дом арм – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 03 Oct 2022 12:52:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дом арм – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бранко Ѓуриќ- Ѓуро со хит комедијата „Ѓурологија“ доаѓа во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/branko-gjurikj-gjuro-so-hit-komedijata-gjurologija-doagja-vo-skopje/ Sun, 02 Oct 2022 07:20:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269606

„Познатиот босански актер Бранко- Ѓуриќ- Ѓуро, доаѓа во Скопје со хит комедијата „Ѓурологија“ на 13 октомври од 20 часот во Домот на АРМ. Со својот препознатлив босански шарм и долгогодишното актерско искуство, што особено се отсликува во неговите култни проекти „Топ листа надреалистa“ и „Аудиција“, Бранко Ѓуриќ Ѓуро преку „Ѓурологија“ навистина го дава најдоброто од себе. Еден вид (анти)стенд ап шоу „Ѓурологија“, како што сака да го нарече самиот Ѓуро, е всушност збирка од неговите интимни размислувања и погледи на животот, кои ги раскажува на искрен и урнебесен начин, одржувајќи ја публиката воодушевена, и речиси со непрекинато смеење.
Харизматичниот сараевчанец со холивудска и интернационална кариера како актер, режисер, кантавтор и рок музичар, во претставата ги обединува сите негови уметнички улоги и на публиката и претставува неспоредливо шоу од 90 минути. Претставата веќе неколку години руши рекорди на гледаност во светот на театарот и стенд ап комедијата на нашите простори. Одиграна е повеќе од 450 пати и ја виделе преку 350.000 посетители, и сè уште продолжува да ја воодушевува публиката и да ги полни салите низ целиот регион. Затоа не пропуштајте уште еден незаборавен настап на Бранко Ѓуриќ Ѓуро со почеток во 20 часот. Билетите се веќе пуштени во онлајн продажба, достапни преку https://www.karti.com.mk.  
]]>

На 18-ти март во Домот на АРМ: „Гоце фест 2022“ https://arhiva.vistina.com.mk/na-18-ti-mart-vo-domot-na-arm-goce-fest-2022/ Mon, 14 Mar 2022 13:49:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243048

Фестивалот на новосоздадени македонски патриотски и родољубиви песни „Гоце фест“, кој го чествува великанот Гоце Делчев, годинава ќе се одржи на 18-ти март од 20 часот во Домот на АРМ во Скопје. Во годината кога се одбележуваат 150 години од раѓањето на војводата, ќе настапат дваестина фолк изведувачи. Помеѓу нив се афирмирани изведувачи како: Блага Петреска, Петар Нечовски, Круме Спасовски, Ванчо Тарабунов, Ристо Краповски итн. Фестивалот е во организација на Ансамблот за народни песни и ора „Гоце Делчев“ од Скопје, а во чест на 4-ти февруари- денот на раѓањето на Гоце Делчев. Во изминатите децении, тргнувајќи од 1990-та година на сцената на фестивалот беа изведени близу 700-тини композиции со родољубива и патриотска содржина, од кои поголемиот дел, веќе се широко прифатени и обнародени.]]>

Турскиот мјузикл „Легендата на птицата Симург“ https://arhiva.vistina.com.mk/turskiot-mjuzikl-legendata-na-pticata-simurg/ Mon, 20 Nov 2017 09:58:46 +0000 http://vistina.mk/?p=4242

Членови на хорот, оркестарот и на танцовата група при Турската државна радио телевизија (ТРТ) вечер во Домот на АРМ ќе го изведат мјузиклот „Легендата на птицата Симург“. „Легендата на птицата Симург“ претставува музичко патување со разнообразни музички, танцувачки и сценски елементи, оригинална кореографија и визуелни уметности, со цел да се истакнат белезите на турската цивилизација низ историјата до денес. Мјузиклот е и средба со традиционалната турска музика, која опфаќа песни испеани во палатите, народни песни од селата и оние на духовните илахии од теќињата, како и средба со автентичните фолклорни танцови и ритуали, како и со литературата низ историјата. Настапот во Скопје на 45-от ансамбл е во рамките на балканската турнеја на која „Легендата на птицата Симург“, ќе биде изведена во Солун, Тирана, Сараево, Белград, Загреб, Букурешт и во Софија. Балканската турнеја е организирана под покровителство на Претседателство на Република Турција и е поддржана од турската Влада, ресорните министерства, државната телевизија ТРТ, како и бројни институции од областа на културата.. Мјузиклот досега е изведуван десетина пати, од премиерата одржана на 6 мај 2016-та во Конгресниот Центар „Халич“.]]>