домашен хумус – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 16 Jan 2023 13:41:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png домашен хумус – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Домашен хумус: Еве како сами да го направите овој совршен намаз со оригинален рецепт https://arhiva.vistina.com.mk/domashen-humus-eve-kako-sami-da-go-napravite-ovoj-sovrshen-namaz-so-originalen-retsept/ Mon, 16 Jan 2023 13:41:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284468

Леблебијата или наутот е основата на секој рецепт, а има навистина безброј варијации на темата. Хумусот е особено популарен во веганската кујна, па дури и оние кои се на специјална диета можат да го јадат. Состојки: 120 грама леблебија, претходно натопена во вода преку ноќ, една ипол шолја вода, половина лажичка сол, прстофат сода бикарбона. Потребно е: 3 супени лажици сусам, 4 лажички маслиново масло, 1 лажичка лук во прав, 2 лажички сок од лимон, 1 лажичка куркума, сол и бибер по вкус, сув магдонос, црвен пипер. Подготовка: Леблебијата која претходно сте ја натопиле во вода добро исплакнете ја. Процедете и истурете во тенџере. Прелијте со една ипол чаша вода. Во водата додадете половина лажичка сол, прстофат сода бикарбона и оставете да се вари на средна температура околу 15 минути. Проверете со вилушка дали леблебијата е сварена. Треба да бидат толку меки што лесно да се месат. Додека се варат, истурете го сусамот во ненамастена тава и пржете со постојано мешање додека не порумени. Оставете на страна да се излади. Изладениот сусам истурете го во блендерот и блендирајте додека не добиете фина текстура. Додадете го лукот, сокот од лимон, маслиновото масло, куркумата, солта, биберот и црвениот пипер и повторно изблендирајте. Потоа во смесата додадете ја леблебијата и блендирајте додека не добиете густа смеса. Извадете го хумусот и ставете го во чинија. извор:курир.мк]]>