домен сказа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 11 Apr 2023 08:29:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png домен сказа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марија Петровска стана мајка: Некогашната водителка на „Бекстејџ“ роди синче кое доби необично име (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-petrovska-stana-majka-nekogashnata-voditelka-na-bekstejdh-rodi-sinche-koj-dobi-neobichno-ime-foto/ Tue, 11 Apr 2023 08:28:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297632

Откако на  поранешната водителката на ТВ магазинот „Бекстејџ“ - Марија Петровска, пријателките неодамна и  приредија „Бебешки туш“ (baby shower), обичај во католичкиот свет кој во суштина се работи за забава на која се носат и подготвуваат подароци за да се прослави породувањето, односно очекуваното раѓање на детето и трансформацијата на жената во мајка, сега таа ја доживеа најголемата животна радост. Имено популарната Маца за прв пат  стана мајка. Роди син - здраво машко чедо, чиј пол се знаеше уште претходно иако потенцијалното име на синот ниту таа, ниту нејзиниот партнер , Словенецот Михаел Сказа не го соопштуваа до пред самиот чин на породувањето. Не барем јавно, освен, можеби на потесниот семеен круг и најблиските роднини. Откако на 31 март 2023 и дефинитивно се остварија како родители за прв пат, а малечкиот ја здогледа виделината на денот доаѓајќи на овој свет  гордите родители почекаа неколку дена мајката и новороденчето да си дојдат дома, па дури тогаш јавно ја обзнанија радосната вест во јавноста. Маца споделила фотографија од рачето и дел од лиценцето на малечкото, па покрај неа напишала: „Твојот прв здив ни го одзеде нашиот здив“, ставајќи го покрај фотографијата датумот и часот на раѓање на нивното прво чедо, тежината и големината но и уште еден важен детал - името на малечкиот. Имено, тој го добил името Домен и секако го носи презимето на татко му - Сказа. Уште една фотографија од малечкиот Домен во количка осамна на нејзиниот Инстаграм откако, тие си дојдоа во својот дом од породилиштето. За потсетување, екс водителката Марија Петровска повеќе од 7 години живее во Словенија заедно со нејзиниот партнер, Михаел Сказа. Популарната Маца кон крајот на минатата година обзнани дека е бремена, а сега таа со нејзиниот партнер за прв пат се остварија во улога на родители. Нека им е жива и здрава приновата. Фото: Инстаграм принтскрин/marija_petrovska  ]]>