домашно милениче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 16 Nov 2023 10:12:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png домашно милениче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марија Луиса Тодоровска одново има чудна „животинска желба“: Најпрвин посака и доби јаренце, па и подарија магаренце, а сега меракот му го фрли на розовото прасенце! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-luisa-todorovska-odnovo-ima-chudna-zhivotinska-zhelba-najprvin-posaka-i-dobi-jarentse-pa-i-podarija-magarentse-a-sega-merakot-mu-go-frli-na-rozovoto-prasentse-video/ Thu, 16 Nov 2023 10:05:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327203

Марија Луиса Тодоровска речиси секојдневно наоѓа причина своите следбеници  на социјалните мрежи „да ги тресне од земја“. Така е и овој пат  кога со својата објава на Инстаграм фолкерката повторно покажа дека има нова чудна „животинска желба“. За потсетување,  Марија Луиса лани (2022 год.) за Денот на вљубените посака некој да и подари „бебе коза“, како што го нарече малото јаре! И најбрзиот што и има фрлено мерак на пејачката, иако неспорно е дека и го имаат фрлено многумина, и ја услиши молбата и дома на подарок и  ја донесе „играчката“ што фолкерката ја посака – живо јаренце! Иако ќефот на Марија беше голем, можностите да се чува јаре во стан среде Скопје се никакви, па затоа радоста и долго не и’ потраја, па пејачката беше принудена да се ослободи од „бејби козата“. Дали таа заврши одново на некоја селска ливада или во нечија рерна - остана мистерија!? За утеха, на Марија Луиса некој анонимен обожавател пред врата и остави магаре! Арно ама магаренцето не беше живо туку плишано, па иако пријатно ја изненади, сепак до крај не ја усреќи,  зашто очигледно подарокот на непознатиот доставувач „анималната потреба“ до крај не и ја задоволи! Најновата желба што сексапилната битолчанка си ја посака е исто така „животинска“. Многумина чуваат разно - разни егзотични домашни миленилиња, како гуштери, змии пајаци... па тогаш зошто Марија не би можела да чува прасенце? До душа ако станот среде македонската престолнина не беше трло за јарето, ни за прасенцето не е кочина, ама сепак... Меракот е голем, желбата неодолива, па ни пет ни шест, Марија си посака некој да и ја исполни со тоа што ваквото розово прасенце ќе и го подари. Повод не мора да има, или еве, ако веќе треба да има нека биде тоа... на пример Нова Година! До душа, со оглед на тоа колку бргу „ги густира“ играчките, а и какви се  среде град условите за чување ваков тип на домашно милениче, несомнено е дека и оваа желба откако ќе и ја исполнат, бргу ќе ја мине. Е сега, дали прасето ќе заврши назад во некоја селска кочина или на нечија трпеза за Нова Година... е друга работа? Се' на се', на Марија Луиса и треба прасе! Фото: Инстаграм/luisa.todorovska Видео: ТикТок]]>

Не станува збор за куче или мачка: Ова домашно милениче носи најголема среќа https://arhiva.vistina.com.mk/ne-stanuva-zbor-za-kuche-ili-machka-ova-domashno-mileniche-nosi-najgolema-sreka/ Mon, 24 Apr 2023 12:10:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=299135

Можеби кучето и мачката се најчестите домашни миленици, но кога е во прашање среќата во домот, постои подобар избор. Во последните децении многу се зборува за фенг шуи како древна уметност, кога станува збор за украсување и внесување предмети во куќата, за кои се верува дека носат среќа, мир и богатство. А, она за што ретко се зборува, а малкумина го знаат е дека постои домашно милениче кое може да донесе неверојатна количина на добро за целото семејство. Тоа е златна рипка. Ова животно е високо ценето низ ориенталниот свет и е многу почитувано од будистите бидејќи претставува еден од светите амблеми на Буда. Па, источните земји цврсто веруваат дека семејствата кои имаат златна рипка во својот дом живеат долг и здрав живот, а Египќаните уште од античко време веруваат дека овој миленик носи среќа на целото семејство. И во Грција златната рипка е моќен симбол, а само мажените жени добиваат златна рипка како подарок за да имаат среќа во бракот и многу деца. Многумина веруваат дека златните рипки се најмоќниот талисман кој привлекува богатство. Кинезите веруваат дека златната рипка чува добра енергија во куќата, без која според нивното верување нема мир, благосостојба и пари во ниту еден дом. Извор: Курир.мк]]>

Милош Биковиќ покажа на што потроши цело богатство и предизвика бура на социјалните мрежи (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/milosh-bikovik-pokazha-na-shto-potroshi-tselo-bogatstvo-i-predizvika-bura-na-sotsijalnite-mrezhi-foto/ Wed, 19 Apr 2023 08:38:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298574

Актерот Милош Биковиќ на својот Инстаграм профил сподели фотографија од мачка чија цена достигнува и до 10.000 евра. Биковиќ позираше со своето ново милениче, кое очигледно предизвика насмевка на неговото лице. - Во шок сум - напиша Биковиќ на Инстаграм со фотографија на која се гледа како држи мачка во раце, завиткана во црвено ќебе. Станува збор за мачка сфинга без влакна, чија цена на пазарот се движи од 250, а вие мачки се сметаат за најскапи во светот, а кај многу ретки мачки сфинга цената може да достигне 10.000 евра. Инаку, сфингата е најпознатата безвлакнеста раса на домашна мачка, чувствителна на зголемена топлина и студ, поради што најчесто се чува во затворени простории. Ова е интелигентна и љубопитна мачка, многу приврзана за својот сопственик. Просечната тежина е од 3,5 до 7 кг. Фото: Принтскрин/Инстаграм/]]>

Македонските ТВ водителки со новогодишни честитки: Што посакаа Лила, Вера и Милена од под елката, секоја во своја порака за 2023-та? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-tv-voditelki-so-novogodishni-chestitki-shto-porachaa-lila-vera-i-milena-od-pod-elkata-sekoja-vo-svojata-poraka-za-2023-ta-foto/ Tue, 03 Jan 2023 07:54:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282432

Лила Филиповска со насмевка ја испрати старата и со благодарност ја дочека новата 2023 година, во која тврди дека сега е похрабра, помудра и посилна бидејќи од старата година добила незаборавна лекција за која не била подготвена. Па затоа и  порача: „Побрзо да си оди .... доста и беше!“ Водителката на нејзиниот „Инстаграм“ објави фотографија на која позира покрај новогодишна елка со нејзиниот мачор Рагнар, а во описот напиша:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lila (@lilafilipovska)

„Заслуживме ваква насмевка од срце и јас и Рагнар . Заслуживме да и се насмееме и да ја испратиме старата година. Година која ми одржа незаборавна лекција…која скапо ме чинеше, ама истовремено сум и многу благодарна за искуството за кој не бев подготвена . Ама нели “храбрите ги прати среќата” па излегов посилна и помудра! Затоа сакам што побрзо да си оди, доста и беше !!! …. Она што ми е најбитно од се и во оваа година ми е да сум здрава и жива и да бидам опкружена само со позитивни луѓе , луѓе кои ме инспирираат и го будат најдоброто во мене .Истото ви го посакувам и Вам драги пријатели ... благодарам на вашата поддршка и критика на сета љубов што ми ја давате затоа што ако Ве нема Вас и јас не би била тоа што сум...Имајте најсреќна нова година….Ве сакам …и во годинава што следува бидете ми живи и здрави...Ваша Лила“ - напиша водителката во новогодишната порака. Лила низ смеа на следбениците на „Инстаграм“ им соопшти дека ја заслужила насмевката и не само таа туку и нејзиното милениче, кое понекогаш е и мачор - инфлуенсер. За потсетување, Лила и минатата година водителката  во истиот амбиент ја дочека Новата Година во прегратка со Рагнар позирајќи пред новогодишната елка во пижами и без многу помпа и фанфари, а и оваа не беше нешто поразлична. Вера Мештеровиќ која е најтазе во водителскиот ТВ занает, во работна атмосфера од студиото на „Канал 5“ ја соопшти својата новогодишна честитка, ама не само преку ТВ екраните туку и на својот Инстаграм. Долгоногата убавица и некогашна мисица, кратка, концизна и класична во желбите, посакувањата и пораките за 2023-та,  и до гледачите и до следбениците , но и до најблиските:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Vera Mesterovic (@veramesterovic)

„Годината нова 2023 да ни донесе нова надеж, убавини во домот, успеси на работното место е она кое го посакувате. Но, пред се', здравје, љубов, многу насмевки, радости, почит кон ближните и меѓу сите нас. Ви посакувам Среќна Нова 2023 госина“ - напиша на својот Инстаграм седната на водителското столче крај елката Вера. Нејзината колешка од утринската програма „Здраво Македонијо“, исто така долгоногата убавица Милена Антовска - Здравковска исто така не пропушти да ја соопшти својата новогосишна порака. Секако и таа, на социјалните мрежи, осносно на својот Инстаграм, седната крај елката, најпрвин н покрај онаа „службената“, додека уште не беше накитена... ...А потоа и покрај онаа нејзината, домашната, откако Милена ја украсила со најубави лампиони и новогодишни украси,  за потоа седната покрај неа и самата да се изјасни, што тоа посакува, што очекува, на што се надева... во новата 2023-та во која, како што самата нагласува, сепак ќе остави работите да си течат сами по себе:
„Минатата година ми беше една од оние што никогаш нема да  ги заборавам затоа што се роди мојата втора љубов Јоана. Во оваа 2023-та година најискрено сакам само да сме живи и здрави, да има доволно љубов, смеење и мноооогу музика. Исто така, сакам да имам повеќе време за да сите мои драги луѓе ги гледам што е можно почесто, а тоа значи дека ќе ми треба добра организација. Имам уште некои нешта на ум, но не сакам да пишувам реферати… Нека си течат работите сами по себе“ - спионтана е Милена во желбите. Ете така некако ја испратија старата и дочекаа Новата 2023-та познатите македонски ТВ водителки. За некоја од нив старата беше најлошата, за некоја најдобрата година, една посакува никогаш да не се врти, другата вели вечно ќе ја памети, третата со своите желби и пораки... Како и да е надежта прва се раѓа, а последна заминуваа па, останува да се надеваме дека посакувањата годинава ќе им се остварат...  на сите. И ним и нам и Вам!  Добредојдовте во 2023-тата! Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska/veramesterovic/milena_antovska  ]]>

Како да знаете дали вашето домашно милениче има топлотен удар? Постојат јасни симптоми https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-znaete-dali-vasheto-domashno-mileniche-ima-toploten-udar-postojat-jasni-simptomi/ Fri, 29 Jul 2022 12:45:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261012

Кучињата добиваат топлотен удар почесто од мачките, а особено се погодени младите и старите животни кои не се во добра состојба. Срцевите заболувања, дебелината, староста или респираторните проблеми ги ставаат кучињата на дополнителен ризик. Кучињата со пократки муцки, како што се мопс или булдози, потешко ја „исфрлаат“ топлината со задишување, а одредени раси не поднесуваат топлина како другите. Во оваа група спаѓаат англиски и француски булдози, боксери, бернарди, мопс и ши цу. Директната изложеност на сонце не е единствениот проблем бидејќи и вашето домашно милениче може да добие топлотен удар доколку остане во прегреано место. Доколку забележите дека вашето куче е нерасположено, брзо дише, повраќа, има дијареа и температура повисока од 40ºC, веднаш отстранете го од сонце и изладете го со туширање или со ставање топли облоги околу вратот. Во летните горештини, иако кучињата се капат, сепак може да дојде до топлотен и сончев удар. Чувањето кучиња на плажите под чадори не ја намалува можноста тоа да се случи. Исто така, во текот на летото, кучињата се изложени на поголем ризик да ги изгорат шепите од топлината, да се дехидрираат или да доживеат топлотен удар. Топлотниот удар кај кучињата може да доведе до откажување на органите, оштетување на мозокот, крварење, слепило, конвулзии или дури и смрт. Нивната нормална телесна температура е од 38 до 39 степени. Температурата повисока од 41 степен е фатална и бара итна ветеринарна помош. Затоа е важно веднаш да ги препознаете првите симптоми на топлотен удар и навреме да реагирате. Симптоми Симптомите на топлотна исцрпеност вклучуваат: дијареа, гадење и повраќање, брзо задишување и црвенило на кожата во ушите. Првиот и основен знак за предупредување е задишувањето на кучето, односно како што велат сопствениците „јазикот се лепи за подот“. Се подразбира дека секое куче на сонце ќе задишува, но ако задишувањето продолжи заедно со други симптоми, веднаш побарајте помош. Други симптоми се грчеви во мускулите, кои се многу видливи. Кучето станува нервозно, оди бесцелно, се лиже, седи и станува. Непцата му стануваат темноцрвени или целосно бледи, а температурата на телото му е покачена. Таквата состојба е многу опасна бидејќи може да предизвика пукање на мускулното ткиво на кучето, собирање течност во мозокот, а уште повеќе може да предизвика шок и кома. Конечниот исход може да биде смрт. Затоа мора многу брзо да реагирате. Првата помош е можеби клучна. Кучето треба веднаш да се однесе на темно и ладно место и да се завитка во крпи натопени во млака вода. Особено е важно предивото да му го завиткате околу вратот. Не користете мраз или многу ладна вода бидејќи тоа може да биде контрапродуктивно бидејќи пребрзото ладење може да предизвика други опасни по живот услови за кучето. Обезбедете слободен пристап до вода, но не го присилувајте животното да пие. Во тој случај може да вдиши вода или да се задуши. Веднаш по пружањето прва помош, однесете го кучето кај ветеринарот завиткано во крпи натопени со млака вода. Ветеринарот ќе му даде инфузија и ќе му помогне. Дури и ако се чини дека кучето се опоравува, однесете го на ветеринар што е можно поскоро. Дехидрацијата е само една компликација на топлотниот удар што ветеринарот треба да ја дијагностицира. Терапијата со кислород често се дава за да се подобри перфузијата на виталните ткива и органи, а антибиотиците се даваат за да се спречи сепса. Заедно со топлотниот удар, изгорениците се најчеста летна болест која е последица на прекумерното изложување на сонце. Се јавува, исто како и кај луѓето, кога не ја заштитуваме доволно главата на кучето. Симптомите се многу слични на топлотниот удар, што значи дека кучето ќе има треска, општа слабост, проблеми со видот и забрзан пулс. Сè што важи за превенција и третман на топлотен удар важи и за сончевиот удар. Што можете да направите за да го спречите вашето куче да добие топлотен удар? Кога температурата е висока, не дозволувајте кучето да остане на жешки површини како што се асфалт и цемент. Намалете ги прошетките на такви површини на минимум. Однесете го вашето куче за лесно дотерување бидејќи краткото летно палто може да помогне да се спречи прегревање, но никогаш не го шишајте кучето до кожа. На кучињата со долга коса мора да им останат најмалку 3 сантиметри влакна за да се заштитат од изгореници од сонце. Обезбедете му на вашето куче пристап до свежа вода во секое време, како и до сенка. Не држете ја муцката на вашето куче бидејќи тоа ја намалува можноста кучето да задиши. Многу кучиња уживаат во пливање, прскање во мали базени или трчање низ прскалките кога времето е топло. Може да помогне во намалување на телесната температура. Никогаш не го оставајте вашето куче во автомобил.]]>