документарен филм – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 13 Apr 2023 12:46:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png документарен филм – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Премиера на „Јанѕа“ – документарен филм за ликот и делото на Блаже Конески https://arhiva.vistina.com.mk/premiera-na-janza-dokumentaren-film-za-likot-i-deloto-na-blazhe-koneski/ Thu, 13 Apr 2023 12:46:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298197

На 19 април во скопското кино „Милениум“ премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Јанѕа“ за ликот и делото на Блаже Конески. Филмот е во режија на Никола Т. Калајџиски, а како продуценти се јавуваат Дејан Димески и Петар Кочишки. „Јанѕа“ е долгометражен документарен филм за животот и делотo на академик, поет, писател и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик Блаже Конески. Филмот е направен според мотиви од Дневник по многу години на Конески. ]]>

Кралското семејство и телевизијата: Документарен филм за Хари и Меган (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/kralskoto-semejstvo-i-televizijata-dokumentaren-film-za-hari-i-megan-foto/ Fri, 02 Dec 2022 12:41:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278458

Објавен е трејлерот за документарниот филм на Нетфликс за принцот Хари и принцезата Меган, а парот вели дека нуди увид во нивните причини за повлекување од кралските должности. „Никој не знае што се случува зад затворени врати“, вели принцот Хари. „Кога влогот е толку голем, нема ли смисла да се слушне нашата страна на приказната?“ додава Меган. Објавувањето на документарецот уследи по настанот во Бакингемската палата, кога еден од вработените и поставил несоодветни прашања на Меган. „Направив се што беше потребно за да го заштитам семејството“, вели принцот во трејлерот за Хари и Меган. Серијата ќе има шест сезони од по 15 епизоди. Во трејлерот се прикажани нивните црно-бели фотографии, претходно необјавени. Публиката може да ги види нивни фотографии од почетокот на нивната врска до расплаканите слики на војвотката од Сасекс. Серијата ја режираше Лиз Гарбус, а во трејлерот се слуша застрашувачка музика. Се верува дека серијата ќе предизвика одредена нервоза во кралското семејство. Никој се уште не може да предвиди колкава прашина ќе се крене околу серијата. Додека пак, принцот Хари го најави објавувањето на мемоарите во јануари. Фото: Принтскрин/Профимедиа/Нетфликс]]>

Промовиран документарниот филм „Среќна 13-ка“ за Благоја Георгиевски – Буштур https://arhiva.vistina.com.mk/promoviran-dokumentarniot-film-srekjna-13-ka-za-blagoja-georgievski-bushtur/ Mon, 31 Oct 2022 13:32:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273622

Во хотелот „Парк“ во Скопје, и првиот канал на МРТ викендов беше промовиран документарниот филм посветен на легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски Буштур. – Некои можеби не знаат, но вечерва ќе се потсетат на тие времиња од седумдесеттите кога Благоја Георгиевски-Буштур беше прво име на македонската кошарка. Кога играше на Европски првенства, на Олимпијади, освојуваше медали на Балканијадите, на Медитеранските Игри. Ова е вечер и за носталгија, меѓутоа оваа е и вечер за сите нас, да се потсетиме или пак да научиме нешто. А нашето мото беше ‘Македонија не ги заборава и не смее да ги заборави своите херои’. Во овие времиња во кои што живееме, ако ние од Македонската радио телевизија ја добиеме поддршката и го оцените филмот како добар, ќе продолжиме да ги истакнуваме нашите херои. Пред се, за да дадеме можност нашата младина да се сеќава каков беше нивниот придонес за Македонија. Со надеж, сите ние да изградиме едно поубаво и посреќно општество за сите, порача Тони Стојановски, по чие сценарио е склопена „Среќна 13-ка“, а режирана од Тони, Ристовски. На промоцијата беа присутни членови на семејството, голем број пријатели и своевремено соработници на Георгиевски. Помеѓу нив и Лазар Лечиќ, неговиот кошаркарски „татко“, потоа Александар Књазев, Драган Радосављевиќ, Јорданчо Давитков, Борче Серафимовски, Ѓокица Лукаревски. Во филмот за Буштур говорат и великани на светската и југословенската кошарка како Иво Данеу, Никола Плеќаш, Зоран „Мока“ Славниќ, Жељко Јерков, Дамир Шолман, Среќко Јариќ, Дуци Дамјановиќ, Мирко Новосел и Светислав Пешиќ, но и нашите кошаркарски величини, браќата Јанко и Митко Луковски, Стерија Андоновски, Ѓорчевски, Кацарски, секако и Васил Тупурковски, човекот без кој дури и Буштур тешко функционираше, а некогаш беше и во улога на прв човек на кошарката во СФРЈ.]]>

Приватноста на тацна: Камерите ги следеа два месеци – еве што ќе гледате во „Цеца шоу“… https://arhiva.vistina.com.mk/privatnosta-na-tacna-kamerite-gi-sledea-dva-meseci-eve-shto-kje-gledate-vo-ceca-shou/ Wed, 21 Sep 2022 10:00:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267972

Животот на познатата ѕвезда на овие простори, Светлана Цеца Ражнатовиќ, со децении заинтригира многумина, а пред љубопитните очи на публиката израснаа и нејзините деца Анастасија и Вељко. По 35-годишна кариера, Цеца за прв пат ќе ги отвори вратите на прекрасната вила на улица „Љутиче Богдана 3“. Почнувајќи од оваа есен, балканската дива ќе имате можност да ја видите како никогаш досега во драмски документарен серијал во кој ќе го претстави својот живот, но и ќе открие бројни детали од него кои јавноста никогаш не ги дозна! Во шоуто за кое Србија можеби само сонувала, музичката ѕвезда на јавноста ќе и ги претстави најинтересните моменти, а со сето тоа ќе не запознае со сите членови на неговото семејство.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Важно е да се знае дека оваа играна документарна програма е базирана на вистински приказни од животот на семејството Ражнатовиќ и тоа ќе биде моментот кога за првпат ќе бидат откриени непознати детали за кои јавноста никогаш не слушнала. Долгометражниот документарен серијал наречен „Цеца шоу“ ќе го заокружи забавниот дел од програмата на ТВ Блиц, а гледачите ќе имаат ексклузивна можност да видат како изгледа еден ден од животот на најпознатото семејство на Балканот.
 
Во текот на 40-те епизоди од првата сезона на „Цеца шоу“, камерите ќе уловат бројни моменти од работата на новиот албум, подготовките за концертот, семејните разговори меѓу Цеца и Лидија, патување во семејната куќа на Кипар, моментите што ги минува со внукот Жељко, бројните ситуации во кои ќе се сретнат Анастасија и Вељко, се само дел од првите епизоди кои гледачите ќе имаат можност да ги видат.
 
Овој високобуџетен проект започна да се снима во неколку европски земји пред неколку месеци. Гледачите ќе имаат можност да ја погледнат првата епизода во октомври.За неколку дена јавноста ќе има можност да го види првиот тизер за ова ТВ шоу. фото:Инстаграм/Цеца]]>

Бритни Спирс се огласи по документарниот филм за нејзиниот живот: „Засрамена сум, плачев две недели“ https://arhiva.vistina.com.mk/britni-spirs-se-oglasi-po-dokumentarniot-film-za-nejziniot-zivot-zasramena-sum-plachev-dve-nedeli/ Wed, 31 Mar 2021 10:17:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196863

Во текот на февруари една од главните теми кога станува збор за поп музиката е документарниот филм за Бритни Спирс насловен како „ Framing Britney Spears“ во кој е објавено како јавноста се поигрува со приватноста, кариерата и менталното здравје на американската поп ѕвезда. Бритни досега не се огласуваше и несакаше да коментира. Пејачката во описот на видеото на кое танцува на песната „Aerosmith“, напиша: „За мојот живот секогаш се шпекулираше. Ме гледаа....Ме осудуваа.Навистина целиот мој живот. Поради мојот здрав разум секоја вечер морам да танцувам за да се чувуствувам живо. Целиот мој живот бев изложена да настапувам пред луѓе. Треба многу сила за да му верувам на универзумот додека сум ранлива бидејќи ме осудуваа. Навредуваа. Медиумите ме посрамотуваа. И денес го прават тоа. Животот иде понатаму, а ние луѓето и понатаму сме чувствителни“, напиша пејачката. Таа проговори и за документарниот филм. „Не го гледав документарецот, но според она што го видов досега, засрамена сум од начинот на којшто ме прикажува… Плачев две недели и… па, некогаш уште плачам! Правам што можам обидувајќи се да ги зачувам мојата радост, љубов и среќа. Секојдневното танцување ме прави радосна! Не сум овде за да бидам совршена… совршенството е здодевно. Јас сум овде за да споделувам добрина“.
]]>

Атиџе Муратова пред ноќта на оскарите: Немам завршено основно училиште, но дома од татко ми научив турски, а од соседите Власи, македонски јазик (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/atidze-muratova-pred-nokjta-na-oskarite-nemam-zavrsheno-osnovno-uchilishte-no-doma-od-tatko-mi-nauchiv-turski-a-od-sosedite-vlasi-makedonski-jazik-foto/ Sat, 08 Feb 2020 09:20:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133241

Немам завршено основно училиште, но учевме дома на турски јазик со татко ми. Со него бевме особено блиски. И со мајка ми, ама со татко ми повеќе, вели Атиџе
Во живо е уште помедена. Атиџе Муратова е топла како тазе извадено бабино лепче, мудра каква што само луѓето што се во допир со природата можат да бидат. Атиџе ги сака луѓето, срдечна е, непосредна, забележува детали и е отворена да зборува за себе. Со неа се сретнавме пред десетина дена. Вели дека воопшто не ѝ пречи што новинарите ја бараат и дека ѝ годи вниманието. Таа е веќе во  Лос Анџелес и утревечер, заедно со членовите на екипата на „Медена земја“, ќе ужива во церемонијата на доделување на „Оскарите“. Македонија првпат е номинирана во две категории за светската награда - за најдобар документарец и за најдобар странски филм.
Ја навративме на периодот кога се запознала со екипата на филмот. Таа признава дека од првиот момент кога екипата на „Медена земја“ пристигнала во нејзиното село Бекирија, била среќна: „Посакував никогаш да не заврши снимањето на филмот“.
- Љубо, Тамара, Самир, Фејми, тие се појавија во за мене тежок период. Всушност, најтешките моменти ги споделив со екипата. Воопшто не ми беше проблем да ме снимаат со камера. Не ми беше срам да зборувам со нив, ќе бев уште посреќна никогаш да не завршеше снимањето на филмот. Поминавме три години заедно и уште толку да беа, немаше да ми пречат - вели таа.
Атиџе си ја отвори душата со нашите читатели и сподели дека пред девет години имала тешка несреќа, кога соседско куче ја нападнало.
- Девет години ми беа пеколни. Кучето ме нападна и едвај преживеав. Примив 60 инјекции и се онесвестував многу често. Сѐ уште ми се одразува на срцето. Добро е што преживеав. Затоа, кога дојдоа да го снимаат филмот, бев многу среќна. Имаше моменти кога се мислев и да ја напуштам државата, ама не сакав да ја оставам мајка ми. Не беше таа мало дете, па да ја кренеш и да ја носиш некаде. И заедно истеравме докрај. Кога го правевме филмот, стигнував и да снимаме и за мајка ми да се грижам, а и за пчелите - ни признава вредната Атиџе.
Со пчелите почнала да се занимава уште на 12 години, заедно со своите тројца браќа. Вели дека биле сиромаси и не можеле да купуваат храна, па решиле сами да почнат да си одгледуваат пчели. Нејзиниот дедо (таткото на мајка ѝ) одгледувал пчели.
- Дедо ми, таткото на мајка ми, имал пчели, но јас не го ни запознав. Мајка ми многу ми раскажуваше за него. Во тоа време секоја куќа чувала колку за јадење да има. Немало благо како сега во изобилство. Сокови, чоколади, бонбони јас пробав пред некоја година. Некои гледаа пчели, па имаа мед, други вареа тикви, а некои пукаа пуканки. Ама отсекогаш се сметало дека каде што има пчели, има и богатство, односно храна. Како деца купивме една тегла мед, ама сфативме дека нема да ни биде доволна. Така ни дојде идејата да почнеме со пчеларството да си правиме колку да имаме за јадење - вели Атиџе.
Таа има тројца браќа, од кои едниот живее во Дорфулија, другиот во велешкото село Кочилари, а од третиот брат има внуци во Валандово. Вели дека од нив добила поддршка за снимањето на филмот.
Ни се наметна прашањето како научила македонскиот јазик.
- Во нашето село имаше седум куќи со Власи од кои научив македонски јазик, а имаше и Албанци. Ние бевме единствена фамилија Турци и многу сум среќна што научив да зборувам македонски. Немам основно школо, но учевме дома на турски јазик со книги. Татко ми нѐ учеше. Во нашето село немаше школо. Најблиското школо беше во селото Кишино, каде што живееја Македонци, Албанци и тоа беше на еден час од нас. Татко ми знаеше што да нè научи, ни беше учител. Да продолжеше уште да нѐ учи, ќе знаев и повеќе. Со него бевме особено блиски. И со мајка ми, ама со татко ми повеќе - вели Атиџе.
Вели дека документарен филм немала никогаш гледано пред „Медена земја“.
- Дома имавме само едно мало радио. Првпат го гледав филмот во кино и тоа беше на премиерата во киното „Милениум“. Некако ми беше срам, ама не жалам за ништо што сум кажала во филмот. Јас бев искрена. Отсекогаш сум сакала да пеам, да одам по фестивали и многу ми беше ќеф што ми се случи тоа - се смее Атиџе.
Ја прашавме дали ѝ пречеше присуството на номадското семејство Сам. Дали ѝ пречеше што нивниот однос кон пчелите беше многу поразличен од нејзиниот.
- Некои луѓе мислат само на пари. Мора да бидеме скромни и мора да го делиме медот со пчелите, да има и за нив и за нас. Имавме некои расправии за да ги стават децата во ред. Се обидував да ги убедам децата повеќе да соработуваат за филмот. Малата Загамзе не сакаше многу да зборува и јас пробав да ја убедувам да соработува за филмот. Ѝ велев: „Ајде Загамзе, кажи нешто, ќе ти дадам чоколадо, да кажеме нешто, па да завршиме работа и може ќе станеш ѕвезда“ - се потсетува Муратова.
По филмот Атиџе имаше можност првпат да лета со авион. Во Њујорк таа ја доби наградата за најпривлечен лик во документарец што ѝ ја додели Американското здружение на критичари. Како изгледало да се лета со авион?
- Беше многу интересно. Кога влегов во авионот, прво не можев да слушам, па Самир ми рече да ги затнам ушите. И се почувствував како птица на небото. Во Њујорк ми беше малку смешно со рекламите на зградите. Ниту ѕвезди не можев да видам, ниту Месечината. Едвај чекав да се вратам во Македонија да го видам небото. Најчудни ми беа зградите, а луѓето многу убаво се однесуваа. Во големиот парк беше исто така многу убаво. Таа, главната глумица, дојде да се поздрави специјално со мене - среќна е Атиџе.
Таа е среќна што ќе може да се пресели во с. Дорфулија, каде што тимот на „Медена земја“ ѝ купи куќа. Вели: „Не сум многу нестрплива да се преселам оти сега почесто одам таму, си средувам внатре и во дворот“. Атиџе е благодарна за секоја помош што ја добива. Неодамна од Општината во Лозово ѝ понудија да работи како хигиеничарка.
- И да работам друго, пчелите нема да ги оставам. Луѓето ми понудиле, им благодарам. И досега ми предлагале да ми најдат работа, ама ми беше проблем што селото ни е отсечено и не можев да патувам. Јас можам и на лозје да работам. Ќе берам и ќе пеам - се смее Атиџе.
Признава дека сакала да има свое семејство и посакувала да роди две деца.
 
Фото: Борче Поповски

По стапките на Лепа Брена: Тања Савиќ снима филм за својот живот? https://arhiva.vistina.com.mk/po-stapkite-na-lepa-brena-tanja-savikj-snima-film-za-svojot-zivot/ Fri, 28 Jun 2019 11:28:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=95191

Тања Савиќ по 15 години на естрада одлучи да направи филм за себе, филм како што направи и газдарицата на „Гранд“, Лепа Брена. Во филмот, Савиќ ќе ги открие своите тајни, пишува „Србија данас“. „Тања вредно работи на својот филм кој ќе го заврши на крајот на јули.Планира премиерно да го покаже на промоцијата на својот нов филм, а и преговара со телевизии на кои ќе се емитува. Тања одамна сонува да сними филм како Лепа Брена, а тој сон наскоро ќе и се исполни“ вели извор близок на пејачката и додава:
 
View this post on Instagram
 
Jel slušate “Hitnu pomoć”? ? Kakvi su utisci? ❤️❤️❤️ #tanjasavic #ljubav #sreca #radost

A post shared by Tanja Savic (@tanja_savic_private) on

„Многу се зборуваше за нејзините семејни проблеми, кавгата со родителите и сопругот Душко. За се тоа, Тања ќе зборува во својот филм и ќе открие зошто се повлече од естрадата. Некои информации ќе ја изненадат јавноста, па поради тоа Тања ги замоли соработниците да потпишат договор дека ќе молчат до емитувањето на филмот“ вели изворот. Пејачката засега не се огласи по овие пишувања.]]>

Меган Маркл се враќа пред камера https://arhiva.vistina.com.mk/megan-markl-se-vrakja-pred-kamera/ Thu, 06 Sep 2018 07:45:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=46498

Ова ќе биде прво нејзино појавување откако  се омажи со принцот Хари. Меган Маркл се враќа на телевизиските екрани, но овој пат не како актерка туку ќе се појави во документарниот филм за кралицата Елизабета. „Кралицата на светот“ е новата документарна серија, а е посветена на сегашната улога на кралицата во светот. Фокусот на серијата ќе биде на нејзинота работа, но и на нејзиното влијание врз младите кралеви.
Гледачите исто така ќе може да видат и моменти  од „зад сцена“ со принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, како и со принцот Хари и Меган Маркл. Освен тоа, Меган ќе даде интервју во кое ќе зборува за кралицата Елизабета. Документарниот филм ќе започне да се емитува во Велика Британија во септември.]]>