домазет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Mar 2019 08:49:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png домазет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Миро Кацаров на прашка пролет во љубов без лимит: Македонски домазет, најдобар на свет! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/miro-kacarov-na-prashka-prolet-vo-ljubov-bez-limit-makedonski-domazet-najdobar-na-svet-foto/ Mon, 11 Mar 2019 08:43:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=76812

Познато е дека водителот на најпопуларниот и најгледан ТВ магазин „Бекстејџ“, е во љубов... на дистанца! Зашто, неговата девојка не е Македонка и не е во Македонија, туку неговата драга живее по Прага.
Затоа Миро Кацаров секоја прилика ја користи да и оди на гости или да ја покани таа да дојде кај него. Овој пат  „Миро - Де Ниро“ украде некој слободен ден, па го фати првиот лет и се упати кон чешката престолнина... На прашка пролет! А таму, го пречека таа - неговата љубов, неговата „красиваја дјевушка“, атрактивната Наталија, родена Украинка која со години живее и работи како маркетинг менаџер во Прага.
Времето лимитирано за љубов без лимит... Па затоа решија да го искористат на најрационален и најдобар можен начин - дома! За одблизу „да се видат“, подобро да се запознаат, да се убедат во можностите, способностите и квалитетите на партнерот! Па ако го бива... може сериозно да се подразмисли!?
Домаќинката за нас е непозната, ама затоа зетот... и тоа како го знаеме! А информациите од Прага велат дека ептен се покажал... Најмногу во кујната! Не дознавме само дали специјалитетот бил македонски, ама сеедно... Госпоѓица Еремина си најде достојна замена. Доби обилна и вкусна порција и проверен кандидат за маж!
А наш Миро  - „Де Ниро“, доби престилка, титула кујнски шеф и грст комплименти дека е... македонски домазет, најдобар на свет!
До душа со мало предупредување, да не и ја пресоли порцијата, што Миро внимателно го испочитува. Не дознавме само дали доволно и го з(а)биберил... јадењето!?  ]]>