дојран – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 19 Jan 2024 09:32:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дојран – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Утринската вежба на Игор Џамбазов е вистинска умешност – пробај, ако можеш (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/utrinskata-vezba-na-igor-dzambazov-e-vistinska-umeshnost-probaj-ako-mozesh-video/ Fri, 19 Jan 2024 09:21:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=66879

Игор Џамбазов периодов е во Дојран, а иако е јужно позициониран, зимската идила не го одминува. Тој преку својот Инстаграм профил се огласи со порака за добро утро до сите негови следбеници да направат утринска вежба за раздвижување на вилицата. -Ви се верува дека ова е Дојран? Ајде сега сите утринска вежба за размрдување на вилицата. Плетвар бел Плетвар, ајде сега сите пробајте, постави предизвик нашиот македонски шоумен. Пробајте ама тешко кој ќе ја постигне умешноста на Игор.
 
View this post on Instagram
 
Плетвар во Дојран...

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

]]>

Започна “Д Фестивал 2023” во Дојран https://arhiva.vistina.com.mk/zapochna-d-festival-2023-vo-dojran/ Sat, 01 Jul 2023 10:45:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308470

Овој петок, петок 30-ти јуни во 10 часот официјално започна “Д Фестивал”, најголемиот летен музички фестивал во земјава кој по тринаесетти пат ќе се одржува во Дојран. Првите посетители на фестивалот веќе пристигнаа и го исполнија дојранското крајбрежје, а  пред официјалниот почеток се поставуваа и првите шатори во Д кампот кој ќе биде домаќин на илјадници најпозитивни фестивалски луѓе здружени преку музиката и славењето на уметностите, мирот, слободата и заедништвото. Повеќе од 300 учесници во музичката и дополнителната програма, како и најголемиот интерес за влезниците навестуваат дека пред нас е најдоброто издание на “Д Фестивал” досега чија тридневна програма без престан ќе се одржува до 2 јули. Во рамки на редовната музичка програмата “Д Фестивал” ќе биде домаќин на повеќе од 50 светски, регионални и домашни изведувачи кои ќе настапат на пет фестивалски бини и кои ја гарантираат совршената фестивалска атмосфера овој викенд во Дојран. Официјалното отварање бешее закажано на 30-ти јуни во петок и го предводеа светските легенди на треш-метал музиката „Креатор“ од Германија, шпанската псај-техно хероина Индира Паганото, британскиот драм енд бејс гигант Рони Сајз, како и врвните претставници на домашната сцена „Фолтин“, Галоски, Страјк, ЛД Пистолеро, диџеј Гоце и Ронин. Првиот фестивалски ден ги претстави и концертите на „Фулу Мизики“, „Даикаиџу“, „КОИКОИ“, Ива Лоренс, Беседа, „Максимус Вандал“, „Алис ин Вондербенд“, „Ленхарт Тејпс“, „Хајпертек“, Дарко Степиќ, Ермилова и Настасја Киш. Со силно темпо продолжува и вториот ден на “Д Фестивал”, кога еуфоријата на публиката ќе ја одржува планетарниот хит-мејкер „Сигала“, домашниот музички гениј Кирил Џајковски, алтернативните „С.А.Р.С.“, фантастичниот стонер рок бенд „1000модс“ и техно принцезата „Ксениа“. Саботната треска на “Д Фестивал” доаѓа и со настапите на „Доуп Куќата“, Смоке Мардељано, Зарина Првасевда, „REYKO“, „Xarakiri“, Мартина Пенева, Coeus, Flooder, Visionary, Charley, E.U.E.R.P.I. и „АудиоЦигла“ во придружба на бенд. За триумфално финале, последната вечер, 2 јули, ќе го испратиме годинешното издание на начин што најдобро му одговара – со забава до утринските часови заедно со Греми номинираното италијанско трио „Мeduza“, дуото од златното доба на њујоршкиот хип-хоп „Onyx“, српската раперка Мими Мерцедез и со јубилејната прослава на домашните хардкор легенди „Smut“. Енергичен поздрав на 13-от “Д Фестивал” ќе му приредат и „Funk Shui“, „Паркети“, Алина Паш, „Баклава“, „Peach Vice“, „С.А.М.“ „Димиш“, „Basement Cult“, „Red18“, Миа Перевска, „АудиоЦигла“, „Bon Praskiza“, „Matej Foltz“, „Princess Donatsu“,„Flexify“, „Bullz“, „Ogipsilon“, „Shorty P“ и „Irie Scratch“.]]>

На 6-ти август: „Дојран рок фест 2022“ – по втор пат https://arhiva.vistina.com.mk/na-6-ti-avgust-dojran-rok-fest-2022-po-vtor-pat/ Thu, 21 Jul 2022 12:29:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=259674

Здружението “Андерфест” ќе го одржи второто издание на “Дојран Рок Фест”. Оваа година фестивалот ќе се одржи кај базенот Хотел “Романтик” во Стар Дојран на 6-ти август 2022 година. „Со особено задоволство ви го најавуваме второто издание на “Дојран Рок Фест”. Продолжуваме и оваа година со нашата мисија, да го збогатиме културниот живот во овој дел од нашата земја и да продолжиме со промоција на млади артисти. На нова локација на 6-ти август на сцената на Базен-Хотел “Роматик” во Стар Дојран со особена чест ви ги најавуваме нашите рок легенди “Ареа” кои оваа година прославуваат 30 годишен јубилеј. Милениците на публиката ќе ги отсвират своите вонвременски хитови, а воедно ќе го презентираат и својот нов материјал. Како загревање и предгрупи ќе го имаме и младиoт супер талентиран Јовче Пандев со неговиот бенд, како и енергичните Sound Impulse кои ќе го збогатат овогодинешното издание на фестивалот”, соопштуваат организаторите на фестивалот. Влезниците се пуштени во претпродажба  во Bellissimo Coffee House Гевгелија, Cafe Room 7 во Струмица, Dojran Hotel Romantique Plaza, Romantique Plaza Pool & Bar. На врата билетот ќе чини 30% поскапо од претпродажната цена.]]>

Почнува 11-то издание на „Д Фестивал“ во Дојран https://arhiva.vistina.com.mk/pochnuva-11-to-izdanie-na-d-festival-vo-dojran/ Fri, 01 Jul 2022 11:46:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256729

Денес започнува најголемиот македонски фестивал на алтернативна музика под отворено небо – „Д Фестивал“. Тридневната програма на летниот фестивал што по 11-ти пат се одржува крај Дојранското езеро е пополнета со над 50 светски имиња што тргнуваат од жанрот на електронска музика, поминуваат преку прагот на реге, хип-хоп, транс, пост-рок, рок, панк се до метал и уште многу други елементи на видовите музика, сите пристигнуваат на годинешниот „Д фест“ . На секоја од шесте бини за време на трите фестивалски дена што ќе го одбележат почетокот на седмиот месец ќе се претстават и македонски артисти, музичари и бендови, меѓу кои се хип-хоп групата „Чиста околина“, „Зад аголот“, „Луфтанза“, „Перија“, проектот „Пијан Славеј“ на Бранислав Николов, „Хајка“, „Короужн“, „Преку ред“, Дина Јашари, Флудер, Џантрикс… Креативното јадро на омилениот фестивал, ПлоштАрт ќе понуди бројни дискусии, работилници, изложби, промоција на нови артисти, дискусии, а „Пасворд“ ветува фестивалски помин со илјадници ваши луѓе, сонце, музика и љубов. Оваа година за прв пат ќе биде воведена „ТАНТЕ“, официјалната платежна картичка и само со неа ќе може да се купи храна, пијалок, сувенир и сѐ друго на продажните пунктови во рамките на Фестивалот. Вратите за сите фестивалски кампери кои со билетот земале дополнително камп место се отвораат денес во 15:00 часот. „Тоа што денес е тродневна прослава на позитивната атмосфера преку музика, филм, театар…претставено на неколку бини и фестивалски камп а посетено од 15000 насмеани лица, пред 11 години имаше навистина друга форма која можеби и не ветуваше дека овој фестивал ќе израсне во тоа што е денес, симбол на заедништвото, убаво поминатото време, дружењето и на крај на денот љубовта“, пишуваат од „Пасворд продукција“. „Токму љубовта“, како што велат е „основниот двигател и мотив на сите присутни на фестивалот, организаторите, артистите и публиката. И сето тоа на Дојранското езеро, мало ама жилаво…токму како сите нас. Мал ама силен магнет за стотици интернационални, регионални и локални артисти“. Досега на „Д фест“ имаат настапувано: Manu Chao La Ventura, Paul Van Dyk, Roger Sanchez, Inister, Egoruthmia, Conquering Lion, Кирил Џајковски, Spectrum, Влатко Стефановски, Kain, Bass Infusion и многу, многу други. фото:Д Фестивал/Фејсбук]]>

Александра Накова не е само на овошје, салати и вода: За да нема збрка, атрактивната убавица покажа дека и чорба се крка! (ФОТО)  https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-nakova-ne-e-samo-na-ovoshje-salati-i-voda-za-da-nema-zbrka-atraktivnata-ubavica-pokaza-deka-i-chorba-se-krka-foto/ Mon, 23 May 2022 09:13:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251629

Александра Накова, според многумина, една од најзгодните македонски топ модели и веројатно најзгодната газдарица на една продавница за облека во Македонија. Дека нејзиниот телесен раскош е навистина супериорен, познато е уште од времето кога се појави…Она што мајката природа и го подарила, гевгелиската убавица подоцна го надградила со помош на естетската хирургија, за денес Накова да изгледа во најмала рака како силиконските убавици од соседството, а можеби и „рамо до рамо“ со оние од „малку посеверно“! Атрактивната гевгеличанка речиси секоја сезона меѓу првите ја отвора истата, кога е летото во прашање. И тоа најчесто уште летото и пред да дојде. Ако не на море и езеро, тогаш на некој од нејзините омилени базени. сами или во друштво на некоја од своите верни пријателки убавцита во бикини ги споделува раскошните телесни убавини. Витата манекенска става, долгите тенки нозе, бујните силиконски гради, убавата заоблена задница... ја прават расната гевгеличанка да биде „секси кралица“ на привлечноста каде и да се појави. Гевгелиската убавица викендов се прошета до Дојран, кој и е на чекор од дома во комшии. Убавините на дојранското крајбрежје  ги сподели на тој начин што го искористи убавото време уште малку да се исонча, да го искористи денот за да го подготви тенот за она главното летово што доаѓа. Но она што најчесто многумина мажи и особено претставнички од понежниот пол  како прашање сои го поставуваат, е што тоа ваквите убавици обедуваат? Што и колку јадат, што пијат, што смеат што несмеат, за вака добро да изгледаат? Веројатно секоја си има има некаков свој режим, но ако помисливте дека Накова е само на овошје, салати и вода, мора да сте во тешка заблуда! Имено Накова, на својите Инстаграм приказни споделила една интересна фотографија на која се гледа кафеанска маса и на неа полна чинија... со дојранска чорба! Рибја, телешка или шкембе, остана нејасно, ама затоа е повеќе од јасно оноа, дека манекенките и топ моделите се само на „марула и брокула“ е обична флоскула! „Уметница мора бити здрава“, ама тоа не значи дека мора да биде само „на трава“ и дека ништо друго не смее да проба, па дури и чорба? Затоа, за да нема збрка, атрактивната убавица покажа дека и чорба се крка! До душа, навиките за здрав живот треба да се негуваат од мали нозе,  а и ако сакаш да тргнеш по стапките на мама, уште од малечка треба да јадеш здрава храна!  Таа лекција ќеркичката на Накова добро ја нучила , па затоа за неа, оброкот се состои од салата од брокула. Фото: Инстаграм принтскрин/nakovaaleksandra__official        ]]>

„Д Фестивал“ од 1-ви до 3-ти јули во Дојран https://arhiva.vistina.com.mk/d-festival-od-1-vi-do-3-ti-juli-vo-dojran/ Mon, 07 Mar 2022 13:49:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242064

Официјалниот плакат за #ДФЕСТИВАЛ2022 ни пристигна од креативната ризница на нашиот драг пријател, уметник и илустратор Ване Костуранов, соопштија организаторите. Радосни сме и неизмерно благодарни што петта година по ред имаме чест визуелниот идентитет на Д Фестивал да биде дел од неговото уникатно и инспиративно дизајнерско портфолио! А време е и за повторно заедно да се радуваме! Датумот е закажан, разбудете го фестивалскиот дух во себе и резервирајте си ги Д деновите за ова лето. ]]>

Дојран домаќин на традиционалниот музички фестивал „Д Фест” https://arhiva.vistina.com.mk/dojran-domakjin-na-tradicionalniot-muzichki-festival-d-fest/ Thu, 12 Aug 2021 12:46:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215041

 Единаесеттото издание на традиционалниот музички фестивал „Д Фест„ кое годинава ќе трае само два дена, ќе се одржи утре и во сабота на главната бина во Дојран, потврдија организаторите. – Безбедноста и здравјето на сите посетители и ангажирани лица е наш најголем приоритет на манифестацијата која и годинава ќе се одржи во согласност со мерките за заштита од пандемијата и со целосно придржување кон безбедносниот протокол кој моментно дозволува присуство на најмногу 50 отсто од расположливиот капацитет, велат организаторите. Според програмата, утре на првата вечер од фестивалот ќе настапат електронското дуо „Горгон сити” и бендовите „Дубиоза колектив”, „Репетитор” и „Фолтин”, а вториот ден е резервиран за настап на Кирил Џајковски, раперот Страјк и бендовите „Смат” и „21 век”. Билетите за двата фестивалски дена се продаваат по 850, а еднодневниот чини 500 денари. Важат и сите влезници кои биле купени за минатогодишното неодржано фестивалско издание, најдоцна до 30 јули, соопштија организаторите.]]>

Анѓела Јакимовска е новата водителка на „Бекстејџ“: Емоционална интелигенција и нозе „уз врат“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/angjela-jakimovska-e-novata-voditelka-na-bekstejdz-emocionalna-inteligencija-i-noze-uz-vrat-foto/ Fri, 30 Jul 2021 09:12:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213305

Најгледаниот естраден ТВ магазин кај нас „Бекстејџ“ и во својата тринаесетта сезона тргна со стандардна летна шема во живо. Ова лето Бекстејџ информира од плажите во се поатрактивниот македонски туристички центар Дојран, кој најави богата музичка и концертна сезона запто градот крај  Дојранското езеро токму  ова лето ќе биде центарот на случувањата, како што велат… Летната шема на Бекстејџ  ја гледаме секој ден од Дојран во 16.15 премиерно и репризно во 22.15 на ТВ Телма. Долгото топло лето дефинитивно е поинтересно со најинтересните соддржини од зад сцената, но и со еден нов водителски лик во ТВ магазинот, кој покрај стандардниот новинарски тим се јавува и ве води низ случувањата од  Дојранското крајбрежје. Имено, младата и атрактивна убавица Анѓела Јакимовска, е новата водителка и ново заштитно лице на најгледаниот магазин. Патем, Анѓела не е непознат лик, зашто јавноста ја познава како манекенка, модел и мисица која гордо ги носин титулите Miss Europe и Miss Globe за 2020 година и Miss Tourism of the world за 2021 година. Анѓела Јакимовска е манекенката која меѓудругото беше запишана во модната историја како прва Македонка која настапи на модниот викенд во Софија. Прв пат беше крунисана за трета придружничка на изборот за убавина Мис на летото во Албанија. После неколку освоени круни низ Балканот, вратите и се отворија во Азија, па долгоногата убавица два пати ја претставуваше нашата земја на избори за убавина во Кина, потоа во Камбоџа, а стигна дури и до Либан. Насмеаната мисица влезе и во финалето во топ 30 девојки на натпреварот за Мис Модел на Светот одржан во Кина, Топ 10 девојки на избор за убавина во Камбоџа, а беше крунисана и за најзгодна Европејка во Бејрут. Во нејзината кариера покрај бројните круни , ја следи и една невообичаена титула за Мис интелигенција, којашто ја освои на минатогодишниот натпревар мис Глоуб во Албанија. „Отсекогаш многу сакав да учам. Средно училиште завршив во гимназијата Раде Јовчевски Корчагин. Студирав во Скопје, но потоа бев стипендиран студент и добив прилика да студирам во Сплит, Хрватска. Таму работев и како модел. Јас сум дипломиран економист, на департманот електронски бизнис. Одреден период работев во Турција во Бурса, за компанијата Румелисиад, како стипендиран практикант и маркетинг аналитичар. Не ми е жал што студирав економија , но оваа област засега ќе ја оставам на економистите. Велат внимавај што посакуваш, бидејќи може да ти се оствари. Јас навистина станав тоа што го посакував, и нема поубаво чувство од тоа“ - вели Анѓела за својта едукација и наобразба. Кога се работи за телевизијата, ТВ водителството и телевизиското новинарство, Анѓела покажува оти табуата за мисиците дека: „Господ им дал само убавина, а каде што едно давал, друго одземал“, се оддамна урнати и целосно неточни... Барем кога е новата водителка со „нозе уз врат“ на „Бекстејџ“ во прашање: „Бекстејџ е естраден магазин во којшто целосно се пронаоѓам. За своите 25 години секогаш целев кон истото, а со многу љубов и посветеност го добивав токму тоа што го сакав. Работата како модел и водител се преточуваат една во друга, а воедно и се надополнуваат. Отсекогаш сакав да пишувам текстови и читам книги, естрадни и модни магазини, но преферирам мудро да молчам како типична незаинтересирана манекенка. Љубопитна сум од дете, секогаш информациите кои ги примав морав да ги аргументирам и поткрепам со факти во својата глава, па кога некој ќе ми кажеше нешто го прашував зошто, а на секој одговор следуваше уште едно дополнително зошто? Такви се и новинарите, љубопитни. „Кога пишувам сакам да сум сама, а пред камера многу да зборувам. Мислам дека за оваа работа е потребна висока емоционална интелигенција, бидејќи доколку го чувствувате соговорникот ќе знаете и што да го прашате. Не секогаш сите ја зборуваат вистината, па затоа сакам од лицето на луѓето, нивниот говор на тело и фацијална експресија да ја откривам нивната внатрешна содржина“ - вели Анѓела за својата нова работа и дополнува: „Патувањата низ светот преку изборите за убавина, како и преку образованието ми овозможија да креирам богат идентитет и ме научија да ги прифаќам различностите. Своето досегашно знаење и искуство ќе го насочам токму овде во Бекстејџ, а резултатите нека говорат наместо мене“ - резимира новата водителка и заштитно лице на најгледаниот естраден ТВ магазин. А кога сме кај резултатите, рејтингот на гледаност на „Бекстејџ“ откако е таа пред камерата велат, е во постојан пораст. А како не би бил, кога пред себе гледате божествена убавина, страотен сексапил полн со еротски набој, а при тоа визуелното уживање и возбуда ви се зачинети со емоционална интелигенција, говор и содржина полни со дузина информации, а сето тоа да не ве заморува, туку информира, по малку едуцира, релаксира и забавува... Како што тоа ова лето го прават „Бекстејџ“ и Анѓела! ]]>

Летна шема: „Бекстејџ“ цело лето во живо од дојранските плажи https://arhiva.vistina.com.mk/letna-shema-bekstejdz-celo-leto-vo-zivo-od-dojranskite-plazi/ Thu, 15 Jul 2021 12:13:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211224

Летото започна, а со него и летните забавни и неформални програми на македонскитетелевизии. Најгледаниот естраден магазин кај нас - Бекстејџ ја привршува својата тринаесетта сезона со стандардна летна шема во живо. Ова лето Бекстејџ ќе не информира од плажите во се поатрактивниот македонски туристички центар Дојран, кој најавува богата музичка и концертна сезона. За прв пат Бекстејџ својата телевизиска екипа ја сели на Дојранското езеро, затоа што токму таму ова лето, ќе биде центарот на случувањата како што велат... - Немавме друг избор – вели уредничката Ева Јакимовска. Бекстејџ не мирува, а ова лето Дојран е најатрактивна дестинација за естраден магазин како нас. До сега летната шема ја теравме од Охрид, но ова лето ќе бидеме на Дојранските плажи. Д Фестивал се враќа во полн сјај, се подготвува за прв пат нов фестивал Дојран Рок фест, а новиот балкански Мандра фестивал во Дојран ќе ги донесе големите ѕвезди од нашето соседство.. Бекстејџ веќе ја завршува тринаесеттата година како секојдневно без прекин ја анимира македонската јавност, па по Дојран најавуваме веднаш и старт на новата читиринаесетта сезона, што го прави Бекстејџ единствен естраден магазин со најдолга традиција – вели Јакимовска. Покрај стандардниот новинарски тим кој секојдневно ги презентира најинтересните моменти на естрадата, од Дојран ова лето во улога на водител ќе се јавува и младата и атрактивна Анѓела Јакимовска, кое е новото заштитно лице на најгледаниот магазин. Анѓела е Miss Europe и Miss Globe за 2020 година и Miss Tourism of the world за 2021 година. Летната шема на Бекстејџ ќе ја гледаме секој ден од Дојран во 16.15 премиерно и репризно во 22.15 на Телевизија Телма. Долготот топло лето дефинитивно ќе биде поинтересно со најинтересните соддржини од зад сцената...]]>

Дојран добива нов фестивал, се роди „Дојран Рок Фест“ https://arhiva.vistina.com.mk/dojran-dobiva-nov-festival-se-rodi-dojran-rok-fest/ Wed, 14 Jul 2021 11:56:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211124

Како нов проект, Здружението „Андерфест“ ќе го o рганизира првото издание на „Дојран Рок Фест“. „Особено сме горди и посебно возбудени за овој проект бидејќи излегуваме од границите на градот Скопје и се упатуваме кон нашиот бисер на југот Дојран. Еднодневниот фестивал планираме да се одржи на 7-ми август 2021 година на плоштадот во Стар Дојран. Исто така планираме овој фестивал да биде традиционален и да влезе во агендата на летни фестивали кои во екот на туристичката сезона ќе привлечат уште повеќе млади лица во Дојран“, соопштуваат организаторите на фестивалот. Се очекува да настапат неколку реномирани, но и млади изведувачи со што ќе се придонесе за збогатување на културниот живот во општина Дојран и околината. Влезот ќе биде бесплатен. На фестивалот ќе настапат 5 различни музички групи исклучиво од нашата држава и тоа: „Bad Obsession“, „High Voltage“, „Cruel“, „Daktili“ и „The Chicks“. Сите посетители мора да се придржуваат до мерките пропишани за одржување на јавни настани и одржување на пропишаната физичка дистанца.]]>