домашен притвор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 17 Sep 2021 08:26:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png домашен притвор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По Кичеец и Рашковски и Боки 13-ка сликан како слободно се шета низ Скопје, иако е во куќен притвор… на ред ли е Катица?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-kicheec-i-rashkovski-i-boki-13-ka-slikan-kako-slobodno-se-sheta-niz-skopje-iako-e-vo-kukjen-pritvor-na-red-li-e-katica-foto/ Fri, 17 Sep 2021 08:15:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219475

Чудна некоја земја оваа наша Македонија... Уште почудна власта и оние кои беа први пајташи со неа, па и се огрешија и неа, а најмногу  на народот, па сега се зад решетки. Или барем треба да бидат, ама не се! Зашто изнаоѓаат разно-разни причини и начини како да ескивираат. По Зоран Милески Кичеец, кој учествуваваше во сообраќајна несреќа со смртни последици на патот Охрид - Кичево, пред некој ден и бившиот секретар на владат на Заев, Драги Рашковски кој е во куќен притвор заради познатата „сообраќаен софтвер афера“, беше сликан како слободно си шета без задолжителната полициска придружба низ Скопје. Првиот бил на „месечен отпуст заради лечење“, вториов имал дозвола, односно, документ од судот кога да оди на лекар! Се сами „пациенти“, што би рекле! Најодговорниот се прави „наудрен“... Божем од медиумите разбрал за ваквите „прошетки“ на актуелните осуденици, негови доскорешни блиски соработници! И не мина ниту еден ден кога ете ти уште еден од „некогаш големото друштво“ на власта, фатен во кадар среде центарот на Скопје, а ико и тој треба да е зад четири ѕида, зад „домашни решетки“! Во тесни фармерки и тексас јакна, со каубојски чизми, Боки 13-ка е забележан во центарот на Скопје. За разлика од Зоран Кичеец и Драги Рашковски, кои беа уловени без придружба, Боки 13 шета на слобода во придружба на двајца полицајци во цивил. Барем така изгледаат на фотографијата која осамна на социјалните мрежи. Бојан Јовановски е сликан спроти „Зелено пазарче“ на влезот на паркингот на некогашната Градска болница. За потсетување, Боки 13 е осуден на 9 (девет) години затвор заради „Луј Витон“ аферата која резултираше со предметот „Рекет“. И додека на пример пред домот на екс министерот Миле Јанакиевски 24/7 дежураат полицајци, а бизнисменот Јордан Орце Камчев и гаранција од два и кусур  милиони евра не може да го извади од Шутка за да се брани од слобода, „грешните љубимци на власта“ кога сакаат се возат по Македонија и шетаат по Скопје. Како тргнало, веројатно следна е Катица... Можеби ќе добие „судска дозвола“ да оди на вакцинација, кој да ја знае? ]]>

Нема милост за никого: Пријовиќ, Мириќ, Ѓани… овие српски ѕвезди го прекршија полицискиот час и карантинот, па добија затворски казни (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nema-milost-za-nikogo-prijovikj-mirikj-gjani-ovie-srpski-dzvezdi-go-prekrshija-policiskiot-chas-i-karantinot-pa-dobija-zatvorski-kazni-foto/ Mon, 06 Apr 2020 08:43:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143368

Законот важи за сите, па така  Третиот основен суд во Белград осуди неколку лица на 10 месеци затвор, вклучувајќи познати фудбалери и пејачи, кои ја прекршија забраната за собирање повеќе од две лица во затворен простор, откако  полицијата ги фати и приведе во хотелското лоби на еден познат хотел како пијат. Меѓу осудените, кои претходно признале во Третото основно обвинителство дека не го почитувале законот и покрај забраната за собирање повеќе од две лица во затворено, се пејачите на народна музика Радиша Трајковиќ -Ѓани и Митар Мириќ, сопругата на Ѓани - Слаѓана, како и нивниот син Милош, но и познатиот фудбалер и српски репрезентативец, Александар Пријовиќ. Сите дале изјави во обвинителството и го признале кривичното дело: непочитување на здравствени регулативи за време на вонредна состојба и епидемија и склучиле спогодби за признавање на вината со што добиле казна секој од по три месеци куќен притвор. Судот ова го прифатил и истиот ден пресудите станале конечни. Ова за српски Курир го потврдила Ивана Милекиќ, портпарол на Третото основно обвинителство во Белград. Инаку, оваа казна е помала казнета за нарушување на самоизолацијата, за што следува казна од три години затвор. Како што се дознава, само идната снаа на пејачот Ѓани, Нина Јездимировиќ е пуштена од слобода затоа што е бремена. „Точно е за сè што стои во кривичната пријава, јас сум виновен“ - признал Ѓани.. Вина за кршење на прописите на јавно место изречени заради коронавирус признал и фудбалерот Александар Пријовиќ, кој како и останатите уапсени, прифатил да помине три месеци во куќен притвор. Тој рекол дека  жали за сето она што се случило. Пријовиќ и неколку други гости во ресторанот пред да бидат уапсени од полицијата, се обиделе да го избегнат притворот со тоа што отпосле се најавиле како гости на хотелот. Веројатно помислиле дека имаат право да останат на местото како гости, па некои од нив, кои биле фатени скоро два часа по упадот во полицијата, се пријавиле преку телефон или преку страницата Букинг и резервирале хотелски соби, но тоа не им помогнало“ - велат очевидци. И пејачот Митар Мириќ, кој подоцна се изјасни за виновен, на почетокот тврдел дека тој само накратко дошол во хотелското лоби за да си ја земе за дома нарачаната храна, иако не било така.]]>