доказ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 17 Feb 2023 09:11:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png доказ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Војната на „ѕвездите од социјалните мрежи“ Марија Пијанманов и Миа Костова, прерасна во повеќе од обична вербална расправија: Гнасни пцости, мизерни навреди и бизарни закани по живот… (ВИДЕО 18+) https://arhiva.vistina.com.mk/vojnata-na-zvezdite-od-sotsijalnite-mrezhi-marija-pijanmanov-i-mia-kostova-prerasna-vo-poveke-od-obichna-verbalna-raspravija-gnasni-ptsosti-mizerni-navredi-i-zakani-po-zhivot-video/ Fri, 17 Feb 2023 09:07:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289325

Деновиве се одвива вистинска драма од преписки на профилот на македонската водителка и инфлуенсерката Миа Костова, чија дебата со „македонската парижанка“ Марија Пијанманов Плевнеш и нејзиниот сопруг Константин, прерасна во војна со еден куп гнасни пцости, мизрени навреди, па дури и закани по живот. Откако двете женски „ѕвезди од социјалните мрежи“ сериозно се закачија, вербалните „јадачки“ најпрвин почнаа да прераснуваат во вербални навреди за конечно да кулминираат со закани по живот. Очигледно кажани повеќе во лутина, бес и немоќ отколку што реално нешто сериозно може да се случи, но сепак... Нивото на комуникација на „интелектуалци“ како што се претставуваат, премина во мизерен и вулгарен сајбер булинг, говор на омраза кој веќе добива поинакви размери, кои допираат и некои од законските одредби. Не е наше да судиме кој е во право, а кој е во криво, ниту пак да заземаме нечија страна, зашто тоа не ние ни целта, туку само да илустрираме до кое дереџе стигнавме. До каква неподносливост ја дотеравме сопствената мизерија на живеењето. Дното на комуникација е дно, та живееле во Скопје или Париз, сеедно. Миа Костова евидентно погодена од она што и се случува решила да го „возврати ударот“ и тоа токму со своето најсилно отужје - видео на Инстаграм, во кое најпрвин вербално ве воведува во својата верзија од приказната, за потоа како доказ да ги сподели видеоматеријалите што двојката Пијанманов-Плевнеш и ги испраќала. Видеото на Миа Костова кое е споделено и на нејзиниот Инстаграм ви го презентираме во целост, со напомена дека во него има и содржина која може да ја вознемири малолетната публика... А Бога ми  и онаа другата, чие културно и цивилизациско ниво на комуникација во ваквите муабети, тешко ги поднесува. Впрочем, погледнете го видеото до крај, па самите проценете...
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Mia Kostova (@miandrija)

Фото: Интаграм принтскрин/marija_pijanmanov.plevnes/miandrija]]>

Милена без да знае стана нај(не)посакуваната ТВ дама: Водителката го исплаши детето, дека ќе му го „украде“ наследството од дедо му (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/milena-bez-da-znea-stana-najposakuvanata-tv-dama-voditelkata-go-isplashi-deteto-deka-ke-mu-go-ukrade-nasledstvoto-od-dedo-mu-foto/ Wed, 15 Feb 2023 09:26:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288911

Познатата македонска ТВ водителка од утринската емисија „Здраво Македонијо“, Милена Антовска – Станковска секогаш умее  на нејзините следбеници да им создаде пријатна атмосфера. Таа со нејзините провокативни мини здолништа го привлекува вниманието на многумина гледачи пред ТВ екраните уште од утринските часови и знае најдобро да ги расони. Доказ дека таа ги остава гледачите без здив и никој не може да го тргне погледот од Милена  е и изјавата од која што се изненади и таа самата, па јавно ја сподели и на нејзиниот Инстаграм профил. Всушност, на водителката и остави впечаток еден коментар од загрижен внук кој забележал дека ќе му го „украде“ наследството. Тој тврди дека неговиот дедо не може да го тргне погледот од Милена па, предизвикан од таа ситуација напишал: „Дедо ми толку многу ги гледа утринските емисии што мислам дека куќата ќе и ја препише на Милена“ -  на што згодната водителка слатко се изнасмеала, а тоа го покажа со дури три емотикони кои плачат од смеа. Но, Милена и кога не е на работа е истата дама, а тоа го покажува и секојдневно преку нејзините кратки приказни на социјалните мрежи,  на кои често се потсетува и како изгледала порано. „... И пред 13 години сум имала јака шишка“ - напишала во објавата згодната водителка, која ги „хипнотизира“ гледачите и нејзините фанови дури и со стра фотографија, од оние денови. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Милена Антовска]]>

Марија Луиса сама на себе си мириса на неволја: „Зад секоја успешна жена не стои никој, кој „к“ ќе и е… или баш и така не е!?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-luisa-sama-sebe-si-mirisa-na-nevolja-zad-sekoja-uspeshna-zena-ne-stoi-nikoj-koj-k-kje-i-e-ili-bash-i-taka-ne-e-foto/ Sat, 19 Nov 2022 08:00:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274594

Македонскат фолкерка Марија Луиса Тодоровска е мошне самокритична.  Тоа и самата го признава, па дури и јавно го сподели во Инстаграм објава. И тоа не еднаш, туку многупати... Скромна или самобендисана, Марија на пример нема проблеми да сподели фотографија и несредена, тукушто станата од спиење. Особено ако спие како што има навика -  само по долна облека! Штом се разбуди, по само еден поглед во огледало она што самата го признава докажува колку пејчката е самокритична: „Што повеќе спијам толку помалку и пречам на околината“ - признава Марија, иако сите што ја познаваат  и не мислат дека е баш така така! Впрочем, последива година- две, пејачката е се‚ попопуларна и поуспешна... А како што е познато зад секоја успешна жена стои... знаете веќе кој! Ама, фолкерката по се' изгледа тука тотално ја утнала работата?! Зашто она што на своите Инстаграм приказни го споделила, некако не кореспондира со реалноста...  Најмалку со  нејзината! Впрочем, уште од времето на секс клипот со кој осамна во јавноста, Марија Луиса Тодоровска докажа дека: „Зад секоја успешна и задовол(е)на жена  стои... Потентен маж“! Затоа пејачката штом ќе се разбуди, подобро е прво убаво да се расони, кафенце да се напие, а потоа  „мудри мисли“  да споделува... Во спротивно Марија единствено проклето е во право кога тврди дека... „Самата себе си мириса на неволја“! Фото: Архива и Инстаграм принтскрин/luisa.todorovska            ]]>

Иако Цеца и Брена можеби не се „први другарки“, децата сепак им се дружат: Анастасија откри дали Виктор и Сандра се се’ уште заедно? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/iako-ceca-i-brena-mozebi-ne-se-prvi-drugarki-decata-sepak-im-se-druzat-anastasija-otkri-dali-viktor-i-sandra-se-se-ushte-zaedno-foto/ Mon, 19 Jul 2021 11:12:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211565

Неодамна во медиумите одекна веста дека Виктор Живојиновиќ и неговата девојка ја прекинале врската, апотоа и демантот од нејзина страна, дека двајцата сепак се' уште се заедно. Дали е тоа така или не е, најдобро потврди ќерката на Цеца, младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ со последната снимка од еден локал во Будва. Имено, иако Цеца и Брена можеби не се „први другарки“,  децата сепак им се дружат, па Анастасија откри дали Виктор и Сандра се се' уште заедно? Виктор и Сандра моментално се во Будва, а синоќа поминаа време во друштво на Анастасија Ражнатовиќ, која на својот профил на Инстаграм сподели видео во кое откри дека помладиот син на Брена сè уште ужива покрај атрактивната русокоса. Сандра и Виктор беа насмеани и расположени и наздравуваа со насобраните пријатели во друштвото во кафулето. Да потсетиме, двајцата беа во љубов две години, а веста за наводното раскинување се појави во медиумите пред една недела, која малку потоа беше демантирана, а сега љубовта потврдена и со видеодооказ. Фото: Инстаграм принтскрин/raznatovicanastasija
]]>

Нема сомнеж: Се појави доказ кој што покажува дека Северина и Игор повеќе не се заедно? https://arhiva.vistina.com.mk/povekje-nema-somnez-se-pojavi-dokaz-koj-shto-pokazuva-deka-severina-i-igor-povekje-ne-se-zaedno/ Tue, 06 Jul 2021 08:40:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209780

Кога започна љубовната приказна меѓу Северина и Игор Којиќ нивните профили на социјалните мрежи беа преполни со нивни заеднички фотографии. Исто така тие само се следеа еден со друг. Сепак, од последната нивна заедничка фотографија помина една година односно откако Северина го напушти неговиот дом на Бежаниска коса во Белград. Отогаш парот не објавува заеднички фотографии, ниту пак се огласија и открија каков е нивниот однос. Во една прилика, го прашаа свекорот на Северина, Драган Којиќ Кеба дали се уште е свекор, тој одговори да. Од друга страна, двојката не ги коментираше написите дека се разведуваат. Српските медиуми сега пак пишуваат дека се појавил доказ дека конечно е крај на нивниот брак. Имено, како што пишува стори.рс, Игор и Северина кој до неодамна само меѓу себе се следеа на социјалните мрежи, повеќе не се следат, а наводно тоа сега е доказ тие дошол крај на нивниот брак. Игор наместо Северина сега ја следи Ангела Игњатовиќ позната како Брескавица, млада музичка ѕвезда.  ]]>

Елена Велевска со „доказ“ регираше на „дното“ на таканареченото новинарство: „Колку болен треба да е човек за да измисли вакви невистини?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-velevska-so-dokaz-regirashe-na-dnoto-na-takanarechenoto-novinarstvo-kolku-bolen-treba-da-e-chovek-za-da-izmisli-vakvi-nevistini-foto/ Fri, 11 Dec 2020 08:45:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180271

Во ова држава дефинитивно не се знае „кој пие , кој плаќа“? За жал цехот, на крајот го плаќаме сите ние, а најмногу оние што најмалку треба... Ни криви ни должи! Дефинитивно го допревме дното во многу нешта, во кои за жал, предничат медиумите и новинарската професија. За пристрасност, необјективност, платени „политички пискарала“, новинарски „питбули“, партиски медиуми, „копи-пејст“ неписмени препишувачи и шерувачи на туѓи вести... и слично, оддамна приказната е позната.  Повеќето „новокомпонирани“ медиуми, се буквално токму тоа. Тежок „турбофолк“, шунд од најнизок ранг во некогаш благородната професија, гордо наречена „седма сила“, која сега не е ни илјада и седма, а камо ли седма, а за сила и да не зборуваме. Зашто ако е силата да бидеш туѓ климач со глава, безгласен и безрбетен соопштувач на туѓи мислења, платен „дворски шут“ на политичкиот двор или естрадна „дворска будала“, само затоа што мислиш дека така ќе бидеш „прв човек до царот“ или до народот сеедно, мора да си идиот... И тоа од од најнизок ранг, во морална смисла секако! Ваквата состојба е некако најизразена во онлајн медиумите на новото време, порталите, кои кај  нас се' уште неподлежат под строга законска регулатива, па така нерегулирани, всушност го уништуваат еснафот кој ионака политиката го обезличи, изгнаси и клекна на колена. Така засилени дека се' им се може, без грам човечка, а камо ли новинарска етика, без достоинство, норми и  граници до каде, што се' може и во колкава доза, поединци земаа таков замав, што си земаа за право на нивните порталчиња да осамнуваат наслови и написи со најдолни гнасотии. Дно-дна од најнизок вид, статии кои всушност не се ни тоа, туку збирштина од лични навреди, понижувања, омаловажувања, гадости, гнасотии... за кои се во најмала рака се казнува. По маалски со ќотек, правно со судска тужба, прекршочна или кривична пријава, со санкција во вид на парична или затворска казна... Ама да имаше асална држава, судство и закони како што треба... Вака, останува на самонаречените пискарала од дома  да им се може да „плеснат“ што ќе им падне на тоа малку што го имаат во главата, и никому ништо... Се додека не налетаат на некој „рунтав под носот“, па по маалски да им „укаже и превоспита“! Последниот случај на една од најреномираните и најпопуларни македонски фолк пејачки Елена Велевска е уште еден пример во низата, „уште една цигла во ѕидот на срамот“ на македонското онлајн новинарсто, ако така можат ваквите небулози и тие што ги чкртнале да се наречат. Имено, пејачката на својот Фејсбук профил се пожали на она што осамнало во неколку наврати за неа на еден ист портал, обзнанувајќи ги насловите и написите кои навистина се граничат со новинарско дно. Збирштина на лични навреди и понижувања кои ни приватно, „of the record“ не би ги кажале, а камо ли напишале и јавно објавиле во нешто што треба да се декларира како медиум, а всушност излегува дека  „ѕиден весник на срамот“... На оној сопствениот, секако, кој сакајќи да го извалка ликот на естрадниот уметник, само ја валка професијата, уште повеќе тонејќи ја во калта, а себеси во „септичката јама“ на сопствениот примитивизам и простотилук. Зашто тука од новинарски еснаф - нема ни „Н“! Велевска со право реагирала и тоа прилично културно и коректно, во однос на за неа напишаното и објавеното, само кусо посочувајќи ги принскриновите од „писаниата“ како „доказ“ со нејзин коментар на истите: „Колку болен треба да е човек за да измисли вакви невистини... Дно кое може само ваков портал да си го дозволи“ - искоментирала пејачката. И со полно право... Но, вистинскиот коментар или подобро,  вистинското прашање е како може државата да си дозволи вакви медиуми (ако тоа вопшто и се) да постојат? Метаморфозираните бришачи на „неподобни вести и видеа“  бришат од Фејсбук и Јутјуб се' што и пречи и ја загрозува власта, а глумат етичари, истата таа власт се заканува дека ќе апси и казнува за ширење лаги, навреди и говор на омраза, новинарските здруженија и синдикати се најгрлати кога некој ќе им чепне во „спокојот на политичко - медиумските платеници“, естрадните здруженија организираат протести за немање можност да си го зарботат лебот само кога се загрозени колективно, а поединечно...? Ќе имаат ли сега сите тие доблест да реагираат на ваквите недолични понижувања на новинарската професија, на естрадниот еснаф и на личноста и нејзиното пред се', човечко достоинство, кое во случајов е најмногу загрозено и погодено? Ало, Кривичен, МВР, ЗНМ, МАН, СЕММ - Совет за етика во медиумите, Синдикат на новинари, Естрада на Македонија... се слушаме ли? Или треба да ве слушаме само кога Вас ве боли, а за тие заради кои постоите кога најмногу ќе ги заболи - „баш ве боли“?  ]]>

Што се случува кога среќата ќе добие „отказ“… Сања Барбика има – „Доказ“ (ЛИРИК ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/shto-se-sluchuva-koga-srekjata-kje-dobie-otkaz-sanja-barbika-ima-dokaz-lirik-video/ Wed, 09 Dec 2020 10:11:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180024

Пејачката Сања Цинцева – Барбика деновиве во јавноста ја претстави својата нова песна насловена „Доказ“. Испеана е на српски јазик и иако првично било планирано да се сними видео за неа, поради пандемијата со коронавирус, снимањето била приморана да го оддложи, па песната е визуелно проследена само со лирик видео. „Почитувани пријатели и обожаватели, со вас ја споделувам мојата нова песна „Доказ“. Оваа тема подолг период е готова, но чекав соодветен момент за да направиме добар спот. Поради Ковид-19 ситуацијата не ни се пружи добра прилика за добар спот, па затоа решив во ова лошо време да ја промовирам без видео, се' со цел да ве расположам и да ви ги отргнам мислите од негативни работи. Уживајте во песната и се надевам дека ќе ви се допадне. Ве сака Сања - Барби и не заборавајте да се чувате и пазите, не чекаат одлични настапи и забави после вирусот!“ - напиша сексапилната струмичанка на социјалните мрежи. Инаку, оваа тема ја потпишуваат српските композитори Марко Дрежњак и Драган Стрелиќ со кои барби соработуваше изминатиов период. Еве се случува кога среќата ќе добие „отказ“... Сања Барбика има - „Доказ“: https://www.youtube.com/watch?v=W2L_Uy4Il3E  ]]>

Се соблече гола среде супермаркет за да докаже дека ништо не украла (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-sobleche-gola-srede-supermarket-za-da-dokaze-deka-nishto-ne-ukrala-video/ Mon, 30 Sep 2019 10:34:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=109828

Млада девојка реши да се соблече во еден маркет во Мексико Сити за да му докаже на чуварот од обезбедувањето дека ништо не украла, откако тој претходно ја обвини дека краде. Младата муштерика тргнала да се прошета и нешто да си купи со нејзиниот пријател кога чуварот од обезбедувањето ја набедил  дека ја забележал како зема и изнесува нешто од маркетот без да го плати. Очигледно вознемирена и лута од обвиненијата, девојката почнала да се соблекува пред него за да го убеди дека ништо не украла. Снимката на една од безбедносните камери ја покажува како прво го отстранува здолништето, а потоа и блузата и останува топлес само по гаќички, па потоа лутито така гола заминува, придружувана од нејзиниот шокиран пријател. ]]>

Се појавил доказ за бременоста на Лејди Гага? Ова фотографија направи хаос на социјалните мрежи https://arhiva.vistina.com.mk/se-pojavil-dokaz-za-bremenosta-na-lejdi-gaga-ova-fotografija-napravi-haos-na-socijalnite-mrezi/ Wed, 10 Jul 2019 09:45:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=96986

Вестите за Лејди Гага и Бредли Купер не престануваат. По доделувањето на „Оскарите“, во медиумите се појавија вести дека наводно меѓу Гага и Купер има нешто повеќе од пријателство. Гага ја раскина свршувачката, а Бредли исто така раскина со Ирина Шајк. Пред некој ден во медиумите се појавија вести дека наводно Гага е бремена од Бредли. По гласините за нивната врска на  насловната страница „In touch“ се појави фотографија со која се зголемија гласините дека Лејди Гага е бремена.
На оваа фотографија, Бредли и Гага позираат прегрнати, а внимание привлече положбата на нивните раце. Бредли ја ставил раката на стомакот на Гага, а пејачката нејзината рака ја ставила врз раката на Купер. Таблоидот објави наслов дека парот очекува бебе и не планира свадба.
Гага и Бредли не се огласија за овие пишувања. Уредниците на магазинот дури објавија фотографија  на која се гледа стомаче на Гага, а се сите тврдат дека е бремена.]]>

Не се залажувајте, љубомората не е доказ за љубовта https://arhiva.vistina.com.mk/ne-se-zalazuvajte-ljubomorata-ne-e-dokaz-za-ljubovta/ Tue, 23 Apr 2019 13:05:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=84614

Љубомората е честа тема кога станува збор за љубовта и емоциите. Чести се полемиките околу тоа колку е таа добра за врската и дали покажувањето љубомора всушност значи дека некого сакаме. Едни сметаат дека таа е доказ за љубовта, а други пак сметаат дека таа е вистински проблем за врските. За почеток, добро е да се направи разлика меѓу реакцијата на реално загрозувачката ситуација по вашата врска или брак. Да замислиме ситуација дека вашиот партнер флертува пред вас или пак ја напушта просторијата секогаш кога зборува на телефон за да не го слушнете разговорот. Овие ситуации можат да разбудат сомнеж во вас и нормално е да реагирате и посакате да разговарате отворено и искрено со својот партнер во однос на таквото однесување. Ви друга ситуација, партнерот ви е посветен кога е во ваше присуство, секогаш ви одговара на пораките, има свои интереси и пријатели и вашата врска одлично функционира. Сепак, вие постојано сте обземени со сомнеж, страв дека вашиот партнер не ве сака доволно или дека се гледа со друга личност. Во вашата глава смислувате сценарија, ги проверувате пораките, го истражувате неговиот профил на социјалните мрежи. Оваа реакција е љубомора која е вистински проблем за секоја врска. Тогаш станува збор за дисфункционална реакција која морате да ја промените за да функционирате адекватно во еден здрав, меѓучовечки однос. Во основа, љубоморните реакции се врзани со стравот на една личност да не биде оставена, а со самото тоа и повредена и отфрлена. Вообичаено, таа се јавува кај луѓе кои имаат негативна слика за себе, а кои се плашат од отфрлање и мислат дека не се доволно вредни. Исто така, кај нив постои и погрешна интерпретација за тоа дека раскинувањето е нешто што никогаш не можат да го поднесат и дека не можат да живеат без таа личност. Таквата интерпретација предизвикува личноста да се соочи со страв, но и посесивно да се однесува во врската. Мораме да заклучиме дека таа е нешто што е навистина штетно не само за врската, но и особено за личноста кај која таа се јавува. Проблемот со љубомората е решлив, но тој бара психолошка помош. За почеток, доволно е личноста да прифати дека има проблем и дека таквиот проблем негативно влијае на врската. извор: Курир.мк]]>