долг живот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 21 Feb 2019 12:21:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png долг живот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Најздравиот напиток за долг живот https://arhiva.vistina.com.mk/najzdraviot-napitok-za-dolg-zivot/ Thu, 21 Feb 2019 13:45:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=73878

Сокот се прави од морков, јаболко, лимон и ѓумбир и има одлично дејство врз вашето здравје! Сите состојки претходно измиени, ставете ги во соковник и добиениот сок испијте го веднаш. Зошто? Морковот го поправа видот, превентивно делува против карцином, кожата ја подмладува и ја прави еластична и здрава, делува одлично за срцето, го чисти телото, добар е за забите и непцата. Јаболкото го јакне имунитетот, го потпомага слабеењето при вишок телесна тежина, ја стимулира работата на бубрезите, црниот дроб и жолчката, штити од болести на усната празнина, ја стимулира дигестијата, го штити срцето и крвните садови, помага при стрес, умор и несоница, штити од бактерии и вируси, спречува неколку видови рак. Лимонот го чисти црниот дроб и ја стимулира неговата работа, претставува природен антисептик и антиоксиданс, спречува грип, настинки и многу други инфекции, помага при колики и желудечни тегоби, ја помага дигестијата, поттикнува создавање на ензими во црниот дроб, ја нормализира работата на цревата и го олеснува нивното празнење, спречува гингивитис и стоматитис, помага за регулирање на крвниот притисок и го зголемува нивото на добриот холестерол, спречува грчеви и болки во мускулите, го регулира метаболизмот, штити од стрес и депресија, го намалува ризикот од мозочен удар, спречува појава на бубрежни и жолчни каменчиња, штити од остеопороза. Ѓумбирот ги ублажува желудочните тегоби и надуеноста, ја стимулира секрецијата на слузта, ја ублажува кашлицата и ја олеснува болката во грлото, ја олеснува мачнината, посебно морската болест, утринска мачнина, мачнина предизвикана од патување и мачнина предизвикана од хемотерапија, поседува антибактериски, антигабични и антитоксични својства, па поради тоа се користи како превенција од грип и настинки. Ѓумбирот исто така е антихистамински својства и поради тоа се користи при алергии, а бидејќи има антивоспалителни својства, се користи и при лекување на ревматоиден артритис, остеоартритис и други болести на мускулно коскеното врзивно ткиво. Содржи ензими кои се одговорни за катализација на протеините во храната, што значи дека ја подобрува дигестијата, спречува грчеви и појава на чир и оштетување на слузницата. Го намалува нивото на холестеролот и спречува создавање на крвни згрутчувања, а се користи и за лекување на дигестивни болести како што се диспепсија, колика и дијареа.]]>

Одморот за време на викенд – клуч за долг живот https://arhiva.vistina.com.mk/odmorot-za-vreme-na-vikend-kluch-za-dolg-zivot/ Sun, 27 May 2018 10:49:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=28962

Многу луѓе се жалат околу тоа дека не спијат доволно и изгледа дека имаат право да бидат загрижени. Истражувачите откриле дека луѓето на возраст пониска од 65 години кои спијат 5 или помалку часа во текот на неделата имаат поголем ризик од смрт отколку оние кои спијат барем 7 часа во текот на ноќта. Сепак, она што е интересно е дека во рамки на истражувањето било утврдено дека оние кои не спиеле доволно во текот на неделата, но успевале да се наспијат добро за време на викендот имале исто така помал ризик од смртнотст. Торбјорн Акерстедт, автор на студијата на Институтот за истражување на стресот на универзитетот во Стокхолм посочува дека должината на спиењето е многу важна за долг живот. Ова истражување вклучило 38 000 испитаници кои живееле во Шведска. Тоа траело 13 години. Откако биле земени предвид факторите како пол, телесна маса, пушачки навики, физичка активност, истражувачите утврдиле дека луѓето помлади од 65 години кои спиеле помалку од 5 часа во текот на ноќта имале 65% поголем ризик од смрт. Претпоставката е дека оние кои спијат доволно за време на викендот успеваат да се наспијат и да го надокнадат сонот. Извор:Скопјеинфо.мк]]>

Десет тајни на долг и здрав живот https://arhiva.vistina.com.mk/deset-tajni-na-dolg-i-zdrav-zivot/ Fri, 30 Mar 2018 08:26:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=18518

Современиот начин на живот, стресот и нередовната и неправилна исхрана сè повеќе се поврзува со појава на состојби и болести кои го скратуваат животниот век и го нарушуваат квалитетот на живот. Генерациите од изминатите векови, иако без развиена технологија и наука, практикувале навики кои им обезбедувале долги години на живот без болест. Прочитајте ги десетте тајни за долг и квалитетен живот. Забавете го процесот на стареење на ДНК Со текот на годините заштитните краеви на хромозомите(теломери) природно се скратуваат, а нездравиот стил на живот (пушење, алкохол, нередовна и неправилна исхрана) го забрзуваат овој процес. Сега имате уште една причина повеќе за да започнете здрав живот кој ќе ги заштити вашите клетки од стареење и појава на абнормалности. Промените во животниот стил може да го поттикне ензимот кој ги продолжува теломерите и со тоа овозможува подолг век на клетките во нашето тело.

Бидете совесни и одговорни

Студија која е спроведувана низа децении покажува дека луѓето кои се одговорни за своето здравје, совесни и одговорни за своите постапки и секогаш размислуваат и се трудат да го извлечат најдоброто од себе живеат подолго. Тие секогаш прават добар избор на одлуки кои водат до подобри односи со луѓето и напредок во кариерата.

Одржувајте ги пријателствата и мудро одбирајте ги пријателите

Голем број студии покажуваат силна поврзаност помеѓу социјалната активност и долгиот живот. Уште една причина зошто денес треба да се видите со вашиот пријател и да се трудите да одржувате добри односи со вашите пријатели, колеги и соработници.

Откажете ги цигарите што порано

50-годишна студија во Велика Британија вели дека колку порано ги откажете цигарите толку е поголем позитивниот ефект врз вашето здравје и долгиот живот. Студијата вели дека доколку ги откажете цигарите на 30 години додавате цела декада на вашиот живот. Откажување од оваа навика на 40, 50 и 60 години ви додава 9, 6 и 3 години соодветно.

Практикувајте медитеранска исхрана

Медитеранската исхрана изобилува со овошје, зеленчук, цели зрна, маслиново масло и риба, се она што му е потребно на вашето тело за виталност и здравје. Ваквата исхрана го исклучува ризикот од појава на метаболен синдром- дебелина, висок крвен притисок и дијабетес и други фактори кои влијаат за развој на срцеви заболувања.

Јадете како Јапонците

Луѓето во Окинава, Јапонија, изминатите векови живееле подолго од било која нација на Земјата. Причината е во традиционалната исхрана богата со зеленчук и мал внес на калории. Голем дел од нив, имале навика да изедат само 80% од оброкот. За разлика од нив, младата генерација на Окинава, воведе промени во ваквиот начин на исхрана, а кај нив се забележува пократок животен век за разлика од нивните предци.

Најдете го животниот партнер

Истражувачите на оваа тема велат дека луѓето кои имаат животен сопатник живеат подолго од луѓето кои се сингл. Тоа се должи пред се на економската и социјална сигурност која ја овозможува живеењето во заедница, посебно во земјите во развој.

Простувајте

Хроничниот гнев се поврзува со појава на анксиозност, срцеви заболувања, инфаркт, нарушено белодробно здравје и други проблеми. Научете како да се ослободите од сета таа негативна енергија само со еден добар гест, а тоа е простувањето.

Носете заштита

Не заборавајте ја заштитната опрема додека возите велосипед, мотор, ролери, за време на скијање и друг спорт кој носи ризик од повреда. Ставете заштитен појас додека сте во автомобил. На тој начин ќе ги превенирате траумите на вашето тело кои може да бидат сериозна закана за вашето здравје. Заштитната опрема важи и за луѓето кои работат со хемиски и други отровни материјали, медицинските работници и сите работници кои во текот на денот се во контакт со потенцијална опасност по здравјето. Кога зборуваме за заштита, не смееме да ги заборавиме и кондомите кои треба да се практикуваат за време на сексуални односи за заштита од сексуално преносливи болести.

Обезбедете си добар сон

Квалитетниот сон во текот на ноќта го намалува ризикот од појава на дебелина, дијабетес, срцеви заболувања и промени во расположението. Одморениот организам подобро и побрзо може да заздрави. Редовното спиење е поврзано со здрав и подолг живот.]]>