документарец – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Feb 2024 12:57:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png документарец – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На 22 и 23 февруари: Перо Ловшин – фронтменот на словенчката панк-рок група „Панкрти“ гостин во Кинотека https://arhiva.vistina.com.mk/na-22-i-23-fevruari-pero-lovshin-frontmenot-na-slovenchkata-pank-rok-grupa-pankrti-gostin-vo-kinoteka/ Mon, 19 Feb 2024 12:57:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339252

На 22 и 23 февруари од 20 часот во Кинотека ќе биде прикажан долгометражниот музички-документарен филм „Перо Ловшин – Ти можеш“ кој ја раскажува приказната на Перо Ловшин, еден од првите панк рокери во Источна Европа. Гостин на проекциите ќе биде токму Перо Ловшин. Тој, како фронтмен на Панкрти, со текстовите и активизмот одбележал цел еден период од историјата на Словенија. Настанот е во организација на Словенечки центар – Скопје и Кинотека, а по повод Прешернов Ден. Режијата на филмот е на Јани Север, кој е и автор на сценариото заедно со Стојан Пелко. Улогите во филмот ги толкуваат: Ловшин, Биг Фут Мама, Присмојени професори блуза. Долгометражниот музички-документарен филм ја раскажува приказната на Перо Ловшин, еден од првите панк рокери во Источна Европа. Гостин на проекциите ќе биде токму Перо Ловшин. Тој, како фронтмен на Панкрти, со текстовите и активизмот одбележал цел еден период од историјата на Словенија. Во режија на Јани Север, филмот го опфаќа периодот на анархизмот и бунтовноста на 1970-тите години, независноста на Словенија, демонстрациите во центарот на Љубљана, сè до учеството на UEFA Euro 2000 во Амстердам. Панкрти, формирани во 1977, во мала населба во околината на Љубљана, се најверојатно првиот панк рок бенд во тогашниот источен блок, зад железната завеса. На самиот почеток свиреле преработки од етаблирани панк и рок групи како Sex Pistols, The Clash, New York Dolls. Биле дел од сега веќе легендарната компилација Novi Punk Val. Во 1980 го објавуваат нивниот прв долгосвиречки проект, винил албумот „Dolgcajt“. Препознаени по ангажираните социјално-политички текстови и коментари, Панкрти стануваат култен бенд на територијата на некогашна Југославија. Нивниот втор ЛП „Državni ljubimci“ доживеа одличен одѕив меѓу критиката и публиката и беше прогласен за југословенски албум на годината. Во 1996, настапуваат како предгрупа на нивните идоли Секс Пистолс, во рамките на настапите низ Словенија. Застапени се и во фалениот рок документарец во продукција на Рајко Грлиќ – СРЕЌНО ДЕТЕ (Sretno dijete).]]>

„Сонцето не грее од сите страни“:  Животот на Ване Црнгаров во документрецот „Македонскиот Елвис“  на Ал Џезеира https://arhiva.vistina.com.mk/sontseto-ne-gree-od-site-strani-zhivotot-na-vane-tsrngarov-vo-dokumentretsot-makedonskiot-elvis-na-al-dhezeira/ Wed, 14 Feb 2024 10:35:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338633

Со песната „Со маки сум се родил“ почнува документарецот за Ване Црнгаров, единствениот македонски Елвис Присли. Колку Ване е интересен за светот покажува и фактот што продукцијата „Револушн“ во режија на Глигор Кондовски го сними документарецот „Македонскиот Елвис“  за  телевизијата Ал Џезеира, која го финансираше и го емитуваше. Документарецот го раскажува животот на Ване од неговото детство во Куклиш, струмичко, кога ја добил првата хармоника, па до преселбата во Мелбурн, Австралија, каде и денес живее со сопругата Елизабета и ќерките Оливера и Џесика. Неговиот живот почнал во сиромаштија,  не ни сонувал дека светот ќе го препознае токму него во ликот на кралот на рокенроот, Елвис Присли и ќе биде дел од светскиот фестивал во неговиот роден град Тенеси, во Америка. -Кога заминав во Австралија како да почнав нов живот. Ми велат дека требало да бидам среќен што сум се спасил од сиромаштија, но не знаат што значи туѓина. Често ме прашуваат каде ми е поубаво, во Македонија или во Австралија. Јас секогаш велам дека живеам во Австралија, но душата ми е во Македонија. Дома си е дома. Да, има пари во Австралија, но нешто мора да недостасува. Сонцето не грее од сите страни. Но, да ми кажуваше некој дека мојата судбина од маки и земјоделие, па до Австралија и Америка немаше да верувам. Некои работи што ги носи животот човек не може да ги разбере, кажа Ване. Документарецот е снимен во Македонија и во Австралија, но и во Свети Николе и Скопје. -Да, снимен е на локации во Стумица, Свети Николе, Скопје и Мелбурн.  Ковидот малку го стопираше снимањето, но ете некако се заврши во најдобро светло. Продуцентот Дејан Милошевски аплицираше и веднаш беше прифатена идејата. Документарецот за мене претставува  јаготка на шлагот. Секако музиката нема старост, по 30 години професионална кариера ова е заокружување. Но, здравје, секако дека имам уште планови, ама ова ми е како врв. Да сме здрави и живи и сѐ друго понатаму што ќе дојде ќе биде добредојдено, рече Ване. Документарецот веќе е претставен на неколку фестивали и има добиено награди. Погледнете го документарецот на овој линк.]]>

Новиот документарец открива дека кралицата Елизабета сакала да биде на мирно место, но тоа ја ставило во грижи https://arhiva.vistina.com.mk/noviot-dokumentarets-otkriva-deka-kralitsata-elizabeta-sakala-da-bide-na-mirno-mesto-no-toa-ja-stavilo-vo-grizhi/ Wed, 03 Jan 2024 12:36:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333564

Во новиот документарец за кралското семејство, а во емотивниот сегмент, принцезата и ќерка на кралицата Елизабета Втора,Ана, говори за мајчината смрт и како се чувствувала кога видела како Царската државна круна за последен пат се трга од ковчегот на кралицата во капелата Свети Џорџ во Виндзор. „Прилично чудно, почувствував олеснување – тоа е тоа, готово“, изјавила таа, па додала: „Таа одговорност се пренесува понатаму“. Принцезата Ана која била исклучително блиска со покојната кралица и мајка во текот на својот живот исто така рекла: „Мислам дека постоеше момент кога таа почувствува дека ќе биде комплицирано доколку почине во Балморал. Се обидувавме да ја убедиме дека тоа не е нејзина грижа“. Причината била големата организација за нејзиното испраќање и преместување на нејзиното тело во Лондон, но и доаѓањето на членовите од семејството кои последните денови со неа не биле во Балморал. Но, многумина сметале дека е прикладно тоа што кралицата починала во Балморал затоа што многу ги сакала шкотските гори. Непосредно пред нејзината смрт во септември минатата година, ја посетил д-р Ајелн Гриншилдс којшто после тоа кажал дека таа зборувала дека е задоволна што е таму и дека ужива во мирот. Принцезата Ана додала дека било случајност што тој тажен ден се нашла во Балморал. Објаснила дека само запрела во дворецот на враќање кон југ откако поминала неколку денови на западното крајбрежје на Шкотска. По смртта на кралицата, Ана открила дека на нејзиниот брат му било тешко целосно да се подготви за моментот во којшто ќе дојде на престолот, без оглед на тоа што цел живот чекал на тоа. фото:You Tube/ The Telegraph/ The Royal Family Channel]]>

Се чека документарецот за Михаел Шумахер кој ќе ја открие и првата негова фотографија 10 години по несреќата (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/se-cheka-dokumentaretsot-za-mihael-shumaher-koj-ke-ja-otkrie-i-prvata-negova-fotografija-10-godini-po-nesrekata-foto/ Fri, 29 Dec 2023 10:27:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332979

По повод 10 години од несреќата што Михаел Шумахер ја доживеа на француските Алпи, организацијата на германските регионални радиодифузни сервиси АРД одлучи да сними голем документарен филм наречен „Да се ​​биде Михаел Шумахер“. На тема Шумахер веќе се снимени сериозни документарни филмови во кои зборуваат луѓето кои се најблиски до легендата на Формула 1, членовите на неговото семејство или оние кои можат да го посетат само по несреќата, која се случи на 29 декември 2013 година.
Десет години од повредата на Шумахер, тоа е една од најголемите мистерии досега во светот на спортот. Оттогаш не се појави ниту една негова фотографија, нема информации за неговата здравствена состојба, а медиумите единствено што можат да направат е да шпекулираат и да извлечат заклучоци врз основа на изјавите на неговите блиски пријатели кои имале можност да го видат. Но, она што ги остави во неверување сите фанови на Шумахер е сликата која се појавува во еден момент од документарецот, каде што Михаел е пред микрофонот. Навистина, заматен е, но јасно е дека се работи за легенда на Формула 1 и седумкратен светски шампион во „најбрзиот циркус“. Шумахер не е виден во јавноста цели 10 години, а ова е првиот показател дека тоа би можело да се случи. Дали сликата е автентична веројатно ќе дознаеме дури кога документарецот ќе ја види светлината на денот. фото: Printscreen / Youtube / HEARTBREAKING UPDATE on Michael Schumacher!]]>

Семејството Бекам во полн состав ви ја претставува нивната документарна серија (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/semejstvoto-bekam-vo-poln-sostav-vi-ja-pretstavuva-nivnata-dokumentarna-serija-foto/ Thu, 05 Oct 2023 11:32:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321234

По успешното шоу на модната недела во Париз, Викторија и Дејвид Бекам побрзаа во Лондон, каде ги чекаше премиерата на документарниот филм „Нетфликс“ за авантурите во нивната „Бекам палата“. Во мини-серијалот од четири епизоди, фокусот е на познатиот фудбалер, неговите почетоци, неговото искачување на врвот на фудбалскиот Монт Еверест, но и некои семејни работи. Сите се појавија на црвениот тепих. Викторија, Дејвид, Бруклин, Ромео, Круз и Харпер, плус „придружни членови“ на династијата - сопругата на Бруклин, Никола Пелц и девојката на Ромео, Миа Реган. На премиерата присуствуваа и родителите на легендата на британскиот и светскиот фудбал Сандра и Тед Бекам, кои ретко ги гледаме во јавноста, особено на црвениот тепих. Стилските икони се истакнаа на гала настанот. Викторија, како и обично, се одлучи за елеганција – едноставен бел костум. Класиката беше избор и на нејзиниот сопруг, додека синовите се појавија во малку поопуштено издание. Нивните фризури беа исто така интересни бидејќи беа почит на оние што Дејвид ги промени во текот на неговата кариера. фото: Gareth Cattermole/Getty Images]]>

Филм од девет милиони евра: Принцот Хари најави интригантен трејлер за нов документарец на Нетфликс (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/film-od-devet-milioni-evra-printsot-hari-najavi-intriganten-trejler-za-nov-dokumentarets-na-netfliks-video/ Thu, 17 Aug 2023 08:07:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314045

Принцот Хари неодамна го најави својот нов документарен филм наречен „Heart of Invictus“, а сега беше објавен и првиот официјален трејлер. Филмот, кој ќе се прикажува на Нетфликс од 30 август, е производ на наводниот договор од 80 милиони фунти меѓу семејството на принцот Хари и стриминг гигантот, каде споменатиот гигант наводно платил три милиони фунти за филмските права на романот, кој во продукцијата ќе му помогне војводата од Сасекс, пишува DailyMail. Оваа продукција покажува како ветераните учат повторно да бидат дел од заедницата. Во трејлерот кој беше објавен, во првите кадри е принцот Хари кој зборува за игрите и борбата за враќање во заедницата. „Што и да носите е отскочна даска што ве издига на следното ниво“, вели војводата од Сасекс, додавајќи: „Игрите не се фокусираат на она што ја предизвикува повредата, туку на закрепнувањето во однос на тоа како да бидете дел повторно на заедницата“. Фото: Принтскрин/Профимедиа]]>

Арнолд Шварценегер преживеал бруталнна тортура од својот татко како дете: „ Ме тепаше со ремен и викаше“ https://arhiva.vistina.com.mk/arnold-shvartseneger-prezhiveal-brutalnna-tortura-od-svojot-tatko-kako-dete-me-tepashe-so-remen-i-vikashe/ Mon, 12 Jun 2023 11:17:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305913

Легендарниот актер Арнолд Шварценегер (75) отворено проговори за малтретирањето кое го претрпел како дете, пред се од неговиот татко. Поискрен од кога било, тој ја отвори душата во документарниот филм „Арнолд“ на Нетфликс, чија премиера беше неодамна. Таткото на Арнолд, Густав, бил одликуван нацистички војник, ранет во битката кај Лењиград и, како што тврди познатиот холивудски ас, сите фрустрации по Втората светска војна ги извадил врз него и неговиот брат. Како што рече познатиот актер, растењето во повоена Австрија со насилен татко не било лесно. - Нашето воспитување беше тешко. Бруталноста што ја покажаа нашите родители, особено татко ми Густав, денес е незамислива - искрен беше Арнолд. Неговиот татко, како што открил, по војната станал началник на окружната полиција. - Тој беше тиранин. Ме тепаше мене и брат ми со ремен. Доаѓаше во три часот наутро пијан и врескајќи низ дома. Се сеќавам дека моето срце чука како лудо бидејќи знаев дека може да ја удри нашата мајка или да не тепа во секој момент. Мислеше дека мора да создаде дисциплина во куќата, дека треба да заработиме појадок - се присети Арнолд. Од оваа временска дистанца, тој верува дека неговиот татко бил тешко болен човек кој страдал од посттрауматско стресно растројство и депресија и покажувал шизофреничко однесување. - Австрија по војната стана земја на скршени луѓе. Многу деца беа скршени од нивните родители, таков е австриско-германскиот менталитет. Да се скрши волјата на детето и да се прилагоди – додаде тој. Според неговите зборови, мајката Аурелија не можела да се заштити себеси ниту децата од бруталност, па наместо тоа опсесивно ја чистела куќата. – Мораше се да биде совршено и совршено, инаку и таа ќе полудеше – рекол Арнолд. Сепак, колку и да се обидел татко му да го скрши, тој не можел. - Не бев од оние деца чија волја можеше да биде скршена. Станав бунтовник. Секогаш кога добивав удар од татко ми, едвај се воздржував да не му возвратам. Само сакав да ја напуштам таа куќа, таа земја и да станам некој и нешто, да бидам богат. Тоа ми помогна да преживеам - беше искрен. Кога Шварценегер наполни 21 година, тој стана меѓународен шампион во бодибилдинг, што ја отвори вратата на Холивуд. Се прослави со улогата на Конан Варваринот во истоимениот хит филм, а потоа почнаа да се појавуваат улогите од „Терминатор“ до „Вистински лаги“. Тој глумеше во некои од најпопуларните продукции и го оствари својот сон да стане славен и богат. Тој се ожени со Марија Шрајвер, чиј вујко беше убиениот американски претседател Џон Ф. Тие беа во брак од 1986 до 2017 година и имаа четири деца. Без разлика дали е под нејзино влијание или не, Шварценегер во еден момент влезе во политиката и стана 38-ми гувернер на Калифорнија (од 2003 до 2011 година). Потоа започнале се повеќе сериозни проблеми во неговиот брак, кои на крајот завршиле со развод кога се дознало дека Арнолд имал вонбрачен син Џозеф со неговата куќна помошничка Милдред Баена. Таа со децении работеше во нивната куќа. Како што раскажал познатиот актер во документарецот, тој долго време не ни знаел дека Џозеф е негов син. - На почетокот, Милдред и јас претпоставувавме дека Џозеф е дете на нејзиниот сопруг Рохелио. Отпрвин навистина не знаев, но колку повеќе момчето растеше и старееше, толку појасно ми стануваше дека е мое дете – рече тој. Арнолд откри и како и кажал на својата сега поранешна сопруга Марија дека Џозеф е негово дете. - Од 2011 година одиме кај брачен советник во обид да го спасиме бракот. Еден ден брачниот советник рече: „Денес Марија сака да биде многу искрена за нешто. Сака да знае дали си татко на Јосиф? Мислам дека срцето ми застана во тој момент. Ја погледнав Марија во очи и и ја признав вистината: „Да Марија, Јосиф е мојот син. Очигледно беше здробена од признанието – искрен е познатиот актер. Набргу потоа, Шварценегер го признал својот син, но тоа му го уништило бракот и тој официјално се развел од Марија шест години подоцна.]]>

Сопругот на Бритни Спирс смета дека новиот документарец за животот на пејачката е одвратен https://arhiva.vistina.com.mk/soprugot-na-britni-spis-smeta-deka-noviot-dokumentarets-za-zhivotot-na-pejachkata-e-odvraten/ Wed, 17 May 2023 09:44:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302438

Нов документарец за животот на Бритни Спирс неодамна се емитуваше на Фокс, а во него се прикажани некои бизарни детали за неа. Имено, документарниот филм „Бритни Спирс: Цената на слободата“, кој го направи продуцентската куќа ТМЗ, се фокусира на нејзиниот живот по 13 години „заробеништво“. Сепак, според медиумите, таа само повремено учествува во некои активности дома. „Бритни живее во виртуелна изолација. Поголемиот дел од времето е сама дома“, вели извршниот продуцент на TMZ, Чарлс Латибеаудиер. Тврдат дека ноќите ги поминува возејќи низ Лос Анџелес со часови. Посочуваат дека знае да спие со денови, а потоа после тоа консумира разни енергетски пијалоци за да остане будна со денови. Слободното време дома го поминува во изолација вежбајќи и објавувајќи разни необични содржини на социјалните мрежи. По овој документарец, медиумите се обидоа да дојдат до нејзините претставници за коментар, но таа не се огласи. Некое време подоцна, нејзиниот сопруг Сем Асгари го осуди објавувањето на документарецот, нарекувајќи го одвратен. фото:инсатргам/бритниспирс]]>

Зависничка од се*с која измислила дека ја злоставувале како дете: Излегува документарец за русокосата која заради пари се омажи со дедо (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zavisnichka-od-se-s-koja-izmislila-deka-ja-zlostavuvale-kako-dete-izleguva-dokumentarets-za-rusokosata-koja-zaradi-pari-se-omazhi-so-dedo-foto/ Tue, 16 May 2023 11:26:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302239

Скандалозната „Плејбој“ зајачица Ана Никол Смит за време на нејзиниот живот привлече огромно внимание поради контроверзните избори, па во согласност со тоа, како што пренесува британски „The Sun“, се подготвува документарен филм на Нетфликс кој ќе ја потресе планетата. Стремежот на Ана Никола Смит по слава и богатство доведе до зависност, трагичната смрт на нејзиниот 20-годишен син само три дена по раѓањето на нејзината ќерка и конечно, нејзиното фатално предозирање на 39-годишна возраст. Таа на насловните допре бидејќи се омажи за 89-годишниот милијардер нафтен тајкун Џеј Хауард Маршал во 1994 година, а по неговата смрт 13 месеци подоцна, таа го побара своето богатство на суд. За време на нејзиниот живот се пишуваше за бујната убавица, а сега се подготвува нов документарец на Нетфликс - „Ана Никол Смит: Не ме познаваш“, опишува британскиот „Сан“ како битката со дрогата ја свртела манекенката. во „манипулативно, егоистично чудовиште“ дека Маршал бил користена „како банкомат“ и дека таа го измислила злоставувањето во детството затоа што „тажните приказни носат пари“. Овој нов проект на Нетфликс содржи интервјуа со нејзиното семејство, пријателите и персоналот, плус архивски снимки од нејзината покојна мајка Вирџи.
- Сакаше да биде во центарот на вниманието. Ќе одевме во трговскиот центар и ќе одеа 50 мажи и момчиња зад нас - изјави нејзината мајка Вирџи. На 17 години се омажила за локалното момче Били Вејн Смит, но рекла дека тој бил „љубоморен“ и ја заклучил во нивниот дом додека тој одел на работа. Таа побегнала од тој брак кога нејзиниот син Даниел, роден во 1986 година, имал шест месеци, се преселил во Хјустон и отишол на аудиција во стриптиз клуб каде, како што рекол еден пријател, милионерите буткале стотици долари во тангите за девојчиња. Во тоа време, во 1991 година, во стриптиз клуб тогаш 24-годишната Смит за првпат танцуваше за вдовецот и нафтен милијардер Џеј Хауард Маршал, кој тогаш имаше 86 години. Почнал да ја опсипува со скапи подароци, вклучително и замок со шест спални со штали, кошаркарско игралиште, базен и куќа за гости. Тој ја молел да се омажи за него две години, но таа одбила, велејќи дека сака прво да се прослави за да ги спречи луѓето да ја нарекуваат спонзоруша. Таа конечно стекна слава кога уредничката на „Плејбој“ Мерилин Грабовски ја покани да снима во Лос Анџелес. – Имаше ненаситен апетит за секс – тврди нејзината пријателка Миси. Како и Мерлин Монро што ја идолизираше, Ана беше опседната со таткото што никогаш не го запознала, Јуџин Хоган.
Снемајќи пари, таа се пријави за реално ТВ шоу на E!, „Шоуто на Ана Никол Смит“. Таа развила нарушување во исхраната и потпишала договор со компанијата за диети Trimspa, често јадела со денови и живеела со апчиња за слабеење и лекови. Потоа следеше интервју во кое Смит тврдеше дека побегнала од дома откако повеќепати била силувана и тепана. - Се шокирав кога го слушнав тоа нејзино интервју бидејќи знаев дека тоа не е нејзино детство. Тоа беше моето детство, токму како што и кажав – открила пријателката. Братот на Ана Никол Смит, Доналд, вели дека нивната мајка Вирџи била „слатка, љубезна личност“ која никогаш не ја злоставувала својата ќерка.
- Еднаш ја прашав зошто кажува такви лаги. Таа одговорила дека би сакала ако разберат дека повеќе заработува со раскажување тажни приказни отколку со раскажување добри приказни - вели нејзината мајка Вирџи во архивско видео, пренесува „The Sun“. фото: Инстаграм принтскрин/ана никол смит]]>

Дејвид Бекам проговори за своето здраствено пореметување и откри детали кои досега беа непознати за јавноста https://arhiva.vistina.com.mk/dejvid-bekam-progovori-za-svoeto-zdrastveno-poremetuvane-i-otkri-detali-koi-dosega-bea-nepoznati-za-javnosta/ Tue, 02 May 2023 11:05:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300198

Дејвид Бекам откри дека боледува од опсесивно-компулсивно пореметување, поради што често е буден навечер и оди низ дома и чисти работи, а поради неговата состојба еднаш се скарал со сопругата, бидејќи таа ставила нешта на место кое не му одговарало. Поранешниот познат фудбалер Дејвид Бекам снима документарен филм, во кој ќе открие многу детали од својот живот, за кои јавноста не беше запознаена. Проектот вреден 16 милиони фунти, меѓу другото, ќе ја открие неговата борба со OCD, која често го држи буден ноќе. Дејвид претходно зборуваше за тоа како треба да ги држи предметите во права линија или во парови, а сега зборуваше за тоа како не спие. - Кога сите ќе легнат, јас одам низ дома и чистам. Ги чистам свеќите, ги ресетирам прекинувачите, гледам дали е се’ во ред. Мразам да се будам во неред. Сечав восок од свеќи, чисто стакло – откри меѓу другото. Тој објаснил дека бил свесен дека неговото однесување е чудно и признал дека се скарал со сопругата Викторија, бидејќи таа не ја ставила шејкерот на предвиденото место. Документарецот за Бекам беше најавен минатото лето на Нетфликс, а ќе го прикаже почетокот на неговата кариера, успехот што го постигна, снимки од приватна архива, но и интервјуа со членови на неговото семејство и други важни личности од неговиот живот. фото: Reuters]]>