е во можност да уплати сума пари на банковната сметка на Момо Николовски, бидејќи му е потребно итно лекување. Исто така, ќе бидат органзирани хуманитарни концерти, а ќе бидат отворени и донаторски кутии на концертите на кои настапуваат колеги на доајнот на македонската народна музика.
Почитувани колеги музичари и пријатели на македонската музика,ви се обраќам како долгогодишен соработник на мојот почитуван колега и кум Момо Николовски, на кого во моментов му е потребна нашата несебична помош и поддршка. Потребни се финансиски средства за негово итно лекување, затоа ве замолувам секој според можностите да помогне донирајќи на следната ж-сметка 300007032927321-Комерцијална банка АД Скопје. За повеќе информации слободно контактирајте ме на телефонот 070 279 769, пишува музичарот Сашо Ливрински. Во тек е отворање донаторски телефонски броеви.]]>

Завршен хуманитарен концерт: „Со тебе светот е најубав” https://arhiva.vistina.com.mk/zavrshen-humanitaren-koncert-so-tebe-svetot-e-najubav/ Wed, 30 May 2018 09:59:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=29655

Музичарите од ЕВА заедно со нивните професори ќе одржат концерт кој ќе прозвучи љубов и радост. Концерт посветен на сите кои ги сакаме и кои ни го бојат светот, а наменет за собирање средства за лекување на малиот Василие Петридов, кој боледува од мускулна дистрофија, а кој заедно одлучуваме дека ќе живее, среќно и здраво! Влезот е ваша донација од 100 ден. На 5-ти јуни, вторник, од 19:00 часот, на Факултетот за музичка уметност, Голема сала, за Василие ќе концертираат нашите ученици: Софија Аџиева Елена Аџиева Андреа Младеновска Теодора Спиридонова Надја Петковска Јелена Илиќ Деница Батковска Давид Иљов Моника Шишкова Афродита Хаџи-Лега Ангелина Дулева Мила Бадаревска Леандра Амети Предраг Станковиќ Симона Младеновиќ Денис Асани Дарко Пенев Ерин Селим Ангел Пејковски Јарослава Ѓуричиќ Љупчо Нечовски Елена Аџиева Рина Османи Амелија Станчева Ева Негриевска Леарт Амети Во класата на професорите: Теодора Нарашанова - пијано Гонце Богоромова - Краповски – соло пеење Билјана Камчева – соло пеење Ѓорѓи Миладиновски – гитара Фотографија на плакат: Александар Томовски, успешен фотограф од Школата за фотографија во ЕВА Музика и сите убави емоции на едно место! Бидете таму! Во меѓувреме, донирајте на  телефонските броеви:
Телеком 070 143 444 Oне.Вип 143 464 или донирајте на трансакциска сметка: 270-7000244647.07 АД. Халк Банка Скопје
Линк од апелот за помош: https://www.donacii.mk/aktivni-apeli/apel-za-pomosh-na-vasilie-petridov/]]>